2Ниска излезност и на вториот круг од изборите во Бугарија- Јотова и Ѓуров во трка за нов претседател
3Удовички: НБС имала можност да го ограничи меѓународниот платен промет без да го прекине домашното работење на Алта банка
МакедонијаСиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизијаСиљановска-Давкова, како што информира нејзиниот Кабинет, ги поздрави резвизорските активности за унапредување на родовата еднаквост преку поголема транспарентност и отчетност на институциите.Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Државниот завод за ревизија, предводени од помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексова, кои вршат ревизија на успешноста на тема „Жени лидери - жени во политиката, Парламентот, на раководни функции во органи на централната власт“ за периодот 2020 -2025 година. Сиљановска-Давкова, како што информира нејзиниот Кабинет, ги поздрави резвизорските активности за унапредување на родовата еднаквост преку поголема транспарентност и отчетност на институциите. Според неа, ревизијата овозможува објективно утврдување на состојбите, како предуслов за изготвување квалитетни и издржани препораки за добро управување. Претседателката посочи дека во нејзиниот Кабинет мнозинството вработени и на раководни позиции, се жени. Во врска со нејзините надлежности, таа укажа дека: има жена Аѓутант; за прв пат после 30 години на чело на Агенцијата за разузнавање е жена; во Советот за безбедност е именувана жена; во Комисијата за одликувања и признанија од вкупно 11 члена 6 се жени, додека во Комисијата за помилување од вкупно 7 члена, 4 се жени меѓу кои и претседателката на комисијата; во Советот за млади има паритетна застапеност и двата предложени члена за Судскиот совет се жени. Од друга страна, од 2020 до 2025 година се именувани 14 жени амбасадори, што говори за недоволна застапеност на жените во дипломатијата. За Сиљановска-Давкова, клучни причини за родовата нееднаквост се: постоењето на патријархалната политичка култура, партизација и политизација на институциите, отсуството на внатрепартиска демократија и машка доминација на највисоките партиски и министерски функции. Соговорниците се согласија дека родовата рамноправност води кон порепрезентативни институции, коишто носат балансирани одлуки и креираат политики што ги одразуваат пошироките потреби на општеството. Според нив, почитувањето на родово неутралните квоти не смее да биде на штета на професионализмот и стручноста. Ревизорите сметаат дека е потребен нов закон за државна ревизија и ревизорските извештаи да имаат правно обврзувачка сила. Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВтор круг од предвремените избори за градоначалник во БрвеницаВо општина Брвеница се одвива гласањето за избор на градоначалник во вториот круг од предвремените избори.Според Државната изборна комисија гласањео почнало навреме во седум часот а во првите два часа гласале 3,98 отстои од запишаните избирачи, што е повисока излезност од 1,52 отсто во споредба со првиот круг. До 11 часот излезноста била 13,82 отсто, што за 4,71 процент во однос на првиот круг.. Во Брвеница е Михајло Видимлиски. Михајло како се одвива гласањето, и колкав е одзивот од гласањето според последните информации од ДИК? Kога ќе биде следната прес конференција на ДИК, и кога може да се очекуваат последните информации околу излезноста? Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: Брвеница ДИК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
БалканНиска излезност и на вториот круг од изборите во Бугарија- Јотова и Ѓуров во трка за нов претседател Неизвесна изборна трка и повторно ниска излезност на претседателските избори во Бугарија. Граѓаните денеска во втор круг избираат меѓу актуелната претседателка Илијана Јотова, поддржана од владејачката „Прогресивна Бугарија“ на премиерот Румен Радев и социјалистите, и Андреј Ѓуров, зад кого според бугарските медиуми стојат прозападни опозициски партии „Продолжуваме со промените“ и „Демократска Бугарија“, а поддршка му даде и лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов. Во првиот круг Јотова освои 34,76, а Ѓуров 31,95 проценти од гласовите. Исходот од изборите во соседна Бугарија е важен и за Македонија, но дали новиот претседател би можел да го промени односот на Софија кон Скопје? Според домашните аналитичари, просторот за промена е мал. Во последната телевизиска дебата и двајцата кандидати останаа на постојните бугарски позиции за европската преговарачка рамка. -Мислам дека не се многу значајни изборите, бидејќи бугарската позиција по ова прашање е релативно тврда и отпорна на промена на политичките елити. Тоа е првата причина а втората причина е што во моментот бугарската политика сепак ја води Румен Радев а не претседателот. И третата причина, од она што го гледавме од телевизиското соочување помеѓу двата кандидати таму борбата е кој ќе биде построг со Македонија а не кој ќе биде попопуслив. Така што не очекувам некаква драматична промена. Очекувам да остане бугарската позиција, дека во основа се работи за европски компромис а не за билатерлано прашање. Така што во таа смисла тие избори нема да донесат значајно поместување – оценува Арсовски. Во Бугарија, пак, аналитичарите сметаат дека пресудна ќе биде мобилизацијата на гласачите кои не злегоа во првиот круг. -Шансите се изедначени. Ова се нови избори. Сè зависи од психолошката атмосфера, која во моментов повеќе оди во прилог на Ѓуров. Сè зависи од како се финишираше изборната кампања. Сепак, најмногу зависи од тоа дали „Прогресивна Бугарија“ ќе успее да го мобилизира својот потенцијал, кој досега не го мобилизираше. Таа го има тој потенцијал, но не успеа да го искористи. Но, доколку сега го загубат вториот круг, тогаш тоа веќе ќе биде оценка за Румен Радев. Тоа значи дека Румен Радев очигледно мора многу поактивно да се вклучи, бидејќи во случај на пораз на овие избори, многумина ќе бидат оние што ќе речат: „А сега и Владата треба да си замине – вели Симеонов. Изборите се следат и во меѓународната јавност, особено во контекст на војната во Украина. Британскиот „Фајненшл тајмс“ во последната анализа меѓудругото оценува дека евентуална победа на Јотова, која се залага за обновување на дијалогот со рускиот претседател Владимир Путин, би можела дополнително да ја приближи Софија кон Москва. Сепак британскиот Весник, наведува дека не се очекува суштинско отстапување на Бугарија од нејзината европска и НАТО-ориентација.Тагови: Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
БалканУдовички: НБС имала можност да го ограничи меѓународниот платен промет без да го прекине домашното работење на Алта банкаСлучајот Алта Банка продолжува да ја бранува јавноста во соседна Србија.Утре се очекува да биде покрената стечајната постапка, а од банката преку соопштение уверуваат дека се преземаат чекори за заштита на интересите на депонентите и поверениците. Ќе почне исплатата за депозитите до 50 илјади евра, а останатите ќе чекаат од стечајната маса. Поранешната српска гувернерка Кори Удовички споменувајќи ги трансферите во Македонија, оценува дека Народната банка на Србија можела да го ограничи меѓународниот платен промет без да се создава паника и да се прекинува работата на банката. Според неа е клучно зошто никој не водел контрола и не презел навремени мерки за спречување на одливи. Сепак оценува дека нема простор за загриженост во поширокиот финансиски систем. -Ние како центар за економски анализи укажавме во септември кога Европската комисија дојде на еден вид ревизија, им кажавме: ова и ова не е јасно.. Значи самите луѓе од Народна банка уште подобро до нас знаеа дека тука има, ако ништо друго, ризици. / Тука има можеби сомнителен или каков и да е капитал кој ќе сака да бега, нивна задача беше веднаш да го зголемат надзорот,- Кори Удовички – поранешна гувернерка на Србија. И покрај случувањата во српската Алта, од македонската Алта Банка АД Битола тврдат дека нејзините клиенти не се засегнати. Уверуваат дека се ликвидни и работат без проблеми, а од Народната банка на Македонија потенцираа дека се работи за одделни правни лица, но ја следат состојбата и постапуваат по закон. Инаку во соседна Србија за точно една недела се случија неколку настани кои се поврзуваат со промената на власта.. Ликвидацијата на Алта Банка, смената на бројни раководни лица во јавниот сервис, а вчера и апсењето на шефот на криминалистичката полиција Марко Кричак. Тој се сомничи за фалсификување докази и притисок врз сведоци и обвинети за убиството на мафијашот Баја, а по истата пријава приведен е и началник на Службата за сузбивање на криминалот во Србија. Името на Кричак се поврзува и со полициска репресија врз протестите на студентското движење кое се формираше по несреќата во Нови Сад. Денеска навршуваат точно две години откако се урна настрешницата на железничката станица каде загинаа 16 лица. По тој повод се одржа комеморација на местото на настанот со 16 минутен молк. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook