Фондот ги засилува контролите во здравствените установи за спречување неоснована наплата на здравствени услуги
2Фондот ги засилува контролите во здравствените установи за спречување неоснована наплата на здравствени услуги
3Ќерката на Мајкл Џексон бара 600 милиони долари од оставината на нејзиниот татко, 17 год. чека за исплата
МакедонијаСиљановска-Давкова пред учесниците на „Re:Europe: Rethinking Europe Together“: Европа треба да биде заедница на вредности и принципи, а не на двојни стандардиПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати пред учесниците на летната школа „Re:Europe: Rethinking Europe Together“.Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати пред учесниците на летната школа „Re:Europe: Rethinking Europe Together“, проект финансиран од Канцеларијата за француско-германско пријателство, имплементиран од Парискиот Институт за политички науки при Дижон и Хумболтовиот универзитет од Берлин. На летната школа, којашто ја раководи професорот од Правниот факултет „Јустинијан Први“ Иван Дамјановски, покрај од земјава, учествуваат и студенти од Германија, Полска, Израел, Бугарија, Франција, Словачка, Луксембург и Украина. Најпрво, Сиљановска-Давкова потсети на бројните идеи за европско обединување. Потем, ја акцентираше решеноста на татковците-основачи за ставање крај на војните, преку формирање на европската заедница, претходница на ЕУ, втемелена не само на економски, туку и на демократски принципи и вредности. За неа, Конрад Аденауер и Роберт Шуман, но и Алчиде Де Гаспери и Жан Моне се државници, цврсто убедени миротворци. Француско - германската комисија не била замислена како политичка арена за притисоци, туку како демократски простор за дебата и разбирање на другиот. За жал, македонското искуство со меѓудржавни комисии е во тукидитовски стил. Преку примерот на различни евроинтеграциски искуства, таа укажа на неконзистентноста на евроинтеграциската политика, непочитување на Копенхашките критериуми и на конститутивните акти на заедницата/унијата, како и на практикување двојни стандарди во процесот на проширување. Според претседателката, ЕУ мора да се реформира за да биде функционален, демократски политички систем, но и да се прошири за да биде компетитивен актер на комплицираната и непредвидлива глобална сцена. Таа посочи дека главна пречка на овој пат е консензусот, како метод на одлучување, но и злоупотребата на ветото од страна на некои членки, преку условување на преговорите и напредокот со идентитетски компромиси од ревизионистички карактер. Претседателката го демонстрираше горенаведениот феномен на македонскиот, антиевропски преседан, анализирајќи ги наметнатите уставни промени однадвор, спротивно на меѓународното, но и европското право, во духот на уставниот инженеринг. „По 36 амандмани и евроинтеграциски лет во место, пак бараат од нас уставни измени, но сега, не за членство, туку за почеток на преговорите?!“ - рече таа. Во обраќањето, Сиљановска-Давкова отвори низа прашања: - Зарем не е и нашиот устав Lex superior и најважен општествен договор на македонските граѓани, а не книга на политички желби на соседите? - Зошто би менувале устав со повисоки стандарди на зашита на малцинствата, не само од Бугарија, туку и од најголемиот број членки на ЕУ? - Што станува со дигнитетот и интегритетот на македонските граѓани по толку уставни измени и празни ветувања? - Зошто се толерира и стимулира демократскиот дефицит во ЕУ, со одбрана на ирационални, националистички барања? - Зарем војната на европско тло не е релевантно предупредување за бесплодноста на реактивната политика и нужноста од превентивна? Таа порача дека е време за: преиспитување на селективниот пристап на евроинтеграциската политика на ЕУ и нејзиното менување во текот на преговорите; доследно почитување на пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур; водење сметка за мислењата на Венецијанската комисија; фокусирање на реформи, наместо на уставен инженеринг. „ЕУ мора повторно да инспирира со демократскиот капацитет и низ реформи да ја анулира бирократската инертност и спорост во одлучувањето, да воспостави ефикасен механизам на спреги и кочници, да ја зајакне улогата на европскиот демос во Европскиот парламент и преку храбар чекор на проширување, како оној од 2004, да стане важен и силен играч во меѓународните односи” - заклучи претседателката. По нејзиното обраќање следеа прашања од студентите кои најмногу интерес пројавија за: реформите неопходни во ЕУ како и во ОН; можните механизми коишто би ги принудиле европските земји да ги почитуваат сопствените принципи и вредности, како и за важноста од внатрешни реформи и владеење на правото во процесот на евроинтеграцијата.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на самит во Дизелдорф: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ заради вештачки прашањаПремиерот Христијан Мицкоски учествуваше на Самитот посветен на отпорноста во Северна Рајна-Вестфалија.„Во Дизелдорф учествував на Самитот посветен на отпорноста во Северна Рајна-Вестфалија, каде на панелот "Отпорност како императив за севкупното општество" истакнав дека Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ заради вештачки прашања. Сега се соочуваме со вештачко барање од земја членка ма ЕУ, а сето тоа може да се гледа и како на рушење на отпорноста на ЕУ, а кога постои таква дупка во системот, тогаш станува збор за ранливост на системот. Не секогаш рушењето на системот е предизвикано од оружје, туку и со други ресурси. Затоа е потребна робусна акција на ЕУ кога земја кандидат се бори со прашања од минатиот век поставени од земја членка на ЕУ. Членството во ЕУ значи промена со додавање вредности, а не промена на идентитет. Почнавме пред 26 години, дури и пред Хрватска, којашто сега е земја членка на ЕУ. Се бориме за нашите права, дел сме од НАТО, целосно усогласени со надворешната политика на ЕУ, ја штитиме ЕУ од нелегална миграција од членки на ЕУ, и така ќе продолжиме.“- објави Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаФондот ги засилува контролите во здравствените установи за спречување неоснована наплата на здравствени услугиФондот за здравствено осигурување ги засилува контролите во здравствените установи со кои има склучено договор, со посебен акцент на проверката на наплатата на здравствените услуги и откривањето евентуални неправилности.Фондот за здравствено осигурување ги засилува контролите во здравствените установи со кои има склучено договор, со посебен акцент на проверката на наплатата на здравствените услуги и откривањето евентуални неправилности при наплата на услуги што се покриени од задолжителното здравствено осигурување. Целта на засилените контроли е да се утврди дали здравствените установи доследно ги почитуваат договорните обврски и законските прописи, особено во делот на евентуална двојна наплата, односно случаи во кои за иста здравствена услуга се наплатуваат средства и од Фондот и од осигуреникот. Фондот потсетува дека за здравствените услуги што се обезбедуваат на негов товар, во здравствените установи со кои има склучено договор, осигурениците немаат обврска да плаќаат дополнителни износи, освен законски утврденото учество со лични средства (партиципација), доколку за конкретната услуга е предвидено такво учество. Ова се однесува на здравствените услуги опфатени со задолжителното здравствено осигурување во примарната, секундарната и терцијарната здравствена заштита, согласно утврдените права и услови за нивно остварување. Во рамките на контролите, особено внимание ќе се посвети на усогласеноста меѓу извршените и фактурираните здравствени услуги, износите наплатени од осигурениците и почитувањето на прописите за учество со лични средства. Фондот потсетува дека здравствените установи имаат обврска на видно и достапно место да ги истакнат информациите за висината на партиципацијата, согласно важечките прописи, а за извршените плаќања да издаваат соодветен законски доказ за наплатата. Осигурениците имаат право на јасна информација за здравствените услуги што ги покрива Фондот, како и за износот што евентуално се должни да го платат по основ на партиципација. Доколку при контролите се утврдат неправилности, Фондот ќе преземе соодветни мерки во рамките на своите надлежности, согласно договорите склучени со здравствените установи и важечките законски и подзаконски прописи. Воедно, осигурениците кои располагаат со информации за евентуална неоснована наплата на здравствени услуги можат да се обратат до Секторот за контрола на Фондот, при што нивните пријави ќе бидат разгледани со почитување на приватноста и заштитата на личните податоци, согласно закон. Со засилените контроли Фондот ја потврдува својата определба за доследно почитување на правата на осигурениците, одговорно користење на средствата од задолжителното здравствено осигурување и поголема отчетност во работењето на здравствените установи со кои има склучено договор. Заштитата на правата на осигурениците и законитото користење на средствата на Фондот остануваат наш врвен приоритет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураПремиера на „Татко“ на НУ Народен театар Битола за Денот на ослободувањето на градотПремиера на “Татко“, 12. издание на Битола Шекспир фестивалот и подготовки на претставата „Ни треба пејачка“ за месец ноември во НУ Народен театар Битола.Народниот театар Битола во текот на месец ноември реализира неколку значајни програмски активности, кои имаат особено значење за културниот живот на градот, но и за меѓународната афирмација на македонското театарско творештво. На 10 и 11 ноември 2026 година, Народниот театар Битола ќе ја има својата најнова премиера – „Татко“ од Август Стриндберг, во режија на Благој Мицевски. Претставата е дел од официјалната програма на Општина Битола по повод одбележувањето на 4 Ноември – Денот на ослободувањето на градот Битола. Со оваа премиерна изведба, театарот дава свој придонес кон одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. Освен режијата, Мицевски стои и зад сценографијата и костимите. Во претставата работена по делото на Август Стриндберг играат: Петар Горко, Катерина Аневска-Дранговска, Сандра Грибовска Илиевска, Никола Пројчевски, Живко Борисовски, Соња Михајлова. Асистент на режија е Дамјан Димовски, композитор Марјан Нечак, тон Александар Димовски, светло Горан Петровски, суфлер Гордана Михајловска, реквизит Цветан Јовановски, испициент Оливер Петровски. Се работи за длабоко потресна психолошка драма за распадот на интимноста, осаменоста, недовербата и кревките граници на моќта во семејството. Каде исчезнува љубовта кога меѓусебното разбирање ќе го заменат сомнежот и борбата за надмоќ? И колку далеку може да оди човекот кога ќе се соочи со сопствената ранливост? Преку ова безвременско драмско дело, режисерот Благој Мицевски ги отвора прашањата за односот меѓу мажот и жената, за семејните односи и за трагедијата на човекот кој постепено го губи тлото под нозете. Што се случува со човекот кога ќе остари? Кога љубовта ќе се претвори во борба за моќ, а бракот во бојно поле на кое детето станува најневината жртва? Особено значаен датум за НУ Народен театар Битола е и 14 ноември, кога се одбележуваат 82 години од постоењето на оваа институција. Овој значаен јубилеј ќе биде одбележан со свеченото отворање на 12. издание на Битола Шекспир фестивалот, кој годинава ќе започне со претставата „Кориолан“ од Вилијам Шекспир, која токму на отворањето на фестивалот ќе ја има својата прва премиерна изведба во матичната куќа. Годинашното издание на фестивалот ќе го збогатат театарски продукции и учесници од Италија, Ерменија, Соединетите Американски Држави, Романија, Грузија и Малта. Присуството на театри и уметници од шест држави уште еднаш ја потврдува меѓународната позиционираност на Битола Шекспир фестивалот и неговото значење како релевантна меѓународна театарска платформа, која ја поставува Битола на светската театарска мапа. Воедно се подготвува и претставата „Ни треба пејачка“ во режија на Ненад Витанов. Со овие активности, Народниот театар Битола продолжува да ја исполнува својата мисија во развојот и промоцијата на театарската уметност, негувањето на домашното творештво и воспоставувањето меѓународни културни соработки, истовремено потврдувајќи ја својата улога како значаен културен чинител во земјата и пошироко. НУ Народен театар БитолаТагови: НУ Народен театар – Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook