Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
МакедонијаСиљановска-Давкова повика на изградба на демографски отпорно општествоПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на Светскиот самит на владите во Дубаи, како главен говорник на сесија посветена на демографските промени.Говорејќи за падот на бројот на населението, посочи дека нашата држава и регионот се соочуваат со троен притисок: ниска стапка на наталитет, висока емиграција и брзо стареење на населението и ги сподели проекциите, според кои, македонското население може да се намали од сегашните 1,8 на 1,2 милиони до 2070 година, однос загуба од 33% од сегашното население. Оваа тријада од пад на стапката на раѓања, емиграција и стареење, според претседателката, го намалува бројот на работоспособно население и го зголемува товарот врз здравствениот, социјалниот и пензискиот систем. Тоа, според Сиљановска-Давкова, врши притисок на мала и отворена економија како нашата. Повика на реформирање на институциите, односно реформи во судството и на јавната администрација, но и на забрзана дигитализација на јавните услуги. Посочи на потребата младите да ја добијат заслужената улога на двигатели на промените, преку нивно поставување на чело на дигиталната и на економската трансформација, но и преку нивно вклучување во креирањето политики. Важно според неа е и вклучувањето на дијаспората, како мотор на интелект, иновации и инвестиции. Повика на изградба на демографски отпорно општество, преку создавање општество во кое луѓето ќе останат да живеат и да формираат семејства. Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Сиљановска-Давкова. Ваши екселенции, Дами и господа, Ви благодарам на поканата да се обратам на Светскиот самит на влади во Дубаи. Драго ми е што сум тука од најмалку две причини. Прво, оваа година одбележуваме 30 години од воспоставувањето на дипломатски односи со Обединетите Арапски Емирати и, второ, затоа што верувам дека овој самит и денешната тема нè засегаат сите. На 11 јули 1987 година, во поранешна Југославија, беше родена петмилијардитата личност. По тој повод, генералниот секретар на ООН долета во главниот град Белград со посебен подарок за македонскиот дипломат Лазар Мојсов, којшто во тоа време беше претседател на Федерацијата. Подарокот беше часовник за население, којшто ги броеше популациите на светот и на Југославија. Оттогаш поминаа 39 години. Според моите сознанија, часовникот за население сè уште отчукува и, според проекциите на ОН од 80-тите години на минатиот век, до сега, светската популација требаше да достигне околу 10 милијарди луѓе. Сега непостоечката Југославија требаше да брои околу 30 милиони, додека мојата земја, околу 2,5 милиони. Неодамна спроведениот македонски попис покажа дека всушност бројот на жители е намален на 1,8 милиони. Дури и ако го собереме бројот на жители на сите поранешни југословенски земји, ќе ни недостасуваат најмалку 10 милиони жители од проекциите на ОН. Во прилог на ова, светската популација изнесува 8,3 милијарди. Критичните моменти, како што се крајот на Студената војна, насилниот распад на Југославија, продолжената демократска транзиција и консолидација, како и одложената интеграција во ЕУ, го натераа населението да се исели не само од мојата земја, туку и од целиот регион. Глобализацијата на индивидуализмот и конзумеризмот, исто така, резултираа со промена на начинот на живот и преференциите. Како резултат на тоа, мојата земја и целиот регион на Југоисточна Европа се соочуваат со троен притисок: ниска стапка на наталитет, висока емиграција и брзо стареење на населението. Според најновите проекции, македонското население може да се намали од сегашните 1,8 на 1,2 милиони до 2070 година. Тоа е загуба од 33 % од сегашното население. Ова не е исклучок, туку правило. Многу од вашите земји се соочуваат со слични демографски предизвици. Го гледаме ова на сите континенти, без оглед на религиозните и културните традиции или статусот на развој и нивоата на приходи. За првпат во човечката историја, има поголем број граѓани на возраст над 65 години отколку под 5 години. Ова не е само статистика, туку фундаментална демографска промена во човечката историја. Научникот за податоци Стивен Џ. Шо го нарече ова светска криза и пад на стапката на раѓања. Дами и господа, Оваа тријада од пад на стапката на раѓања, емиграција и стареење го намалува бројот на работоспособно население и го зголемува товарот врз здравствениот, социјалниот и пензискиот систем. Ова врши притисок на мала и отворена економија како нашата. Поранешниот новинар на „Фајненшл тајмс“, Џајлс Мерит, со право забележа дека „нема примери за просперитетна економија со намалена работна сила“. Значи, ова нè доведува до прашањата: Какви мерки можеме да преземеме за да ја зголемиме стапката на наталитет, да ја намалиме емиграцијата и да го забавиме стареењето на вкупното население? Како можеме да постигнеме одржлив раст и развој и покрај овие предизвици? Што можеме да направиме за демографијата да не стане наша судбина? Од една страна, некои западноевропски земји се потпираат на увоз на мигранти. Таму одат многу од најдобрите и најпаметните од мојата земја и од мојот регион за да го исполнат својот потенцијал. Од друга страна, некои источноазиски земји се надеваат дека роботиката и вештачката интелигенција на крајот ќе го премостат јазот. Се очекува големината на глобалниот пазар на „Темни фабрики“ да порасне од 42 на 76 милијарди американски долари до 2032 година. Што се однесува до нас, не сме доволно богати за да привлечеме мигранти, ниту да си дозволиме роботи. Наместо тоа, мора да ја обновиме социјалната доверба, да го обновиме социјалниот договор во Русоова смисла, со реформирање на институциите, одговарање на потребите на младите луѓе и допирање до дијаспората. Верувам, ова е релевантно за целиот балкански регион. Едно неодамнешно истражување на „Оксфорд аналитика“ покажува дека, на долг рок, самата финансиска поддршка не е доволна за да ги охрабри возрасните лица да се одлучат да имаат повеќе деца. Она што е потребно е комбинација од политики коишто ги ублажуваат тензиите меѓу работата и семејниот живот. Како земја, нудиме комбинирани пронатални политики, како што се рамнотежа меѓу работата и животот, поддршката за децата, родителите и семејствата. Имаме даночни олеснувања за основање семејства и за раѓање деца. Земјата финансиски поддржува до шест обиди за ин витро оплодување за секое семејство што се обидува да има деца. Отвораме установи за грижа за деца и училишта. Но, за да се постигнат резултати, овие мерки мора да бидат поддржани и со промена на целокупната средина. Преку транспарентен и инклузивен процес во сите сектори на општеството, ја развивме и ја усвоивме Националната стратегија за развој 2024 ‒ 2044 година. Една од нејзините цели е демографска ревитализација и социјален развој. Основавме Министерство за социјална политика, демографија и млади и назначивме Национален координатор за демографија и млади. Прво, реформирање на институциите. Без луѓе ништо не се случува, но без институции ништо не трае. Долгата демократска транзиција и продолжената интеграција во ЕУ ги оддалечи македонските граѓани од институциите за кои смета дека се бавни, неефикасни и корумпирани. За да се промени ваквата перцепција, ја спроведуваме Агендата за реформи на ЕУ со цел да создадеме дом каде што младите семејства ќе можат да напредуваат. Се фокусираме на три институционални столба. Прво, реформи во судството. Правдата е основа на довербата и на предвидливоста. Нашата цел е да имаме владеење на правото наместо владеење на луѓето. Затоа создаваме професионално, независно и ефикасно судство и ги искоренуваме корупцијата и другите причини коишто ја нарушуваат правдата. Второ, реформи на нашата јавна администрација. Со усвојување на современ систем за управување со човечки ресурси, нашата Влада има за цел да ја трансформира државната служба и, од бариера којашто ги оддалечува луѓето, да ја претвори во кредибилен и одговорен партнер којшто им служи на граѓаните. Трето, забрзана дигитализација на јавните услуги, со што истите стануваат транспарентни и достапни за секој македонски граѓанин. Преку овие и многу други реформи, ја обновуваме довербата во институциите, за да можат нашите млади со сигурност да изберат да останат, да формираат семејства и да ја одгледуваат следната генерација. Ова ме доведува до вториот аспект од тој општествен договор, а тоа е одговорот на младите луѓе. Анкетите покажуваат дека над 40 % од младите размислуваат да ја напуштат земјата. Емиграцијата стана тренд. Целиот Балкан се соочува со масовен егзодус којшто предизвикува сериозна демографска и демократска криза. За да ги задржиме младите луѓе во земјата и во регионот, мора да престанеме да ги гледаме само како демографска статистика и да почнеме да ги гледаме онакви какви што навистина се ‒ двигатели на промените. Нема напредок без омилениот збор на младите луѓе: „Зошто?“. Нема автентична демократија без нивниот бунтовен глас, креативност и крик за социјална правда. Ако сакаме да ги задржиме младите луѓе, треба да им дадеме предизвик и да ги поставиме на чело на дигиталната и на економската трансформација. Овој чекор започнува со усогласување на образованието со реалните потреби на пазарот на трудот. STEM, високотехнолошките вештини и доживотното учење мора да го заземат местото на старомодните наставни програми. Но, не само тоа. Треба да ги вклучиме во креирањето политики. Целта на Законот за учество на младите и младински политики, како и на Младинскиот совет којшто го основав, е да ги постави младите во самиот центар на креирањето политики, со што ќе се осигура дека тие активно ја обликуваат иднината на земјата. Со ова ја обновуваме довербата меѓу генерациите и повторно градиме друг дел од општествениот договор. На крајот, дијаспората. Веќе не ја третираме дијаспората како извор на дознаки, туку како мотор на интелект, иновации и инвестиции. Како наш најголем стратегиски ресурс, дијаспората може да биде клучен двигател на македонската економија, чувар на македонскиот идентитет, промотор на македонската култура и најдобар амбасадор во светот. Физичко враќање не е секогаш можно. Но, со усвојување на новата Национална стратегија за дијаспора, ја поттикнуваме циркулацијата на мозоци преку дигиталната инфраструктура, дозволувајќи им на професионалците да придонесат за македонското општество и за економијата, работејќи глобално. Македонската дијаспора е второто крило на нацијата. Впрочем, потребни ни се обете крилја за да летаме. Зборувајќи за крилјата, дозволете ми, да го завршам овој говор со една приказна. Неодамна, National Geographic го прикажа наградуваниот документарен филм инспириран од една македонска народна приказна за „Силјан Штркот“. Оттука доаѓа и моето моминско презиме, Сиљановска. Штрковите не носат бебиња, но нивната симболика е што се враќаат во своето гнездо, за да одгледаат нова генерација. Демографијата не мора да биде судбина. За да го запреме егзодусот, за да ја спречиме емиграцијата и да ги зголемиме стапките на наталитет, треба да изградиме демографски отпорно општество. Ова подразбира создавање општество во кое луѓето ќе останат да живеат и да формираат семејства. Се надеваме дека, со сите мерки, со променета перспектива, ќе има преродба. Ви благодарам. Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизНикол Кидман за тешкиот момент по Оскарот: „Бев неверојатно осамена“Освојувањето на Оскар е врв на кариерите на многу актери, но Никол Кидман ја поврзува својата прва победа и со чувство на голема осаменост.Таа го освои Оскарот во 2003 година за улогата на Вирџинија Вулф во филмот „Часовите“, откако беше номинирана за прв пат претходната година за „Мулен Руж!“. Иако постигна еден од своите најголеми професионални успеси во тоа време, таа се чувствуваше сосема поинаку приватно. Кидман се присети на тој период за време на гостувањето со Сандра Булок во подкастот „Терапус“ на Џејк Шејн. Зборувајќи за вечерта на доделувањето на наградите, таа рече дека по сè, останала со чувството дека нема партнер со кого да го сподели тој момент. „Бев неверојатно осамена“, се присети таа. „Го достигнав врвот на мојот успех, се вратив дома и бев сосема сама. Неверојатен сплет на околности“, додаде таа. Големиот успех беше проследен со чувство на осаменост Иако нејзините родители беа покрај неа, Кидман се сеќава дека се прашала: „Каде е мојот партнер, некој со кого да го споделам ова?“ Во времето на освојувањето на Оскарот, таа веќе беше разведена од Том Круз. „Тоа беше еден од оние длабоки моменти кога си помислив: „Треба да си го средам животот“, рече таа. Актерката објасни дека благодарноста за наградата не може да го избрише чувството на осаменост. „Ја држам таа златна статуетка и си мислам: „Ова е тоа, ова е најголемата награда во нашата индустрија“. Бев толку благодарна и толку осамена во исто време.“ Таа додаде дека целото искуство било чудно за неа и дека во тој момент само сакала некој да ја прегрне и да ја врати во реалноста. Неколку месеци по доделувањето на наградата, Кидман започнала врска со Лени Кравиц, со кого исто така била верена, но нивната врска завршила. Во 2005 година, таа го запознала Кит Урбан, а се венчале една година подоцна и добиле две ќерки, Сандеј и Фејт. Двојката се разделила во 2025 година, а нивниот развод бил финализиран на почетокот на 2026 година. Извор: Индекс.хрТагови: никол кидман Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
СветТрамп ги поврзува нападите од 11 септември со војната во Иран: „Немаме избор, мора да победиме“Доналд Трамп вети во Вашингтон дека САД никогаш нема да ги заборават терористичките напади од 11 септември 2001 година и дека денес продолжуваат да се борат во име на 2.977 лица кои загинаа.„Денес ја обновуваме светата заклетва што првпат ја дадовме во нивно име пред четврт век. Никогаш нема да заборавиме. Затоа се бориме денес“, рече американскиот претседател во говорот во Пентагон. „Немаме избор. Само победата е можна“, тврдеше тој. Министерството за одбрана на САД, кое се наоѓа во близина на Вашингтон, исто така беше цел на џихадистите на Ал Каеда на 11 септември: киднапиран авион се урна во зградата, при што загинаа 184 лица. Трамп ги поврза нападите од 11 септември со војната против Иран За време на комеморацијата, Трамп ја поврза борбата против Ал Каеда, предводена од неговиот републикански претходник Џорџ В. Буш по нападите, со војната што ја води со Израел против Иран веќе седум месеци. „Денес, им оддаваме почит на сите припадници на војската на Соединетите Американски Држави кои служеле во „војната против теророт“. (...) И им оддаваме почит на воениот и одбранбениот персонал кои работат токму сега за да се осигураат дека водечкиот државен спонзор на тероризмот во светот, Исламската Република Иран, никогаш нема да добие нуклеарно оружје“, рече тој. Зборувајќи на комеморацијата, министерот за одбрана Пит Хегсет се согласи: „Нашите воини се борат против исламската теократија која посакува да бидеме мртви речиси половина век“. За време на републиканската конвенција во среда и четврток, пред среднорочните избори, Доналд Трамп и неговиот потпретседател, Џ. Д. Венс, остро ги нападнаа своите демократски противници, обвинувајќи ги за договарање со сторителите на нападите. Извор: Индекс.хрТагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМоди го повикува Путин да ја прекине војната во УкраинаИндискиот премиер Нарендра Моди го повика рускиот претседател Владимир Путин да одржи разговори за прекин на војната во Украина, додека двајцата лидери се сретнаа во Њу Делхи пред самитот на БРИКС.Моди го повикува Путин да ја прекине војната во Украина Дијалогот и дипломатијата се вистинскиот начин за решавање на конфликтот, му рекол Моди на Путин, според соопштението од индиското Министерство за надворешни работи. Индија е подготвена да ги поддржи мировните напори, рече Моди. Билатералните разговори се одржаа пред дводневниот самит на БРИКС што започнува во сабота. Војната во Украина е на дневен ред, а формулацијата на индиското Министерство за надворешни работи се однесува на конфликтите „во регионот на Црното Море“. Индија е голем купувач на руска нафта и жито. Таа е погодена од тешкотии во превозот во Црното Море предизвикани од руските и украинските напади, а индиските морнари беа жртви на напади со беспилотни летала. Самит во Њу Делхи Њу Делхи, кој одржува блиски врски и со западните партнери и со Москва, има во голема мера прагматичен пристап кон конфликтот откако започна руската инвазија на Украина во февруари 2022 година. Сепак, Моди ја засили својата реторика на состанокот во Киргистан кон крајот на август, повикувајќи го Путин пред камера да ги прекине борбите. „Треба да преминеме од бесконечна војна кон крај“, рече Моди, а Путин одговори дека Русија е на тој пат. Не е познато колку директен бил Моди на состанокот во Њу Делхи. Во индиското соопштение се вели дека Моди и Путин се согласиле да го зајакнат посебното стратешко партнерство меѓу двете земји. БРИКС е акроним формиран од иницијалите на имињата на првите пет членки: Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка. Организацијата е создадена како противтежа на Западот и оттогаш се прошири за да ги вклучи Иран, Египет, Етиопија, Обединетите Арапски Емирати и Индонезија. Фокусот на самитот во Њу Делхи ќе биде на трговијата, технологијата и регионалните конфликти. Кинескиот претседател Си Џинпинг е меѓу лидерите што учествуваат на состанокот. Извор: Индекс.хрТагови: Владимир Путин Моди Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05