Филипче од Тиквешко: Понижувачки се откупните цени на грозјето – СДСМ со закон ќе бара 5 денари повеќе за секој килограм
1Филипче од Тиквешко: Понижувачки се откупните цени на грозјето – СДСМ со закон ќе бара 5 денари повеќе за секој килограм
МакедонијаСиљановска-Давкова постхумно ќе ја одликува Наде Проева со Орден „8 Септември“Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денес– 23 јуни 2026 година, вторник, на свечена церемонија со почеток во 12:00 часот постхумно ќе ја одликува Наде Проева со Орден „8 Септември“.Проева се одликува за нејзиниот особен придонес во афирмирањето на македонската историографија како врвна и светски призната историчарка, професорка и авторка. Орденот ќе ѝ биде врачен на Павлина Проевска, сестра на Наде Проева.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче од Тиквешко: Понижувачки се откупните цени на грозјето – СДСМ со закон ќе бара 5 денари повеќе за секој килограмВо изјавата за медиуми Филипче посочи дека производствените трошоци се драстично зголемите и не се покриваат со најавените откупни цени со кои лозарите не можат да обезбедат ниту солиден приход за егзистенција.Откупните цени на грозјето се понижувачки, СДСМ со закон ќе бара зголемување на откупните цени за 5 денари за килограм за сите сорти на винско и трпезно грозје, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната средба со лозари од Тиквешкиот регион, на која се разговараше за моменталната катастрофална состојба во лозарството и претстојниот откуп. Во изјавата за медиуми Филипче посочи дека производствените трошоци се драстично зголемите и не се покриваат со најавените откупни цени со кои лозарите не можат да обезбедат ниту солиден приход за егзистенција. „Трошоците за производство се многукратно зголемени. Колкава е само цената на горивото. Понатаму трошоците се зголемени и за работната рака 2.000 денари им бараат луѓето коишто го берат грозјето. Зголемена е цената на водата и секако енормно зголемена е цената и на ѓубривата со кои што се ѓубри земјиштето“, рече Филипче. Тој додаде дека во ваква состојба на зголемени трошоци за прооизводство неопходно е зголемување на откупните цени на грозјето, за што најави дека пратеничката група на СДСМ ќе поднесе предлог Закон за 5 денари повисоки откупни цени за сите сорти грозје. „Бараме итно да се зголемат откупните цени и во таа насока ќе дадеме предлог закон во Собранието со кој закон откупната цена на сите сорти на винско и трпезно грозје ќе се зголеми за 5 денари по килограм“, рече Филипче Воедно, Филипче најави дека СДСМ ќе побара да се укине попустот од 8% кој што винарите го нудат како предуслов за да ја платат веднаш целата откупена количина на грозје, како носење на интервентна мерка за откуп на црното грозје. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд почетокот на системот Безбеден град евидентирани се 310.865 прекршоци301.835 за брзо возење, 180.378 за возила со странски регистарски ознаки.Министерството за внатрешни работи ја известува јавнота дека во периодот од 02.02.2026 до 20.08.2026 во системот „Безбеден град“ евидентирани се вкупно 310.865 прекршоци, од кои најголем дел се однесуваат за управување на возило со брзина поголема од дозволената 301.835 прекршоци. Во однос на прекршоците сторени од возила со странски регистарски ознаки, во периодот од отпочнување на функционирање на системот „Безбеден град“ регистрирани се вкупно 180.378 прекршоци, додека во периодот од 19.08.2026 до 20.08.2026 регистрирани се 5.514 прекршоци од возила со странски регистарски ознаки. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.Тагови: безбеден град Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШеснаесет маратонци пливаат на 39. Охридски пливачки маратонШеснаесет маратонци, од кои 11 во машка и пет во женска конкуренција, учествуваат на 39. Охридски пливачки маратон, што денеска се плива во водите на Охридското Езеро.25 километри долгата патека Климе Савин од Свети Наум до градското пристаниште во Охрди го пливаат маратонци од Македонија, Србија, Турција, Канада, Италија, Шпанија, Португалија и Аргентина. Боите на Македонија ќе ги бранат Александар Илиевски, Петар Цеков, Леонид Мишевски и Росана Гошева. Покровители на маратонот се Општина Охрид, Министерството за спорт и претседателката Гордана Силјановска Давкова, додека технички организатор е пливачкиот клуб „Охридски Бранови 2008“ од Охрид. Наградниот фонд на годинашниот маратон изнесува 15 илјади долари, а паричните награди ќе бидат распределни соодветно за најдобрите пливачи во двете категории.Тагови: Охридски пливачки маратон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter