Ракетен напад на финансискиот центар во Ријад- оштетена е зградата на нафтениот гигант „Армико“ (ВИДЕО)
АД ЕСМ со демант до СДСМ: Нема доцнење на платите во ЕСМ, компанијата ги осудува обидите за внесување немир кај вработените
1Ракетен напад на финансискиот центар во Ријад- оштетена е зградата на нафтениот гигант „Армико“ (ВИДЕО)
2АД ЕСМ со демант до СДСМ: Нема доцнење на платите во ЕСМ, компанијата ги осудува обидите за внесување немир кај вработените
МакедонијаСиљановска-Давкова по средбата со Руте: Најголема гаранција за мирот и безбедноста на Западен Балкан е негова итна и целосна интеграција во ЕУНа официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој престојува во прва официјална посета.Сиљановска-Давкова и Руте одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на македонската и на делегацијата на НАТО. Според претседателката, посетата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во време на растечки непредвидливи предизвици е јасна потврда за важноста на сојузничката солидарност и заедничката одговорност во рамките на НАТО. Таа го информираше генералниот секретар за неделната седница на Советот за безбедност на којашто беше заклучено дека и покрај моментално стабилната внатрешна состојба, се наметнува нужност од постојaно следење на галопирачките настани и навремено и соодветно реагирање на истите. Претседателката укажа на македонското посветено и доследно однесување кон преземените обврски на Самитот во Хаг и Велс во поглед на издвојувањето од БДП за одбраната. Исто така, таа ја потенцираше активната улога на македонската армија во меѓународните борбени мисии, насочена кон одвраќање и заедничка одбрана на НАТО просторот. Во разговорите не изостана ни поддршката на Украина. Генералниот секретар на средбата ја потврди значајната македонска улога во безбедноста на Западен Балкан, при што порача дека регионот е од стратешко значење и Алијансата нема да дозволи да се појави безбедносен вакуум. Обајцата се согласија за итноста на интегрирањето на Западен Балкан во ЕУ, како најсоодветно решение за отпорност кон трети влијанија, но и безбедност не само на Западен Балкан, туку и на Европа. Во продолжение е интегралната изјава на претседателката Сиљановска-Давкова: Почитувани претставници на медиумите, Дозволете ми уште еднаш да му посакам добредојде на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Се соочуваме со глобална неизвесност, со геополитички тензии, со војна на европско тло, со сајбер закани, со хибридни закани, со закани од ширење на дезинформации и затоа мислам дека посетата на генералниот секретар Руте, којашто за жал коинцидира со време на сериозни безбедносни предизвици (мислам на галопирачките воени дејствија на Блискиот Исток и Персискиот залив) за мене е јасна потврда за важноста на сојузничката солидарност и на заедничката одговорност. Јас веќе го информирав господинот Руте дека од тие причини викендов го свикав Советот за безбедност. Овие сложени безбедносни околности бараат будност, подготвеност, јакнење на активностите на инструментите за рано предупредување, како и посилни и одржливи инвестиции во одбранбените капацитети. Во овој момент, затоа е господинот Руте тука и му посакувам и верувам дека тоа може да го направи, неопходно е во рамките на НАТО Алијансата да се надминуваат разликите или да се усогласуваат разликите за да се обезбеди кохезија врз основа на заедничките вредности и принципи врз кои е втемелено НАТО. Токму заради тоа, повторувам, улогата на генералниот секретар е особено важна. Јас цврсто верувам дека НАТО не е само воен сојуз, туку дека е и заедница на споделени вредности, на споделена одговорност, но и што е најважно, на заедничка визија за безбедна иднина и ние продолжуваме да бидеме одговорна членка на НАТО сојузот. Сакам да потсетам, или да нотирам неколку работи: Како кредибилен сојузник, ние го спроведуваме Планот за инвестиции во одбраната, вклучително и заклучокот од самитот во Хаг за издвојување одреден процент од БДП за одбрана до 2035 година. Исто така, ги исполнуваме и Целите за способностите. Потенцирам, не се во прашање проценти, два проценти, пет проценти, и бројки, туку инвестиција во заедничката одбрана и безбедност. Ние го исполнивме условот од самитот во Велс од 2% од БДП за одбрана (денеска тука е и министерот за одбрана) и од нив над 30% се наменети за опрема и модернизација и модернизацијата продолжува. Активно придонесуваме кон одвраќањето на опасностите и кон заштитата на одбранбената позиција на НАТО преку борбените групи во Латвија, во Бугарија, во Романија, мисијата на КФОР во Косово, мисијата на ЕУ - АЛТЕА во Босна и Херцеговина и мислам дека тоа успешно го правиме. Со тоа јасно демонстрираме дека безбедноста е заедничка одговорност. Во однос на Украина, ќе продолжиме со поддршката, со верба за можен договор за праведен и траен мир. Почитувани, На крајот сакам да потенцирам. Јас верував и се уште верувам дека најголема гаранција за мирот и безбедноста на Западен Балкан и за трајна отпорност на влијание од трети сили, тоа му го пренесов и на генералниот секретар, е неговата итна и целосна политичка интеграција во ЕУ. Очекувам на претстојниот Самит на НАТО во 2026 година во Анкара, особено внимание да биде посветено на безбедносната состојба на Западен Балкан, со оглед на актуелните настани и предизвици. Укажувам дека мора да ставиме крај на вештачките причини и на причините од историски и идентитетски карактер за оневозможување на регионалното членство во ЕУ и да се концентрираме на Копенхашките критериуми. Одговорно тврдам дека најголемата инвестиција и гаранција, не само за нашата безбедност, туку и за безбедноста на Европа во целина е нашето членство и членството на Западен Балкан во Европската Унија. Ви благодарам.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРакетен напад на финансискиот центар во Ријад- оштетена е зградата на нафтениот гигант „Армико“ (ВИДЕО)Финансискиот центар на Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, беше погоден од ракетен напад, а инцидентот ја оштети зградата на нафтената компанија Сауди Арамко.Според информациите што ги објавија странските медиуми, прозорците на зградата биле скршени на неколку ката, додека дел од фасадата е оштетен, објави Лориент. Нападот се случил денес, откако воената коалиција предводена од Саудиска Арабија објави дека пресретнала ракети лансирани од Јемен, за кои се вели дека им припаѓаат на јеменските бунтовници Хути. Сведоци потврдија за АФП дека бил погоден деловниот комплекс на Финансискиот округ Крал Абдула (КАФД), во кој се наоѓа и кулата Арамко. Според нив, штетата била видлива на неколку ката од зградата, вклучувајќи скршени прозорци и оштетување на фасадата. Footage from the site, and post-impact shows continuous smoke plumes rising from the upper floors of the damaged Al-Aqiq commercial tower in Riyadh as civil defense units secure the area. #SaudiArabia #Riyadh #AlAqiq @Natsecjeff https://t.co/6R01FMkTTe — ConflictRadarME (@ConflictRadarME) November 8, 2026 Сепак, првичните извештаи не беа јасни дали зградата била директно погодена од ракета или штетата е предизвикана од остатоци од ракета што претходно била пресретната од воздушната одбрана. Саудиското Министерство за енергетика подоцна соопшти дека административната зграда на Арамко била цел на обидот за напад, но дека штетата била ограничена на остатоци. Според официјалните информации, немало повредени или смртни случаи во инцидентот. Воената коалиција соопшти дека воздушната одбрана пресретнала и уништила две крстосувачки ракети насочени кон Ријад и јужните делови на кралството. Нападот врз финансискиот центар предизвика особена загриженост бидејќи е еден од најпрепознатливите симболи на економските и социјалните реформи на Саудиска Арабија. Комплексот KAFD вклучува бројни канцелариски згради, финансиски институции, станбени згради, продавници и метро станица што ја користат многу луѓе секој ден. Инцидентот претставува нова ескалација во конфликтот меѓу Саудиска Арабија и Хутите, кои ги интензивираа меѓусебните напади во последните месеци. Тензиите дополнително се зголемија откако Хутите ги обвинија саудиските сили за смртоносни напади врз цивили во Јемен. Засега нема потврда дека нападот предизвикал прекини во работата на „Арамко“ или на неговите нафтени постројки. Властите продолжуваат да ја проценуваат штетата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МакедонијаАД ЕСМ со демант до СДСМ: Нема доцнење на платите во ЕСМ, компанијата ги осудува обидите за внесување немир кај вработенитеПлатата за вработените во АД ЕСМ ќе биде исплатена во законскиот рок. Тековните административни усогласувања во компанискиот систем за исплата на личниот доход, се должат на едновремените барања од над 140 вработени за ажурирање и промена на нивните лични податоци, што наметна потреба од дополнително време за нивна техничка обработка и верификација до 06.11., со цел да се обезбеди сигурна и точна распределба на средствата. Работењето на АД ЕСМ, кое изминатите две години минува низ интензивен процес на финансиска и техничко-технолошка консолидација, не треба во ниту еден случај да се поврзува со државниот Буџет, затоа што средствата за плати компанијата самостојно ги обезбедува без субвенции, за разлика од периодот 2021-2024 година. Компанијата најостро ги осудува обидите на одредени политички партии за саботажа на енергетскиот сектор односно преку тенденциозно и лицемерно користење на вонредните административни прилагодувања - да создаваат лажен наратив и да внесуваат немир помеѓу вработените. Во контекст на платите и надоместоците за вработените, би сакале да потсетиме дека е почнат процесот за зголемување на платите во АД ЕСМ согласно неодамна потпишаниот Колективен договор со репрезентативните синдикати. Исто така, на почетокот на јули е исплатен регресот за годишен одмор за 2026 година во 100% вредност, а последните две години вработените ја добиваат декемвриската плата пред почетокот на Новогодишните празници. АД ЕСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПрогласена е вонредна состојба: Над 8.000 мигранти пристигнаа на шпански островСоветот на шпанскиот остров Ел Иеро соопшти дека прогласил вонредна состојба за справување со миграциската криза, откако повеќе од 8.000 мигранти пристигнале на островот во Канарскиот архипелаг во последните пет недели.Со декретот се бара и од владата на Канарските Острови и од шпанската држава да обезбедат дополнителен персонал и да спроведат систем на ротација за да им овозможат на членовите на Поморската служба за спасување, Здравствената служба на Канарските Острови, Државните безбедносни сили и Црвениот крст да бидат соодветно одморени, објави RTVE. Претседателот на островскиот совет, Кабилдо, Алпидио Армас, рече дека вонредната состојба е прогласена за да „гарантира рамка за соработка со институциите за обезбедување на основните права“ и за пристап до буџетските ресурси потребни „за справување со овие непредвидени ситуации“. Армас рече дека практично сите мигранти на островот доаѓаат од Сенегал. Претседателот на Канарските Острови, Фернандо Клавихо, рече дека шпанскиот премиер Педро Санчез се обврзал итно да свика Комисија за имиграција и да ги зајакне ресурсите за здравствена заштита преку Државниот секретаријат за миграција. Декларацијата, исто така, предвидува воспоставување протоколи за координиран трансфер на мигранти на други острови со поголем капацитет и зајакнување на објектите за првичен прием на мигранти на островот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28