Заедничка превентивно-едукативна активност на МВР и РСБСП по повод Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди
Во изминатото деноноќие, на територијата на целата држава регистрирани се 15 пријави за семејно насилство
1Заедничка превентивно-едукативна активност на МВР и РСБСП по повод Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди
2Во изминатото деноноќие, на територијата на целата држава регистрирани се 15 пријави за семејно насилство
МакедонијаСиљановска Давкова по седницата на Советот за безбедност: Има основано сомнение дека пожарите се намерно предизвикани Денеска во Кабинетот на Претседателката се одржа втората седница на Советот за безбедност.На седницата со која претседаваше претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваа членовите на Советот за безбедност по функција: Африм Гаши, претседател на Собранието, Христијан Мицкоски, претседател на Владата, Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, Владо Мисајловски, министер за одбрана и тројцата членови, именувани од претседателката: Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова и Владо Спиридонов. На покана на претседателката Сиљановска-Давкова на втората седница на Советот за безбедност учествуваа и реферираа: директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски; директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. На дневен ред на седницата беа следните точки: информирање и размена на мислења за безбедносните дилеми во светот и нивното влијание врз безбедносната состојба во регионот и земјата; климатските промени и пожарите; размена на ставови за македонската евроинтеграција по извештајот на Томас Вајц. Во продолжение е интегралниот текст од изјавата на претседателката Сиљановска-Давкова по завршувањето на втората седница на Советот за безбедност. На денешната седница присуствуваа сите членови на Советот за безбедност, освен министерот по положба за надворешни работи и началникот на Генералштабот заради патување во странство. Точки на дневен ред на втората седница беа: прво, информирање и размена на мислења за безбедносните дилеми во светот и нивното влијание врз безбедносната состојба во регионот и се разбира во земјата, понатаму, климата и пожарите со кои се соочуваме дома, во регионот и во Европа и пошироко и се разбира третата точка се однесуваше на размена на ставови, мислења, информации за евроинтеграцијата по она што се случи во Европскиот парламент, односно по донесувањето на резолуцијата за нас. Седницата траеше повеќе од два и пол часа, имаше бурна дискусија, воведни излагања за првата точка за безбедносните дилеми, имаа директорката на Агенцијата за разузнавање и директорот на Агенцијата за национална безбедност. Се разбира дека по другите точки, исто така имаше воведничари за климата и пожарите, посебно излагање имаше професорот Владо Спиридонов, експерт во оваа област. Тој нѐ информираше за состојбите, меѓутоа денеска премиерот информираше за активностите што ги превзеле и активностите што ќе ги превземат, вториве се системски, првиве се како да се справат со кризата врзана, зборувам со пожарите кои што настануваат. Во врска и со првата и со втората точка, излагање имаше и министерот за внатрешни работи. Во поглед на третата точка, исто така се вклучија повеќемина во дискусијата. Како што знаете, Советот за безбедност е тело што предлага, Советот за безбедност е тело кое што дава препораки и ние по сите три точки посегнавме по препораки и по евентуални иницијативи. Накусо, кога се во прашање безбедносните дилеми во светот, јасно е дека тие ја засегаат секоја држава, па и нас, го засегаат и регионот, можат да имаат и импликации врз регионот. Но, од воведните излагања и од дебатата, заклучокот беше дека сепак регионалната безбедност е стабилна, во земјава дека е стабилна и под контрола и не се очекуваат некакви безбедносни проблеми и дилеми. Главно се говореше за состојбата во регионот, на она што се случува во Босна и Херцеговина, каде што честопати слушаме сецесионистичка реторика, понатаму политичката состојба на Косово, како што знаете, една институционална криза заради неможноста да се конституираат органите и се разбира, состојбата во соседна Србија, каде што исто така има низа сериозни проблеми. Меѓутоа, реков од аргументите, од податоците, заклучокот е дека сепак и покрај овие проблеми и предизвици не се очекува тие да се одразат врз македонската безбедносна состојба. Се разбира дека во поглед на она што се случува на Блискиот Исток, неподелени беа ставовите за потребата од мир. Јас тука не можам да кажам дека имаме сигурни гаранции за тоа, бидејќи, како што знаете, преговорите се во тек, па се прекинуваат. Честопати јас самата велам дека очекував поангажирана, поактивна организација на Обединетите Нации, која што, за жал, е маргинализирана. Што се однесува до климата, климатските промени и пожарите, да, не само ние, туку и регионот е соочен со пожари. Она што е загрижувачко е, меѓутоа, се разбира, се е во предистражна постапка, дека голем дел од пожарите не се заради високите температури, туку дека има основано сомнение дека се намерно предизвикани. Меѓутоа, се разбира, се додека се работи за предистражна постапка, тоа се само претпоставки. Од владата информираа за системот на кој што работат, систем на превенција, преку кој што со помош на камери, па дури и дронови, точно би се лоцирале опасностите, па и извршителите. Изложија низа мерки што во иднина ќе ги имплементираат, од промена на законот за справување со кризи, за да се оневозможи паралелно постапување, за да се овозможи еден систем, па до ангажирање на волонтери, на фактот дека денеска ние веќе сме оспособиле низа од друг модел или друг тип на возила кои можеби до вчера биле за воени цели, меѓутоа денеска се употребуваат на теренот. Се разбира дека кога е во прашање предвидувањето, мојот претставник презентираше билтени, тие можете веројатно и сами ги пратите, веќе се изработуваат билтени што се испраќаат до владата и другите институции за очекуваните промени врз основа на пресметки, математички се разбира и со помош на податоците. Тоа навистина мислам дека е одличен чекор. Денеска исто така беше предложен и еден нов проект - Современ интегрален информативен систем за временски непогоди кај нас. Мислам дека со помош на вештачката интелигенција, со помош на пресметките навистина однапред можеме да предвидиме низа ситуации. Ако е за утеха, аргументацијата е дека ако минатата година температурните шокови биле многу повисоки од годинава, сепак сега има можност за предвидување, токму заради тоа што сите органи редовно добиваат информации преку факултетот ФИНКИ, преку група на експерти за клима и за климатска акција и добиваат однапред податоци за тоа што може да се случи во иднина. Значи, заклучокот би бил дека пожарите се под контрола во моментот. Тоа не се должи само на домашниот ангажман на институциите, кои што се координирани. Претпоставувам знаете дека и војската е ангажирана во овој процес и во голем степен помага, но исто така имаме помош и однадвор, а се разбира и европска помош и тоа навистина ги подобрува состојбите. Останува само онаа дилема - што со намерно предизвиканите пожари и предизвикувачи, и јас реков дека освен таа информација, јас не можам повеќе да зборувам за тоа, додека навистина нема постапки и докази. Кога е во прашање состојбата со евроинтеграцијата, основниот заклучок е дека имаме реформска агенда и имаме план за развој. Треба да се држиме до она што е најважно, до Копенхагенските критериуми и најпрво она што е основен тест за сите - тоа е владеењето на правото. Се укажа на пакетот закони, изработен од страна на Министерството за правда, што се однесуваат на Јавното обвинителство, на Судскиот совет, на платите на јавните обвинители, членовите на Судскиот совет и така натаму. Понатаму исто така се спомена и Законот за правична и соодветна застапеност, зошто го споменувам, затоа што тенденција на Министерството за правда е да ги праќа законите на мислење на Венецијанската комисија, што не го правевме често во претходниот период. Зошто е тоа важно? Да потсетам, според променетата или изменетата методологија, не е критериум или услов само хармонизацијата на нашата легислатива со европската, туку и ефективното спроведување на законите и мислењата на, тука, на Венецијанската комисија и на ГРЕКО. Тоа е што се однесува до евроинтеграцискиот процес. Се разбира, сите дискутанти укажаа на очекувањето и важноста на извештајот во ноември, обично нели, што го добиваме за напредокот, и јас, па и други, укажавме на потребата од активност на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието, бидејќи во него членуваат, не само пратеници, туку и претставник на МАНУ, претставник на невладините организации, тоа е многу важно. Зошто? За да градиме ние единство некакво, да се разбираме и да доаѓаат критиката и предлозите навреме, за да може, навистина, легислативата да биде по европска мерка, оти пост фестум е доцна. Истото важи и за Комисијата за европски прашања, таа треба да биде многу поактивна или активна, за да може, се разбира, да ги анализираме состојбите, а исто така и за да може да одговориме на забелешките што ги дава Европската Комисија за напредокот на државата во сите области. Тоа е накусо она, за што зборувавме денеска, соопштуваат од Кабинетот на претседателката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
МакедонијаЗаедничка превентивно-едукативна активност на МВР и РСБСП по повод Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгодиВо рамки на активноста, на граѓаните им беа поделени едукативни материјали.Денеска (15.11.2026), во Скопје, кај фонтаната во Градскиот парк, полициски службеници од Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи и Одделението за превенција при СВР Скопје, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), реализираа заедничка превентивно-едукативна активност за подигнување на свеста и унапредување на безбедноста во сообраќајот, во знак на одбележување на „Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди“. Активноста беше насочена кон подигнување на свеста за значењето на одговорното и совесно учество во сообраќајот, унапредување на сообраќајната култура и намалување на бројот на сообраќајни незгоди и жртви на патиштата, под мотото: „Заедно, со одговорно однесување во сообраќајот, да придонесеме за патишта без жртви!“ Во рамки на активноста, на граѓаните им беа поделени едукативни материјали – летоци со превентивни пораки и апел за одговорно учество во сообраќајот, со посебен акцент на почитувањето на сообраќајните правила и прописи и грижата за сопствената и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Дополнително, беше упатен потсетник дека од 15 ноември започнува законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, како и апел до возачите за прилагодување на брзината и начинот на управување со возилото согласно временските услови и состојбата на патиштата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо изминатото деноноќие, на територијата на целата држава регистрирани се 15 пријави за семејно насилствоНа 15.11.2026 во 05:05 часот на ул. „7 Ноември“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Х.К.(31) од Охрид, по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата девојка.На 15.11.2026 во 02:20 часот, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода Г.С.(54) од пробиштипско, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 61-годишна сопруга. На 15.11.2026 во 04:50 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ќ.Х. (32) од гостиварско, по претходна пријава дека во 03:10 часот дека околу 00.30 часот во нејзиниот стан физички ја нападнал неговата поранешна 25-годишна девојка од Турција, со привремен престој во Гостивар. На 14.11.2026 во 09:45 во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода М.С.(59) од струмичко, по претходна пријава дека во семејниот дом се однесувал агресивно кон неговата 91-годишна мајка, а на неговиот 63-годишен брат му упатувал закани. На 14.11.2026 во 18:45 часот полициски службеници од Полициското одделение Чегране го лишиле од слобода М.О.(37) од гостиварско, по претходна пријава дека во 12:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 28-годишна сопруга. На 14.11.2026 во 17:50 часот на ул. „Јордан Јорданоски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Б.Б.(56) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека упатувала закани на неговиот 31-годишен син В.Б. (31) од гостиварско. На 14.11.2026 во 16:50 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода В.Р.(42) од струмичко, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 31-годишна сопруга. На 14.11.2026 во 16:40 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода З.М.(62) од струмичко, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 53-годишна сопруга. На 14.11.2026 во 14:15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода 33-годишна велешанка, постапувајќи по претходна пријава од нејзиниот 36-годишен поранешен невенчан сопруг дека физички го нападнала. Подоцна, и таа пријавила дека била физички нападната од него. На 14.11.2026 во 17:55 часот на ул. „15 Kорпус“ во Охрид, полициски службеници го лишиле од слобода е В.Б.(34) од Скопје, со престој во Охрид, по претходна пријава дека во семејниот дом во Охрид, физички ја нападнал неговата девојка. На 14.11.2026 во 21:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.М.(19) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички го нападнал неговиот татко. На 14.11.2026 во 15:20 часот полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со А.И.(65) од Скопје, по претходна пријава во 13:30 часот, поради тоа што на 13.11.2026 околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар физички ја нападнал неговата 62-годишна сопруга. Според пријавеното, таа ѝ претходно била физички нападната од истиот. На 14.11.2026 во 12:30 часот во СВР Скопје, 47-годишна жена од Скопје пријавила дека ноќта околу 01:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Центар, нејзиниот сопруг Н.К.(50) од Скопје, со кого се во бракоразводна постапка, физички го нападнал нивниот 16-годишен син. На 14.11.2026 во 19:00 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 14:40 часот во семејниот дом на подрачјето на Карпош во Скопје, на него и на неговата 42-годишна сопруга им биле упатувани закани од нивниот 18-годишен син Д.С. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 14.11.2026 во 23:40 часот во СВР Скопје, 52-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 18:30 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил физички нападнат од неговата 36-годишна сопруга Б.Д., која фрлала кон него разни предмети и употребила тврд предмет. Според пријавеното, истата се обидела да ја нападне и нејзината свекрва. По пријавените случаи се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање, по што ќе следуваат соодветни поднесоци. Министерство за внатрешни работи упатува апел до граѓаните да не го премолчуваат семејното насилство и навремено да го пријавуваат секој случај. Секој што е жртва на семејно насилство, но и секој што има сознанија дека друго лице е изложено на насилство, може да пријави во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 112 и 192.Тагови: семејно насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДиректно предупредување: Америка ја чека брутален одговор„Ние нема да оставиме ниту еден воен напад или агресија без одговор, и тоа го докажавме во пракса“, рече Багеи.Ниту една американска агресија против Иран не смее да остане без одговор, предупреди денес портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, наведувајќи дека Техеран се потпира на сопствените способности и не се надева на помош од другата страна. Багеи на прес-конференција рече дека користењето на дипломатски канали не треба да се толкува како Иран да ги полага своите надежи во која било друга земја, објави Тасним. „Ние нема да оставиме ниту еден воен напад или агресија без одговор, и тоа го докажавме во пракса“, рече Багеи. Тој рече дека Иран не е загрижен за внатрешните спорови меѓу американските претставници, но оцени дека Вашингтон „ја лишил дипломатијата од нејзиното значење“. Тој нагласи дека дипломатијата треба да служи како средство за спречување на тензиите, додека, како што изјави, САД ја користеле како „алатка за поставување заседи и извршување изненадувачки напади“. „Светот со сомнеж гледа кон американските дипломатски тврдења“, рече Багеи, истакнувајќи дека Иран, со оглед на неговото негативно искуство во соработката со Вашингтон, е особено должен да ги земе предвид минатите настани. Зборувајќи за прекините во летовите кон САД, Багеи рече дека американската влада треба да модернизира застарена опрема и инфраструктура, наместо да троши пари за купување оружје и „убивање луѓе во Иран“.Тагови: Америка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook