МакедонијаСиљановска-Давкова: Парламентарниот дијалог има незаменлива улога за миротСиљановска-Давкова истакна дека парламентарната дипломатија има клучна улога во зачувувањето на мирот и стабилноста во регионот преку интензивна соработка во време на длабоки глобални предизвици и неизвесност.Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на на XX Конференција на претседатели и спикери на Парламенти на земјите учеснички во Јадранско-јонската иницијатива, чиј домаќин е македонското Собрание во својство на претседавач на земјава со инцијативата за периодот 2025-2026. Сиљановска-Давкова истакна дека парламентарната дипломатија има клучна улога во зачувувањето на мирот и стабилноста во регионот преку интензивна соработка во време на длабоки глобални предизвици и неизвесност. Осврнувајќи се на улогата на парламентите во политичките системи, претседателката искажа загриженост заради пореметената рамнотежа на трите власти, неопходна за парламентарната демократија. Таа укажа на видно ослабените контролни механизми врз извршната власт. Според неа, меѓународните односи не смеат да бидат само во рацете на егзекутивата, туку и на парламентите како креатори на меѓународната политика. За претседателката, парламентарната дипломатија може да има незаменлива улога во градењето, одржувањето и гарантирањето на мирот, со оглед на плуралниот состав и транспарентниот политички дијалог. Парламентите, чиј легитимитет извира непосредно од народот, за неа се политички школи на демократијата во коишто се учи и негува дијалогот меѓу власта и опозицијата. Сиљановска-Давкова укажа на нужноста од длабоки реформи на ОН и ЕУ, коишто настанаа како мировни проекти, а се соочуваат со воени предизвици. Според неа, време е за преиспитување на односот на ЕУ кон процесот на проширување. Таа посочи дека Европската унија и самата е соочена со демократски дефицит, видлив од доминацијата на Европскиот совет над Европскиот парламент и Европската комисија. Сиљановска-Давкова ја охрабрува Европската унија да направи храбар чекор како во 2004 година, со којшто ќе стави крај на вештачката поделба на Исток и Запад и крај на балканизацијата. „Време е за политичко вдомување на Западниот Балкан во европското семејство“ - порача Сиљановска-Давкова. На панелот насловен „Промовирање на мирот и стабилноста преку парламентарната дипломатија“, што го модерираше собранискиот спикер Африм Гаши, се обратија генералниот секретар на ЈЈИ, Џовани Кастеланета, заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, поранешниот министер и пратеник Ризван Сулејмани и пратеничката и претседателка на Клубот на младински прашања и политики на Собранието, Драгана Бојковска. Во дебатата се вклучија претседатели и потпретседатели на законодавните домови на Србија, Хрватска, Црна Гора, Италија и Босна и Херцеговина, а присуствуваа претставници на дипломатскиот кор од земјава. Се заложија за координиран и одговорен пристап на Европскиот парламент, како и на националните парламенти и заклучија дека е потребна уште поинтензивна соработка во рамките на Јадранско-Јонскиот регион.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Реконструкција или театар за прикривање на неуспехот?Вчера во Собранието се водеше расправа за таканаречената реконструкција на Владата.Мицкоски зборуваше за „нова енергија и ново темпо“, додека во реалноста се работи за козметички потези кои не ја менуваат суштината. Ова не е реконструкција која носи одговорност туку е прегрупирање на луѓе кои веќе две години ја водат државата во криза. Економијата тоне, буџетот е празен, европскиот пат е блокиран, а граѓаните се соочуваат со секојдневно поскапување. Наместо да се соочи со сопствените неуспеси, Мицкоски прави театар во Собранието. Прво со Изборниот законик, сега со реконструкцијата. Наместо да признае дека нема пари и дека не може да го издржи мандатот, се обидува да создаде привид на активност. Особено е цинично што дел од владејачкото мнозинство се впушта во навреди на пратеници од опозицијата. Во тоа директно учествува и Мицкоски. Неговиот прв соработник, Иван Стоилковиќ, како претставник на „српскиот свет“, предничи во навредите, дури и отворено псуе пратеници од опозицијата во Собранието. Со тоа ја понижуваат највисоката институција во државата, а со тоа и граѓаните. Тоа не е сила, туку слабост. Мицкоски сака предвремени избори. Повеќе не може да ги крие неуспесите. Но му треба алиби. Веќе рече дека нема да има предвремени избори, па сега прави реконструкција, а паралелно создава хаос во Собранието за да има причина да ги распише. Сценариото е јасно: или преку некоја сателитска партија, или преку инциденти во парламентот, се обидува да си обезбеди изговор. Реконструкциите и преименувањата не ја решаваат кризата. Граѓаните веќе сè знаат. Лагите и празните ветувања повеќе не поминуваат. Скопје, 14.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
ФудбалФранција- Шпанија, европски класик, битка за мундијалско финалеВечерва од 21 часот со судирот меѓу европскиот првак Шпанија и светскиот вицешампион Франција стартува елитното полуфинале на 23 Светски фудбалски шампионат. До крајот на Мундијалот остануваат четирите средби оние најзначајни, дуелите кои решаваат за освојувачите на медалите. Елитното полуфинале во Далас може да се најави и како дуел меѓу Мбапе и Јамал? или како пресметка меѓу најдобриот напад против најдобрата одбрана на шампионатот. Секако едно е сигурно вечерва светот ќе ужива во сите убавини на најважната споредна работа на светот фудбалот. Полуфиналето на Светското првенство меѓу Франција и Шпанија носи судир на две сосема различни фудбалски филозофии. Дуел помеѓу две селекции кои се меѓу главните фаворити за освојување на трофејот. Французите го сакаат своето трето последователно финале на Светското првенство, додека Шпанците, предводени од Ламин Џамал, имаат можност да го потврдат почетокот на нова златна ера. Додека францускиот селектор Дидие Дешан ја нагласува силата на единството и напаѓачкиот потенцијал на својот тим, шпанскиот стратег Луис де ла Фуенте верува дека најголемите успеси се постигнуваат преку борбеност, многу трчање и упорност. Мундијалската завршница ќе се игра со нова топка наречена „Триода“. 🚨Mbappe certainly doesn’t like the new World Cup ball for the Semi finals pic.twitter.com/QHXZQPCDGO — Kalshi Footy (@KalshiFooty) July 13, 2026 ФИФА го претстави специјално издание на топката „Триода“, која ќе се користи во завршните фази на Светското првенство. Иако техничките карактеристики на топката останаа непроменети, новата комбинација на црна и златна боја веднаш му го привлече вниманието на Килијан Мбапе за време на последниот тренинг на француската репрезентација. Пред да им се придружи на соиграчите, Мбапе зеде една од новите топки, внимателно ја разгледа неколку секунди за да ги забележи разликите во однос на верзијата користена во четвртфиналето, а потоа ја постави на теренот за да го испроба чувството при неколку удари кон голот.Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
ЕвропаФранција со традиционална воена парада го одбележува Денот на БастилјаФранција денеска со традиционална воена парада ќе го одбележи националниот празник – Денот на падот на Бастилја.На Парадата на авенијата „Шанзелизе“ предвидено е да учествуваат околу 6.700 војници, 98 авиони, 31 хеликоптер и 315 единици копнена воена техника. Дел од дефилето ќе бидат и припадници на земјите од коалицијата на подготвените што ја поддржува Украина, како и 25 украински војници. Годинешната парада има за цел да ја демонстрира подготвеноста на Франција за зајакнување на своите одбранбени капацитети и да го симболизира стратешкото будење на Европа. Почесни гости се украинскиот претседател Зеленски и 24 шефови на држави и влади од европските земји-членки на коалицијата на подготвените, меѓу кои германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанскиот претседател Серџо Матарела, данската премиерка Мете Фредериксен и британскиот премиер Кир Стармер. Францускиот претседател Макрон вчера беше домаќин и на состанок на лидерите од коалицијата на подготвените, кои најавија нова воена поддршка за Украина, особено во областа на противвоздушната одбрана.по завршувањето на парадата, Макрон ќе отпатува во Ница, каде ќе се одбележи десетгодишнината од терористичкиот напад извршен на 14 јули 2016 година, кога напаѓач со камион влезе меѓу граѓани кои го прославуваа националниот празник. Во нападот загинаа 86 лица, повеќе од 450 беа повредени, а напаѓачот беше убиен.Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter