Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со Зеленски - Канал 5

Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со Зеленски

Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова денеска имаше кус телефонски разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со Зеленски

Во разговорот претседателот Зеленски ја информирал македонската претседателка за интензивните дипломатски напори насочени кон постигнување на договор за праведен мир во најскоро време.

Сиљановска-Давкова изразила поддршка на напорите за крај на војната.

Украинскиот претседател се заблагодарил за македонската поддршка и најавил одржување на Самит ,,Украина – Југоисточна Европа" на лидерите на земјите од регионот.

Русија конфискувала имот вреден 50 милијарди долари од почетокот на војната во Украина

Руските власти од почетокот на војната во Украина конфискувале имот вреден околу 50 милијарди долари, покажува ново истражување објавено од московската адвокатска канцеларија НСП (Некторов, Савељев и партнери).

Русија конфискувала имот вреден 50 милијарди долари од почетокот на војната во Украина

Истражувањето, кое прв го објави весникот „Комерсант“, ја опишува оваа појава како дел од економски модел „Крепост Русија“, насочен кон затворање на економијата и државна контрола.

Во последните три години, претседателот Владимир Путин потпиша неколку укази со кои се овозможува конфискација на западни средства во Русија како одговор на, како што ги нарекува Москва, „нелегалните дејства“ на Западот. Меѓу погодените се германската енергетска компанија „Унипер“ и данскиот производител на пиво „Карлсберг“.

Покрај странски компании, и некои големи руски фирми се најдоа под ударот на национализацијата – било поради потреба од „стратешки ресурси“, било поради обвинувања за корупција, прекршувања во процесот на приватизација или слабо менаџирање.

Иако руската економија се покажа поотпорна од очекувањата, нејзината номинална вредност во 2024 година изнесува околу 2,2 трилиони долари – многу помалку од економиите на Кина, ЕУ или САД, според податоци на ММФ.

Путин тврди дека повлекувањето на западните компании ѝ овозможило на домашната индустрија да просперира. Тој повикува на „нов модел на развој“, спротивно на она што го нарекува „застарена глобализација“.

Над 1.000 западни компании – меѓу кои и „Мекдоналдс“ и „Мерцедес-Бенц“ – го напуштија рускиот пазар, дел со продажба или предавање на клучеви на локални менаџери, а други со конфискувани средства.

На маргините на АСЕАН средба помеѓу Рубио и Лавров

Државниот секретар на САД, Марко Рубио денеска во Куала Лумпур ќе се сретне со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

На маргините на АСЕАН средба помеѓу Рубио и Лавров

Тоа ќе биде втора средба помеѓу Рубио и Лавров. Тие ќе се сретнат на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на АСЕАН.

Во Малезија вчера почна тридневниот состанок на министрите на АСЕАН, на кој се планирани и средби со главните трговски партнери на Асоцијацијата, меѓу кои САД, Кина, Јапонија, Русија и ЕУ. Во Куала Лумпур е и министерот за надворешни работи на Кина, Ванг Ји.

Ангелоски: Сузана Јаневска е суспендирана од функцијата извршен директор на ССКМ

 Фалсификат, злоупотреба и незаконско дејствување, Сузана Јаневска е суспендирана од функцијата извршен директор на ССКМ.

Ангелоски: Сузана Јаневска е суспендирана од функцијата извршен директор на ССКМ

Сојузот на стопански комори на Македонија остро ја осудува злоупотребата на службената положба и фалсификувањето на службена документација од страна на извршниот директор Сузана Јаневска, која на 07.07.2025 година е суспендирана од функцијата и нема никакви овластувања да ја претставува институцијата.

На 09.07.2025 година, Сузана Јаневска, користејќи приватна Yahoo адреса ([email protected]), испратила лажно соопштение до медиумите во кое тврди дека е одржано вонредно Собрание на ССКМ. Истакнуваме дека:

• Тоа не е официјална комуникација на ССКМ и е правно ништовна.

• Собрание на 09.07.2025 не било закажано, ниту одржано по деловнички или статутарни процедури.

• Фалсификуваната покана и обидот за лажно собрание се резултат на грубо прекршување на член 4.2.8 од Договорот за основање на ССКМ.

• Постапката претставува класичен пример на институционална измама и дејствување без мандат.

Заедно со Јаневска, во координирана активност биле вклучени и четири правни субјекти поврзани преку семејни и деловни врски кои се исклучени од членство со Одлука бр. 0302-1-11/25 од 01.07.2025 година, поради сериозно нарушување на угледот и функционалноста на институцијата.

Согласно член 4.5.4 од Договорот за основање, Претседателот на ССКМ, г. Трајан Ангелоски, донесе формална Наредба за итна суспензија на Сузана Јаневска, со која ѝ се забранува пристап до службените простории, контакт со членството и користење на било какви ресурси во име на ССКМ. Исто така, таа е задолжена веднаш да ги врати сите доверени средства во сопственост на Сојузот.

Во интерес на правната сигурност, заштита на членките и зачувување на интегритетот на институцијата, целокупниот случај е пријавен во Министерството за внатрешни работи. Очекуваме соодветни институционални реакции за сите инволвирани во обидот за институционален удар и фалсификат.

Апелираме до сите медиуми и јавноста да не прифаќаат никаква комуникација или соопштенија испратени од приватни адреси кои не се дел од официјалната структура на ССКМ. Сите валидни информации ќе бидат доставени исклучиво преку официјалниот е-маил [email protected] и преку легитимните канали на Сојузот.

Ниту поединци, ниту групи нема да бидат дозволени да го узурпираат легитимитетот на институцијата изградена врз доверба, транспарентност и работа во интерес на бизнис заедницата.

Трајан Ангелоски, претседател на ССК

притисни ентер