Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
2Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
МакедонијаСиљановска-Давкова од Треблинка: Нема да дозволиме да се избрише болната меморија за Холокаустот и за нашите македонски ЕвреиВо Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ во Полска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на комеморацијата на Холокаустот на македонските Евреи.Таа оддаде почит кон жртвите и положи венец пред спомен-обележјето посветено на 7.144 македонски Евреи депортирани од фашистичкиот окупатор во логорот на смртта „Треблинка“ во 1943 година. Во изјава за медиумите порача дека застанати пред амбисот на злото, нема да дозволиме историски ревизионизам и фалсификување на вистината за Холокаустот на македонските Евреи. Укажувајќи дека државна и човечка должност е да сме тука во пресрет на утрешниот ден на сеќавањето на холокаустот на македонските Евреи, таа рече дека за нас трагедијата е поголема и поболна, бидејќи антисемитизмот никогаш не бил македонска одлика. Според Сиљановска-Давкова, фактот што македонските Евреи кои ја избегнале депортацијата, веднаш се вклучиле во народноослободителната и антифашистичка борба на македонскиот народ, е доказ за нашиот соживот. За тоа, според неа, сведочат малкуте Евреи кои ја избегнале депортацијата и нивните наследници, како и присутните роднини на преживеаните, кои гордо ја претставуваат малубројната, но за нас исклучително важна македонска Еврејска заедница. На комеморацијата директорот на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, Горан Садикарио порача дека денешниот настан е силна порака дека се сеќаваме и мора да се сеќаваме на вистината и на она што Македонија го изгуби. Според пратеничката Рашела Мизрахи, жртвите не се само бројки, туку семејства, идентитет и приказни со коишто се поистоветуваат сите македонски Евреи. Мајкл Баренбаум, креатор на постојаната изложбена поставка во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, истакна дека кога доаѓаме на ова место не треба да се осврнеме само на минатото, туку и да се потсетиме на одговорноста што ја имаме за никогаш да не се повтори вакво зло. Претседателката положи цвеќе и пред централниот споменик во Треблинка, ја разгледа музејската поставка и оствари средба со директорот на Меморијалниот и музејски комплекс, Едвард Куповка. Таа го поздрави поставувањето на новиот ѕид на којшто ќе бидат напишани сите познати имиња на убиените Евреи во Треблинка, вклучително и имињата на македонските Евреи. Во Варшава, претседателката положи венец пред споменикот посветен на жртвите на Варшавското гето. Сиљановска-Давкова е прв македонски Претседател што го посетил Меморијалниот комплекс „Треблинка“. Во продолжение е интегралната изјава на претседателката Сиљановска-Давкова: Почитувани, Минатата година бев во посета на Аушвиц. Страшно и тажно нешто. Тогаш реков дека сите ние, а особено македонските претседатели, имаат не само државна, туку и човечка обврска, секогаш на овој траорен ден да бидат овде, со луѓето чии домови се на друго место. Затоа јас сум толку растревожена. Траорно е местово, особено во очи на денот којшто ќе остане засекогаш врежан како еден од најтешките денови за сите нас. Јас затоа реков дека денеска се чувствувам како македонска Еврејка, бидејќи тоа е нивниот дом. Замислете, да заминете со животот во еден куфер, во една кеса, на последниот пат и никогаш да не се вратите. Можеби некој ќе се лути, но мислам дека мора да потсетуваме на злото за да не се случи повторно. Мора да знаеме дека не се виновни само сторителите, туку и оние кои дозволиле да се случи злото. Затоа не смееме да дозволиме да се случи вакво нешто. Затоа јас сакам да повторам дека на 11 март 1943 година, тогашната бугарска фашистичка окупаторска власт, значи власта, а не народот бугарски, тогашната фашистичка власт насилно ги собра македонските Евреи од окупираната Македонија, тоа е она што го имаме заедничко со Полска, тогаш окупирана Полска, ги натовари во сточни вагони и ги депортира тука, во нацистичкиот центар за екстерминација Треблинка. Повторувам, од окупирана Македонија во окупирана Полска. Страшно е човек да каже дека целта на Треблинка била што е можно побрзо, небаре на фабричка лента, на индустриски начин, да уништи што е можно поголем број луѓе. Чувме и денеска, 2.000 лица биле егзекутирани одеднаш. Страшно. Се прашувам, може ли нормални умови за 13 месеци од јули 1942 до август 1943 година, замислете, не да предизвикаат, туку да произведат смрт на околу 900.000 луѓе, Евреи. Меѓу нив биле и 7.144 македонски Евреи. Страшното за нашите Евреи е тоа што во прашање се 98% од севкупната македонска еврејска популација. Некој ставил крај на македонската еврејска заедница, а во рамките на македонските жртви во Втората светска војна се работи за околу една третина. Има ли поголема жртва за македонската слобода? Има ли поголема жртва за еврејската слобода? Честопати велам, каква ли непроценлива загуба е во прашање? Замислете, колкаво ќе беше денеска нивното потомство? Колку ли ум, знаење, енергија, креација, завршиле овде? Зошто е трагедијата за мене, за сите, уште поболна? Никогаш антисемитизмот не бил македонска одлика. Никогаш немало почва македонска за антисемитизам, ниту за манифестирање на антисемитизам. Ние имаме милениумска традиција на соживот. Ако отидете во Стоби, таму ќе видите и остатоци од една од најстарите синагоги. Таму ќе видите менора, таму ќе го почувствувате еврејскиот дух. Јас денеска веќе кажав зошто е за мене ова толку болно. Како дете, играјќи си со еврејските деца во центарот на Скопје, ја научив песната Хава Нагила. И сега можам да ви ја испејам целата, за жал. Тоа е доказ дека ние сме живееле заедно, дека сме биле исти и затоа е болката огромна. Уште еден доказ за соживотот. Македонските Евреи кои кои со божја благослов ја избегнале содепортацијата, веднаш се вклучиле во Народноослободителната и Антифашистичката борба и ние имаме еврејски херои. Има ли поголем доказ? Тие се жртвата за нашата слобода. Нивните наследници, нивните присутни овде, роднините на преживеаните, јасно говорат за своите предци. Тоа е нешто што сите не засега. И денес кога светот повторно се соочува со војни, јас се прашувам цела ноќ. Како можело да се случи тоа зло, злото на Холокаустот? Како дошло до тој морален вакуум во којшто го снемало умот, разумот, совеста, хуманоста? Исчезнале. Како е можно да се проширил тој смртоносен вирус на антисемитизам во една изопачена фашистичка и нацистичка идеологија? Тоа е огромно предупредување, оти за мене тој чин е чин на отчовечување, на расчовечување. И сега си мислам како може човечкиот ум до таа мера да се расчовечи за да го индустријализира, замислете, процесот на убивањето. Овде стоиме над еден доказ или амбис на злото. Сите веруваме и ветуваме дека нема да дозволиме историски ревизионизам. Не може да разубавите зло, бидејќи докази за злото има и дома, ама докази за злото има и овде. Нивните домови се кај нас, стојат нивните куќи. Неслучајно ние имаме меморијален центар на Холокаустот. Неслучајно сите знаат каде беше еврејското маало. Неслучајно сите ги памтат прекрасните луѓе. Тој прекрасен ум бил отстранет од некој ужасен, нечовечки, злобен ум. Затоа ние често пати велиме дека не смее да се фалсификува вистината, не смее да се разубавува вистината, оти невозможно е од злото да направите добро. Тоа никој не успеал. Ние, среде Скопје, имаме три урни со пепел од Треблинка. Значи, ние имаме дел од меморијата што е овде. Таа постојано не потсетува на прекрасните луѓе чии животи завршија заради некои болни умови. Значи, јас од овде верувам и ветувам дека секоја година во ова време, ние мора да се најдеме со нашите македонски Евреи, овде, на ова ужасно место. И дома да ја кажеме таа многу, многу тажна приказна. Меѓутоа, приказна која покажува дека дури и овде ние сме свесни дека нивниот дух е таму со нас. Ама и нивниот дух е и низ Полска и секаде. Нивниот дух потсетува, нивниот дух опоменува и затоа треба да го негуваме тој дух. Јас и догодина, ако сум жива и здрава, само виша сила може да ме спречи да не дојдам овде, бидејќи тука ми е местото. И кога дојдов реков дека да, тие кои не го сториле ова зло, ама некои нивни предци го сториле, треба како Вили Брант сите да се поредат овде на колена и да им се извинат на сите луѓе. Тоа се однесува и на оние кои ги испратиле овде, ги избркале од дома македонските Евреи. Ама можеби и сите ние треба да го направиме истото, ветувајќи дека нема да дозволиме такво нешто повеќе да се случи, но и нема да дозволиме болната и тешка меморија некој да ни ја избрише, бидејќи нашите Евреи ќе останат наши. Сеќавањето за нив ќе остане не само додека се живи нивните наследници, нивните роднини, туку додека има и Македонци, секогаш, бидејќи тоа е тоа братство што останува вечно. Ви благодарам. Извинете за вознемиреноста, ама мислам дека е тоа природно.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
Судбина„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл. Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени. Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата. Mom of Kids Pushed to Death in Murder-Suicide Says Killer Was ‘Wonderful Dad’ Who Was ‘Depressed’ After Layoff https://t.co/DVaNxyQPEx — People (@people) November 5, 2026 На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“. „Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата. На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август. Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден. „Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“. За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби. Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“. „Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање. „Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.Тагови: деца татко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ЗабаваПознато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ. Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра. Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи. Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови. „Сите опции се отворени“ Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат. „Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој. Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина. Беше во брак со Клое Кардашијан Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24). Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.Тагови: OnlyFans Ламар Одом Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3. Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен. Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето. Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.Тагови: Роберт Фицо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter