Сиљановска Давкова од Рим: Очекувам културен разговор за решавање на спорот со Бугарија - Канал 5

Сиљановска Давкова од Рим: Очекувам културен разговор за решавање на спорот со Бугарија

ЕУ не смее да дозволи Македонија да биде жртва на билатерализација поврзана со идентитетски прашања порачал италијанскиот претседател на Серџо Матарела на средбата со престедателката Сиљановска Давкова во Рим. 

Сиљановска Давкова од Рим: Очекувам културен разговор за решавање на спорот со Бугарија

Сиљановска Давкова по средбата пак порача дека очекува културен разговор со соседите за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија. Но состанокот се разговарало и околку продлабочуавње на соработката меѓу земји.

„Најважното што го чув од него е дека веќе разговарал и со господинот Антонио Кошта и со госпоѓата Фон Дер Лајен за она што нам ни се случува. И не само како член на групата наши пријатели, туку исто така и како голем пријател на Западниот Балкан рече дека не смее ЕУ да дозволи ние да бидеме жртва на идентитетски прашња, односно на билатерализацијан врзана со овие прашња. Очекува, а и јас очекувам да дојде до разговори со нашите соседи да видиме кое е најдоброто можно решение “

Претходно претседателката Сиљановска Давкова беше и на аудиенција кај новоизбраниот папа Лав 14. 45 минутната средба со погалаварот на римокатоличката црква Сиљановска ја оцени како имресивна, а неа разговарале за актуелните светски случувања во светот со заложби за ставање крај на војните. А во Ватикан македонската претседателка се сретна и со кардиналот Пјетро Паролин.

„Ги истакна заложбите за ставање крај на војните, а исто така мисли дека во светот треба да се случат реформи во обединетите нации, во смисла на нивно вклучуавње на решавање на проблемите, но и преиспитување на патот по кој што тргнале многу политичари, пат кој нема ништо заедничко со уметноста на политиката“

За време на посетата на Рим и Ватикан Сиљаносва Давкова во изминатите два дена присуствуваше на молебен на гробот на Свети Кирил по повод чествувањето на 24 Мај, а го псоети и се поклони и пред гробот на папата Франциски во базиликата „Санта Марија Маџоре“.

YouTube video

Италија и Германија наводно се заканиле со повлекување од „Евросонг“, ако Израел биде исфрлен од натпреварот

Италија и Германија наводно се заканиле дека ќе се повлечат од „Евросонг“, доколку на Израел му биде забрането учество. 

Италија и Германија наводно се заканиле со повлекување од „Евросонг“, ако Израел биде исфрлен од натпреварот

Прашањето се дискутира на Генералното собрание на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) - организаторот на музичкиот натпревар.

ЕБУ го почна своето 94. Генерално собрание минатата недела. Меѓу главните теми на дискусијата е и влијанието на глобалната политика врз „Евровизија“, особено учеството на Израел. Натамошното учество на оваа земја на натпреварот е во средиштето на многу разговори и протести последниве две години, поради војната против Палестинците. Во разговор за „Ен-12 њуз“ (N12News), поранешниот член на израелската делегација на „Евровизија“, Амир Алон тврди дека јавните радиодифузери на Италија и Германија се заканиле дека ќе се повлечат од Евровизискиот натпревар доколку Израел биде исклучен без јасни законски и правни основи за тоа - истите аргументи што самата Израелска радиодифузна корпорација (КАН) го користи во своја одбрана.

Во рамките на натпреварот почнуваат да се формираат два табора, бидејќи земјите што го поддржуваат континуираното учество на Израел почнуваат отворено да ги изразуваат своите ставови. Така, две од петте земји од „Големата петка“, Италија и Германија, наводно, инсистираат дека нема да толерираат отстранување на Израел.

КАН тврди дека целосно ги почитува прописите на ЕБУ и ја нагласува својата уредничка независност од израелската влада. Оваа поента беше потврдена од самата ЕБУ во официјална изјава по нејзиното последно Генерално собрание. Овој став го разликува случајот на Израел од случајот на Русија и Белорусија, чии јавни радиодифузери се сметаат за пропагандни алатки на тамошните власти.

Полските борбени авиони во зголемена готовност поради рускиот напад врз западна Украина

Полски и сојузнички воени авиони утрово полетаа за да го заштитат полскиот воздушен простор, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили.

Полските борбени авиони во зголемена готовност поради рускиот напад врз западна Украина

Тревога беше огласена откако Русија почна воздушни напади врз западна Украина, во близина на полската граница.

Поголемиот дел од западна Украина беше во воздушна готовност речиси три часа по предупредувањата од украинските воздухопловни сили за напад со руски ракети и беспилотни летала.

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за масовни отпуштања во администрацијата

Врховниот суд на САД го отвори патот за администрацијата на Доналд Трамп да спроведе масовни отпуштања во федералната администрација и значително да ги намали бројните владини агенции.

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за масовни отпуштања во администрацијата

Одлуката произлегува од указ на Трамп од февруари, со кој се наложува на федералните агенции да се подготват за кадровски кратења. Според плановите, се предвидуваат отпуштања во министерствата за земјоделство, трговија, здравство и човечки ресурси, финансии, за прашања на ветераните, како и во повеќе од десет други агенции.

Во кратка, непотпишана одлука, Судот оцени дека администрацијата на Трамп „веројатно ќе успее“ да докаже дека мерките се во рамките на неговите законски овластувања.

Одлуката претставува нова победа за пошироките напори на Трамп да ја зацврсти контролата врз извршната власт. Врховниот суд веќе донесе неколку одлуки во негова корист, меѓу кои и оние поврзани со строги имиграциски мерки.

Со оваа одлука се укинува претходната забрана на федералната судијка од Сан Франциско, Сузан Илстон, која во мај привремено го блокираше процесот на отпуштања, оценувајќи дека Трамп ги пречекорил овластувањата без консултации со Конгресот.

притисни ентер