МакедонијаСиљановска-Давкова од Подгорица: Време е за стратешки чекор на ЕУ кон Западниот Балкан По долгата, па и маратонска евроинтеграција, заедничката географија, историја и култура треба да се заокружат со отворање на вратите за членство на балканските држави, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на Балканскиот форум.Време е за стратешки чекор на ЕУ кон Западниот Балкан. По долгата, па и маратонска евроинтеграција, заедничката географија, историја и култура треба да се заокружат со отворање на вратите за членство на балканските држави, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на Балканскиот форум за интеграција 2025, во Црна Гора. Таа укажа дека пристапувањето мора да биде кредибилен процес заснован единствено на Копенхагенските критериуми, а Унијата мора да ги брани своите принципи и вредности. Двојните стандарди го комплицираат процесот и не смеат да се уважуваат. Според неа, членството во ЕУ е најдобриот начин за отпорност на регионот на трети центри на моќ. Сиљановска-Давкова нагласи дека во регионални рамки го надминуваме просекот на усогласеност со европското законодавство во сите шест кластери, стопроцентно сме усогласени со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и заслужуваме да бидеме охрабрени и да добиеме шанса за почеток на преговори. Во дискусијата „Претседателите за ЕУ интеграциите – Имаме ли план?“, со којашто модерираше претседателот на Европското движење во Црна Гора, Момчило Радуловиќ, учествуваше и црногорскиот претседател, Јаков Милатовиќ. Учесниците се заложија дека земјите на Западен Балкан мора стратешки и усогласено да пристапат кон справувањето со феноменот на „одливот на мозоци“.Тагови: Сиљановска – Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Македонија„Дамата со камелии“ – раскошна балетска приказна за љубовта на 28 ноемвриИзведбата ќе биде под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата е на Василиј Медведев.На 28 ноември со почеток во 19.30 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ – емотивна сценска приказна за љубовта, страста и жртвата, раскажана преку моќта на танцот и музиката на Џузепе Верди. Инспирирана од познатата приказна за Маргарита и Арман, претставата ја пренесува на балетската сцена љубовната судбина на двајцата главни ликови. Музиката на Верди, препознатлива по својата мелодиска убавина и силен емоционален набој, ја надополнува драматургијата и ја продлабочува приказната за љубовта, личните жртви и општествените ограничувања. Изведбата ќе биде под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата е на Василиј Медведев, еден од истакнатите руски кореографи, кој соработува со водечките балетски театри, меѓу кои „Бољшој“ во Москва и „Марински“ во Санкт Петербург. Сценографијата и костимографијата се дело на Павол Јураш од Словачка, а концерт-мајстор е Јане Бакевски. Во главните улоги на Маргарита и Арман ќе настапат Марија Кичевска Шокаровска и Франциско Хименес Руиз од Шпанија, заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. Со раскошна сценографија, впечатливи костими, музиката на Верди и кореографијата на Василиј Медведев, „Дамата со камелии“ ја оживува безвременската љубовна приказна преку елеганцијата на балетскиот израз и силата на сценските емоции. Национална опера и балетТагови: балетска приказна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во АтинаМинистерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска престојува во Атина, каде ќе учествува на министерскиот состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“. Учеството на Муцунски е на покана на грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, а состанокот ќе биде посветен на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и можностите за забрзување на нивниот пристапен процес кон Европската унија. Во Атина е Афродита Рамос. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаКонституирање и прв состанок на Националниот комитет за заштита и безбедност на новинариИскра Хаџи Василева рече дека со Здружението на новинари пред неколку години издејствувале евиднеција на предмети со новинари која претходно била отежната.Формирање на националниот комитет за заштита и безбедност на новинари е со цел системско унапредување на правата на новинарите и нивна безбедност, ова утринава го изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски , на првиот состанок на Националниот комитет. Споед него обврска на државата е де се обезбедат услови за работа на новинарите , без страв од закани. Јавната обвинителка за гонење организиран криминал и корупција Искра Хаџи Василева рече дека со Здружението на новинари пред неколку години издејствувале евиднеција на предмети со новинари која претходно била отежната Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter