ЛДП: Купете гориво пред да поскапи вечер, неспособниците од Владата да излезат од фотелјите и да им помогнат на граѓаните!
2ЛДП: Купете гориво пред да поскапи вечер, неспособниците од Владата да излезат од фотелјите и да им помогнат на граѓаните!
3„Разговори за иднината во 12:05“ : Само со вистинско обединување на прогресивната опозиција се менуваат десничарските популисти на балканот!
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
МакедонијаСиљановска-Давкова од Копенхаген: Ако ЕУ сака да биде геополитичка унија, не смее да го остави Западен Балкан во геополитички вакуумПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на панел дискусијата насловена „Безбедност и отпорност – традиционални и нови закани".Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на панел дискусијата насловена „Безбедност и отпорност – традиционални и нови закани", во рамки на Седмиот состанок на Европската политичка заедница којшто се одржува во Копенхаген, Данска. Споменувајќи ги војната во Украина, конфликтот на Блискиот Исток и транснационалните закани, односно организираниот криминал, нелегалната миграција, сајбер нападите и злоупотребата на вештачката интелигенција, како предизвици за мирот и стабилноста на Европа, Сиљановска-Давкова истакна дека државава во сите горенаведени случаи прави напори да делува конструктивно. Истовремено, таа посочи дека европскиот континент не е безбеден сè додека земјите од Западен Балкан се надвор од Унијата и додаде дека евроинтеграцијата на регионот мора да се заснова исклучиво на Копенхагенските критериуми. Во однос на македонскиот евроинтегративен пат, Сиљановска-Давкова потенцираше дека не е логично ЕУ себеси да се дефинира како „единство на различности“ и почитување на културните, јазичните и националните идентитети, а од нас да бара да преговараме за својата историја, култура и јазик. Затоа, заклучи во своето обраќање претседателката ,,Ако ЕУ сака да биде геополитичка унија, не смее да го остави Западниот Балкан во геополитички вакуум". Претседателката Сиљановска-Давкова учествуваше и на настанот организиран од францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџа Мелони по повод презентацијата на иницијативата на Француската Република за формирање на Европска коалиција против дрогата (ECAD). Во рамки на дискусијата претседателката истакна дека на единството на картелите треба да се одговори со поцврсто единство и соработка на европските земји и дека тоа е можно само со интеграција на Западен Балкан во ЕУ. Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на панел дискусијата. Ваши екселенции, Дами и господа, Овде сме собрани за да изнајдеме заеднички решенија за тоа како Европа и нашите држави да останат безбедни и слободни. Мирот и безбедноста во Европа се исправени пред трислоен тест: војната во Украина врати целосна војна на нашиот континент. Конфликтот на Блискиот Исток поттикнува нестабилност поради враќањето на странските борци кои шират радикализација во нашиот регион. Транснационалните закани, како што се организираниот криминал, нелегалната миграција, сајбер нападите и злоупотребата на вештачката интелигенција, вршат притисок врз нашите демократски процеси и институции. Во сите три случаи, ние сме конструктивни. Обезбедуваме дипломатска, одбранбена и хуманитарна поддршка на Украина и силно ги осудуваме провокациите против Полска, Романија, Естонија и Данска. Се спротивставуваме на екстремизмот и изобличените форми на религијата преку размена на информации, дерадикализација и превенција, се справуваме со транснационалните закани, управувајќи со нелегалната миграција, како што тоа го правевме за време на мигрантската криза во 2015-2016 година, и инвестирајќи во сајбер безбедноста. А денес, ја поддржуваме коалицијата за борба против дрогата на Европската политичка заедница. Но, треба и натаму да се работи. Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија. Нашите ранливи точки се ранливи точки на Европа. Особено по војната во Украина, ЕУ не може сериозно да тврди дека се бори против злоупотребата на информации од странски служби, против хибридните закани и надворешното мешање во Европа, оставајќи го Западен Балкан надвор. Исто како царот во приказната на Ханс Кристијан Андерсен кој парадирал во невидливо ново руво, ЕУ ризикува да се излаже себеси ако зборува за единство и отпорност, оставајќи ја мојата земја и регионот на Западен Балкан изложени токму на овие закани. Свесни сме дека Европската политичка заедница не значи проширување, туку вклученост. Но, вклученоста мора да биде ориентирана кон резултати. Најефикасен начин да се заштити Западен Балкан е да се врати пристапувањето базирано на кредибилитет и заслуги, засновано исклучиво на Копенхагенските критериуми. Тоа подразбира ставање крај на билатерализацијата на интеграцијата, што ја намалува отпорноста на регионот и на Европа. Токму тоа треба да започне со мојата земја. Поминаа дваесет долги години откако добивме кандидатски статус. И покрај доследно спроведените реформи, неоправданите политички пречки продолжуваат да го блокираат нашиот напредок и да ја кородираат јавната доверба во проширувањето. Последниот услов на ЕУ за започнување преговори е измена на нашиот Устав. Уставот, како lex superior и Русоов општествен договор меѓу граѓаните, не може да биде диктиран од нашите соседи или ЕУ. Понатаму, условувањето на преговорите со уставни измени повторно ги отвора историските, културните и јазичните прашања што веќе се решени со Преспанскиот договор со Грција и е во спротивност со начелото pacta sunt servanda, бидејќи Договорот со Бугарија нема одредба за уставни измени. Нашиот фокус треба да биде на реформите, дигитализацијата и вештачката интелигенција, а не на споровите од 19 век. Конечно, ЕУ се дефинира себеси како „единство на различности“, посветена на почитување на културните, јазичните и националните идентитети. Како тогаш може да побара од земја-кандидат повторно да преговара за својата историја, култура и јазик со земја-членка на ЕУ? Честите уставни промени инспирирани однадвор, досега 36 на број, претставуваат опасност од суспендирање на парламентарната демократија. Ваквите шеми не се чекор на реформи, туку знак на кршливост. И покрај овие пречки, европската интеграција останува наша најголема инспирација и стратешка аспирација. Македонските граѓани сакаат европска иднина. Нашето 100% усогласување со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, вклучително и поддршката на Украина, е стратешки и принципиелен избор. Иако не сме членка на ЕУ, подготвени сме да придонесеме во безбедносната архитектура на Европа. Целосно сме подготвени да го отвориме Кластер 1, Основи, и веќе ја спроведуваме Агендата за реформи на Планот за раст 2024-2027. Но, како што истакна претседателот на Европската комисија, Европската Унија мора што поскоро да го скрши оклопот на консензусот ако сака да го заврши повторното обединување на Европа и повторно да стане геополитички фактор. Дозволете ми да завршам со следново. Ако Европската Унија сака да биде геополитичка унија, не смее да го остави Западен Балкан во геополитички вакуум.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Омлет со зеленчукВо понеделник (19.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Васил МихаилСостојки за денешниот рецепт: 5 јајца 1 пиперка 1 главица кромид 2 - 3 чешниња лук 100 гр. кашкавал 100 гр. маслинки 10 шери домати масло сол, бибер и др. зачини по избор Прилог 3 потпечени лепчиња 2 парчиња сирење Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп има нов план: Дали Орбан би можел да застане на чело на Обединетите нации?Претседателот на САД, Доналд Трамп, сака поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан да стане нов генерален секретар на Обединетите нации (ОН), пренесува „Џерузалем пост“, повикувајќи се на извори од три земји.Според извештаите, американски претставници веќе разговарале со Орбан и му предложиле да се кандидира за таа функција. Тој покажал интерес, но сè уште нема донесено конечна одлука. Според извештајот, Вашингтон смета дека Орбан би можел да ја обезбеди поддршката од Русија и Кина. Тоа би значело дека неговата кандидатура би била поддржана од три големи светски сили кои имаат право на вето во Советот за безбедност на ОН. Еден американски функционер проценува дека Орбан би можел да добие поддршка од најмалку осум од 15-те членки на Советот за безбедност, со можност бројот на гласови да достигне десет. Сепак, досега ниту една земја јавно не ја потврдила својата поддршка за него. Орбан е „кандидатот од соништата“ на Трамп Според извештајот, американските претставници подолго време разговараат за тоа каков профил на личност би сакале да видат на чело на ОН. Во текот на овие дискусии, често се спомнувала идејата да се најде „некој како Орбан“ – замисла со која, наводно, се согласиле и претставниците на Русија и Кина. Претставник на Стејт департментот на САД го опиша Орбан како „кандидат од соништата за конзервативците од движењето MAGA“, првенствено поради неговото противење на масовните миграции и либералните невладини организации. За време на своето владеење, Орбан често бил во судир со Европската унија, додека истовремено одржувал добри односи со рускиот претседател Владимир Путин и со Кина. Трамп му даде поддршка за време на унгарските парламентарни избори во април, а во неговата кампања учествуваше и новоизбраниот потпретседател на САД, Џ. Д. Венс. Извори тврдат дека Трамп и Венс се подготвени да ја поддржат кандидатурата на Орбан, но само доколку тој одлучи да влезе во трката. Не се очекува никакво официјално објавување на неговата кандидатура сè додека не завршат американските избори на средината на мандатот. Дали Европа ќе го поддржи? Франција и Обединетото Кралство би можеле да се покажат како едни од најголемите пречки за кандидатурата на Орбан. Двете нации се постојани членки на Советот за безбедност на ОН и имаат право на вето, што значи дека би можеле да го блокираат изборот на некој кандидат, дури и ако мнозинството од другите членки го поддржуваат. Сепак, американските претставници сметаат дека Лондон и Париз можеби нема да сакаат да блокираат кандидат зад кој стојат САД, Русија и Кина. Ниту една од овие две европски земји сè уште нема изнесено став. Кој ќе го наследи Гутереш? Меѓу кандидатите за следен генерален секретар на ОН е Лана Нусеибе, дипломат од Обединетите Арапски Емирати, која минатата недела ја објави својата кандидатура и, според извештаите, добива сè поголема поддршка. За среда е закажано уште едно неофицијално гласање во Советот за безбедност на ОН, со цел да се утврди нивото на поддршка за различните кандидати. Сè уште не е јасно дали меѓу нив ќе биде и Орбан. Мандатот на актуелниот генерален секретар на ОН, Антонио Гутереш, истекува на 31 декември. Извор: Индекс.хрТагови: Виктор Орбан Доналд Трамп ОН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛДП: Купете гориво пред да поскапи вечер, неспособниците од Владата да излезат од фотелјите и да им помогнат на граѓаните!Најостро реагираме на новиот бран поскапувања на горивата кои се очекуваат уште вечерва, додека власта комотно набљудува како се уништува економијата и се празнат џебовите на граѓаните и бизнисите. Цените на горивата растат поради војната во Блискиот Исток во која Македонија воопшто не учествува, но оваа влада за разлика од сите европски земји не сака да каже дека војувањето води до лудо зголемување на цените кои го уриваат стандардот и директно го осиромашуваат народот. За Либерално-демократската партија (ЛДП) и за народот популистичката манипулација е прочитана приказна на оваа влада која докажува дека нема ни знаење ни капацитет да се справи со руинираната куповна моќ на македонскиот граѓанин. Срамота! Ако владата е толку неспособна сама да понуди решение, барем нека ја послуша ЛДП и веднаш да ги усвои итните мерки за заштита: бараме итна имплементација на предлогот на ЛДП за поврат на ДДВ за горивата ексклузивно за македонските граѓани и домашни бизниси, а не за транзитерите и соседите. Крајно време е функционерите да излезат од комфорната зона на своите фотелји и да се прошетаат меѓу народот по градовите, селата, нивите, фабриките, меѓу младите, пензионерите и работниците – да видат дека со овие цени се живее прескапо! И за крај, упатуваме јасна препорака до сите граѓани: искористете го времето и купете гориво уште вечерва пред да стапат на сила новите поскапувања утре, бидејќи оваа власт нема да ви го полни празниот џеб! ЛДП порачува дека не смее да се дозволи народот да биде жртва на функционерска некомпетентност. Со почит, Либерално-демократска партијаТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook