Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
2 Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
МакедонијаСиљановска Давкова: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат авиончето на браќата РајтВладиниот авион и натаму е предмет на политички турбиленции – овој пат го фати и радарот на претседателката на Македонија – Гордана Силјановска Давкова која го користела воздухопловот десетина пати. Таа вели дека владиното, како што го нарече, „авионче“ е предмет на потсмев од страна на нејзините колеги претседатели од регионот кои го оцениле како произведен кон почетокот на 20тиот век. Според нејзе, соодветен авион би бил поевтин и попрактичен отколку користењето на комерцијалните летови. -Ај, да ве насмеам. Владиното авионче моите колеги претседатели во регионот го нарекуваат авиончето на браќата Рајт- бидејќи е најмало и најстаро. Јас можам да кажам за себе. Употревата на владиното авионче понекогаш овозможува функционална извршување на државната работа ама и поевтина отколку користењето на комерцијалниот лет. Е сега, не е многу пријатно, и самата кажувам дека самата имам дилема кога немам друг избор, бидејќи знам дека е старо 25 години и купено на старо,- - Гордана Силјановска – Давкова – Претседателка на Македонија. По наводите на опозициската СДСМ дека премиерот Мицкоски го злоупотребувал владиниот авион за семејни патувања во Хрватска, реакција пристигна од Владата. За нив ваквите тврдења се неточни, а семејството на премиерот велат никогаш не патувало со овој воздухоплов. Уверуваат дека во две годни авионот е искористен само за четири службени посети во регионот. -Лицемерно е однесувањето на СДСМ и лидерот Венко Филипче, кој во затворени разговори се согласува за наваква на нов владин авион, а во јавност сосема спротивно истото го критикува. Додека СДСМ и Венко самите се договорат со себе, апелираме информациите кои произлегуваат од оваа партија да се земаат со голема претпазливост поради нејзините шпекулативни намери– Влада на Република Македонија. Од СДСМ пак сметаат дека се прави обид за оправдување, за како што велат, на луксузирањето на премиерот со владиниот авион на Јадранот. Доколку владата тврди дека авионот бил користен согласно прописите и актите и дека секое користење е евидентирано, тогаш владата нека го докаже тоа, додаваат од опозициската партија. -Во ред ако е така, СДСМ, односно граѓаните, го бараат одговорот - кои се патници во владиниот авион заедно со премиерот Мицкоски? – Андреј Жерновски – СДСМ. Премиерот Мицкоски, по критиките околу набавката на нов авион, вчера посочи дека Владата се повлекува од таа намера, со надеж дека при некое патување нема да се сруши и да дојде до смртни последици.Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПолициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
МакедонијаНа 14 септември камионџиите од Западен Балкан ќе ги блокираат границите кон ЕУПроблемот за превозниците се засили со воведувањето на електронскиот систем за влез/излез (EES), со кој автоматски се евидентира престојот на патниците од земји надвор од Шенген-зоната.На 14 септември, професионалните возачи на камиони од Западен Балкан ќе ги блокираат сите гранични премини кон земјите од ЕУ, по потврдената потврда на Европската комисија дека правилото за престој од 90 дена во период од 180 дена во шенген зоната нема да биде променето.. Проблемот за превозниците се засили со воведувањето на електронскиот систем за влез/излез (EES), со кој автоматски се евидентира престојот на патниците од земји надвор од Шенген-зоната. Системот за земјите од Западен Балкан почна да се применува на 12 октомври 2025 година, а по завршувањето на преодниот период следеше целосна имплементација. Според информациите, возачите кои ќе го надминат дозволениот престој од 90 дена во рамките на 180 дена може да бидат вратени во земјата на живеење, додека товарните возила остануваат на местото каде што се наоѓале во моментот на проверката. Превозниците предупредуваат дека ваквите ограничувања создаваат сериозни проблеми за меѓународниот транспорт, бидејќи професионалните возачи, поради природата на работата, често мораат да престојуваат во земјите од ЕУ подолг период.Тагови: камионџии Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПолициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
МакедонијаЗагина возач на патот Охрид – Кичево, удрил во глутница кучиња и изгубил контрола на возилотоЗагина возач на магистралниот пат Охрид- Кичево.Несреќата се случила ноќеса кога возачот најпрвило удрил во кучиња скитници изгубил контрола на возилото и удрил во металните оградни браници покрај патот и возилото се запалило. Во возилото било пронајдено телото на починатиот возач. На местото интервенирала екипа на територијалната противпожарна единица Охрид, која го локализирала и изгаснала пожарот. По наредба на јавен обвинител, телото било предадено на судска медицина за обдукција, како и за утврдување на идентитетот на починатото лице.Тагови: сообраќајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАктивни се пожарите во Маврово и ростуше и гори депонијата кај Шуто ОризариАктивни се два пожари на отворен простор, информираат од ЦУК.Три пожари се ставени под контрола, а 22 се целосно изгаснати. Активни се пожарите во општина Маврово и Ростуше, на месноста Голем Брдаш, каде што гори шума, како и во Шуто Оризари, во Визбегово, зад хотелот „New Star“, каде што гори депонија. Под контрола се пожарите над селото Палиград – Преслап во општина Зелениково, во мешана шума, во селото Копаница во општина Сарај, каде што гори нискостеблеста шума и ниска вегетација, како и пожарот кај селата Пискупштина, Буринец и Локов во Струга, каде што е зафатена нискостеблеста шума.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter