Сиљановска-Давкова: Нашата дијаспора може да биде важен ресурс за економски, образовен, научен и културен развој - Канал 5

Сиљановска-Давкова: Нашата дијаспора може да биде важен ресурс за економски, образовен, научен и културен развој

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на јавната расправа за Национална стратегија за соработка со дијаспората.

Сиљановска-Давкова: Нашата дијаспора може да биде важен ресурс за економски, образовен, научен и културен развој

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на јавната расправа за Национална стратегија за соработка со дијаспората, организирана од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, презентирајќи оценка, забелешки и предлози.

За неа, стратегијата е пресвртница во националната политика и сериозен обид за зајакнување на односите со дијаспората. Таа укажа дека за успех на стратешките определби е потребна централизирана интерсекторска координација, како и соодветна финансиска поддршка, како гаранција за одржливост на предвидените мерки и активности.

Претседателката ја посочи успешната стратегија на Црна Гора во соработката со дијаспората, гарантирана со Законот за дијаспора. Во уставната гаранција на грижата за положбата и за правата на нашите иселеници, таа препознава голема предност.

Според неа, нам ни е потребен Национален регистар на дијаспората за да го знаеме точниот број на нашите иселеници, нивниот профил, времетраењето на престојот итн.

Меѓу останатото, таа укажа и на потребата од преиспитување на решенијата од Изборниот законик и овозможување на иселениците да го уживаат нивното уставно загарантирано избирачко право.

Претседателката цврсто верува дека нашата дијаспора може да биде исклучително важен ресурс за македонскиот економски, образовен, научен и културен развој.

Во продолжение е интегралното обраќање на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Почитуван Mинистер за надворешни работи и надворешна трговија, господин Тимчо Муцунски,

Почитувани министри,

Почитувани гости од академската заедница, од невладиниот сектор,

Благодарам.

Ви благодарам за можноста да изнесам мој став во врска со Стратегијата за дијаспората. Факт е дека денеска во светот, па и во регионот, грижата за дијаспората сè повеќе расте, а причината е позната. Јас направив некои компаративни анализи, земајќи го примерот на Црна Гора и на Албанија.

Миграцијата, одливот на млад и квалификуван кадар, потребата да се соочува културната и националната поврзаност со заедниците во светот, соочувањето со демографските трансформации, падот на работоспособното население, зависноста од финансиските приливи од дијаспората... Но, најважно, имаме долгорочна политика како императив и тоа го препознавам во оваа стратегија. Сите знаеме дека дијаспората е стратешки ресурс којшто може да помогне во нашиот економски развој, културното зачувување, но и во промоцијата на државата надвор.

За мене, Стратегијата е добар концептуален исчекор во однос на претходните политики што најчесто беа сведени на административни услуги или симболични активности, и тоа можам да го кажам од директните контакти со дијаспората.

Најважно е стратегијата понатаму да се насочи кон различни релации, кон различни делови на дијаспората, бидејќи таа не е хомогена структура, туку еден многу сложен социокултурен систем: има прва генерација, втора генерација, трета генерација, со различен однос кон идентитетот и затоа ова е еден аналитички предизвик.

Прво, треба да направиме типологија да направиме или детална демографска карта и генерациска анализа за да креираме соодветни јавни политики. Ја споменав повеќеслојноста на дијаспората и компаративно гледам дека современите политики во Европа и во светот најчесто прават разлика меѓу економска дијаспора, научна дијаспора, културна дијаспора, професионална дијаспора, студентска дијаспора. Мислам дека во иднина и ова треба да го развиеме.

Не случајно ги споменав генерациските разлики, на дело го видов различниот однос. Да, поврзувањето е културно, симболично или емоционално и да бидам искрена, кај најстарата генерација се најсилни емоциите, ама гледам и една млада освестена генерација. Различна ни е дијаспората, различни дијаспори имаат и другите држави, во некои делови доминираат професионалци, високообразовани, во други имаме работници, во трети имаме значајна студентска популација, ќе кажам зошто тоа го споменувам. Што е нашата предност во однос на многу други држави? Уставната поставеност.

Во многу малку устави има одредби што точно се однесуваат на дијаспората, значи тоа е една стабилна и силна точка на стратегијата бидејќи вака секое владино тело со Уставот ќе биде обврзано да ја почитува и да ја спроведува политиката што се промовира. Можеби треба да размислиме, по примерот на Црна Гора, да донесеме Закон за дијаспора, lex specialis.Тоа само како идеја, да помогнам во доразвивањето на концептот. Применет е комбиниран метод, се разбира, тоа е нешто што постои и во други држави. Во стартот сите се соочиле со недостигот на точни официјални податоци, на национален регистар за дијаспората. Овој проблем, методолошки, го видов во консултации со колегите од регионот. Во спротивно, политиките ќе ги темелиме на проценки, а нам ни треба она што денеска велиме, based on evidence. Значи, да имаме точни податоци и затоа мислам дека треба да се фрлиме на оваа изработка.

Понатаму, исто така, гледав кој модел сте го примениле, и главно два модела се применуваат, еден е интерсекторскиот, а другиот е холистичкиот. Мислам дека е добро да имаме интерсекторски пристап, тоа го гледаме и по присуството бидејќи тогаш сите релевантни ресори се присутни. Овој модел е добар, меѓутоа бара силна централна координација: некое тело коешто ќе биде надзорно, тело каде што ќе завршуваат сите политики. Тоа е нешто за размислување.

Ако нема јасна одговорност, тогаш може и најдобро креираниот концепт да не даде резултати. Ни требаат јасни и мерливи индикатори. Исто така, потребна ни е финансиска рамка зашто таа е многу важна во имплементацијата, да не започнеме скапи проекти, а да не можеме потоа да ги реализираме заради парите. Убедена сум дека дијаспората може да биде многу важен развоен ресурс којшто ќе помогне во нашиот економски развој, но и ние треба да создаваме добра клима за да може овие луѓе да препознаат поддршка на претприемаштвото, не само преку трансфер на пари, туку и преку знаење и бизнис. Министерот веќе спомена, јас само ќе ја повторам неверојатно важната културна и идентитетска димензија.

Во средбите што ги имав надвор, сите ми посочуваат дека можеби треба да имаме еден унифициран пристап во основното образование да изработиме некои книги и учебници, оти досега тоа го прават инспирирани од својата креација и секој на различен начин. Исто така, веќе му пренесов на министерот, во дијаспората имаме извонредни студенти, меѓу кои и некои од најдобрите. Тие пројавуваат желба во нашите амбасади и во конзулатите да волонтираат бидејќи во американскиот систем се вреднува Externship.

Многу добро е ако студентка ми пишува од Канада, а е меѓу петте најдобри на универзитетот и е претседателка на македонските студенти, дека сака да помага во амбасадата. Но, не е добро тоа што нема одговор од амбасадата. Ние мораме уште од денеска да имаме постојани контакти со најдобрите надвор, оти тие понекогаш се најдобрите амбасадори.

Ова е многу сериозен обид за модернизација на односите со дијаспората. За мене, Стратегијата е доказ за зрелост, за добра интерсекторска насоченост и за јасен развоен потенцијал. Но, успешноста ќе зависи од тоа дали ќе креираме јасни институционални механизми, дали ќе обезбедиме финансиска поддршка и дали ќе манифестираме силна долгогодишна политичка волја за доследна имплементација. Тогаш, ако ова се исполни, убедена сум дека доаѓа времето на пресвртница во националната политика кон иселеништвото.

Под итно треба да размислиме за Изборниот законик бидејќи различен е односот надвор кон изборите и мислам дека изборниот модел треба да го адаптираме на можноста да ги заинтересираме, да го користат избирачкото право коешто според Уставот го имаат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хајди Клум позира топлес покрај базен: Обожавателите ја нарекуваат „кралица“

Хајди Клум (53) го искористи сончевиот викенд за релаксација покрај базен. Во неделата, манекенката објави фотографија на Инстаграм на која седи на работ од базенот, со нозете во водата и кренати раце.

Хајди Клум позира топлес покрај базен: Обожавателите ја нарекуваат „кралица“

Таа носеше само долен дел од црно бикини и качкет, додека покрај неа седеше нејзината 22-годишна ќерка, Лени. Лени во скутот држеше кученце по име Фриц – кое Хајди го вдоми во април. „Недела“, напиша таа кратко покрај фотографијата.

Хајди не се крие

Објавата брзо го привлече вниманието на нејзините следбеници, кои го преплавија делот за коментари со комплименти. Некои ја нарекоа „кралица“ и „божица“, додека други едноставно напишаа „вау“.

Хајди со години отворено зборува за својот став кон сопственото тело и голотијата. Во интервју за списанието „People“, таа објасни дека ваквиот пристап за неа е сосема природен.

„Отсекогаш сум била многу отворена во однос на своето тело. Кога се сончам во градината, понекогаш не носам горен дел. Јас сум Европејка... моите деца никогаш не ме запознале поинаку, што веројатно е причината зошто тие се поопуштени во однос на сопствените тела“, изјави таа.

Манекенката исто така истакна дека никогаш премногу не се грижела за тоа како изгледа пред другите. „Отсекогаш сум имала самодоверба. Немам проблем да шетам наоколу во долна облека. Не се кријам по ќошиња“, појасни Хајди.

Таа не сака инјекции за слабеење

Клум претходно зборуваше за тоа како се справува со телесните промени што доаѓаат со стареењето. Според неа, во тоа има поддршка од нејзиниот сопруг, Том Каулиц (37), кој ја охрабрува да не биде опседната со стандардите за слабост наметнати од модната индустрија.

Денес, таа смета дека неколкуте килограми вишок воопшто не ѝ пречат и дека таквата фигура одлично ѝ прилега. Истовремено, таа изјави дека нема интерес за лекови за слабеење, како што се „Ozempic“, „Wegovy“ или „Mounjaro“.

Наместо тоа, таа се стреми да одржува рамнотежа преку исхраната и редовната физичка активност. Не поминува часови во теретана, бидејќи претпочита поедноставни форми на вежбање. Дома, во Лос Анџелес, таа често скока на трамболина или изведува вежби со сопствена тежина, вклучително и чучњеви.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жена со ебола пренесена во Швајцарија, има сомнеж за уште еден случај

Маж, за кој постои сомневање дека е заразен со ебола, пристигна во Швајцарија од Нигерија и е примен во Универзитетската болница во Цирих, потврди денеска портпарол на болницата, пренесува Ројтерс.

Жена со ебола пренесена во Швајцарија, има сомнеж за уште еден случај

Владата на Нигерија претходно соопшти дека жена заразена со ебола – сопруга на швајцарски дипломат – утрово заминала за Швајцарија со специјален лет за медицинска евакуација. Во авионот бил и нејзиниот сопруг. Според веб-страниците за следење летови, авионот пристигнал во Швајцарија попладнево.

Жена пренесена во Женева на лекување

Портпаролот на болницата во Цирих не го откри идентитетот на мажот, но потврди дека една жена е пренесена во Женева на лекување. Властите во Женева одбија да го коментираат случајот, наведувајќи дека швајцарската влада наскоро ќе издаде соопштение со дополнителни детали.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дури ни соработката со „Xpeng“ не помага: „Volkswagen“ во криза

Уделот на кинескиот пазар во вкупната добивка на групацијата е намален од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со локалниот производител „Xpeng“ сè уште не ги дава очекуваните резултати.

Дури ни соработката со „Xpeng“ не помага: „Volkswagen“ во криза

Со години, Кина беше еден од најважните пазари за „Volkswagen“, но ситуацијата значително се промени.

Уделот на Кина во вкупната добивка на групацијата падна од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со кинескиот производител „Xpeng“ сè уште не ги носи очекуваните резултати.

„Volkswagen“ инвестираше 700 милиони долари во „Xpeng“, стекнувајќи удел од 4,99 отсто.

Двете компании развија заедничка електрична и електронска архитектура за нови електрични возила, вклучувајќи ги моделите „ID. Unyx 08“ и „ID. Unyx 09“.

Концептот беше автомобилите да се развиваат и произведуваат во Кина, приспособени за локалните купувачи.

Сепак, продажбата на првиот модел е далеку под предвидувањата. Според податоците објавени од Ројтерс, во периодот од април до август, месечно се продавале во просек само 267 примероци од моделот „ID. Unyx 08“.

Тоа е помалку од десет отсто од првичната цел од 3.622 возила месечно.

Поради овие слаби резултати, „Volkswagen“ ја намали целта за продажба за 2026 година од 32.600 на 12.300 автомобили.

Целта за 2027 година исто така е ревидирана, намалувајќи се од 70.400 на 64.000 возила. Технологијата и продажната мрежа како предизвик

Моделот „ID. Unyx 08“ се одликува со модерен дизајн и богата дигитална опрема. Сепак, според извештаите, тој заостанува зад одредени кинески конкуренти во поглед на технологијата и брзината на полнење.

Продажната мрежа претставува дополнителен предизвик: моделот првенствено се продава преку околу 166 продажни места на „Volkswagen Anhui“, наместо преку значително пошироката мрежа на партнерства со „FAW“ и „SAIC“. Сепак, „Volkswagen“ останува посветен на Кина. Компанијата очекува месечна продажба од најмногу 4.900 примероци од седанот „ID. Unyx 09“, со долгорочна цел до 2034 година да достигне 90.000 возила годишно.

Овој модел ќе им конкурира на возила како што се „Tesla Model 3“ и „Xiaomi SU7“.

Германскиот производител, исто така, ја разгледува можноста за извоз во Европа на возила произведени во Кина.

Сепак, дополнителните царини за автомобилите произведени во Кина би можеле да го отежнат овој план. Поради тоа, како алтернатива се разгледува производство во германските погони, кои моментално работат со капацитет под максимумот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер