3СДСМ: Мицкоски и Кочоска најавуваат задолжување од 2 милијарди евра во 2027 - за народот нема пари само камати
1Најбогатиот човек на светот Илон Маск започнува голем проект во Европа: Инвестира три милијарди евра
3Единаесет реченици што ги изговараат луѓето кои не се среќни, често прикривајќи го она што ни себеси не си го признаваат
МакедонијаСиљановска-Давкова на работен ручек со амбасадорите на земјите-членки на ЕУПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на работниот ручек со амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија во земјава, по повод завршувањето на полското претседавање со Советот на ЕУ.Свои обраќања имаа и полскиот амбасадор Мариуш Бримора и данската амбасадорка Перниле Деилер Кардел, чијашто држава го презеде претседателството на 1 јули годинава. Упатувајќи честитки за сработеното во време на полското претседателство, кога светот се соочува со геополитички, безбедносни и економски предизвици, претседателката зборуваше за предизвиците на македонскиот интегративен пат. Сиљановска-Давкова потсети на дведеценискиот македонски интегративен пат од добивањето на кандидатскиот статус, неправедните политички пречки коишто го кочат напредокот и ја поткопуваат јавната доверба во процесот на проширување во ЕУ. Таа укажа на последните истражувања на јавното мислење во земјава коишто покажуваат зголемена недоверба во политиката на проширување, дури и кај младите луѓе. Претседателката предупреди на штетноста од билатерализацијата, посочувајќи дека ирационалните прашања поврзани со идентитетот или билатералните спорови не треба да ја попречуваат интеграцијата. Нагласувајќи дека застојот носи далекусежни ризици и го прави нашиот регион ранлив, таа оцени дека со поткопувањето на стабилноста на Западниот Балкан се загрозува и стабилноста на Европа во целина. Европската интеграција, според претседателката, не е само политичко прашање, туку и геополитички и безбедносен императив. Сиљановска-Давкова го реафирмираше барањето да се движиме напред врз основа на заслуги, како и секоја друга земја-кандидат. Охрабрувачки, според неа, е што данското претседателство препознава дека понатамошното проширување на ЕУ е геополитичка неопходност. Таа нагласи дека е добро што Данска планира да го води процесот на проширување преку континуиран политички дијалог и во согласност со Копенхагенските критериуми и пристап базиран на заслуги, сооштуваат од Кабинетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалПознати составите на сите „шешири“ за квалификациите за ЕУРО 2028 По одигрувањето на сите преостанати натпревари во Лигата на нации, познат е составот на сите шешири за квалификациите за Европското првенство во 2028 година.Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија по очајните резултати во Лигата на нации е во третиот шешир, што значи дека за противници во квалификациите не може да ги добие селекциите на Украина, Полска, Шкотска, Грузија, Израел, Романија.... Ждрепката за квалификациските групи ќе се одржи на 7 декември во Белфаст, главниот град на Северна Ирска, еден од кодомаќините на ЕУРО 2028 заедно се Велика Британија., Составот на шеширите е следен: Прв шешир: Шпанија, Португалија, Франција, Англија, Холандија, Грција, Италија, Белгија, Данска, Германија, Хрватска, Норвешка Втор шешир: Велс, Чешка, Србија, Турција, Швајцарија, Шведска, Австрија, Босна и Херцеговина, Словенија, Северна Ирска, Унгарија, Ирска Трет шешир: Македонија,, Украина, Полска, Шкотска, Грузија, Израел, Романија, Словачка, Црна Гора, Исланд, Албанија Четврти шешир: Белорусија, Финска, Кипар, Естонија, Бугарија, Луксембург, Фарски Острови, Ерменија, Молдавија, Казахстан, Латвија, Сан Марино Петти шешир: Малта, Азербејџан, Литванија, Гибралтар, Андора, Лихтенштајн . Термините за одигрување на квалификациските кола за Европското првенство 2028 се следни: 1. коло: 26–27 март 2027 г. (само за групи со 5 екипи) 2. коло: 29–30 март 2027 г. (само за групи со 5 екипи) 3. коло: 11–12 јуни 2027 г. (само за групи со 5 екипи) 4. коло: 14–15 јуни 2027 г. (само за групи со 5 екипи) 5. коло: 23–25 септември 2027 г. (за групи со 4 и 5 екипи) 6. коло: 26–28 септември 2027 г. (за групи со 4 и 5 екипи) 7. коло: 30 септември – 2 октомври 2027 г. (за групи со 4 и 5 екипи) 8. коло: 3–5 октомври 2027 г. (за групи со 4 и 5 екипи) 9. коло: 11–13 октомври 2027 г. Ноември 2027 година (за групи со 4 и 5 екипи) 10. коло: 14–16 ноември 2027 година (за групи со 4 и 5 екипи) . Полуфиналните натпревари од плеј-офот се играат од 23 до 25 март 2028 година, а финалето од плеј-офот – од 26 до 28 март.Тагови: ЕУРО 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања08:36АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
СветВидео: И Трамп пристигна во ШенженПретседателот на САД, Доналд Трамп, денес пристигна во Шенжен, град во јужната кинеска провинција Гуангдунг, каде што ќе присуствува на дводневниот 33-ти самит на економски лидери на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC).Претседателот на Кина Си Џинпинг лично го пречека Трамп на аеродромот во Шенжен. Со овој гест, Си отстапи од вообичаената практика. Откако ја презеде функцијата, Си никогаш претходно нема пречекано американски претседател на аеродром. Во Кина, каде што протоколот се сфаќа исклучително сериозно, појавувањето на Си на пистата претставува јасен сигнал за важноста што Пекинг ѝ ја придава на својата врска со Соединетите Држави. Трамп инаку е првиот американски претседател кој го посетил овој град во Кина за време на неговиот тековен мандат. Шенжен инаку е еден вид престолнина на вештачката интелигенција (ВИ) и кинески одговор на Силиконската долина, каде што се наоѓаат кинеските технолошки гиганти, според CNN. Le président américain Donald Trump est arrivé ce mercredi matin à Shenzhen, dans le sud-est de la Chine, où il doit participer ce jeudi à un sommet inédit avec ses homologues chinois Xi Jinping et russe Vladimir Poutine en marge d'une réunion régionale, dans #HDPros https://t.co/9PGj1PhS60 — CNEWS (@CNEWS) November 18, 2026 Се очекува Трамп во Шенжен да оствари историска средба со кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин, а невидената трилатерална средба е закажана за утре. Пред Трамп, рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Шенжен, а тој веќе се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг, според руските и кинеските медиуми. Путин и Си се сретнаа на маргините на самитот на АПЕК и разговараа за билатералните односи и меѓународната ситуација, пренесува РИА Новости.Тагови: Доналд Трамп Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканЗапочна вториот ден од конститутивната седница на српското собраниеЗапочна вториот ден од конститутивната седница на Парламентот на Србија, пратениците се во пратеничките клупи, присутни се 128 пратеници.Пратениците на Собранието на Србија денес продолжуваат со својата работа и конститутивната седница на новото свикување. Седницата започна во 10 часот о. Вчера беше конституирано новото, 15-то свикување на Народното собрание на Србија. Формирани беа и пратеничките групи на Студентската листа, предводена од Јово Бакиќ, и Единствена Србија, предводена од Александар Вучиќ. Кандидати за претседател на Парламентот се Александар Чупиќ и Стојан Раденовиќ.Тагови: Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter