Митовски: Доста е од голготата на граѓаните — Владата итно да прогласи кризна состојба во Крива Паланка!
1Митовски: Доста е од голготата на граѓаните — Владата итно да прогласи кризна состојба во Крива Паланка!
МакедонијаСиљановска-Давкова на настан по повод Меѓународниот ден на белиот стап„Вистинското слепило не е во очите, туку во нечувствителноста на срцата“.Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод Меѓународниот ден на белиот стап, се обрати на настан организиран од Државното средно училиште со ресурсен центар „Димитар Влахов“ – Скопје, посветен на подигањето на јавната свест за правата, можностите и придонесот на лицата со оштетен вид. Сиљановска-Давкова истакна дека денешниот ден не е само симболично одбележување, туку е и потсетник дека вистинското слепило не е во очите, туку во нечувствителноста на срцата. За неа, тоа е повик до сите нас да ги отвориме очите и душата и да го видиме светот низ призмата на разбирање, почит и емпатија. Таа укажа дека не треба да заборавиме дека белиот стап е симбол на достоинствен живот, но и на општествената обврска да создадеме градови и институции коишто ќе бидат пристапни, безбедни и пред сѐ, човечни. Претседателката потсети дека во Советот за млади именувала лице со оштетен вид, што, според неа, испраќа порака дека секој млад човек, независно од животните околности, има право не само да биде слушнат, туку и активно да учествува во обликувањето на политиката и општеството во кое живее. На настанот беа изведени музички и едукативни точки од ученици на ДСУРЦ „Димитар Влахов“- Скопје, одржана панел-дискусија посветена на значењето на белиот стап, презентирани лични искуства за ориентација и мобилност на сегашни и поранешни ученици и техники за користење на белиот стап. Училиштето „Димитар Влахов“, како единствена институција од ваков вид во државата, повеќе од седум децении нуди едукација, рехабилитација и поддршка на ученици со оштетен вид. Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Сиљановска-Давкова: „Почитуванa директорке Александра Јаковчевска, Почитувани ученици, вработени, штитеници на Државното средно училиште со ресурсен центар „Димитар Влахов“, Почитувани гостинки и гости, Дами и господа, Се собравме денеска овде да го одбележиме Меѓународниот ден на белиот стап, ден кој за мене е исполнет со симболика, достоинство и хуманост, ден во којшто им оддаваме заслужено признание на сите лица со оштетен вид кои, како што веќе гледаме, со непоколеблива волја и елан, чекорат низ животот. Белиот стап – тој едноставен, но моќен симбол е многу повеќе од помагало. Тој за мене претставува продолжена рака на храброста, ја симболизира слободата, но исто така и овозможува независност. Мислам дека секој негов допир со земјата раскажува приказна, приказна за една борба, приказна за истрајност, приказна за достоинство, но и приказна за вера. Затоа, денешниот ден не е само одбележување на датум или на симбол. Тој не потсетува дека вистинското слепило не е во очите, туку во нечувствителноста на срцата. Тој е повик за сите нас да ги отвориме очите, ама и душата и да го видиме светот низ призмата на разбирање, почит и емпатија. Тој ни овозможува, ние, дезориентираните да се ориентираме. Лицата со оштетен вид секојдневно нè учат дека видот не е единствениот пат што води до светлината. Тие го „гледаат“ светот преку звуците, допирите, мирисите и топлината на луѓето околу нив. Тие нè потсетуваат дека секоја пречка може да стане патека, а секој мрак може да стане нова светлина. Да не заборавиме, белиот стап симболизира достоинствен живот, но и општествена обврска. Ние имаме обврска да создадеме градови и институции коишто ќе бидат пристапни, безбедни и пред сѐ хумани. Задолженијата коишто веќе ги имаме мора да се преточат во законски решенија, но, за жал, недостасува нивното остварување. Мора да го смениме ова. Не смееме да си ја префрламе одговорноста едни на други и да ги релативизираме проблемите. 4000 наши сограѓани со оштетен вид заслужуваат акција, разбирање и конкретни практични решенија. Да потсетам, во Советот за млади именував лице со оштетен вид, Кристијан. И не е Кристијан хендикепираниот таму, туку Советот е хендикепиран без Кристијан. Ова е мојата порака дека секој млад човек, независно од животните околности, има право не само да биде чуен, туку и активно да учествува во обликувањето на политиката и општеството во кое живее. Би сакала да напоменам дека денешната посета на училиштето е желба, идеја и иницијатива на младите од Советот за млади, една од најдобрите. А, кога младите повикуваат, јас и ние сме должни не само да ги слушаме, туку и да им одговориме со должно внимание, со почит, но и со подадена рака за соработка заради разбирање. Јас ги чув, јас го чув Кристијан, јас ја чув претседателката на Советот на младите и тука сум не само заради нив, туку и заради сите вас и оние на кои им е потребен белиот стап, но и оние чиј живот е неразделен од првите. Драги пријателки и пријатели, Посакувам сите да подаваме раце кога е потребно. Мечтаам да бидеме глас на оние што не се слушаат доволно и светлина на оние кои секојдневно ја носат во себе и ја шират околу себе, па и кога не ја гледаат. Да им оддадеме почит на сите храбри луѓе со оштетен вид кои, со мир и спокојство, но и неизмерна сила и непокорлив дух, ни покажуваат дека животот не се мери со она што го гледаме, туку со она што го чувствуваме и претвораме во дела. Тие се жив доказ дека мракот не може да ја победи светлината на човечката душа. Ја користам оваа можност да упатам најискрена благодарност до сите институции, организации, поединци, семејства и пријатели кои секојдневно вложуваат љубов, време и енергија за да го направат светот место на еднаквост, рамноправност, солидарност и радост. Би сакала уште еднаш да повторам. Денот на Белиот стап е потсетник дека разликите не нè делат, туку нè зближуваат и прават побогати. Досадно е да се дружите со сличните, провокативно е да се дружите со различните. Да создадеме и да живееме во општество во коешто секој чекор, секој глас и секој допир се чувстува и се гледа, оти има значење. Да ја чуваме светлината на човечноста, за да не престанеме да бидеме луѓе. Благодарам Кристијан, благодарам на Советот на младите за ова исклучително задоволство да бидам овде. И на крајот, гледам многу мои соборки како седат овде. Тие знаат колку пати сум зборувала дека нема хендикепирани луѓе, има хендикепирано општество. Природата е совршен креатор, кога нешто ќе ви одземе, тогаш ќе развие нешто друго. Ете, тоа е таа идеална хармонија. Тоа е суштината заради која светот опстојува. Во тој свет има место за сите, без оглед на разликите, само што ние понекогаш несоодветно ги гледаме, а кога немате што да видите, не можете да го вреднувате и не можете соодветно да се однесувате. Јас мислам дека овој ден и овој настан се добра лекција за сите присутни и отсутни, не е важно. Овде има камери, овде има медиуми. Тие го видоа она што го кажа Кристијан, го чуја она што го кажа директорката и навистина мислам дека крајно време е од оваа држава да направиме пристојно место за сечиј живот. Од срце ви благодарам.“Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМитовски: Доста е од голготата на граѓаните — Владата итно да прогласи кризна состојба во Крива Паланка! Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, на прес-конференција побара Владата итно да прогласи 30-дневна кризна состојба на територијата на општината. Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, на прес-конференција побара Владата итно да прогласи 30-дневна кризна состојба на територијата на општината и да ги обезбеди потребните ресурси за трајно решавање на проблемот со неконтролираното движење на крупниот добиток. Барањето произлегува од заклучоците на Општинскиот кризен штаб и оцената дека надлежните институции немаат доволно капацитети самостојно да се справат со проблем од ваков обем. На прес-конференцијата присуствуваа многубројни граѓани, меѓу кои и лица што претрпеле штети од добитокот. Нивното присуство ја нагласи сериозноста на состојбата и очекувањето институциите конечно да покажат слух за проблемите со кои секојдневно се соочуваат и да ги заштитат нивната безбедност, имот и труд. „Додека институциите ги објаснуваат своите ограничувања и надлежности, граѓаните ги бројат своите загуби и штети“, порача Митовски. Според информациите изнесени на Кризниот штаб, повеќе од 1.000 грла добиток неконтролирано се движат низ општината. Се уништуваат земјоделски насади, се оштетуваат приватни имоти и јавни површини и се загрозува безбедноста во сообраќајот. Добитокот секојдневно се движи и низ самиот центар на градот. Митовски истакна дека се неопходни дополнителни стручни, логистички, оперативни и финансиски ресурси, специјализирани возила и соодветен простор за сместување на животните. Од Владата побара да обезбеди заедничка, координирана интервенција, со јасен оперативен план, активности по денови, прецизни задолженија и точно утврдена одговорност. Планот треба да опфати организирано заловување, безбеден транспорт и згрижување на добитокот, како и мерки што ќе спречат повторување на проблемот. Тој посочи дека од јануари 2022 година до Владата, Министерството за земјоделство, надлежниот инспекторат и Агенцијата за храна и ветеринарство се доставени стотици пријави и иницијативи. Поднесена е и кривична пријава за мачење животни, а собрани се докази за материјални штети, повреди на граѓани и уништување јавни површини. Според Митовски, правосилните и извршни решенија за одземање животни од регистрирани одгледувалишта, донесени уште во 2024 година, сè уште не се спроведени во целост. Досегашните делумни интервенции, истакна тој, не обезбедиле трајно решение. Градоначалникот го отвори и прашањето за здравствената состојба и благосостојбата на животните. Побара одговори кој го следи добитокот за кој се донесени решенија за одземање, кога се извршени последните ветеринарни прегледи и дали се проценети здравствените и епидемиолошките ризици. Митовски нагласи дека институциите мора да ги спроведуваат сопствените одлуки и дека ниту партиската припадност ниту приватните интереси смеат да бидат над законот и над правото на граѓаните на нормален и пристоен живот. „Прогласете 30-дневна кризна состојба, мобилизирајте ги потребните ресурси и помогнете ѝ на Крива Паланка да стави крај на оваа долгогодишна голгота“, порача Митовски до Владата. Тој истакна дека останува со граѓаните во барањето за итно постапување и заштита на нивните интереси, нагласувајќи дека трпението е на крај и дека Крива Паланка очекува конкретно решение, сега и веднаш.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОЈО за прозивките од СДСМ: Предмети отвораме врз основа на докази, не на барања од политички партииПо прозивките од СДСМ, Јавното обвинителство соопшти дека предметите ги оформува исклучиво врз основа на прибавени докази и закони, а не под влијание или барања на политички субјекти.Од ОЈО Скопје посочуваат дека институцијата постапува согласно своите законски надлежности во сите случаи каде што постојат индиции или докази за сторено кривично дело. Оваа реакција од Обвинителството доаѓа како одговор на прашањето дали ќе биде отворена истрага за случајот со „АЛТА банка“, по барањата и обвинувањата кои беа јавно изнесени од страна на опозицијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизКристијано Роналдо станува продуцент и влегува во ХоливудНајдобро платениот светски фудбалер, легендарниот Кристијано Роналдо станува продуцент и влегува во Холивуд. Тој ги здружи сили со режисерот на хит филмот „Кингсман“. 41 годишниот Кристијано Роналдо ја проширува својата деловна империја и влегува во филмската индустрија. Познатиот фудбалер ги здружи силите со режисерот Метју Вон (55), познат по филмовите од серијалот „Кингсман“ (Kingsman), со кого ја основаше филмската и телевизиска продукциска куќа „UR Marv“, пишува heute.at. Првиот заеднички проект е акциона комедија „Stuntnuts“, во која се појавуваат и познати холивудски имиња, како што се Крис Хемсворт, Сем Роквел и Мет Дејмон. Според германскиот „Билд“, филмот треба да им биде претставен на претставници од филмската индустрија на „Американскиот филмски пазар“ (American Film Market). Дејството следи двајца талентирани каскадери кои прифаќаат ангажман во голема холивудска продукција, со цел да заработат доволно пари за да ја спасат својата локална теретана. Специфичноста на филмот е во тоа што главните улоги ги играат професионални каскадери, а не класични филмски актери. Меѓу нив се Боби Холанд Хантон (42), кој со години беше каскадер-двојник на Крис Хемсворт, и Грег Таунли (30), кој го заменуваше Том Холанд во филмовите за „Спајдермен“. Во филмот настапуваат и Пол Лоу, кој работел на филмовите за „Хари Потер“ и на серијата „Игра на тронови“, како и Харука Ошима, позната по својата работа на филмовите „Не е време за умирање“ и „Матрикс“. За време на подготовките за филмот се случи сериозна несреќа. Грег Таунли падна од водокула неколку месеци пред почетокот на снимањето, при што се здоби со фрактури на 'рбетот на три места. Поради неговата повреда, продукцијата беше одложена неколку месеци. Несреќата подоцна беше вклучена во сценариото за да се истакнат опасностите со кои се соочуваат професионалните каскадери во својата работа. За Роналдо, ова претставува нов деловен потфат надвор од фудбалот, а според медиумските извештаи, веќе се подготвуваат и други филмски и телевизиски проекти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook