Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура
1Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
МакедонијаСиљановска-Давкова на ГС на ОН: Сакаме да се интегрираме во ЕУ, но без дополнителни услови и со зачувано национално достоинствоПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на генералната дебата на 80. Сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.Во продолжение е нејзиниот интегрален говор: Почитувана претседателке на Генералното собрание на Обединетите нации, госпоѓо Аналена Бербок, Почитуван Генерален секретар на Обединетите нации, господине Гутереш, Ценети екселенции, Дами и господа, Како темел на меѓународното право и мултилатерализмот, Обединетите нации спречија нова светска војна, превенираа бројни конфликти и ги ублажија последиците од многу хуманитарни кризи. Им помогнаа на повеќе народи да го изодат патот до суверена еднаквост, издигнаа милиони луѓе од екстремна сиромаштија, описменија цели генерации. Го поттикнаа глобалното движење за права и слободи, за социјална правда и еднаквост. Ја пробудија совеста за заштитата на животната средина и го мобилизираа човештвото во борбата со климатските промени. За овие, и многу други постигнувања, Обединетите нации, нејзините агенции и лидери добија дури 12 Нобелови награди за мир. Но, Обединетите нации денес се соочуваат со геополитички и геоекономски земјотрес што ги тресе самите темели на поредокот изграден по Втората светска војна. Денешните кризи се последица на длабоки тектонски поместувања што ги подриваат принципите што го обликуваа светот изминативе 80 години. Пред наши очи започнува нова геополитичка ера. Наместо заедно да одговориме на ургентните предизвици, како што се мирот и безбедноста, климатските промени и уништувањето на животната средина, вештачката интелигенција и растечките нееднаквости, се чини дека одиме кон пост-хобсовска состојба на војна на сите против самите себе. Наместо еден, меѓународен поредок, како да никнуваат паралелни поредоци, секој со свои правила, вредности и интереси, што, не ретко, се насочени едни против други. Парализирани и изолирани баш кога се најпотребни, се прашувам дали можеби Обединетите нации се претвораат во Лигата на народите? Знаците се насекаде околу нас. Наместо да создаваме свест за споделена иднина, човештвото се соочува со војни и со губење на хуманоста. Со сè почестото игнорирање на меѓународното хуманитарно право, гладот станува оружје, а хуманитарните работници мета. Во амбиент на секојдневно насилство, светот осцилира меѓу нихилистички песимизам и хедонистички ескепизам, меѓу безнадежно ламентирање и бездушна индиферентност, како во првите децении на 20. век. Потресите на меѓународниот поредок отворија длабоки геополитички раседи. Еден од најактивните е во Украина, каде веќе три и пол години беснее војна. Руската агресија е флагрантно кршење на Повелбата на Обединетите нации и директно ги загрозува меѓународниот мир и безбедноста. Изразуваме силна загриженост и за неодамнешните нарушувања на воздушниот простор на Полска, Романија и Естонија, земји-членки на НАТО. Ја поддржавме Заедничката изјава од 12 септември и повикуваме на итна деескалација, доследно почитување на меѓународното право и примена на превентивната дипломатија за намалување на тензиите и зачувување на мирот. Ваши екселенции, Геополитичката раседна линија минува и низ регионот на Западен Балкан. Процесот на македонското пристапување кон Европската Унија веќе 20 години е континуирано попречуван, но не врз основа на објективните копенхагенски критериуми, туку поради субјективни, националистички причини. Најновиот ЕУ услов за почеток на нашите преговори е нова, наметната промена на Уставот. Уставот како lex superior и општествен договор меѓу граѓаните, во Русоова смисла на зборот, е највнатрешното прашање на секоја држава. Нашиот устав предвидува четири предлагачи на измени: претседателот на Републиката, Владата, најмалку 30 пратеници и 150.000 граѓани. Јасно е дека овластен предлагач на амандмани не може да биде наш сосед, ниту Европската Унија. Укажувам дека условувањето на почетокот на преговорите со нови уставни измени повторно ги отвора прашањата за историјата, културата и јазикот, за кои бевме убедувани дека се затворени со Преспанскиот договор со Грција. Постојано сме предупредувани дека договорите мора да се почитуваат: Pacta sunt servanda. Се согласувам, но напоменувам дека во Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија нема одредби за уставни измени. Конечно, со конститутивните акти ЕУ себеси се дефинира како „единство на различности“ и се обврзува да ги почитува „културната и јазична разновидност“, „националниот и културниот идентитет“, „дигнитетот и интегритетот“. Како е можно тогаш од нас да се бара со сосед да разговараме и преговараме за нашата историја, култура и јазик? По кој знае кој пат потенцираме дека себеси се перцепираме како европјани и длабоко веруваме во европскиот проект, којшто по Втората светска војна донесе мир и економски просперитет. Европскиот идеал останува наша најголема инспирација и стратешка аспирација. Како држава посветена на добрососедството и на регионалната соработка не сакаме спорови со нашите соседи. Она што го посакуваме е да се интегрираме во Унијата, но без дополнителни и посебни услови и со зачувано национално достоинство. Предупредуваме дека по војната во Украина, блокираната евроинтеграција на Западниот Балкан не е само политичко, туку е безбедносно прашање. Со затворената политичка врата за земјите од Западниот Балкан и широко отворена врата за влијание на трети геополитички центри на моќ, иронично е Унијата да повикува на отпорност кон нив. Зарем треба да се најдеме на дневниот ред на Советот за безбедност, за ЕУ да го деблокира нашето проширување? Ако Европската Унија сака да биде геополитичка унија, таа не смее да го остави Западниот Балкан во геополитички вакуум. Kако што укажа претседателката на Европската комисија, Европската Унија мора час поскоро да го скрши оклопот на консензусот ако сака да ја заврши ре-унификацијата на Европа и повторно да стане силен геополитички фактор. Почитувана претседателке, Ценети екселенции, На крајот, не можам а да не се осврнам на еден од геополитички најтрусните региони: Блискиот Исток и Газа. Блискиот Исток има древна и богата традиција на меѓурелигиски и меѓуетнички соживот. Историјата покажа дека различноста кога се почитува, може да биде извор на културно збогатување и долгорочен мир. Но, исто така, историјата учи дека насилството, без оглед на неговото потекло, ги продлабочува поделбите, го продолжува човечкото страдање и ги оддалечува страните од праведно и сеопфатно решение. Убедени сме дека одржливиот мир на Блискиот Исток мора да се постигне единствено преку дијалог и дипломатија, во согласност со меѓународното право. Непрокосновеноста на човечкиот живот и достоинство мора да се почитуваат, дури и за време на војна, во согласност со меѓународното хуманитарно право. Во тој дух, ја реафирмираме нашата поддршка на меѓународните напори насочени кон деескалација, инклузивен дијалог и директни преговори. Ценети екселенции, Овие геополитички расцепи и тензии недвосмислено упатуваат на следното: без мултилатерални институции и процедури, без меѓународно право и принципи коишто би ги скротиле силните и заштитиле слабите, ние одново ќе го водиме Тукидитовиот мелијански дијалог, во којшто за жал силните го прават она што можат, а слабите она што мораат. Помислете на толерирањето на бројните повреди на Повелбата на Обединетите нации што отворија пат за нови повреди. Сетете се на неимплементираните резолуции на Генералното собрание, на неспровредените пресуди и игнорираните мислења на Меѓународниот суд на правдата, на мировните напори блокирани во Советот за безбедност. Соочени со нефункционалноста на актуелниот меѓународен поредокнекои реалисти советуваат да заборавиме на меѓународните договори и конвенции како на непотребен товар и да се засолниме во регионалните блокови и сојузи. За нив, кризите најбрзо и најдобро се решаваат надвор од Обединетите нации, без мандат од Советот за безбедност. Но, отстапувањето од универзалните принципи и механизми во полза на прагматичниот опортунизам и посегањето по ad hoc мерки не турка кон неизвесна иднина на растечки геополитички и геоекономски натпревар, па дури и во конфронтација во трката за ресурси. Зарем таков суров свет ќе им оставиме на нашите потомци? Алтернативата е да се обидеме да го ревитализираме мултилатерализмот и да ги направиме неговите институции поотпорни на системските потреси. Почитувани, Ценети присутни, Младите генерации имаат право на обновена Повелба, на реформирани и силни Обединети нации што ќе им овозможат да живеат во мир меѓу народите но и во мир со природата. Тие реформи не смеат да бидат козметички, туку длабоки за да овозможат поголема инклузивност, хармонизација меѓу вредностите и механизмите, оптимизација на националните и глобалните интереси, силни и функционални институции. Реформите на Обединетите нации зависат од тоа дали на нив се гледа како на можност за обнова на меѓународниот поредок втемелен на право и правила, или како оспорување на привилегиите на некои земји-членки. Но, која е поентата да се биде привилегирана земја-членка на нефункционална, нерелевантна, маргинализирана меѓународна организација? За ефективни Обединетите нации, потребно е да се реформира Советот за безбедност, за да биде поинклузивен, поотчетен и поодговорен за одржувањето на меѓународниот мир и безбедност. Генералното собрание мора да прерасне во претставнички орган за креирање политики, наместо да остане дебатен клуб. Имплементацијата на пресудите на Меѓународниот суд на правдата мора да стане задолжителна за сите земји-членки, обезбедувајќи владеење на правото. Реформата е потребна не само заради старите, туку и заради новите предизвици. Вештачката интелигенција носи огромни можности, но и несогледливи ризици за нашата цивилизација. Таа не е обичен технолошки скок. Нејзиното влијание може да биде и поголемо од индустриската и дигиталната револуција. Свесни за ова, мојата држава и јас го поддржуваме предлогот вештачката интелигенција да биде еден приоритетите на 80-тата седница. Следната година ќе бираме нов Генерален секретар на Обединетите нации. Потребна ни е личност со лидерски вештини, со богато дипломатско искуство, со способност да ги премостува разликите и да гради консензус, но и да биде длабоко хумана и посветена на ранливите. Идниот прв дипломат на светот мора да има многу знаење, трпение и такт. По 80 години од основањето, крајно време е за жена Генерален секретар на Обединетите нации. Во свет доминиран од силни мажи, често со оружје, потребни ни се силни жени со мудрост и емпатија. Верувам дека жените, кои, заедно со децата се најголемите и најбројни жртви на војните, имаат неотуѓиво право и обврска да посегнат по нивна превенција. Анархичниот меѓународен поредок е закана за сите, а најмногу за малите држави. Природно е малите и средни држави да бидат најголемите поддржувачи на реформите на Обединети нации. Ценети екселенции, Дозволете да споделам што правиме ние на овој план. Го поддржавме усвојувањето на Пактот за иднината како нов глобален општествен договор. Живеејќи во еден од климатски најранливите региони во светот, Медитеранот, македонските граѓани веќе ги чувствуваат последиците од климатската криза, како што се екстремните временски услови. Затоа, на COP29 во Баку го поддржавме спроведувањето на Парискиот договор. Ја поддржавме „Обврската од Севиља“ за финансирање на развојот и ги интегриравме Целите за одржлив развој во нашата Национална развојна стратегија 2024-2044. На Третата конференција на ОН за океанот во Ница се заложивме за силно меѓународно управување со океаните, поддржувајќи го Акцискиот план. Вложуваме големи напори за промоција на женското лидерство и имплементацијата на агендите за жените, мирот и безбедноста. Ја потпишавме новата Рамка за соработка со Обединетите нации 2026-2030, заради обезбедување на инклузивен социјален и човечки развој, одржлива економија и достојна работа, отпорно и зелено општество и екосистеми, владеење на правото и добро управување. Почитувани, Пред голем испит сме: или ќе го гарантираме меѓународен поредок врз визионерски принципи, или ќе итаме кон катастрофа со несогледливи размери за човештвото. Поранешниот Генерален секретар Даг Хамершелд потсети дека „Обединетите нации не се формирани за да нè однесат во рајот, туку за да нè спасат од пеколот. [...] Треба да ги препознаеме Обединетите нации за она што се – навистина несовршен, но неопходен инструмент на нациите во работењето за мирна еволуција кон поправеден и побезбеден светски поредок.“ Да им ја дадеме таа шанса. Благодарам. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизДастин Хофман за обвинувањата за злоставување: Сигурен сум дека на некои жени им беше непријатноДастин Хофман се осврна на годините на обвинувања за несоодветно однесување во своите нови мемоари. Во книгата „Погледни ме“, која е во продажба од 10 ноември, 89-годишниот актер ги отфрла обвинувањата за сексуална злоупотреба, но признава дека неговите постапки можеби предизвикале непријатност кај некои жени, пишува People. „Непријатноста е субјективна“ „Сигурен сум дека е вистина дека во текот на мојот живот, особено пред четириесет години, им предизвикав непријатност на некои жени“, пишува двократниот добитник на Оскар. „Но, „непријатноста“ е субјективно емоционално чувство. Она што е едноставно и навредливо за една личност може да биде урнебесно, стимулативно или дури и некако пријатно за друга.“ Хофман се опишува себеси како „директна“ личност која ги сака „т.н. мрсни шеги“. „Јас сум „старомоден заводник“, како што еднаш рече Бил Мареј. Тоа не е исто како да се принуди некого да направи нешто што не го сака“, наведува тој во книгата. Движењето #MeToo и серијата обвинувања Актерот, исто така, се осврнува на движењето #MeToo, кое започна во 2017 година. „Кога тој бран на пресметка почна да се шири низ интернетот и да го потресува Холивуд, мислев дека е многу добра работа. Тогаш знаев дека многу жени во мојата индустрија трпеле премногу работи предолго“, пишува Хофман. Тој додава дека не бил загрижен дека нешто негативно ќе се каже за него, „бидејќи идејата да се земе нешто од некого сексуално што не сака да го даде... едноставно никогаш не сум го направил тоа“. Во текот на 2017 година, шест жени излегоа со обвинувања против Хофман. Трите зборуваа за списанието Variety за сексуално вознемирување, напад и изложување пред малолетник. Актерот потоа јавно ѝ се извини на една од нив, а неговиот адвокат ги нарече обвинувањата на другите две жени „клеветнички лаги“. Порано истата година, три други жени одделно го обвинија за вознемирување. Едната тврдеше дека ја нападнал во 1985 година додека работела на претставата „Смртта на еден патувачки продавач“ како 17-годишна девојка. Друга жена од истата продукција изјави дека ја допирал и ја малтретирал, а третата дека ѝ дал непристојни понуди на деловен состанок. Хофман никогаш не бил обвинет ниту гонет. Споредба со ловот на вештерки Хофман ја споредува ситуацијата со обвинувањата против моќни мажи со ерата на макартизмот од почетокот на 1950-тите, кога холивудските личности биле ставени на црна листа поради наводни врски со комунизмот. Тој пишува дека во средината на тој период „целиот негов живот се променил“. „Немало презумпција на невиност. Ништо не било „докажано““, истакнува тој. „Сè беше толку лудо што бев збунет како воопшто да се одбранам... или дали воопшто треба да се обидам. Не сакав да се борам против нешто што мислев дека е важно. Не сакав да бидам на спротивната страна од моите сопствени вредности. Единствениот проблем беше што за мене се зборуваа работи што едноставно не беа вистинити“, вели Хофман. Саморефлексија и улогата на сопругата Во книгата „Погледни ме“, Хофман пишува дека „научил многу“ од својата сопруга Лиза, со која е во брак од 1980 година, за „мажите, жените и различните начини на кои ги доживуваме одредени ситуации“. Тој признава дека му биле потребни „години, дури и децении, за да разбере дека е погрешно да пука во секоја жена што ја среќава“. „Не е дека Лиза некогаш се сомневала во мојата љубов или посветеност. Таа знае со кого си има работа. Се заљубила во човек со едноставно чувство за хумор кој е опседнат со секс и секогаш бара внимание“, пишува актерот. Тој наведува дека му требало „срамно долго време да сфати дека луѓето освен неговата сопруга може да го сметаат неговото флертување или едноставните шеги за несоодветни“. „Знам дека сум безопасен, таа знае дека сум безопасен, но дали некој што никогаш не ме запознал би го знаел тоа? Не сакам никого да понижувам или навредувам. Не сум личност што ужива во моќ или врши притисок врз луѓето. Искрено, никогаш не сум се сметал себеси за моќна личност“, додава тој. Ѕвездата на филмот „Дождовниот човек“ исто така го поставува прашањето: „Дали е можно да бев виновен за недостаток на емпатија? Дека бев премногу самобендисан за правилно да проценам како се чувствуваат луѓето околу мене? Секако. Апсолутно.“ Поглавјето завршува со реченицата: „Ако не се чувствувате исто, тогаш сте поинакви од кое било човечко суштество што некогаш сум го сретнал во мојот живот, машко или женско.“ Хофман неодамна се појави на големото платно во филмовите „Тјунер“ и „Дијамант“. Неговите мемоари „Погледни ме“ се достапни во книжарниците. Тагови: Дастин Хофман Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор МацураВо Собранието тече надзорната расправа за Алта Банка, која почна со серија серија паузи и тензии..Сите објавуваа документи и записници..Имало ли влез на сомнителен капитал во домашната банка и од кога и со чии одлуки.. Во Собранието е Михајло Видмилиски.. Михајло до каде е во моментот надзорната расправа, кога се очекува сведочењето на обвинителот Савески? Народната банка поднела кривични пријави против лица од СДСМ за случајот со Алта Банка, соошти денеска на брифинг со новинарите премиерот Мицкоски.. Владеачката партија во изминатиот период ја прозиваше СДСМ дека шири паника за банката, дали во мегувреме има некакви информации околу овие кривични од Обвинителството? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколова: Со кои пари Мацура го купи осигурителното друштво и од која сметка се платени?Пратеничката на СДСМ, Даниела Николова, на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието побара конкретни одговори од Агенцијата за супервизија на осигурувањето .Пратеничката на СДСМ, Даниела Николова, на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието побара конкретни одговори од Агенцијата за супервизија на осигурувањето за потеклото на парите со кои Давор Мацура го купил осигурителното друштво, сегашно Алта осигурување Скопје. Таа праша од која сметка била извршена уплатата и какви проверки направила Агенцијата пред да даде согласност за преземањето. „Од каде потекнуваат парите за купување на осигурителното друштво? Особено тука сакам да бидете попрецизни во одговорот, бидејќи во јавноста веќе има информации дека станува збор дека тоа плаќање е од приватна сметка, односно сметка на физичко лице. Значи, од каде потекнуваат парите за купување на осигурителното друштво и од која сметка тие се префрлени“, праша Николова. Таа посочи дека, според јавно достапните информации што ги наведе, осигурителното друштво било купено за околу 1,7 милиони евра, со преземање на сите 60.000 акции. Николова нагласи дека јавноста досега не добила објаснување од Агенцијата за начинот на кој била спроведена продажбата и за проверките што ѝ претходеле на согласноста. „Стекнувањето сопственост во осигурителното друштво не може да биде само формално административна постапка. Таа е многу повеќе од една таква формална постапка, особено кога станува збор за финансиски субјект кој располага со средствата од премии на илјадници граѓани и на компании. Агенцијата мора да има јасна слика за финансиската состојба на инвеститорот, потеклото на неговиот капитал, неговата деловна репутација и поврзаноста со други правни и финансиски субјекти“, истакна Николова. Обраќајќи ѝ се на претставничката на Агенцијата, Дракуловска, пратеничката побара да бидат презентирани конкретните наоди врз кои била донесена одлуката за преземање на осигурителното друштво. „Обврска на Агенцијата е да ги препознае ризиците, навреме да ја заштити довербата на осигурениците. Дали Агенцијата го проверила потеклото на средствата, финансиската состојба на купувачот и неговата поврзаност со останатите финансиски субјекти и врз основа на кои конкретни наоди е дадена согласност за преземање на ова друштво?“, праша Николова. Таа нагласи дека случајот има јавен интерес, бидејќи се однесува на сигурноста на граѓаните и компаниите кои имаат осигурителни полиси, како и на вработените во друштвото. „Ова не е прашање само на сопственичката трансакција или на деловен интерес на еден инвеститор. Ова е прашање коешто има јавен интерес и на довербата во институциите кои треба да го штитат финансискиот систем и да ги штитат граѓаните“, порача Николова. На крајот, таа побара прецизни одговори за потеклото на капиталот, извршените проверки и основата за дадената согласност. „Не барам општи уверувања дека осигурителниот сектор е стабилен затоа што денес цел ден слушаме такви општи уверувања. Барам конкретни одговори на прашањата што ви ги поставив“, нагласи пратеничката на СДСМ, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34