МакедонијаСиљановска Давкова - Милановиќ: Патот на Македонија до членство во ЕУ предолго трае, но не по македонска винаПатот на Македонија кон ЕУ предолго трае, и тоа не по македонска вина, нагласи претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ на прес-конференцијата по средбата со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Загреб. И двајцата се согласни дека тој пат е неоправдано попречуван и оти од земјава се бараат отстапки кои ниту се оправдани, ниту се дел од Копенхашките критериуми. -Зборувавме за обидот на Македонија, С. Македонија, како и да сакате, да стане членка на нешто што многумина од нас, вклучувајќи ме и мене меѓу првите, до неодамна го нарекувавме и го третиравме како врв на некаков вид материјализација на државата, пристапувањето кон Европската Унија, како тоа да е на кој било начин супериорно во однос на она што веќе го имаме, а тоа се нашите независни национални држави. Во случајот со Хрватска, таа беше многу тешко извојувана и постигната со многу величествени работи и некои помалку величествени, а во случајот со Македонија и нејзиниот историски пат и окружување, уште поголемо чудо е што Македонија успеа да стане и да преживее како независна држава во вртлогот во кој историски живееше, рече Милановиќ. Смета дека Македонија треба сама да одлучи за својата судбина и за тоа што е важно за неа - дали е тоа членство во Европската Унија по секоја цена, бидејќи, како што нагласи, она што се бара од Скопје во последно време е „секоја цена“ и повеќе од тоа. -Тоа е еден вид лицитација што не е лесно да се задоволи. Значи, што и да правите, доаѓа ново барање. Потоа доаѓа она на што дури и не сте сметале. А јас понекогаш го нарекувам таков вид однос во хрватската политика и во нашата внатрешен политички натпревар „гаслајтинг“. На хрватски јазик тоа најдобро се преведува како залудување, или обид некого да го убедиш дека нешто што е фикција е реално, или дека нешто што не е реално е фикција. Значи, Македонија сама одлучува што е подобро за неа и кој пат го избира. Дали е тоа, секако претпоставувам дека е патот на безбедноста, задоволството, просперитетот, мирот и спокојството на граѓаните на Македонија, на сите етнички групи, националности. А ова второто, вклучувајќи ја Европската Унија, па дури и НАТО, е фасада. Тоа е еден вид енергетска обнова. Стиропор, лице. Но, она што ја прави куќата е внатрешноста и носечките ѕидови и нејзината структура, истакна хрватскиот претседател нагласувајќи дека ова се само негови размислувања, а не совети. Но, како што рече, гледајќи, следејќи, доживувајќи сè што доживеал и видел во последните многу години, тоа се негови мисли и вели дека истото ваќи и за неговата земја. - Значи, тоа важи и за Хрватска. Европската Унија е надградба, но во никој случај не е зграда. Значи, нашата куќа и нашата зграда се на наше земјиште, нашите темели се во неа, а Европската Унија е добредојдена сензација додека трае. И тоа е тоа. Немам илузии за тоа. И им посакувам на Македонија и на Македонците и на политичарите во Македонија се најдобро сами да проценат, без туѓо менторство и уште полошо, без туѓа манипулација и управување со видливото и невидливото, што е добро за нив, бидејќи тоа се случува предолго. Пред пет, шест, седум години, не би го кажал ова. Денес го кажувам ова затоа што го гледам. Значи, има живот без Европската Унија, и успешен и целосно достоинствен живот, рече Милановиќ. Македонската претседателка е согласна дека патот на Македонија до полноправно членство во ЕУ е неоправдано попречуван и одолговлекуван. - За жал патот кон ЕУ се трансформира во маратон. Можете да замислите кандидатскиот статус го добивме во 2005 година. Определбата беше дека политичкиот систем на ЕУ тој sui generis политички систем, низ призма на Копенхашките критериуми, утврдени уште во далечната 1993 година, може да не направи компатибилни со регионот, ама и компатибилни во европски рамки. И, вистина, посветено тргнавме на тој пат. Само податок можеби дваесетина и повеќе пати сме добиле позитивни годишни извештаи и препорака, и од Европскиот парламент и од Европската комисија, за почеток на преговори, и никако да дојде до преговорите, рече Сиљановска - Давкова. Таа додаде дека најчестите барања од нас се најчудните - промена на Уставот. - Замислете актот на сувереноста, Уставот, највисокиот закон, закон на законите, општествената повелба на граѓаните треба да се смени. Иако, како и во секој Устав, и во нашиот пишува дека иницијатива за промена може да покренат претседателот, 30 пратеници, или 150 илјади граѓани, и Владата, не пишува дека ЕУ, а уште помалку може тоа да го направи некој од соседите, истакна Сиљановска Давкова. Според неа, ова е огромен предизвик за земјава и оти на тој пат ние размислуваме за сите можни решенија, иако мора да се нагласи оти кај сите политички партии во програмите една од стратешките определби е ЕУ како заеднички дом нели. Граѓаните кај нас, нагласи таа, околу оваа синтагма, околу ова барање се обединуваат. - Се разбира, она што го бараме ние е многу едноставно, исти стандарди какви што се барале од вас, или какви што се бараат и од другите членки, а тоа се Копенхашките критериуми. Меѓутоа, ние добиваме барања коишто се однесуваат на историјата, на културата, на јазикот, или на идентитетот. А во преамбулата на Договорот за ЕУ јасно пишува дека ЕУ ја признава, бидејќи е единство во различностите, и ги почитува историјата, културата и јазикот на другите народи, па дури и уставните и политичките структури, а особено дигнитетот и интегритетот на граѓаните, истакна на прес-конференцијата по средбата Сиљановскаа-Давкова. Таа е свесна дека промена на консензуалното одлучување во ЕУ е тешко да се промени барем засега, но, како што нагласува, она што го бараме ние, скромно, како држава, како нација, е да нема двојни стандарди и да се вреднува она што се вреднува и кај останатите. -Јас благодарам за пријателскиот однос, за поддршката, за помошта, на отворањето на нови перспективи или укажувањето на различни решенија и можности особено денеска, во овој чуден свет во којшто најмалку има владеење на право. Реалполитиката се претвори во дарвинистичка. Кантовиот вечен мир, стана свет во којшто силните го прават тоа што можат, а слабите тоа што мораат. Ние сме во оваа втора категорија. Меѓутоа, има прашања за кои навистина не може и не треба да се разговара, рече претседателката. Вели дека проширувањето на ЕУ не е само политичко, економско и културно прашање, туку е безбедносно прашање, и верува оти има уште можности нам да ни се овозможи да се натпреваруваме како и сите други во освојувањето на владеењето на правото, демократијата, почитувањето на човековите, вклучувајќи ги и малцинските права за да можеме навистина да го добиеме местото во европското семејство. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, во Загреб, со највисоки државни и воени почести беше пречекана од хрватскиот претседател Зоран Милановиќ. Пред прес-конференцијата тие имаа тет-а-тет средба, а беше одржан и пленарен состанок на делегациите на двете земји. Македонската претседателка, која е во официјална посета на Република Хрватска, ќе оствари средба и со премиерот Андреј Пленковиќ. Предвидено е да положи венец на Споменикот на татковината, а во градскиот парк „Бундек“ ќе положи венец на спомен-бистата на Блаже Конески. Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб ќе присуствува на отворањето на изложбата „Архивски документи“ на македонската уметница Жанета Вангели. Сиљановска-Давкова вчера ја посети македонската православна црква „Свети Злата Мегленска“ во Загреб и оствари средба со претставници на македонската заедница во Хрватска.Тагови: Сиљановска Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаДевојче почина откако испи милкшејк од неиспран блендер- мајка ѝ испрати силна порака Мајката на 12-годишното девојче кое почина откако испило контаминиран милкшејк решила јавно да проговори за семејната трагедија!Миа Шеј Сент Хилер, која била алергична на јаткасти плодови, доживеала тешка алергиска реакција откако испила милкшејк направен во неизмиен блендер во кафулето Pop Inn во Лондон во август 2023 година, објави Пипл. Говорејќи во британската утринска емисија Добро утро Британија, мајката на детето, Шанел Спенс, им рекла на водителките Сузан Рид и Ед Бол дека нејзината ќерка „сфатила дека милкшејкот содржи јаткасти плодови по само две голтки“. Снимката од надзорната камера го снимила моментот кога тогашниот менаџер на кафулето, Барис Жисел, кој повеќе не е сопственик и не управува со објектот, подготвувал пијалок во блендер кој не бил измиен по претходна употреба. Судскиот совет потоа утврдил дека пијалокот бил „вкрстено контаминиран со остатоци од лешник“. Шанел Спенс и таткото на девојчето, Адријан Сент Хилер, претходно повикаа на специјален систем за оценување за да им помогне на потрошувачите да проценат како рестораните во Велика Британија управуваат со ризиците од алергија. Тој систем би постоел заедно со сегашниот систем на Агенцијата за стандарди за храна, која ја проценува хигиената на храната. Водителот ги прашал родителите на починатото девојче дали Миа, која сè уште не била тинејџерка, ќе знае да ги провери хигиенските оценки кога оди во ресторан или кафуле. Родителите одговориле дека таа е навикната на тоа, и дека претходно го посетувала тоа кафуле. „Тоа беше локација која таа ја посети една недела претходно. Во никој случај не беше непознато место“, рекла мајката на починатиот. Спенс рече дека семејството било изненадено кога за време на сослушувањето дознало дека управувањето со ризикот од алергија не е покриено со истиот систем како рејтингот за хигиена на храната. „Кога ќе видите дека продавницата има оценка со пет ѕвездички, се чувствувате како, знаете, дека сте безбедни“, рече таа, објаснувајќи зошто тие сакаат посебен систем за оценување кој би бил специфичен за алергиите. „Да постоеше таков систем, денес ќе зборувавме за поинаков исход и за сосема поинаква приказна“, додаде Сент Хилер. Зборувајќи за животот повеќе од три години по смртта на нејзината ќерка, Спенс рече дека тагата сè уште е голем дел од нивниот секојдневен живот. „Тоа навистина не менува ништо, знаете, таа е дел од нашиот секој ден“, рече таа. Адвокатот Анџела Бруно им се придружи на родителите на Миа на Добро утро Британија и рече дека загриженоста за кафулето била покрената пред смртта на девојчето. Според неа, при увидот во 2020 година, во кафулето не била пронајдена табела со информации за алергени, но и покрај тоа, локалот добил оцена со пет ѕвездички. Таа изјави и дека следната инспекција, планирана две години подоцна, била „пропуштена“. „Миа умира во 2023 година и тие се враќаат на инспекција. Сè уште нема табела за алергени, нема предупредувачки знаци за алерген и други проблеми со контаминација“, рече Бруно. Таа тврдеше и дека не е извршен увидот планиран за септември 2026 година. Mom of Girl, 12, Who Died After Drinking Milkshake Made in Unwashed Blender Speaks Out, Says She Grieves ‘Every Day’ https://t.co/3Mb6rhP7h1 — People (@people) October 14, 2026 Според веб-страницата на Агенцијата за стандарди за храна (FSA), кафулето последен пат добило хигиенска оцена со пет ѕвездички во 2024 година. Барис Жисел се изјасни за виновен во јануари 2025 година за шест прекршоци, вклучително и недавање или вклучување информации за алергени на потрошувачите, неуспехот да се справи со контаминацијата со алерген за време на процесот на производство на храна и сервирање храна што содржела алергенска состојка што не требало да биде присутна. Тој е казнет со 18.000 фунти и налог од 100 часа општествено корисна работа.Тагови: девојче блендер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаНа мајка ѝ се заканува смртна казна- се правда дека 18 месечните близнаци починале од вакцина Обвинител во американската држава Ајдахо ќе бара смртна казна за Андреа Шо, 23-годишна мајка обвинета за убиство на своите 18-месечни близнаци во 2025 година. Шо се изјасни за невина пред судот. Таа тврди дека децата се разболеле и починале откако примиле вакцини, вклучително и вакцини против грип, објавува CBS News. Обвинителството бара најстрога казна Големата порота ја обвини Шо во јули по две точки за убиство од прв степен, потврдуваат судските записи и официјалното полициско соопштение. Окружниот обвинител на округот Пајет, Мајк Дјук, во судските документи изјави дека обдукцијата покажала симптоми што се во согласност со задушување и напиша дека тоа е „единственото замисливо објаснување“ за смртта на децата. Заменик-обвинителката Рајон Сиручек го информираше судот минатата недела за својата намера да бара смртна казна. Во поднесокот, тој наведе дека државата ќе се обиде да докаже четири отежнувачки околности: дека е извршено повеќе од едно убиство, дека убиствата биле особено гнасни, сурови или ѕверски, дека обвинетата покажала „целосно непочитување“ кон човечкиот живот и дека таа веројатно претставува трајна закана за општеството. Одбраната тврди дека нема докази „Скандалозно е“, рече адвокатот на обвинетата, Џозеф Филичети. „Тие нема да можат да ја докажат основаноста на случајот надвор од разумно сомнение, па затоа нема шанси смртната казна воопшто да стане опција.“ Филичети побара од судот да го отфрли обвинението поради наводните неправилности пред големата порота. Тој изјави за KBOI-TV дека на големата порота не ѝ било кажано дека мртовечникот ја прогласил причината за смртта за неутврдена, но конзистентна со хипертермија или прегревање. Според него, патолозите кои ги прегледале телата на близнаците изјавиле дека причината за смртта е неутврдена. „Обвинителот има должност на искреност, што значи дека мора да ја каже вистината пред големата порота и да презентира ослободителни докази. Тоа се докази што ѝ даваат причина на поротата да верува дека лицето не е виновно или дека смртните случаи можеле да се случат од друга причина освен убиство. Обвинителот не го сторил тоа“, изјави Филичети за KBOI. Сомневање за убиство Обвинителството во документите наведува дека температурата во собата на близнаците често достигнувала 38 степени Целзиусови, но дека децата претходно преживеале високи температури и дека времето на смртта не се совпаѓало со највисоката температура од тој ден. „Тие немаат мотив, никаква позадинска приказна, никаква признание... Таа не го направила тоа и тие не можат да докажат спротивното“, додаде Филичети. Близнаците биле пронајдени мртви во нивниот заеднички кревет на 1 мај 2025 година. Тие биле вакцинирани осум дена претходно. Денот по вакцинацијата, Шо ги однела во одделот за итни случаи бидејќи биле летаргични и имале треска. Лекар ги дијагностицирал симптомите како реакција на вакцината, па на децата им биле дадени лекови за намалување на треската и биле пуштени. Откако биле пронајдени телата, полицијата соопшти дека се „сомневаат за насилна смрт и во моментов го истражуваат случајот како убиство“, но во тоа време не именувале осомничени. Врски против вакцинирање Неколку дена по смртта на близнаците, Шо се појави во онлајн емисија продуцирана од Children's Health Defense, антиваксерска група основана од сегашниот секретар за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор. Тој не е поврзан со групата од декември 2024 година, кога поднесе оставка од функцијата претседател за да се приклучи на администрацијата на претседателот Доналд Трамп. Медицинските експерти велат дека спорните детски вакцини - за хепатитис А, грип и DTaP - се безбедни и ефикасни. Шо е исто така тужителка во федерална тужба поднесена од Children's Health Defense и други против Американската академија за педијатрија (AAP). Тие ја обвинуваат организацијата за рекетирање и лажење за безбедноста на вакцините. AAP побара од судот да ја отфрли тужбата, нарекувајќи ја „најнов напад во кампањата против академијата“ и нејзината „употреба на докази засновани на наука во политиката за вакцинација“. Андреа Шо е притворена без кауција. Судењето е закажано за јануари.Тагови: близнаци мајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветГутереш: Состојбата на Западниот брег е целосно надвор од контрола Состојбата на окупираниот Западен Брег се влоши до тој степен што е целосно надвор од контрола.Состојбата на окупираниот Западен Брег се влоши до тој степен што е целосно надвор од контрола, а интензивирањето на нападите има за цел протерување на палестинските заедници од нивната земја, предупреди денес генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш. „На окупираниот Западен Брег, Палестинците сè уште се изложени на напади од израелските доселеници на дневна основа. Јасна цел е да се протераат заедниците од нивната земја“, изјави Гутереш пред новинарите. Тој истакна дека ситуацијата на окупираните територии е целосно надвор од контрола и изјави дека новинарите и дипломатите се исто така мети на напади. Тој побара помош и повика на прекин на окупацијата Зборувајќи за Газа, генералниот секретар на ОН предупреди дека пристапот до основна хуманитарна помош останува строго ограничен пред зимата. Ова дополнително го комплицира спроведувањето на планот за решавање на конфликтот одобрен од Советот за безбедност на ОН. Гутереш нагласи дека Светската програма за храна итно има потреба од 450 милиони долари за да го нахрани населението низ Газа и Западниот Брег во следните шест месеци. Тој истакна дека оваа сума е еднаква на приближно 90 минути глобални воени трошоци. Тој ги повика меѓународните донатори да ја зголемат помошта, а во исто време апелираше за прекин на окупацијата со цел да се постигне одржливо решение за две држави.Тагови: Антонио Гутереш Западниот Брег Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05