Мајка, татко и син со измама краделе луксузни автомобили- пронајдени се возила вредни три милиони долари
2Мајка, татко и син со измама краделе луксузни автомобили- пронајдени се возила вредни три милиони долари
МакедонијаСиљановска-Давкова: Меѓународниот ден на човековите права не треба да биде само ден за комеморацијаПо повод Меѓународниот ден на човековите права, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Свечената седница на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.Таа укажа дека 10 декември е симбол на современата култура на човекови права, без чие почитување нема правна држава, ниту демократија. За неа, парадоксален е расчекорот меѓу огромниот број правни документи и институции, од една страна, и алармантниот пораст на конфликти, бегалци и нови форми на прекршување на правата како дигитално надгледување и алгоритамска дискриминација до климатски неправди што директно го засегаат правото на живот, здравје и достоинство, од друга. Според неа, климатската криза и современите војни ја разголуваат ранливоста и неефикасноста на меѓународниот правен систем и поредок. Таа истакна дека Меѓународниот ден на човековите права не треба да биде само ден за комеморација, туку момент на соочување со тешките прашања како: ‒ Дали нашите институции гарантираат правичност, еднаквост и достоинство или само ги опишуваат и набројуваат? ‒ Дали нашето судство има сила да каже „не“ кога политиката вели „да“? ‒ Дали медиумите имаат простор да истражуваат корупција без страв? ‒ Дали ранливите групи се видливи во нашите политики? „Човековите права се секогаш резултат на постојана и секојдневна борба, на институционална храброст и на граѓанска свест и совест. Секоја генерација мора одново да ги освојува, брани и толкува низ призма на современите предизвици“, заклучи таа. На Свечената седница се обратија и проф. д-р Сашо Георгиевски, декан на Правниот факултет и Олег Солдатов, раководител на програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, соопштуваат од Кабинетот на претседателката. Во продолжение е интегралното обраќање на претседателката Сиљановска-Давкова. Почитуван декане, Почитуван г-не Олег Солдатов, Почитувана судијке на Уставниот суд, можеби подобро колешке, Ана Павлова Данева, Почитувани колешки и колеги, Мило ми е што сум меѓу вас на овој важен ден. Најпрво сакам да потсетам: 10 декември навистина е сè уште симболичен правен и цивилизациски пресврт. Во прашање е денот кога, по ужасите на Втората светска војна, државите се согласија дека има права што му припаѓаат секому, на секој човек само затоа што е човек, заради неговата генеричка структура, а не затоа што припаѓа на одредена држава, нација, вера или група. Универзалната декларација од 1948 година го означи раѓањето на модерната култура на права и всушност, постави темел за она што денес го нарекуваме владеење на правото или правна држава. Седум и пол децении потоа, сведоци сме дека е изградена една сложена правна архитектура, деканот веќе спомена дека едно од најважните документи од таа архитектура се пактовите за граѓански и политички права, за економски, социјални и културни права, конвенциите за елиминација на расната дискриминација, за правата на жените, децата, лицата со попреченост; регионалните системи како Европската конвенција за човекови права, а исто така и институционално, специјализираните комитети, судовите, високите комесари, омбудсманите. Она што некогаш било декларативна и декларирана надеж, денес е обврзувачко право или правна гаранција и темелна вредност на најмногу современи уставни поредоци. И затоа јас сакам да кажам дека доаѓаме, или да потенцирам, до парадоксот на современото време, на денешното време. Значи, од една страна, човештвото никогаш немало толку развиени правни инструменти посветени на човековите права, веќе ги наведов, конвенции, судови, механизми за надзор, стандарди. Но, од друга страна, соочени сме со растечки конфликти со бегалци, со раселени лица, со жртви на масовни повреди, расте овој број. Само еден драматичен податок: над сто милиони луѓе во светот живеат надвор од своите домови, не по сопствена желба туку поради прогон, војни, насилство и системски повреди на нивните права. Ова не е само статистика, тоа е еден обвинителен акт, ако можам таква синтагма да употребам, за колективната совест или за совеста на човештвото. Затоа денеска, кога зборуваме за човековите права, не смееме да се задоволиме со формулата дека „има многу или има повеќе механизми, па затоа состојбата е подобра“. Не. Потребна ни е сериозна објективна анализа, а не само реторика. Мислам дека повредите на човековите права тука во мојот дом никогаш не биле третирани како прашање на квантитет, дали има „повеќе“ или „помалку“, секогаш овде сме зборувале за суштината или за квалитетот. Исто така, на оваа линија, нешто што веќе деканот и колегата го спомена, факт е дека традиционалните форми на репресија од типот затворање политички противници, забрана на печат, груба цензура... денес се надополнети со многу нови, за жал, во негативна смисла креативни решенија. На пример, далеку пософистицирани закани под наводници, веќе беше споменато масовно дигитално надгледување, профилирање преку алгоритми, говор на омраза и информации во онлајн просторот, злоупотреба на big data, климатската неправда којашто ги погодува, за жал, најранливите заедници. Во исто време, веќе беше споменато дека климатската криза не е само и единствено еколошко прашање; таа е прашање на правото на живот, прашање на правото на здравје, правото на дом, па ако сакате и правото на развој. Зошто вака мислам? Кога цели заедници стануваат климатски бегалци, кога земјоделците ги губат изворите на егзистенцијата, кога загадувањето директно го скратува нашиот животен век, тогаш зборуваме за повреда на основните човекови права, а не само за „проблем на животната средина“. Современите војни го заоструваат овој контекст понекогаш до степен на бизарност. Разурнатите украински градови, страдањата на цивилите на Блискиот Исток, понекогаш велам сликите ко Герника на Пикасо, кризите во Судан, во Мјанмар, бројни други жаришта, јасно покажуваат колку брзо се урнисуваат до степен на негирање основните човекови права, зошто никогаш никој, а особено не овде не гледа на војната како „нова нормалност“, туку на ненормалност на нешто е срам на човештвото бидејќи овде студентите со децении јас и останатите не само од катедрата по уставно право, сите други, сме ги учеле, сме ги заведувале со Кант, со тезите за траен мир, за крај на светот на Тукидит и на Макијавели, за повеќе правда, право и морал и етика наместо само голата реалност, но реалноста е поинаква. И колегите мои од катедрата за меѓународно право, меѓународни односи потсетуваме на Женевските конвенции, на разликите меѓу борци и цивили, на забраната на тортурата секогаш и за време на војна, заштитата на децата, бидејќи сиве овие се хартиени гаранции, искинати во грдата реалност ако нема епилог, ако нема заштита, ако нема санкција. Во многу современи конфликти, цивилите за жал, жените и децата се првите на ударот, а раселувањето станало грда и долгорочна реалност, а не привремена состојба како што понекогаш се предаваше и се учеше. Дури и самиот, се разбира знаеме ние овде особено, моите колешки и колеги од катедрата по меѓународно право за еволуцијата на концептот на самиот поим „човекови права“. Да, порано ние зборувавме за генерации, за прва, за втора, за трета генерација. Денеска зборуваме значи за дигитални права, денеска зборуваме за нужност од заштита на личните податоци од нашето јас, денеска зборуваме за право на транспарентни алгоритми, денеска зборуваме за потреба насушна од алгоритамската дискриминација, денеска зборуваме за пристап до интернетот како предуслов за користење на низа други права. Сакам да кажам дека развојот на човековите права не е статичен и тие, човековите права не се список од 1948 година, туку како што веќе деканот посочи, еден систем, жив систем, динамичен систем, систем во развој којшто мора да соодветствува, за жал, на системот на нови ризици и на нови технологии коишто се употребуваат односно се злоупотребуваат. Се уште, за мене, тоа го потенцирав и лани и годинава во Генералното собрание, Обединетите нации уживаат легитимитет и остануваат централен дом на државите и нациите, потпрен на Советот за човекови права, високиот комесар, специјалните известувачи или многубројните договорни тела. Но, истовремено, понекогаш, не заради цинизам, велам дека, тоа му го кажав и на генералниот секретар, ОН почнуваат напати да наликуваат на Лигата на народите кога се соочи со проблемот од исчезнување. Зошто? Под товарот на геополитичките поделби, а не на мултилатерализмот, под товарот на селективната примена на правото, под товарот на одлучувањето во Советот за безбедност преку употребата на ветото кадешто редовно реалистите ги победуваат идеалистите. Идеалисти за мене не се утописти. Идеалисти се оние кои говорат за политика втемелена и врамена во границите на правото. Колкупати сме рекле rule of law instead rule of men. Ама, проблем имаме со овој повик. Значи, имам впечаток кога ги гледам Обединетите нации дека се работи за еден сè уште актуелен џин којшто напати или најчесто е немоќен. Се уште е тоа важна институција и за мене, само таму може да се решава за крајот на војната и за воспоставувањето на мирот со активност на Генералното собрание како дом на сите. Значи, се уште се работи за институција со огромен потенцијал, меѓутоа ограничена во дејствувањето. Од кого? Од најмоќните и од нивните политички пресметки, калкулации. Бидејќи искрено, најголем дел од иницијативите во ОН доаѓале од малите и од средните држави и затоа јас велам дека заедно тие би можеле да ги надгласаат понекогаш најможните, но тогаш Советот за безбедност секогаш стапува на сцената со својот завршен збор. Во европски контекст, иако очекувам колегата да зборува за тоа повеќе, Европскиот суд за човекови права во Стразбур е чуварот на Европската конвенција за човековите права и на некаков начин коректор на праксата на националните судови. И за мене пресудите од Стразбур не се академска правно-логична вежба, туку треба да бидат упатени и сериозно прифатени и сфатени од членките на Советот на Европа, дури си мислам дека треба да се воспостави пракса на закана на исклучување од Советот на Европа на оние кои не ги почитуваат пресудите од Стразбур, оти каква е таа пресуда што не се почитува, а бидејќи и Европската унија ја потпиша Конвенцијата за човековите права, истото важи и за нејзините членки. Во спротивно ние имаме уште една парадна или декларативна, декоративна институција. Значи, пресудите треба да бидат нешто на што се повикуваат судови во Европа, па дури и некои што не пристапиле, тоа го мислам и за нашите судови и тие треба да водат кон промена на законите што се однесуваат на тортура, на слобода на изразување, на дискриминација, на изборни права, на медиумски слободи, на права на ЛГБТИ лица, бегалците, на азилантите, на сите. Е, сега, да, со протоколи може да се апдејтира Конвенцијата бидејќи во времето кога е донесена на друг начин биле перцепирани човековите права. Но, затоа ја имаме пак, Повелбата за фундаментални права на Европската унија. Тоа е еден модерен инструмент којшто, исто така, мислам дека треба да се применува и да се важи не само во однос на проблемите врзани за членките на Европската унија, туку и на членките на Европската унија и на другите држави и граѓаните од другите држави. Таму каде што националните механизми се немоќни или се под притисок, за мене Стразбур останува последната инстанца за заштита. Ама, и овој систем не е имун на криза. Каде ја гледам кризата? Во огромниот број предмети што зборува за проблемот со правораздавањето на национално ниво, понатаму сè уште сложените постапки, понатаму неизвршувањето или одолговлекувањето во извршувањето на пресудите, или отпорот на државата кога за нив пресудата е не е „политички удобна“, комфорна или е несоодветна и тоа се толерира што е парадоксално особено за луѓе од Правниот факултет. Значи, денес мора да зборуваме не само за потребата од меѓународни органи, туку и за реалната имплементација на одлуките на релевантните органи и пресуди, на пример на Меѓународниот кривичен суд, како и на реалната отчетност и политичката волја, најупотребуваната синтагма денеска за нивно спроведување. Почитувани колешки, колеги, студенти, особено и студентки, За државите што претендираат на членство во Европската Унија, човековите права не смеат да бидат декоративна реторика, туку суштински услов. Секоја реформа врзана за Копенхашките критериуми всушност мора да ја анализираме низ призма на главното: владеење на правото и на човековите права оти без уживање на основните човекови права ние имаме проблем со очовечувањето оти тоа е дел од нашата, реков генеричка суштина. Значи, јасно Копенхашките критериуми бараат стабилни институции кои ќе гарантираат демократија, владеење на право, човекови права вклучувајќи ја и заштита на малцинствата. Оваа не е политички „совет“ или препорака, туку е правно-политичка обврска, должност. Ова важи и за нас. Тоа значи дека реформите во судството, борбата против корупцијата, не знам дали ги видовте последните шокантни резултати на Евробарометар за перцепцијата на граѓаните и во членките на Европската Унија што е над 65% кои сметаат дека корупцијата и криминалот се најголемиот проблем, заштитата, велам, на медиумските слободи оти тие се чуварот, тие се гласникот на она што не е добро, унапредувањето, многу важно, на положбата на ранливите групи бидејќи, да, ние имаме една темелна вредност која се вика хуманизам и солидарност целосно заборавена, ние кога зборуваме за правична и соодветна застапеност мислиме само на етничката основа, ама мене ми се чини дека мора да најдеме механизам тоа да се однесува особено на лицата, несоодветен е изразот со попреченост бидејќи државата е попречена што не препознава лица кои на поинаков начин ги изразуваат своите способности. Не смееме да се откажуваме од тоа знаење, од таа енергија, од таа убавина, од таа креативност. Ова важи најмногу , да бидам искрена, за жените. И еве јас ќе си дозволам бидејќи каде и да одам овие 2 години велам дека реформата на ОН почнува со жена генерален секретар, ама почитувани колешки и колеги, немам одговор, не гледам причина како можело на толку умни професорки овде сè уште да немаме жена декан. Значи сево ова е важен услов за европска перспектива и за валидна европска ориентација. Човековите права не биле и не смеат да бидат „проекција“ што нè води кон Брисел, не, туку домашен, јас велам, документарен филм за едно пристојно општество и институции вклучувајќи ја и оваа во која се почитуваат правата. Една држава нема да стане модерна со хармонизацијата на акито, туку ќе стане модерна кога граѓаните веруваат и гледаат од сопственото искуство дека правдата е достапна, дека судството е независно, дека администрацијата е професионална, дека дискриминацијата е недопустлива, и дека не се работи за нешто не на хартија, туку во животот. Затоа, сакам да посочам неколку насоки. Прво, правната држава вклучувајќи ја и нашава не се изразува и манифестира само низ бројот на законите, туку на нивното еднакво важење за сите: не само за најмоќните, туку и за најслабите. Кога постои селективна правда и кога корупцијата останува неказнета, кога судските постапки траат предолго, човековите права се „хартиени права“. Понатаму, веќе беше споменато. Второ, технологијата и вештачката интелигенција денеска отворија многу непознати и бројни фронтови. Без јасни правила за дигитална приватност, за дигитална писменост, за ограничување ефективно на масовното следење, опасноста од следење, влегување во приватниот живот, понатаму транспарентноста на алгоритмите, ризикуваме да се соочиме со нови форми на дискриминација и контрола, кои се не само еднакво, туку се поопасни од класичните форми на репресија. И денеска беше споменато, климатските промени мора да влезат во нашата правна мисла, во нашето правно размислување, во нашиот правен резон бидејќи директно се однесуваат на човековите права. Имено, правото на здрава животна средина, на чист воздух, на вода, на одржлив развој, далеку е од тоа да се третира како луксуз за богатите општества, тоа е предуслов за достоинствен живот на секој од нас. И четврто, најважното, младите. Фразата дека на младите им припаѓа иднината длабоко треба да се преиспита, јас затоа честопати велам не бегајте, имаше една чувена песна: Останете овде!, којашто сега можеби не знам, звучи излитено, меѓутоа не заминувајте. Вашата енергија извира од овде и може да достигне највисоки дострели тука. Немојте да дозволувате потпросечните, просечните да ги заземаат клучните функции, мора да се борите за тоа. Не може ние да дозволуваме егзодус на најумните, најквалификуваните, најкомпетентните, не може никој без нив да ја крене земјава од пепел како Феникс, тоа не. Со незнаење никој не се кренал како феникс. Не. Во знаењето е моќта и затоа таму треба да инвестираме. Затоа јас велам има мали и големи држави само во поглед на науката, во поглед на образованието, во поглед на културата, во поглед на спортот. Таму нема мали и големи. Иднината на човековите права не се решава во работилници, во конференциски сали, туку во одговорот на прашањето: Дали вие младите ќе останете пасивни набљудувачи или активни учесници не само во граѓанските организации, во локалните иницијативи, во медиумите, туку во сите институции вклучувајќи ја и оваа. Ме бендисува праксата во некои држави кадешто уште од градинка, од основно училиште, во оној систем на самоевалуација ги прашуваат што мислат за учителката, за воспитачката и тие можат да одговорат, не е добра, добра, нè сака, нè почитува за да ги научиме на слободно изразување на мислењето. Во тие евалуации она што јас доживотно ќе го паметам, не тоа што ме бирале за најинспиративен професор, туку за изјава на едно момче кое рече јас поинаку мислев од неа и се спротивставив на нејзиниот став, ама добив 10-ка бидејќи професорката ми рече дека мене не ме интересира меморирањето, туку ставот. Ако имате став, тогаш тоа е за почит иако е различен од мојот и мислам дека така треба да ги учиме. Така сум се однесувала јас со моите соработнички и соработници, ги гледам овде и сум велела кога ќе си заминам ако оставам подобри од мене, тогаш сум била најуспешната. Ако за новите генерации заради наша вина, ама и заради нивна недоволна храброст понекогаш, демократијата остане „театар“, а не простор за реално учество и одлучување, субверзивно учество понекогаш, е овде тоа го покажувале натпреварите за време на Ораторската вечер, бидејќи биле бирани за најдобри оние што биле најкритички, сега да бидам искрена и се надевам дека ја негувате и ја продолжувате таа традиција, тогаш и најсовршените правни механизми се само форма. Да не подлегнуваме, исто така сакам да кажам на цинизмот кој честопати го читам, дури и понекогаш во науката, дека човековите права се „изморена“ и потрошена идеја. Напротив, тие се секогаш во трансформација: од времето кога правото требаше да ја ограничи апсолутната власт секаде , односно апсолутниот монархот, до денес, кога правото мора да ги штити луѓето и граѓаните од кого? Од државата, од државната власт, но и од корпорациите, но и од алгоритмите, но и од климатските закани. Значи на овој ден, на Меѓународниот ден на човековите права не е доволно само да се навраќаме на Декларацијата. Потребно е тешки прашања да си поставиме и да се соочиме со нив: ‒ Дали нашите институции навистина гарантираат правичност, еднаквост и достоинство или само формално ламентираат со вокабулар што ги опишува и набројува? ‒ Дали нашето судство има сила да каже „не“ кога политиката вели „да“? ‒ Дали медиумите имаат простор да истражуваат на пример корупција без страв и колку истражувачки новинари го прават тоа? ‒ Дали ранливите групи: сиромашните, лицата со попреченост, малцинствата, бегалците... се видливи во нашите политики или се само лоцирани на маргините? Немам јас едноставен одговор на ова. Не постои ни едноставна вистина, но едно знам дека без независно судство, без транспарентни и одговорни институции, без активно граѓанско општество, но и без храбри поединци кои се подготвени да говорат и проговорат против неправда, кршење на човекови права, овие човекови права нема да останат љубовна поезија, ама нема да бидат реалност. Завршувам. Можеби, како личи на еден правник на привремена работа во политика, правничка, меѓутоа мислам дека е човечка констатација: Човековите права секогаш се резултат на секојдневната борба, на постојана борба и на институционалната храброст и на она што е најважно граѓанската совест. Секое поколение, секоја генерација вклучувајќи ја и вашата мора одново да ги освојува, мора одново да ги брани, мора одново да ги толкува низ призма на новите предизвици. Нашата обврска, како правници, како професори, како граѓани и да, како политичари е да не дозволиме тие да се претворат во „правна фолклорна традиција“, туку како што рече деканот да останат живи, делотворни и достапни за секој човек, ама најмногу за оние што немаат глас или тивко зборуваат или нема кој да ги чуе. Ако ова не го постигнеме, тогаш 10 декември нема да биде само комеморација, значи ако ова го постигнеме, нема да биде само редовна комеморација, туку доказ дека правото, совеста и достоинството сè уште чекорат заедно, ама со нас и со вас. Ви благодарам.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваСреде ММА борба ѝ испаднале градите, од тоа заработи богатство на OnlyFans (ВИДЕО)Мексиканската ММА борачка Лусеро Акоста (32) имаше инцидент за време на борбата против Канаѓанката Шенон Кларк на настанот од Лигата на професионални борци (PFL) одржан на 16 октомври во Чикаго. За време на третата рунда, нејзиниот спортски градник се помести, оставајќи ги нејзините гради накратко изложени на телевизиските камери. Видеото стана вирално на социјалните мрежи, а Акоста по борбата објави дека инцидентот ѝ донел дополнителен приход на OnlyFans. Акоста, позната по прекарот Ла Лоба, го имаше своето деби за организацијата PFL во Чикаго. Таа добро ја отвори борбата, но Кларк постепено ја презеде контролата. Во третата рунда, Канаѓанката ја собори противничката и почна да ја удира додека лежеше на подот. За време на таа размена на удари, горниот дел од спортската опрема на Акоста се исфрли, оставајќи ја едната нејзина града изложена. Боречката ја продолжи борбата, но судијата ја запре по една минута и 59 секунди од третата рунда, а победата ѝ беше доделена на Кларк со технички нокаут. View this post on Instagram A post shared by Loba Acosta | Pro Fighter (@loba_acosta_) Таа откри дека инцидентот ѝ донел профит По борбата, Акоста се огласи на Инстаграм и објасни дека поради снимката што се прошири на интернет, интересот за нејзиниот профил на платформата OnlyFans, каде што објавува содржина за претплатници, се зголемил. „Дополнителна заработка на OnlyFans затоа што моите брадавици беа видливи за време на преносот во живо на PFL. Слатко. Официјален спонзор“, напиша мексиканската борачка. Во друга објава, таа ја наведе и бројката од 500.000, за која американските медиуми претпоставуваат дека се однесува на долари, или приближно 446.000 евра. Сепак, Акоста не објасни дали таа сума претставува вкупна заработка, дополнителен приход од претплатници или нешто друго. Таа дури и не понуди доказ за плаќање, па затоа наведената сума сè уште не е независно потврдена. View this post on Instagram A post shared by Loba Acosta | Pro Fighter (@loba_acosta_) Таа има повеќе од 500 илјади следбеници Пред да дојде во PFL, Акоста настапуваше во организацијата Combate Global, каде што стана препознатлива по својот агресивен начин на борба. Пред поразот од Кларк, таа имаше четири победи по ред помеѓу септември 2022 и април 2025 година. Поразот во Чикаго беше нејзин трет во професионалната кариера и прв со технички нокаут. Нејзиниот моментален сооднос е шест победи и три порази, додека Кларк со оваа победа достигна сооднос од 9:1. Мексиканката е популарна и надвор од ММА спортот. Таа има повеќе од 500.000 следбеници на Инстаграм, а претходно привлече внимание со видеа од подводен тренинг во бикини. Таа го користи OnlyFans како дополнителен извор на приход, а по последната борба тврди дека бројот на претплатници ѝ значително пораснал.Тагови: гради ММА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветФентанил не веќе единствен проблем- на улиците на САД се појави нова опасна дрога Нов бран на синтетички дроги ја продлабочува кризата со зависност во Соединетите Американски Држави, каде што на пазарот се појавуваат сè поопасни мешавини од психоактивни супстанции .Нов бран на синтетички дроги ја продлабочува кризата со зависност во Соединетите Американски Држави, каде што на пазарот се појавуваат сè поопасни мешавини од психоактивни супстанции кои го зголемуваат ризикот од фатални предозирања, објавува Би-Би-Си. Иако бројот на смртни случаи од предозирање во САД се намали од врвот од околу 110.000 во 2022 година на околу 70.000 минатата година, експертите предупредуваат дека кризата не е завршена, туку се менува поради зголемената преваленца на синтетички опиоиди и други хемиски супстанции. Тие не знаат кои супстанции ги земаат Фентанилот, синтетички опиоид кој е помеѓу 50 и 100 пати посилен од хероинот, често се меша со други супстанции, вклучувајќи синтетички седативи како што се ксилазин и медетомидин. Ваквите комбинации го отежнуваат уште повеќе лекувањето на предозирањата, бидејќи налоксонот, лек што се користи за враќање на ефектите на опиоидите, не делува на овие седативи. Според Би-Би-Си, последиците се особено видливи во градови како што се Колумбус, Охајо, и Чикаго, Илиноис, каде што корисниците на дрога честопати не знаат кои супстанции всушност ги земаат. Скот Сандерс, кој раководи со организација за поддршка на луѓе кои се опоравуваат од зависност во Колумбус, рече дека проблемот се проширил и на корисниците на стимуланси, вклучувајќи крек кокаин, кој може да се меша со фентанил без нивно знаење. Тој рече дека во округот Франклин, каде што се наоѓа Колумбус, 78 проценти од смртните случаи од предозирање во изминатите 12 месеци биле поврзани со стимуланси. Дополнителен предизвик за безбедносните служби Експертите, исто така, предупредуваат за појава на рани и сериозни оштетувања на кожата поврзани со употребата на ксилазин, додека комбинирањето на повеќе синтетички супстанции ја зголемува непредвидливоста на нивните ефекти. Новите начини за шверцување дрога претставуваат дополнителен предизвик за безбедносните служби. Затворот во округот Кук во Чикаго, еден од најголемите во Соединетите Американски Држави, забележа скок на смртните случаи во 2023 година поврзани со синтетички дроги доставени до затворениците вградени во страниците на книгите и писмата. Шерифот на округот Кук, Том Дарт, изјави дека затворските службеници морале да ги променат безбедносните процедури, а сега и да ја проверуваат поштата за влага за да откријат хартија натопена во недозволени супстанции. Дарт верува дека проблемот не може да се реши само со полициски мерки и пресретнување на поштата, туку дека е потребна многу поголема инвестиција во програми за лекување на зависност и закрепнување. Според него, ширењето на синтетичките дроги го отежнува уште повеќе справувањето со шверцот, бидејќи некои супстанции можат да се произведуваат во импровизирани лаборатории, без потреба од традиционални синџири на снабдување. Снабдувањето со дрога постојано се менува Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги прогласи нарко-картелите за „терористи“ и ја означи дрогата фентанил, моќен синтетички опиоид, како „оружје за масовно уништување“. Сепак, снабдувањето со дрога се менува и постојано се дизајнираат нови смртоносни синтетички лекови, вклучувајќи моќен седатив за животни познат на улица како „транк“. Би-Би-Си известува дека кризата со дрогата во САД се променила во текот на децениите, од хероин и опиоиди на рецепт до фентанил и нови синтетички соединенија, додека експертите предупредуваат дека непредвидливиот состав на уличните дроги претставува зголемен ризик за корисниците. Покрај борбата против шверцот, организациите што работат со зависници ја нагласуваат важноста на достапниот третман, програмите за превенција и тестирањето за дрога, со цел да се намали бројот на предозирања и да се спасат животи.Тагови: дрога фентанил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветГолем глад во Авганистан- погодени се 20 милиони луѓе Се очекува речиси 19,2 милиони луѓе во Авганистан да се соочат со акутна несигурност во исхраната оваа зима поради недостаток на средства, предупреди Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA).Помеѓу септември и октомври, 15,9 милиони луѓе, или речиси еден од тројца Авганистанци, се соочуваат со акутна несигурност во исхраната на кризно ниво или полошо, изјави Олга Черевко, портпаролка на OCHA во Авганистан, за новинарите во Женева. Оваа зима, рече таа, пет милиони луѓе би можеле да се соочат со вонредни нивоа на глад. „Се очекува повеќе од четири милиони деца на возраст од шест месеци до пет години да имаат потреба од третман за акутна неухранетост следната година, вклучувајќи речиси 1,1 милион деца со акутна неухранетост“, рече таа. 20 милиони луѓе се изложени на ризик Околу една третина од центрите за исхрана се затворени или прекинати со работа, делумно поради намалување на средствата. „Кога овие услуги ќе исчезнат, последиците можат да бидат неповратни, особено за децата“, предупреди Черевко. И покрај подобрите врнежи од дожд и зголеменото земјоделско производство, милиони луѓе сè уште не можат да си дозволат храна, а годините конфликт, суша и економски тешкотии ја ослабнаа способноста на семејствата да се справат со кризата, рече таа. „Но, една добра жетва по неколку години суша не може да ја поправи штетата“, додаде таа. Черевко, исто така, предупреди дека ограничувањата наметнати врз жените и девојчињата ја влошуваат кризата, повикувајќи се на проценките на УНИЦЕФ дека Авганистан би можел да изгуби до 20.000 наставнички и 5.400 здравствени работници до 2030 година ако продолжат сегашните ограничувања. Таа повика на итна хуманитарна помош пред зимата, со континуирани инвестиции во земјоделството, вработувањето, здравствената заштита и економските можности за жените.Тагови: Авганистан глад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВелешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50