МакедонијаСиљановска Давкова: Македонскиот јазик има повеќе говорители во дијаспората отколку дома Македонскиот јазик има повеќе говорители во дијаспората отколку во татковината, ние мораме да го заштитиме.Поради масовното иселување на младите, во моментов македонскиот јазик има повеќе говорители во дијаспората, отколку во татковината. Јазикот мораме да го заштитиме со доследно почитување на уставната норма, но и во дигиталната ера за да биде достапен за дијаспората и за идните поколенија, напомена претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Претседателката денеска е покровителка на Свечена академија по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, што се одржува во МАНУ. -Сведоци сме на намалување на користење на јазикот во службена употреба во државата. Во право беше Петре М Андреевски кога предупреди дека јазикот може да биде загрозен и од неговите говорители, потенцирајќи дека независно дали тоа се прави од незнаење или од негрижа. Предавството на јазикот е предавство и на сопствените родители и на сопствените деца. А многу наши деца си заминуваат во странство, рече Сиљановска Давкова. Како што напомена, поради масовното иселување на младите, во моментов македонскиот јазик има повеќе говорители во дијаспората, отколку во татковината. -Според УНЕСКО, околу три илјади јазици се соочуваат со опасноста да исчезнат до крајот на овој век, односно по еден јазик може да згасне на секои две недели. Ние не смееме да дозволиме таква судбина да го снајде македонскиот јазик. Мора да направиме се, за да го заштитиме, појасни претседателката. Според неа, тоа може да го направиме на три начини. Со доследно почитување на уставната норма според која што службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Сиљановска Давкова потенцираше дека мора да се инсистира на употребата на македонскиот јазик во службената комуникација на сите нивоа, во сите институции во државата. -Исто така, јазикот можеме да го заштитиме со дигитализацијата. Само преку дигитализација на македонското творештво, ќе успееме да го пренесеме македонскиот јазик и во дигиталната ера за да биде достапен за дијаспората и за идните поколенија, додаде претседателката. На настанот свое обраќање имаат и претседателот на МАНУ Живко Попов, министерката за образование и наука Весна Јаневска, министерот за култура и туризам Зоран Љутков и претседателката на Советот за македонски јазик Симона Груевска-Маџоска.Тагови: МАНУ Сиљановска Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗеленски: „Путин, дали прифаќаш?“Зеленски изјави дека сега е ред на Русија да одговори на предлогот.Украина е подготвена да учествува во технички трилатерални преговори со САД и Русија – кои би можеле да се одржат до крајот на октомври во Обединетите Арапски Емирати или во друга земја предложена од Вашингтон – изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Обраќајќи им се на новинарите во Киев заедно со германскиот канцелар Фридрих Мерц, Зеленски – како што пренесува „Укринформ“ – изјави дека сега е ред на Русија да одговори на предлогот. „Американската страна стапи во контакт со Украина и Русија, предлагајќи да се одржи средба во некаква форма на техничко ниво, во трилатерален формат, до крајот на октомври. Вчера им потврдив дека сме отворени за учество во Емиратите или во друга земја предложена од американската страна“, рече Зеленски. Според него, Вашингтон сега го пренел овој предлог на Москва, која треба да го изнесе својот став. „Позитивно одговараме на преговорите“, рече Зеленски. Зеленски претходно објави дека Соединетите Држави предложиле подготовка на трилатерална средба со учество на Украина, САД и Русија на техничко ниво.Тагови: Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамКлучна одлука за автомобилите во ЕУ: Брисел дефинира кој може да ја носи ознаката „Made in Europe “Европската унија утврдува што се смета за европски автомобил или компонента.Во Европската унија се водат важни дискусии за идните критериуми за ознаката „ Made in Europe “, одлуката што ќе произлезе од нив би можела значително да влијае врз автомобилската индустрија и конкуренцијата од Кина. Се разгледуваат правила што би им дале предност на европските производи во јавните набавки и во програмите за државна поддршка за стратешките сектори. Клучно прашање е прецизното дефинирање на тоа кога еден автомобил или негова компонента се квалификуваат како европски производ. Исто така, од особена важност е да се утврдат условите под кои производите и деловите од трети земји би можеле да го добијат истиот статус, пренесува „Revija HAK“. Според информативниот портал „Contexte“, предвидено е „Coreper I“ – Комитетот на постојани претставници на земјите-членки на ЕУ – да расправа за оваа тема на 7 октомври. ЕУ се соочува со дилема: правилата треба да го поттикнат производството во рамките на Унијата без притоа да ги загрозат меѓународните синџири на снабдување или обврските кон трговските партнери. Последиците за купувачите на автомобили остануваат нејасни. Поширока дефиниција за „ Made in Europe “ би им овозможила на автомобилите со поголем удел на компоненти од партнерски земји да го задржат пристапот до европските програми за поддршка и договорите за јавни набавки. Од друга страна, построгите правила дополнително би го фаворизирале производството лоцирано во ЕУ. Конечната одлука би можела да има долгорочни последици врз потеклото, достапноста и цената на автомобилите што се продаваат на европскиот пазар. Извор: Б92Тагови: автомобили ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВучиќ во кампања за предвремените парламентарни избори на 25 октомвриВучиќ –кој е носителот на листата „Александар Вучиќ – обединета Србија“ изјавил дека во Загреб, Подгорица, Сараево и Приштина со голем жар посакуваат соборување и промена на актуелната власт во Србија.Албин Курти и Мило Ѓукановиќ до Андреј Пленковиќ, сите сакаат соборување на власта во Србија. А дали тие сакаат нешто добро за Србија?“, прашал Вучиќ. На предизборниот собир тој кажал и дека некој однадвор ја отрул атмосферата во земјата, сакајќи да ја промени политиката на Србија, пред се на меѓународно ниво.Тагови: Александар Вучиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook