За шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачите
2За шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачите
МакедонијаСиљановска -Давкова : Македонија неправедно е блокирана на евроинтергативниот пат Граѓаните на Македонија се разочарани и уморни од континуираните блокоди на нашиот евроинтегративен пат.Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свеченото отворањето на Меѓународната конференција на Паневропската унија на Македонија, што се одржа во претседателскиот Кабинет во присуство на бројни дипломатски претставници и странски гости. Говорејќи меѓу раскошните мозаици на Глигор Чемерски коишто сведочат за историски вкоренетиот македонски удел во европската култура и цивилизација, Сиљановска-Давкова истакна дека како што секое камче е неопходно за стабилноста на мозаикот, така и Западниот Балкан е неопходен дел од европската целина, без кој ЕУ останува ранлива во услови на геополитички предизвици, војни и хибридни закани. Во обраќањето таа потсети на визијата на Рихард Куденхоф-Калерги за обединета Европа изградена врз вредности, како и на заложбите на Ото фон Хабсбург за надминување на поделбите и интеграција на народите од Централна, Источна и Југоисточна Европа. Претседателката укажа дека денес постојат нови, политички бариери што ја држат земјата во состојба на продолжена неизвесност и покрај децениските реформи и направените тешки компромиси. Според неа, македонските граѓани одамна ја покажале својата цврста определба за европската иднина и не им се потребни сожалувања и post-festum извинувања, туку навремени, ex-ante решенија за деблокада на евроинтеграцијата. Таа повика на обновена политичка волја и лидерство што ќе го заокружи процесот на проширување. На свеченото отворање на конференцијата се обратија: претседателот на Паневропската унија на Македонија, Андреј Лепавцов, претседателот на Меѓународната паневропска унија, Паво Баришиќ, австрискиот амбасадор, Мартин Памер и Штефан Хабек претставник од Паневропската унија на Австрија и Институтот на регионите на Европа. Паневропската унија на Македонија е формирана 1993 година и се залага за промоција на европските вредности и меѓународно лобирање за интеграција на државата во Европската Унија. Во прилог е интегралното обраќање на претседателката Сиљановска-Давкова. „Ми претставува големо задоволство да ви посакам добредојде во мојот претседателски кабинет. Им благодарам на Паневропската унија на Македонија и на Австрија, на фондацијата „Ото фон Хабсбург“ и на Институтот на регионите на Европа од Салцбург за организирањето на оваа меѓународна конференција посветена на европската иднина на земјите од Западен Балкан. Вечерва сме собрани меѓу раскошните мозаици на врвниот македонски уметник Глигор Чемерски. Мозаиците сведочат за македонскиот удел во европската култура и цивилизација, од неолитските прапочетоци, преку античката и ранохристијанската епоха, па сè до средновековните подвизи на словенските просветители, Светите Кирил и Методиј и нивните ученици Климент и Наум Охридски. Секое камче од мозаикот нема само естетска, туку и структурна функција. Без едно камче, мозаикот не само што е нецелосен, туку станува и нестабилен. Ако извадите едно камче и другите ќе почнат да се одвојуваат, а мозаикот ќе почне полека да се фрагментира. Мојата земја, заедно со Западен Балкан, се делот којшто недостасува во европскиот мозаик. Без нас не само што Европската Унија не е целосна, туку е и ранлива, изложена на ризици. Тоа го видовме за време на мигрантската криза, а сега го гледаме со војната во Украина и со хибридните закани со коишто се соочува нашиот континент. Паневропското движење е дело на најголемиот европски мозаичар, идејниот автор на европската реунификација, Рихард Куденхоф-Калерги. Како визионер, тој зборувал за Соединети Европски Држави во време кога Европа сè уште била само географија и верувал дека континентот не може да биде обединет со деструктивната сила на оружјето, туку со привлечната сила на вредностите. Од редовите на неговото паневропско движење произлегоа некои од татковците на Европа, Аденауер, Моне, Шуман, Де Гаспери, коишто создавајќи ги европските организации и институции, го градеа европскиот мировен проект. За време на Студената војна, Ото фон Хабсбург го продолжи делото на Калерги. Како долгогодишен европратеник, Фон Хабсбург се здобил со прекарот „господин Европа ̶ Mr. Europe“, поради неговото противење на вештачката идеолошка поделба на континентот и на неговите напори да ја сруши Железната завеса и да ги интегрира народите од Централна, Источна и Југоисточна Европа во заедничкиот европски дом. Притоа, неговата битка не била само против физичките, туку и против менталните бариери во свеста на европските политички елити коишто се помириле со Јалта. Како член на парламентарниот комитет за надворешна политика, Фон Хабсбург издејствувал во Европскиот парламент да има „празно столче“ за секоја од земјите од источниот блок како потсетување дека нивното место е во обединета Европа. Доживувајќи длабока старост, тој дочека да види многу од тие празни столчиња пополнети. Но, не сите. Во повеќе наврати, како голем македонски пријател, Фон Хабсбург јасно истакнуваше дека, цитирам, „Европа нема да биде целосна без Македонија во неа“ и дека една од неговите желби е да ја види нашава земја во Европската Унија. Денес, за жал, мојата земја сè уште е заложник на историски наративи и на идентитетски негирања што одат спротивно на европскиот дух. Околу нас како да се подига нова „Железна завеса“ од протоколи и од услови какви што не се барале од ниту една друга земја кандидат за членство, и коишто се спротивни на фундаменталните принципи и конститутивните документи на Европската Унија. Како што забележа и поранешниот претседател на Меѓународната паневропска унија, господинот Ален Тереноар, забавеното проширување ги остава земјите од Југоисточна Европа во „неоправдана состојба на неизвесност“ и ја поткопува регионалната и европската безбедност. Ценети присутни, Минатата недела, на Минхенската безбедносна конференција, високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, г-ѓа Калас, ја бранеше идејата за интеграција на Украина велејќи дека „проширувањето секогаш е геополитичка одлука. Иако процесот е втемелен врз заслуги и треба да се направат многу реформи, сепак, геополитичкиот фактор е клучен при носењето на одлуката“. На тоа се надоврза мојот ценет колега од Латвија, претседателот Ринкиевич, којшто истакна дека Унијата мора да го сврти погледот кон Западен Балкан бидејќи ЕУ го изгубила целиот кредибилитет во нашиот регион. Тој потсети дека за возврат на реформите и компромисите, вклучително и промената на името на нашата држава, ни биле ветувани многу нешта, коишто останаа неисполнети. Следното проширување треба да биде најголемото проширување, но под различни правила. Иако земјите на Западен Балкан се опкружени со земји членки на ЕУ, тоа не значи дека се заштитени од обиди за влијанија од трети центри на моќ. Неодамна, дури и Френсис Фукујама оцени дека светот не се движи кон стабилен поредок, туку кон нестабилна распределба на сфери на влијание. Според него, Западен Балкан, којшто честопати е третиран како периферија, во вакви услови станува тест-зона за судирот на интересите. Европската Унија може да биде стабилизирачки фактор, но само ако ја надмине сопствената институционална парализа. Без поцврста и поодлучна Европска Унија, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ. Нашата порака е јасна. Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија. Нашите ранливи точки се ранливи точки на Европа. Особено по војната во Украина, ЕУ не може сериозно да тврди дека се бори против хибридните закани и надворешното мешање, оставајќи го Западен Балкан надвор. Ако Европската Унија сака да биде геополитичка унија, не смее да го остави Западен Балкан во геополитички вакуум. Почитувани присутни, Во едно мое неодамнешно предавање пред студентите на Универзитетот „Колумбија“, укажав дека европската интеграција на мојата земја и на Западен Балкан наликува на драмата на апсурдот „чекајќи го Годо“. Тоа чекање трае предолго. Оваа 2026-та славиме 35 години независност. Зад нас имаме 25 години од Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ, 21 година од кандидатскиот статус, голем број позитивни извештаи и препораки за почеток на преговорите, висок степен на хармонизација со европското законодавство и сто процентна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ. Да не зборувам за тешките компромиси коишто ги направивме како држава, надвор од Копенхагенските критериуми, вклучително и последната наша понуда за уставни измени коишто би стапиле на сила со нашето членство во Европската Унија. Па, сепак, ни се вели дека тоа не е доволно. Уморени сме да ги слушаме извинувањата на поранешните европски функционери и политичари за тоа колку неправедно се постапувало кон нас во нивно време. На македонските граѓани не им се потребни сожалувања и post-festum извинувања, туку навремени, ex-ante решенија за деблокада на нашата евроинтеграција. Македонските граѓани одамна заслужија да бидат и европски граѓани. Само така и Унијата ќе си ја исчисти совеста кон македонските граѓани и кон регионот на Западен Балкан. Наместо господинот Годо, кој никако да дојде, нам ни е потребен нов господин Европа или госпоѓа Европа, нов Паневропеец или Паневропејка што ќе ја заокружи визијата започната пред повеќе од еден век. Многумина од вас доаѓаат од земји членки на Европската Унија, коишто се меѓу најголемите поддржувачи и пријатели на македонските евроинтеграции. Вашите земји имаат вложено голем економски, политички и дипломатски капитал во македонската евроинтеграција. Помислете на бројните проекти за спроведување на европските реформи, за владеењето на правото и борбата против корупцијата, за поддршка на граѓанското општество и обука на јавната администрација. Помислете и на бројните инвестиции и компании коишто ја поврзуваат македонската економија со европскиот пазар. Но, ако се дозволи да надвладеат гласовите коишто се противат на нашата интеграција и на проширувањето на Унијата, тогаш, постои ризик тој ваш капитал да биде загрозен. Забавената интеграција го забрзува иселувањето на младите од нашиот регион. Погледнете што се случува со најновите Шенген-правила и како тие негативно се одразуваат на работата на нашите превозници и на трговската размена со ЕУ. Вашата паневропска генерација треба да помогне во интеграцијата на мојата земја и на Западен Балкан во Европската Унија и со тоа да го заврши делото започнато пред повеќе од еден век. Потребни ни се вашите заложби, за конечно да се пополнат празните столчиња за мојата држава и за државите од Западен Балкан. Драги пријатели, Ќе завршам со следново. Во 1923 година, Куденхоф-Калерги напишал: „Многумина сонувале за обединета Европа, но само неколкумина се одлучни да ја создадат. Како предмет на копнеж, сонот останува јалов, но како предмет на волја, сонот вродува со плод. Единствената сила којашто може да ја создаде Паневропа е волјата на Европејците. Единствената сила којашто може да го спречи создавањето на Паневропа, повторно, е волјата на Европејците“. Мојата држава и македонските граѓани имаат цврста волја. Ви благодарам.“ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно со сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 14 степени. До сабота времето ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела поради продор на постудена воздушна маса од север ќе има заладување и стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаЗа шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачитеЗа сите констатирани неправилности и прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.На 06.11.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе општа акциска контрола на возачи и возила, насочена кон зголемување на безбедноста во сообраќајот и откривање на неправилности и прекршоци. Во рамки на контролата биле контролирани вкупно 870 возила, при што констатирани се 73 неправилности во однос на возилата. Од нив, 48 возила биле упатени на технички преглед, при што кај 37 е утврдена техничка неисправност. Во однос на возачите, констатирани се 186 прекршоци, од кои најголем дел се однесуваат на користење мобилен телефон при управување со возило, некористење сигурносен појас, непрописно паркирање и други прекршоци. Дополнително, евидентирани се и три случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, како и 137 прекршоци од друг вид. За сите констатирани неправилности и прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи. Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на сообраќајни контроли и апелира до возачите редовно да ја проверуваат техничката исправност на возилата, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат за побезбеден сообраќај.Тагови: прекршоци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форумПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на деветтото издание на Парискиот мировен форум.Сиљановска-Давкова утре, 10 ноември 2026 година, вторник, ќе присуствува на отворањето на форумот којшто годинава се одржува под наслов „Здружување на силите за она што е најважно“. Таа ќе се обрати на панел-дискусијата „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани“, а ќе биде дел и од свечената вечера, којашто во чест на шефовите на држави и влади – учесници на Парискиот мировен форум, ќе ја приреди претседателот на Француската Република, Емануел Макрон. Парискиот мировен форум, основан во 2018 година, e меѓународна платформа за унапредување на глобалното управување, мирот и мултилатералната соработка.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44