Сиљановска-Давкова: Културата е најмоќниот ресурс на малите народи - Канал 5

Сиљановска-Давкова: Културата е најмоќниот ресурс на малите народи

На моите европски пријатели им говорам, а и на (Емануел) Макрон му кажав, ако велите дека ЕУ е филозофија, а не само машинерија или недовршена симфонија без Западниот Балкан, тогаш морам да ве потсетам дека филозофија без вредности и принципи нема.

Сиљановска-Давкова: Културата е најмоќниот ресурс на малите народи

На моите европски пријатели им говорам, а и на (Емануел) Макрон му кажав, ако велите дека ЕУ е филозофија, а не само машинерија или недовршена симфонија без Западниот Балкан, тогаш морам да ве потсетам дека филозофија без вредности и принципи нема. Вредностите и принципите се вградени во вашите конститутивни акти, дека ќе го почитувате културниот и националниот идентитет на секој народ, дигнитет и интегритет на секој човек, тоа е темелот на ЕУ. Во спротивно, тоа е само уште едно здружување во потрагата по моќ и влијание во светот, рече денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

- Не знам дали го чекаме Годо ама ова станува маратон, нагласи Сиљановска Давкова во обраќањето на третиот Форум за културна дипломатија на сесијата „Мали држави, големо влијание: Справување со глобалните предизвици преку заеднички мултилатерализам“, порачувајќи оти културата е најмоќниот ресурс на малите народи.

Културната дипломатија, како што посочи, може да помогне да го трансформираме општеството, културната дипломатија гради мостови отпорни на политички спинови, популизам, манипулација и демагогија.

- Нема поголем успех за една држава од тоа да има почитувачи и вљубеници меѓу другите народи, религии и луѓе. Културата е најмоќниот ресурс на малите народи, нема подобра инвестиција од онаа во образованието, наукатa, културата и спортот зашто таму нема мали и големи. Малите културни средини како македонската, наместо да растат во широчина, се креваат во височина. Таа иднина е вистинската, истакна претседателката.

Според неа, ретко кој во светот ги знае имињата на македонските политичари, но многумина слушнале за уникатниот седумосмински такт, за ремек делата на Чемерски, филмовите на Манчевски, македонисимото на Трпчевски,...

Сиљановска Давкова посочи и дека прашањето е како да се изград мир меѓу државите зашто силните го прават тоа што можат, а малите тоа што мораат.

Меѓу учесниците во денешната дебата од форумот се и поранешниот претседател Ѓорге Иванов, поранешниот чешки претседател Вацлав Клаус, поранешениот претседател на ГС на ООН Волкан Бозкир, Розета Епифани од Кабинетот на претседателот на Советот на министри на Италија и Хенри Џонс, претседател на COFR Technologies и советник на државниот секретар на Арканзас.

Италија и Германија наводно се заканиле со повлекување од „Евросонг“, ако Израел биде исфрлен од натпреварот

Италија и Германија наводно се заканиле дека ќе се повлечат од „Евросонг“, доколку на Израел му биде забрането учество. 

Италија и Германија наводно се заканиле со повлекување од „Евросонг“, ако Израел биде исфрлен од натпреварот

Прашањето се дискутира на Генералното собрание на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) - организаторот на музичкиот натпревар.

ЕБУ го почна своето 94. Генерално собрание минатата недела. Меѓу главните теми на дискусијата е и влијанието на глобалната политика врз „Евровизија“, особено учеството на Израел. Натамошното учество на оваа земја на натпреварот е во средиштето на многу разговори и протести последниве две години, поради војната против Палестинците. Во разговор за „Ен-12 њуз“ (N12News), поранешниот член на израелската делегација на „Евровизија“, Амир Алон тврди дека јавните радиодифузери на Италија и Германија се заканиле дека ќе се повлечат од Евровизискиот натпревар доколку Израел биде исклучен без јасни законски и правни основи за тоа - истите аргументи што самата Израелска радиодифузна корпорација (КАН) го користи во своја одбрана.

Во рамките на натпреварот почнуваат да се формираат два табора, бидејќи земјите што го поддржуваат континуираното учество на Израел почнуваат отворено да ги изразуваат своите ставови. Така, две од петте земји од „Големата петка“, Италија и Германија, наводно, инсистираат дека нема да толерираат отстранување на Израел.

КАН тврди дека целосно ги почитува прописите на ЕБУ и ја нагласува својата уредничка независност од израелската влада. Оваа поента беше потврдена од самата ЕБУ во официјална изјава по нејзиното последно Генерално собрание. Овој став го разликува случајот на Израел од случајот на Русија и Белорусија, чии јавни радиодифузери се сметаат за пропагандни алатки на тамошните власти.

Полските борбени авиони во зголемена готовност поради рускиот напад врз западна Украина

Полски и сојузнички воени авиони утрово полетаа за да го заштитат полскиот воздушен простор, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили.

Полските борбени авиони во зголемена готовност поради рускиот напад врз западна Украина

Тревога беше огласена откако Русија почна воздушни напади врз западна Украина, во близина на полската граница.

Поголемиот дел од западна Украина беше во воздушна готовност речиси три часа по предупредувањата од украинските воздухопловни сили за напад со руски ракети и беспилотни летала.

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за масовни отпуштања во администрацијата

Врховниот суд на САД го отвори патот за администрацијата на Доналд Трамп да спроведе масовни отпуштања во федералната администрација и значително да ги намали бројните владини агенции.

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за масовни отпуштања во администрацијата

Одлуката произлегува од указ на Трамп од февруари, со кој се наложува на федералните агенции да се подготват за кадровски кратења. Според плановите, се предвидуваат отпуштања во министерствата за земјоделство, трговија, здравство и човечки ресурси, финансии, за прашања на ветераните, како и во повеќе од десет други агенции.

Во кратка, непотпишана одлука, Судот оцени дека администрацијата на Трамп „веројатно ќе успее“ да докаже дека мерките се во рамките на неговите законски овластувања.

Одлуката претставува нова победа за пошироките напори на Трамп да ја зацврсти контролата врз извршната власт. Врховниот суд веќе донесе неколку одлуки во негова корист, меѓу кои и оние поврзани со строги имиграциски мерки.

Со оваа одлука се укинува претходната забрана на федералната судијка од Сан Франциско, Сузан Илстон, која во мај привремено го блокираше процесот на отпуштања, оценувајќи дека Трамп ги пречекорил овластувањата без консултации со Конгресот.

притисни ентер