Тензично во Тирана: Полицијата со водени топови и солзавец, студентите со бехатон плочки и запалени контејнери (ВИДЕО)
Епилог на трагедијата во Шпанија: Европското обвинителство поведе истрага за злоупотреба на пари при реновирање на пругата
1Тензично во Тирана: Полицијата со водени топови и солзавец, студентите со бехатон плочки и запалени контејнери (ВИДЕО)
2Епилог на трагедијата во Шпанија: Европското обвинителство поведе истрага за злоупотреба на пари при реновирање на пругата
МакедонијаСиљановска Давкова: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имамеПред 35 години се создаде држава, но градењето на нејзината функционалност е се уште незавршена работа.Пред 35 години се создаде држава, но градењето на нејзината функционалност е се уште незавршена работа – учесници во креирањето на независната македонска држава, меѓу кои поранешни функционери и јавни личности на панел-дискусија ги споделија своите искуства, откривајќи и нови моменти од закулисјето на настаните кои довеле до прогласувањето независност. Денешната претседателка а тогашен член на Уставната комисија – Гордана Сиљановска Давкова како и вториот министер за правда – Туше Гошев посочија дека владеење на правото останува предизвик за државава. -Таа не се гради само со демократските избори и конституирањето на институциите, туку со градење функционални институции, со одбрана и заштита на човековите права и слободи, и се разбира со почитување на највисоките стандарди не само на домашното туку и на меѓународното право.- Гордана Сиљановска Давкова – претседателка на Македонија -Можам слободно да кажам дека со воведувањето на пропорционалниот модел на избор на пратеници во Собранието, мислам дека се стави мораториум на еден дел од Уставот на Република Македонија. // Во конкретниот случај имаме украден суверенитет од политички партии, политичките партии го зимаат суверенитетот од граѓаните. - Туше Гошев – поранешен министер за правда Во првите мандати се пропуштија неколку шанси за создавање на попријатен амбиент за сите граѓани во земјата – смета еден од првите луѓе на тогашната Партија за демократски просперитет на етничките албанци во земјава - Насер Зибери. -Мислам дека релацијата права – лојалност е секогаш битна за стабилност и просперитет во една земја, мислам дека во тој период имаше недостаток и на едниот елемент и на другиот. - Насер Зибери – член на поранешната партија за Демократски просперитет Пратеникот од првиот Собраниски состав – Петар Гошев тврди дека во договорот со Бугарија е направена иста грешка како и во пресудниот Конгрес на Сојузот на Комунистите на Југославија, кога до крај не се определиле виталните интереси на републиките. -Тоа е истото кога во член 12 од Договорот со Бугарија е договорено дека ние имаме заедничка историја. Фино! А што е заедничка историја? Не е договорено. Епа сега тоа ќе се расплетува, отплетува до не знам кога.- Петар Гошев , пратеник од првиот собраниски мандат Според поранешниот министер за надворешни работи – Благој Ханџиски, уште на првите седници на Собранието како што вели, веќе знаел дека меѓународното признавање, прашањето за името и односите со соседите на Македонија ќе останат долгорочни проблеми за решавање. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
БалканТензично во Тирана: Полицијата со водени топови и солзавец, студентите со бехатон плочки и запалени контејнери (ВИДЕО)Демонстрантите се судрија со полицијата пред Министерството за образование во Тирана. Со слоган на кој пишуваше „Рама во затвор, Бериша во затвор“, студентите јасно им ставија до знаење на демократите дека не се поканети на нивниот протест пред Министерството за образование, објави Топ ченел. Демократските пратеници не заминаа, туку останаа на крајот од протестот, набљудувајќи ги од далечина поддржувачите кои се судрија со оние кои бараа нивниот претседател да биде во затвор. Попладнево демонстрантите запалија два контејнера, а полицијата одговори со бибер спреј и солзавец. Агресивните демонстранти беа растерувани со водени топови. Тагови: водени топови Тирана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ЕвропаЕпилог на трагедијата во Шпанија: Европското обвинителство поведе истрага за злоупотреба на пари при реновирање на пругатаЕвропското обвинителство денеска соопшти дека покренало истрага за можна злоупотреба на средствата на Европската унија (ЕУ) за време на реновирањето на пругата меѓу Мадрид и Севиља.Европското обвинителство денеска соопшти дека покренало истрага за можна злоупотреба на средствата на Европската унија (ЕУ) за време на реновирањето на пругата меѓу Мадрид и Севиља, каде на 28 октомври се случи тешка железничка несреќа во која загинаа 69 лица. Агенти на Централната оперативна единица (УЦО) на Цивилната гарда пристигнале во седиштето на Управата за железничка инфраструктура (АДИФ), Државната агенција за безбедност на железницата (АЕСФ) и Ревизорскиот суд за да подигнат документи, пренесува „Паис“. Истрагата е покрената на иницијатива на тоа обвинителство по трагичната несреќа на 28 октомври во Урда. Ова не е прв пат Европското обвинителство, независно тело задолжено за истрага на злосторства кои ги загрозуваат финансиските интереси на ЕУ, да покрене истрага за работите на тој дел од шпанската железница. Тоа тело покрена истрага и по железничката несреќа во Адамуз во јануари годинава, кога загинаа 46 лица. Во двата случаи, фокусот на истрагата е да се утврди како Шпанија искористила субвенција од 111 милиони евра доделена од Брисел во јуни 2024 година за големото реновирање на железничката линија Мадрид-Севилја, која е најстарата брза линија во Шпанија. Европското обвинителство побара договори и досиеја за работи поврзани со делниците каде што се случија несреќите. Обвинителството има истражен модел сличен на оној на многу земји на ЕУ, во кои обвинителите ја водат истрагата, додека судијата назначен во Шпанија е единствено одговорен за надзор над напредокот на постапката во согласност со законските гаранции, надзор на мерките што ги ограничуваат основните права, како што се претреси на куќи или прислушување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЗастрелан полицаец од блиску пука во напаѓачот во Краков (Вознемирувачко видео) Драматично видео од полициската интервенција по денешната пукотница на главниот градски плоштад во Краков, Полска, во која загинаа пет лица, а повеќе од десет беа повредени, се појави на социјалните мрежи. Видеото го објави и полскиот портал Niezależna.pl, наведувајќи дека го прикажува моментот во кој полицаецот пука во напаѓачот. На видеото се гледа полицаец како стои над маж во маскирна облека и пука во него. Недолго потоа, полицаецот исто така паѓа на земја, веројатно ранет. Moment wyeliminowania zagrożenia, super postawa policjanta, ale wygląda jako że śmieć był nabity sprzętem Kraków #krakow https://t.co/bBiPXkdhRV — London Goldynov (@LondonGoldynov) November 7, 2026 Полицијата потврди дека напаѓачот е ранет и уапсен Полската полиција потврди дека напаѓачот е ранет и уапсен за време на интервенцијата. „Во инцидентот на главниот плоштад, пет лица загинаа, а повеќе од десет беа повредени. Полицајците го раниле сторителот и тој во моментов е превезен во болница. Интервенцијата на службите на местото на настанот сè уште е во тек“, објави полицијата. Полицијата, исто така, потврди дека меѓу повредените има полицајци, но сè уште не објавила детали за нивните повреди. Влегол на плоштадот со автомобил и почнал да пука Нападот се случил околу 15 часот во историскиот центар на Краков, една од најпосетуваните туристички области во Полска. Според полициското соопштение, мажот влегол на главниот градски плоштад со автомобил и почнал да пука кон минувачите. „Во тек е полициска операција на главниот плоштад во Краков. Околу 15 часот, еден маж почнал да пука кон случајни луѓе од автомобилот што го користел за да влезе на плоштадот. Сторителот е уапсен“, објави полицијата. Првичните информации беа за двајца мртви, но полицијата подоцна потврди дека бројот на мртви се искачил на пет. Идентитетот на напаѓачот и мотивот за пукањето се уште се непознати. Полицијата продолжува да ги истражува околностите на нападот.Тагови: краков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook