Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат
2Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат
КултураСиљановска-Давкова го прогласи за отворено 38. издание на Саемот на книгатаПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прогласи за отворено 38. издание на Саемот на книгата, којшто годинава под слоганот „Отвори прозорец кон нови светови“ се одржува од 23 до 29 април во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.Во своето обраќање, Сиљановска-Давкова нагласи дека книгата претставува суштински носител на човечката мисла и култура, чија основна улога е да го пренесе духот од еден човек кон друг, од едно поколение кон следното и од една епоха кон вечноста. За претседателката, книгата е ризница во којашто не се чуваат злато и сребро, туку идеи, сознанија, визии и надежи. „Во неа разговараат мудрецот и детето, владетелот и сиромавиот, поетот и научникот, оној што сонувал и оној што страдал“, додаде таа. Според Сиљановска-Давкова, книгата не нѐ учи само да читаме редови, таа нѐ учи да ги читаме и разбираме времињата нагласувајќи ја нејзината тивка, но длабока и трајна моќ да влијае врз човекот и развојот на неговиот карактер. Таа оцени дека општествата кои негуваат култура на читање создаваат услови за поголем развој и напредок, го почитуваат достоинството на слободата на мислата и затоа кога библиотеките се живи, духовниот живот не згаснува. „Денешниов ден нè обврзува да ја сочуваме книгата од заборав, да го заштитиме авторското право како едно од највредните, но за жал, и најнезаштитените" - порача претседателката. Отворањето на Саемот на книгата, започна со сплет од народни песни, во изведба на хорот на детската градинка „Детска радост“. Покрај претседателката, на 38. Саем на книгата се обратија Зоран Љутков, министер за култура и туризам, Даниела Глигоровска, извршна директорка на Скопски саем, Бојан Саздов, претседател на Македонската асоцијација на издавачи, писателката Оливера Ќорвезировска и писателката од САД, Сара Пеканен. На саемот ќе се претстават повеќе од 65 издавачки куќи со над 130 наслови од домашни и странски автори. Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Сиљановска-Давкова: Драги писатели, ученици, пријатели на книгата, Насловот доволно кажува. Слушајќи ги прекрасните писателски зборови, посакав ноќва овде да останам затворена, за да може да ги отворам овие прозорци. И јас би сакала да ви кажам неколку збора за книгата. Убедена сум дека кога првиот човек ја почувстувал потребата, својата мисла да ја сочува од заборав и чувството да го избави од минливоста на времето, започнала веројатно историјата на книгата. Од глинените таблички и древните ракописи, преку манастирските скрипти, преку свечените библиотеки на старите градови, сè до современите изданија што денес патуваат низ светот со брзината на светлината, книгата останува непроменлива во суштината, да го пренесе духот од човек кон човек, од поколение кон следното, од епоха кон вечноста. Во неа почиваат гласовите на вековите. Во книгата разговараат мудрецот и детето, владетелот и сиромавиот, поетот и научникот, оној што сонувал и оној што страдал. Мислам дека ниту еден храм не собрал толку молитви на разумот, ниту еден дворец не сочувал толку богатства колку тоа што го сторила книгата. Книгата за мене е ризница во која не се чуваат злато и сребро, туку идеи, сознанија, визии и надежи. Книгата не нѐ учи само да читаме редови, таа нѐ учи да ги читаме и разбираме времињата. Таа не ни дава само знаење, таа ни дарува мерка за мудрост. Таа не ни го полни само умот, туку ни го возвишува карактерот. Оној што чита, постепено ја стекнува најретката способност да го разбере другиот човек, а и себе си. Токму таму започнува, по мене, секоја вистинска култура и секој траен мир. Во ова брзо време, книгата навистина нѐ турка кон тишината, бидејќи само кога сме сами и во тишина навистина можеме да размислуваме. Така велеше и Шопенхауер. Книгата бара внимание. Книгата бара трпение. Книгата бара внатрешно разбирање. Книгата никогаш не се наметнува, туку нѐ повикува. Никогаш не вика книгата, ама осветлува и просветлува. Токму затоа мислам дека нејзината моќ е длабока и трајна. Веќе чувме дека народите што читаат, се во предност. Народот што чита, сѐ разбира дека ја разбира иднината. Зошто? Бидејќи знае дека таа се гради со знаење. Општеството што ги почитува авторите, го почитува достоинството на слободата на мислата. Затоа библиотеките се живи таму каде што духовниот живот не згаснува. Можеби затоа Борхес вели дека рајот го замислува како библиотека. Се согласувам. Таму каде што децата растат покрај книги, растат луѓе способни да успеат да разберат, да создадат и да сочувствуваат. Затоа денес со благодарност им се поклонувам на писателите, на тие грандиозни неимари на човечката свест, на преведувачите кои ги релативизираат далечините меѓу јазиците, на наставниците кои го отвораат првиот прозорец кон светот на читањето и на библиотекарите кои со достоинствена тишина ја чуваат меморијата на цивилизацијата. Денешниов ден нѐ обврзува да ја сочуваме книгата од заборавот, да го заштитиме авторското право како едно од најнезаштитените и едно од највредните, да им оставиме на младите поколенија не само технологии, туку и вредности, не само информации, туку смисла, не само средства за живот, туку и причина за живење. Зошто кога ќе замолчат дневниве вреви, кога ќе исчезнат минливите сензации и кога ќе се разоткријат сите привиди на времето, повторно останува книгата, мирна, достоинствена и вечна, потсетувајќи нѐ што сме наследиле, што сме создавале и што сме должни да го предадеме понатаму. Како страстна љубителка на книги и јас навистина се согласувам со Борхес дека, веројатно, рајот е библиотека, со огромна чест и благодарност кон сите присутни и кон книгите овде, бидејќи тоа се живи светови за мене, дозволете ми да го прогласам Саемот на книгата за отворен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаИскра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинителДенеска пред Советот на јавните обвинители на Македонија, Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција -Скопје.Хаџи Василева беше избрана на непосредните избори со тајно гласање на јавните обвинители од целата држава, кои беа одржани во октомври годинава, и победи со најмногу гласови во конкуренција на петмина кандидати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски патВо разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности.Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31) во Анталија, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен. Во разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности. Таа изрази благодарност за принципиелната поддршка од Австрија на македонскиот евроинтегративен пат и за нејзината посветеност кон стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан. Соговорниците разменија мислења за иднината на европскиот проект и процесот на проширување на Европската Унија, при што беше нагласено дека неговата кредибилност се гради врз јасни правила, еднакви критериуми и заслуги, а европската перспектива мора да остане реална и достижна за земјите кандидатки. Сиљановска-Давкова истакна дека проширувањето не е само политичко и економско прашање, туку и безбедносно, особено во време на геополитички тензии коишто се закана за мирот во Европа. Обајцата укажаа на можностите за продлабочување на македонско-австриската соработка во економијата, енергетиката, климатските политики, образованието и културата. На средбата беше изразена подготвеност за интензивирање на политичкиот дијалог на највисоко ниво, а како конкретен чекор во таа насока беше договорено да се реализира официјална средба меѓу двајцата претседатели.Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено Јавното обвинителство ги следи состојбите и доколку детектира кривично правен настан во случајот со АЛТА банка ќе постапи согласно законските надлежностиЈавното обвинителство ги следи состојбите и доколку детектира кривично правен настан во случајот со АЛТА банка ќе постапи согласно законските надлежности, одговори државниот обвинител Ненад Савески на надзорната расправа во Собранието на прашањата од пратеникот на СДСМ Миле Талески поврзани со сомнежи за евентуални незаконски дејствија. На надзорната расправа за АЛТА банка, се објавуваа документи и записници- имало ли влез на сомнителен капитал во домашната банка и од кога и со чии одлуки? Премиерот Мицкоски рече дека уште во 2023, владата на СДСМ и ДУИ дава насоки да се влезе во деловни односи со Давор Мацура. Лидерот на СДСМ Венко Филипче одговори дека ова е брутална лага. Пратеничката од СДСМ и претседателка на комисијата за финансирање и буџет, Сања Лукаревска, по исцрпувањето на листата на повикани сведоци за првиот ден, доцна синоќа ја прекина расправата и најави дека продолжението и агендата дополнително ќе се утврдат на координација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter