Сиљановска-Давкова гласаше на вториот круг од локалните избори 2025 година - Канал 5

Сиљановска-Давкова гласаше на вториот круг од локалните избори 2025 година

Прашана за отсуството на жени на изборните листи, таа оцени дека и покрај поедноставената постапка, сепак повторно се кандидирале многу малку жени, а причините се веројатно повеќе.

Сиљановска-Давкова гласаше на вториот круг од локалните избори 2025 година

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на вториот круг од локалните избори гласаше во ООУ „Коле Неделковски“ во општина Центар, кадешто изјави дека очекува изборниот ден да помине мирно, да се заокружат изборите, а потоа градоначалниците и советниците да се фрлат на работа.

Одговарајќи на новинарски прашања за текот на кампањата таа укажа на нешто што е крајно невообичаено во Европа и во светот, а редовно е кај нас: „Во европските држави на локални избори гласаат само луѓе кои имаат постојано живеалиште во општината. Значи, денот и ноќта го поминуваат таму. На локални избори не гласаат луѓе кои според логиката на пописните правила се евидентираат во тие земји. Зошто? Бидејќи тие гласаат таму - таму кадешто живеат, таму кадешто плаќаат даноци, таму кадешто им одат децата на училиште, таму кадешто тие работат, таму и гласаат. Ние имаме еден парадокс – да дојдат за еден час луѓе кои веќе гласале во Австрија, во Франција, во Швајцарија и да ги изберат градоналниците и советниците. Можете да проверите, тоа е непознат демократски феномен“.

Прашана за отсуството на жени на изборните листи, таа оцени дека и покрај поедноставената постапка, сепак повторно се кандидирале многу малку жени, а причините се веројатно повеќе.

„Прво, изненадувањето. Одеднаш се соочувате со можност сами да се кандидирате со два потписи. Ние сме одговорни суштества и секогаш размислуваме дали сме ние најдоброто решение, дали ќе можеме да одговориме на овој предизвик, особено ако не сме поддржани од луѓе кои ни веруваат. Тоа е првото. Второто е врзано со политичката култура. Веројатно, се уште има силни елементи на, за жал, патријахална и парохијална политичка култура, па ние размислуваме на тој начин дека, можеби, не сме најдобрите. Значи, овој инцидент со отсуството на член заради одлуката на Уставниот суд, што ќе го регулира кандидирањето, покажа и докажа дека и во нас жените има сериозен проблем. Јас не велам дека е тоа недоверба во себе, туку мислам дека е врзано за фактот дека сме ние поодговорни, бидејќи имаме потежок пат во животот, секогаш имаме дилеми, најлесно одлучуваат оние кои не размислуваат или мислат дека по природата се надарени да бидат изворедни политичари, пратеници, советници, градоначалници и така натаму. Но, мислам дека оваа лекција треба добро да ја научиме за да ги смениме работите“, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали судскиот процес за трагедијата во Пулс ќе има епилог во догледно време?

Дејан Јованов Деко, сопственикот на дискотеката Пулс иако доби нов притвор за друго кривично дело но тоа нема да го забрза судењето за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, сметаат дел од правниците. 

Дали судскиот процес за трагедијата во Пулс ќе има епилог во догледно време?

Откако за него обвинителството отвори нова истрага за давање поткуп судот вп петокот му определи нови 30 дена. Адвокатот Владимир Туфекџиќ смета дека тоа нема да влијае за побрзо и праведно решение а оправдани ќе останат реакциите на семејствата на загинатите. Според него проблемот е во како што вели погрешната поставеност на теоријата на случај со вака поднесеното обвинение, но вели дека постои начин процесот да се направи поефикасен и дел од постапките да завршат порано.

-Упатно би било обвинетите министри од пред 10-15 години и уште неколкумина потполно “залутани” лица во овој судски предмет да побараат од судот измена на редоследот на изведувањето на доказите на одбраната за да се изведат нивните неколку предложени докази и со тоа да заврши доказната постапка за нив. Со ова доказната постапка спрема овие неколкумина обвинети би била исцрпена и обвинителството со оглед дека е исцрпена доказната постапка, ќе може да го преиспита обвинението спрема овие обвинети, а судот во раздвоена постапка би можел да донесе одлука,вели Туфекџиќ.

Околу новата истрага за Јованов и притворот реагираше и универзитетскиот професор Гордан Калајџиев. „Отворање вештачки нова истрага само за да се изигра законот е злоупотреба на правото! На рокот обвинителите требало да мислат кога за пожарот обвинија кого стигнаа“, пишува Калајџиев.

Во исто време, семејствата на загинатите во Кочани од последниот 50 по ред Марш за ангелите побраа побрзо судење, одговорност и одговори од институциите. Тие бараат судските рочишта да се закажуваат почесто, со повеќе од десет рочишта месечно, а секое одлагање да биде јавно образложено. Не бараат како што велат, пресуда од улица, туку процес во кој ќе се утврди кој сноси одговорност за трагедијата во која загинаа 63 лица.

-Ние родителите и семејствата бараме интензивно судење со над 10 рочишта месечно. Бараме расправите да се закажуваат редовно а секое одлагање, јасно и јавно да се образложи. Нашите насилно убиени деца нема да се вратат, но правдата за нив веќе доцни. Секое тактизирање и купување време само ја продлабочува нашата болка. Одговорноста мора да се утврди веднаш. – Александар Наунов – Татко на загинатата Надица

Следно рочиште за случајот е закажано за 8 октомври а за до крајот на годината се закажани уште 14 рочишта. Минатата недела постапката за овој предмет влезе во нова фаза со изведување на докази на одбраната на обвинетите со најавени 244 сведоци.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта

На целосно слепо лице му била намалена помошта за туѓа нега, бидејќи стручната комисија оценила дека му е потребна помош во помал обем и му закажала нова контрола по 12 месеци. 

Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта

Комисијата за заштита од диксриминацја утврдила директна дискриминација дека станува збор за целосно слепо лице и дека неговата документација утврдила дека таа состојба е трајна и непроменлива.

Според Комисијата, не произлегувало ниту медицинско ниту фактичко образложение за различниот третман. На стручната комисија ѝ е препорачано повторно да ја процени потребата од помош и нега, со почитување на законските одредби за целосно слепите лица, но и да преиспита дали воопшто има основа за нови контролни прегледи.

Од комисијата за заштита од дискриминација апелираат кај луѓето со трајни инвалидитет да не се бара прегледи, бидејќи нивната здравствена состојба не е променлива, тие прават дополнителни трошоци и малтретирање.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

На 03.10.2026 во 19:15 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршија претрес во дом и помошните простории кај С.С. (26) во с. Мала Речица, тетовско.

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

При претресот бил пронајден и одземен кокаин, по што лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер