Сиљановска-Давкова: Фестивалот „Игор Маџиров“ уште еднаш ја покажа и докажа театарската моќ да допре до сите генерации - Канал 5

Сиљановска-Давкова: Фестивалот „Игор Маџиров“ уште еднаш ја покажа и докажа театарската моќ да допре до сите генерации

Според претседателката, името на фестивалот го отсликува и наликува на профилот и сензибилитетот на извонредниот, прерано починат Маџиров, чии незаборавни улоги од него направија театарска легенда.  

Сиљановска-Давкова: Фестивалот „Игор Маџиров“ уште еднаш ја покажа и докажа театарската моќ да допре до сите генерации

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчеравечер се обрати на свеченото отворање на четвртото издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“, којшто под слоганот „Сцена за сечиј сон“, и годинава се одржува под нејзино покровителство.

За неа, фестивалот, иако е насочен кон најпрефинетата и најпробирливата целна група- најмладите, со оригиналниот и искрен пристап ги заведува, радува и восхитува не само нив, туку и возрасните, будејќи го детето во нив.

Според претседателката, името на фестивалот го отсликува и наликува на профилот и сензибилитетот на извонредниот, прерано починат Маџиров, чии незаборавни улоги од него направија театарска легенда.

Акцентирајќи ја не само естетската туку и педагошката мисија на „Театарот за деца и младинци“, Сиљановска-Давкова изрази неизмерна почит кон актерите и сите вработени во театарот кои, од скромен, но топол амбиент, небаре волшебници, создаваат прекрасна сцена, налик на онаа од соништата.

Таа укажа на потребата од нова, пристојна тетарска куќа, обраќајќи се до надлежните институции со зборовите: ,,Уште еднаш посакувам овој минијатурен дом на „Театарот за деца и младинци“ да порасне, како што пораснаа децата кои во изминатите три децении го посетуваа и му се насладуваа. Просторното растење нека соодветствува на потребите на домаќините, но и на гледачите".

Во продолжение е интегралниот говор на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова:

„Почитувани вљубеници во магијата на театарот,

Почитувани глумци - магионичари,

Почитувани организатори на 4. Интернационален фестивал на детски театри „Игор Маџиров“,

Драги пријателчиња и пријатели,

И годинава ја имам честа да ви се обратам како покровителка на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“. Иако млад, со оглед на четирите години старост, веќе си го најде местото во театарската фамилија, покрај далеку постарите: „Војдан Чернодрински“, МОТ, „Ристо Шишков“, Фестивалот на комедијата, Фестивалот на монодрамата...

Насочен кон најпрефинетата и најпробирливата целна група - децата, со оригиналниот и искрен пристап ги заведе, израдува, па и восхити, не само нив, туку и возрасните, будејќи го детето во секој од нас. Значи, Фестивалот на детски театри „Игор Маџиров“ уште еднаш ќе ја покаже и докаже театарската моќ да допре до сите генерации.

Знам дека во време на дигитален свет и интензивни визуелни дразби, тешко е да го привлечете, а камоли да го задржите вниманието на децата и на младите. Но, тоа му успева на фестивалот „Игор Маџиров" со претставите за нив, најмладите и малку повозрасните, но и за највозрасните, како мене.

Неспорно е дека претставите во овој театар поттикнуваат интеракција меѓу бината и публиката, меѓу самите деца, но и меѓу нив и постарите од нив. Впрочем, на моменти сите се артисти, не само оние на бината, туку и оние на седиштата, кои активно се вклучуваат во претставата, глумејќи глумци. Причината за хиперактивноста се должи на неверојатната креативност и посветеност на вистинските глумци, но и на луцидниот избор на текстовите и на чувството на режисерите за исконските потреби и желби на публиката.

Јавна тајна е, не само скопска, туку и национална, па и интернационална, дека фестивалот „Игор Маџиров“ многу наликува на профилот на глумецот чие име го носи.

Не ми е пријатно да повторувам, ама како и вие, така и јас, сè уште очекувам, а тука е министерот за култура и туризам, пристоен театарски дом обезбеден од релевантните чинители, намерно да зазвучам бирократски, неопходен за културниот живот на најважната публика - децата.

Да потсетам: Игор Маџиров беше роден глумец, чии незаборавни улоги сè уште го вознемируваат секој кој го гледал и знаел. Тој си се вгради во македонската култура како легенда и замина во вечноста.

Драги пријатели,

Овој театар има не само естетска, туку и педагошка мисија: тој го храни и облагородува духот, ги збогатува мислите, ве тера да се смеете, плачете, па и викате. Тој наликува на куќа на волшебнички и волшебници. Театарскиот предизвик е тежок, па дури и невозможен за остварување од обични и просечни глумци, но е рај за талентираните и креативните сценски суштества.

За децата, сцената е реалност што не се игра, туку се живее. Во оваа сала тие учат што е добро, а што е лошо, со кого и како ќе се идентификуваат, кому ќе му веруваат, а кому не.

Тука, децата осознаваат како се сака, но и зошто не треба да се мрази. Сигурна сум дека не се доволни знаењето, умешноста и талентот за да се предизвика страстна потреба кај децата за театар и уметност. Овој простор и оваа сцена не завршуваат за мене тука, туку излегуваат надвор, се шират угоре и тонат удолу.

Ја изразувам мојата неизмерна почит до сите вас за способноста од овој скромен простор да направите прекрасна сцена налик на сцена од соништата.

Уште еднаш посакувам овој минијатурен дом на Театарот за деца и младинци да порасне како што пораснаа децата кои во изминатите три децении го посетуваа и му се насладуваа. Просторното растење нека соодветствува на потребите на домаќините, но и на гледачите. Продолжете да создавате, да нè радувате и нервирате. Помогнете ни да сонуваме и кога сме будни.

Ви благодарам.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Непристојно е да се навредуваат професори, Владата е пријател и поддржувач на студентите

„Јас ја слушнав изјавата не само од оваа лице, туку и од други поединци. Во најмала мерка како редовен универзитетски професор, педагог и родител можам да кажам дека бев непријатно изненаден, би рекол шокиран.

Мицкоски: Непристојно е да се навредуваат професори, Владата е пријател и поддржувач на студентите

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар на изјавата на Бленди Ходаи во однос на студентскиот оброк, порача:

„Јас ја слушнав изјавата не само од оваа лице, туку и од други поединци. Во најмала мерка како редовен универзитетски професор, педагог и родител можам да кажам дека бев непријатно изненаден, би рекол шокиран бидејќи на тој начин да се навредуваат како што тој го направи редовни професори, бидејќи и министерката за образование и јас како претседател на Владата сме сепак редовни професори и генерации, генерации студенти сме помогнале да се стекнат со знаење кое што понатаму би им требало во животот за нив и нивните семејства, во најмала рака е непристојно. Јас жалам што тој не беше на оној состанок каде што беа легитимните претставници на студентските движења за кои што разговараме за студентскиот оброк, нешто што ние го работиме во Владата, во рамките на она за кое што јас зборував да можат студентите да ги користат овие привилегии не само за студентски оброк, туку и онаа сума која што ќе биде одобрена на месечно ниво, да продолжат и понатаму да го користат во ланците за дополнителни попусти, дополнителни привилегии. И би сакал да испратам една порака до студентите дека јас како редовен универзитетски професор сум нивен пријател, поддржувач бидејќи на крајот од денот политиката и оваа денешна моја позиција се минлива и менлива категорија. Кога сето ова ќе заврши, јас повторно ќе се вратам на Универзитетот и повторно ќе работам и другарувам со студентите и ќе се потрудам дел од своето знаење и искуство да го пренесам, кое што се надевам дека на голем дел од нив ќе им значи додадена вредност во нивните животи. Тоа го покажавме и го потврдиме како Влада. Сите оние проекти кои што беа застанати од студентските домови, преку електронските уреди кои што ги обезбедивме за секој еден студент, сите ученички и студентски домови кои што допрва ќе се реализираат, новите универзитетски кампуси на неколку универзитети се само потврда дека оваа влада е пријател на студентите, и така ќе продолжи. Поединци се разбира може нема да се согласуваат со оваа политика, но непристојно е би рекол редовни професори на таков начин бидат понижувани и навредувани на отворена сцена.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка

Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка против неа. 

Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка

Законот за кривична постапка предвидува такви ситуации во случај кога треба да се испитаат сведоци или вештаци а не и обвинети лица, образложи судијата Спиро Борисов.

Судењето продолжува во нејзино отсуство. Денеска се сослушуваат вештаци. На предлог на одбраната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДЕНЕС НА СФФ2026: Свечено затворање на 26. Скопје Филм Фестивал и проекција на „Електричен бакнеж“

Со денешните активности и проекцијата во Кино „Фросина“, официјално се заокружува 26. издание на Скопје Филм Фестивал (СФФ), кое изминатите денови го претвори Скопје во епицентар на европската и светската кинематографија.

ДЕНЕС НА СФФ2026: Свечено затворање на 26. Скопје Филм Фестивал и проекција на „Електричен бакнеж“

Последниот фестивалски ден започнува во 12:00 часот во Клуб МКЦ со третиот фестивалски мастерклас, предводен од Ники Никитин, реномиран меѓународен филмски селектор и куратор на СФФ2026. Мастеркласот е посветен на темата „Фестивалски стратегии: Дистрибуција на филмови и ефикасно користење на фестивалскиот пазар“, која нуди насоки и практични совети за младите автори и филмски професионалци. Во 13:00 часот во Кино „Фросина“, во рамки на „А1 Кинотека“, ќе биде прикажан филмскиот класик „Чувар на плажата во зимски период“ на Горан Паскаљевиќ.

Со почеток од 19:00 часот во Кино „Фросина“ ќе се одржи Свеченото затворање на СФФ2026, во чии рамки стручното жири официјално ќе ги соопшти добитниците на овогодинешните награди и признанија. Веднаш по церемонијата, во 19:30 часот, Скопје Филм Фестивал ќе ја затвори програмата со проекцијата на „Електричен бакнеж“ (The Electric Kiss) во режија на Пјер Салвадори, филм кој ја имаше својата светска премиера во рамки на отворањето на Канскиот филмски фестивал оваа година.

Сите заинтересирани може да ги набават своите билети преку продажната мрежа на MK Tickets.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер