1Спасовски до Финансиското разузнавање: Што му кажавте на Славески за парите и луѓето зад Алта банка?
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
МакедонијаСиљановска - Давкова: Двојните стандари на ЕУ не треба да бидат европска пракса, тоа е антиевропско однесувањеДвојните стандарди што ги манифестира Брисел кон помалите држави е антиевропско однесување и не треба да биде европска пракса, порача претседателката Сиљановска Давкова на приемот за лидерите од Западен Балкан.ЕУ треба да стави крај на двојните стандарди, тоа е антиевропско однесување, а земјите од Западен Балкан треба заеднички да чекорат кон Унијата. Ова претседателката Сиљановска Давкова и го укажала на шефицата на европската дипломатија Каја Калас за време на зедничката средба со останатите европски лидери, одржана на маригиите на Генералното собрание на ОН. Сиљановска е увередена дека доколку сака Унијата може да покаже креативност во однос на македонските евроинтеграции и порача дека политката на двојните стандарди веќе се забележува и во интеграциските процеси на Молдавија и Украина, што влијае и на безбедносната состојба во Европа. „ Укажувам на ставање крај на двојните стандарди на Унијата, бидејќи тоа не е европски манир, не би требало да биде европска пракса, за мене е антиевропски, антиевропско однесување, но постојано се практикува во ЕУ. Се разбира и на средбата со Калас укажав на овој проблем, предупредив дека проблемот нема да застане на нас и дека веже се наѕира и во поглед на Моладавија и Украина и дека ЕУ не е само прашање на проширување, туку дека влегувањето на Западен Балкан или реинтеграцијата на Западен Балкан во Европа каде што географски, историски и кучлтурно со векови припаѓаме ќе биде многу важен лек против опасноста, односно против безбедносните дилеми што веќе се наѕираат. На потег се тие. Во тешки моменти ЕУ успевала да биде многу креативна и дека можеби сега предизвикот е голем“ Во рамки на учестото на Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк Сиљановска Давкова остварила средба и со генералниот секретар на меѓународната организација Антонио Гутереш од кого добила целосна поддршка и солидарност за предизвиците со кои се соочува земјава. „Рече дека стои зад нас и дека ова секаде ќе го повтрува. Се разбира добро е да чуете ваков став и да добиете поддршка од првиот човек на ООН заради неговото богато дипломатско искуство во кое и ние сме биле вклучени како земја, кога сме имале проблеми сме се нашле на дневниот ред на неговата агенда“ Попладне шефицата на држвата ќе се обрати на 80-тата сесија на Генералното собрание на Обединетите нации чија тема годинава е „Подобро заедно: 80 години и повеќе за мир, развој и човекови права“. Вчерва Сиљановска Давкова ќе присуствува и на приемот по повод 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи со САД. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаСпасовски до Финансиското разузнавање: Што му кажавте на Славески за парите и луѓето зад Алта банка?Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието побара од директорот на Управата за финансиско разузнавање да објасни кога Народната банка побарала проверки за Алта банка Белград.Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието побара од директорот на Управата за финансиско разузнавање да објасни кога Народната банка побарала проверки за Алта банка Белград, што утврдиле тие проверки и какво мислење било доставено за потеклото на капиталот и за лицата кои управуваат со него. Спасовски посочи дека гувернерот Трајко Славески во своето сведочење се повикал на добиени позитивни мислења од надлежните институции, меѓу кои ја навел и Управата за финансиско разузнавање. Токму затоа, нагласи тој, јавноста треба да знае врз кои информации и податоци се темелело постапувањето на институциите. „При постапката за лиценцирање на Алта банка за мене беше логично и нужно да имате соработка со Народна банка, но таа моја логика е потврдена после исказот на гувернерот Трајко Славески којшто рече дека ги собрал сите мислења во однос на постапката за Алта банка, меѓу кои ја посочи и Управата за финансиско разузнавање и дека од таму се добиени сите потребни позитивни мислења во однос на работењето со Алта банка“, рече Спасовски. Тој ја истакна одговорноста на Управата во следењето на финансиските текови, проверката на сомнителните трансакции и утврдувањето на потеклото на средствата на инвеститорите кои влегуваат во државата. „Многу е важно инвеститорите во државата коишто влегуваат да видиме со какви финансиски средства располагаат и кое е практично нивното потекло“, нагласи Спасовски. Во обраќањето тој го отвори и прашањето за разликата меѓу постапувањето на институциите во Македонија и во Австрија. Според него, Финансиското разузнавање треба да објасни кои информации ги прибрало и како тие влијаеле врз мислењето што го користела Народната банка во постапката за преземање. „Практично финансиското разузнавање е тоа коешто ги прибира сите тие информации и податоци и на основа на тој склоп на информации и податоци вие практично можете да доставите одредено мислење коешто треба да го искористи гувернерот, односно Советот на Народна банка“, посочи Спасовски. Тој нагласи дека утврдувањето на улогата на секоја институција е важно за граѓаните и побара конкретен одговор за времето, содржината и резултатите од проверките. „Затоа моето конкретно прашање: кога беше побарано од гувернерот Трајко Славески, односно од Народната банка, да извршите проверки во однос на Алта банка Белград за купувањето на Стопанска банка Битола и на основа на тоа што укажавте на Народната банка во однос на капиталот и на лицата коишто го управуваат тој капитал во Алта банка Белград“, праша пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШасивари - Крихбаум: Европската иднина се гради со реформи и силни партнерстваМинистерот за правда, Јетон Шасивари, во рамки на работната посета на Берлин, оствари средба со германскиот државен министер за Европа при Сојузното министерство за надворешни работи, Гинтер Крихбаум.Средбата претставува значаен дипломатски контакт во период кога земјата интензивно работи на исполнување на обврските од европската агенда, а реформите во правосудството остануваат еден од клучните показатели за подготвеноста за членство во Европската Унија. Министерот Шасивари ги претстави актуелните реформски активности на Министерството за правда, со посебен акцент на новиот Кривичен законик и Законот за кривичната постапка, кои веќе се доставени до Европската комисија за мислење. Станува збор за две значајни законски решенија со кои се настојува да се надминат постојните слабости и да се постават основите за посовремен и поефикасен систем на кривична правда. Во разговорот беа разгледани предизвиците на европската интеграција, динамиката на реформските процеси и значењето на германската поддршка за европската перспектива на земјата. Посебно беше истакната потребата реформските обврски да не останат само на ниво на законски измени, туку да резултираат со конкретни подобрувања во функционирањето на институциите и примената на правото. Германија, како еден од најзначајните европски партнери, има важна улога во поддршката на демократските процеси и институционалниот развој. Продлабочувањето на ова партнерство е особено значајно во период кога земјата се соочува со важни задачи во исполнувањето на европските критериуми. Средбата во Берлин е дел од напорите за зајакнување на политичката и институционалната соработка со Германија, како и за обезбедување континуирана поддршка на реформите што треба да донесат долгорочни резултати во правосудството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛефков: Шпекулациите во случајот со АЛТА банка само штетат на стабилноста на банкарскиот системНа денешната надзорна расправа во Собранието во рамки на Комисијата за финансирање и буџет се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков .На денешната надзорна расправа во Собранието во рамки на Комисијата за финансирање и буџет, на тема „ Причини за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност “, се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков oсврнувајќи се на шпекулациите што во изминатиот период се пласираат во јавноста за наводни трансфери на значителни финансиски средства од Алта банка кон Србија и Русија и посочи дека ваквите наводи бараат јасни одговори и утврдување на фактите, особено имајќи ја предвид важноста на финансиската стабилност, надзорот и спречувањето на можни злоупотреби на банкарскиот систем. „Во последниот период во јавноста се пласираат сериозни тврдења за наводни трансфери на значителни финансиски средства од Алта банка АД Битола кон Србија па дури и кон Русија. Ова се тврдења кои не смеат да останат неодговорени, не смеат да отворат сомнеж за финансиската сигурност, за контролата на финансиските текови и во функционирањето на системот за спречување на перење пари и за можни злоупотреби на финансискиот систем, од друга страна Народната Банка излезе со конкретни информации дека во 2025 заклучно со Октомври 2026 не се евидентирани трансакции на поголеми износи кон Србија, а дека воопшто не се евидентирани приливи или одливи кон Русија во рамките на платниот промет“ рече Лефков и додаде: „Моето конкретно прашање кое треба да го расчистиме е дали Управата за финансиско разузнавање има добиено извештаи или имате сознанија за сомнителни трансакции поврзани со Алта банка АД Битола или со други правни или физички лица поврзани со нив?“, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter