Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
2Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
МакедонијаСиљановска-Давкова денеска имаше средба со судии на Уставниот суд на Косово и судии на македонскиот Уставен судПретседателката Сиљановска-Давкова денеска имаше средба со судии на Уставниот суд на Косово и судии на македонскиот Уставен суд.Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими претседателот на Уставниот суд на Република Косово, Неџми Реџепи и уставните судии Јетон Битиќи, Енвер Пеци, Ремзије Истрефи-Пеци, Бајрам Љатифи, Сафет Хоџа и Ветон Дуља, кои се во посета на македонскиот Уставен суд, придружувани од нивните македонски домаќини, претседателот на македонскиот Уставен суд , Дарко Костадиновски и судијката Ана Павлова- Данева. На средбата, уставните судии ја запознаа со континуираната и плодна соработка на косовскиот и македонскиот уставен суд, денеска крунисана со потпишување на Меморандум за разбирање. Посетата помина во размена на експертски мислења за современата улога на уставните судови во развојот на косовската и македонската демократија, за компаративното искуство, за научените лекции, како и за уставно-судските предизвици со коишто се соочени двата суда. Судиите од Косово ја запознаа претседателката со работењето на судот во изминативе 16 години, потенцирајќи ја неговата клучна улога во заштитата на уставноста и законитоста, човековите слободи и права, поделбата на власта, фер и демократските избори. Според нив, врзаноста на Уставниот суд на Косово за директната примена на Европската конвенција за човекови права и судската пракса на Европскиот суд за човекови права, му дава европски карактер, заради отвореноста и заснованоста врз општопознатите меѓународни стандарди и можноста за широка интерпретација на правото. Тие посебно се осврнаа на судската пракса насочена кон гарантирање на родовата еднаквост, во духот на Истанбулската конвенција. Претседателот Дарко Костадиновски ги презентираше досегашните чекори во соработката, оценувајќи ја како исклучително важна, а судијката, Ана Павлова- Данева изрази став дека релативно кусото косовско уставно-судско искуство, за разлика од долгото македонско искуство, чиј почеток е во 1963 година, не е хендикеп, туку е предност, заради заснованоста на најдобрите уставно-правни практики. Сиљановска-Давкова, високо ја оцени работата на косовскиот Уставен суд, којшто иако е најмлад во регионот, одигра важна улога во заштитата на Уставот, законите и човековите слободи и права. Таа изрази посебен интерес за уставната пракса поврзана со широката надлежност на судот, во која е вклучена и : обврската на претседателот на собранието да го достави амандманот до Уставниот суд , пред да биде усвоен во собранието; оценката на изборите и референдумите, како и на одлуките за вонредна состојба и уредбите со законска сила. Исто така, за неа е позитивно решението со кое во кругот на овластени иницијатори на уставно-судска постапка се вклучени граѓаните, со нивното право да покренат уставна тужба. И уставно загарантираната контрола на одлуките за воведување на вонредна состојба и уредбите со законска сила, е голем демократски чекор, што, за жал, не се случи кај нас по завршувањето на Ковид кризата. Укажувајќи дека уставната правда е темел на правниот поредок, таа ја истакна потребата од продлабочување на комуникацијата меѓу двата суда, но и нужноста од регионалната уставно- судска соработка, заради унапредување на уставно-судската пракса, подобрувањето на ефикасноста на уставната контрола, како и градење институционална независност преку отпорност на политички влијанија. На средбата беа разменети мислења и за политиката на проширување на Европската Унија, за македонскиот евроинтеграциски пат низ призма на конститутивните документи на ЕУ, како и за последиците од билатерализација на евроинтеграциите во регионален контекст.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно со сончеви периодиВремето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 14 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До сабота времето ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела поради продор на постудена воздушна маса од север ќе има заладување и стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 10. ноември 2026 година Дневен хороскоп за вторник, 10. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некој би можел да ви понуди љубовна размена или соработка што ветува. Се ќе изгледа премногу деловно. Кариера Ќе договарате работи без проблеми , а другите ќе ви помагаат. Во сите работи до израз ќе дојде вашиот шарм. Здравје и совет Соработувајте со другите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашите лични односи добро се развиваат , а денеска во нив настојувате да внесете повеќе фантазија и флексибилност. Кариера Ќе успеете да ги вклучите новите соработници во работата , но финансиите ќе ви задаваат грижи.Повторно мислите дека може повеќе и подобро. Здравје и совет Не може ништо да ве одмине. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Во вториот дел од денот ќе се чувствувате многу среќни и исполнети . Оние кои уште се сами , нека ја следат својата интуиција. Кариера Пред вас се нови големи задачи на кои вреди да им се посветите со целосно внимание.Денеска ќе ги анализирате. Здравје и совет Се чувствувате одлично. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Некои ќе се откажат од добра забава или излегување без оглед на обврските што ги иамте. саканата личност ќе ве следи. Кариера Веќе не сте сигурни колку се очекува од вас, па ќе ја дозирате својата работа или ќе ги проверувате работните задачи. Здравје и совет Не се измачувајте со ситни работи. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе ви се отворат нови љубовни можности , па потрудете се да бидете меѓу луѓе или со саканата личност. Кариера Ќе дојде до мала преодна проверка , што ќе ви одземе време , а се друго е под контрола. Здравје и совет Работите ви одат се подобро и подобро. Овен 21.3-20.4. Љубов Можно е излегување во поголемо друштво. Оние кои се уште сами , нека не зборуваат премногу , туку да ги остават другите тоа да го прават. Кариера Се што денеска ќе работите од зас ќе бара поголем праг на толеранција и поголема способност за соработка. Здравје и совет Мали нервози и грижи. Бик 21.4- 20.5. Љубов Среќата во личниот живот ќе ја барате меѓу повлеченоста и отвореноста кон другите. На моменти ќе бидете сами , а на моменти среде толпа. Кариера Оние кои истражувале , денеска ќе дојдат до големо откритие. Тоа ќе биде вистински златен рудник. Здравје и совет Добро влијание на алтернативните терапии. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Оние кои се уште сами денеска ги имаат сите шанси за да воспостават близок контакт со личност со која работат или која ја познаваат преку работата. Кариера Ќе ви биде пријатно и убаво на работното место и покрај тоа што ќе ви биде напорно. Здравје и совет Денеска ќе ви биде полесно. Рак 22.6-22.7. Љубов Пред вас е исклучително добар ден во кој ќе може да си ги остварите љубовните сништа. Затоа отворете се и уживајте. Кариера што и да работите , денеска ќе ви биде уживање. работите ќе се одвиваат подобро и полесно отколку што сте се надевале. Здравје и совет Полни сте со позитивна енергија што ја ширите околу себе. Лав 23.7-22.8. Љубов Чувствителноста на саканата личност дфенеска ќе ви создава дополнителни фрустрации. Обидете се да бидете трпеливи и нежни. Кариера Многумина ќе се насмеат на можноста за некаква соработка , зашто ќе им изгледа дека не е реална.Сепак , размислете. Здравје и совет Побарајте хумористични содржини. Девица 23.8.-23.9. Љубов Веројатно ќе бидете обземени од сентименталност , со која тешко ќе излезете на крај. Малку има во љубовта што денеска би можело да ве задоволи. Кариера Вашето знаење и стручноста се неприкосновени , па ќе ви се чини дека не ви обрнуваатдоволно внимание и дека заслужувате повеќе. Здравје и совет Настинка и главоболка. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе се обидете да споите неврзано излегување со рутина. Би можеле да се најдете на ново место со старите познаници или старите навики. Кариера Една пријатна порака ќе ви го осветли денот и малку ќе ве оддалечи од секојдневнието. Сепак , набргу ќе мора да се вратите на работата. Здравје и совет Чувствителност на синусите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСамоил Малчески, Сеад Ризвановиќ и Александар Кржаловски во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Самоил Малчески, Сеад Ризвановиќ и Александар КржаловскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook