3Холандскиот премиер се обидува да го спречи распаѓањето на владата поради спорниот данок на богатство
ЗдравјеСиљановска-Давкова: Боли егзодусот на најдобрите лекари, да ја препознаеме и признаеме нивната извонредностПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на свеченото одбележување на 80-годишнината од постоењето на Македонското лекарско друштво, што вчеравечер се одржа во Македонскиот народен театар во Скопје.Таа упати честитки по повод значајниот јубилеј и потсети дека улогата на Македонското лекарско друштво, како претходник на Медицинскиот факултет, зачетник на медицинската едукација и иницијатор и основач на Лекарската комора, е важен дел од историјата на здравствениот систем во државава. За неа, јубилејот означува осум децении макотрпна и посветена работа, континуирана, силна поддршка на здравството и на лекарската професија, храбра борба за поздрави граѓани, за функционална и ефикасна здравствена заштита, за пристојно здравство. Сиљановска-Давкова истакна дека егзодусот на најдобрите лекари, медицински сестри и друг медицински кадар е тешка општествена болест и укажа на итната потреба од негово лекување, преку одлучна битка за задржување на најдобрите дома, во македонските здравствени установи како нејефикасен здравствен процес за надминување на опасната криза на недостиг на кадар, нужен за подобрување на нарушеното здравје на нацијата. Според неа, мора да знаеме дека здравјето не цвета во разорено и дезорганизирано општество, ниту во партизиран и политизиран здравствен систем во којшто, прети опасност да зацарува профитната логика, па здравствената услуга да се купува и продава, пациентите да не се третираат како личности, а некои лекари да ја заборават светата Хипократовата заклетва. „Здрави граѓани се раѓаат и развивааат во здрави држави и здрави општества, во коишто болеста се превенира со здрав животен стил во здрава животна средина, со загарантирана здравствена и социјална заштита, со посебна грижа за децата и за семејството, но и со адекватен здравствен работен амбиент", рече таа. За претседателката, лекарската професија останува најпочитуваната, најхумната, најпосакуваната. Таа им упати длабока благодарност на сите лекари за секој спасен живот, секоја победена болест, секој излекуван пациент и изрази восхит кон нив за решеноста и способноста стоички и достинствено да го носат товарот на професијата. Во продолжжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката. Почитуван претседател на Македонското лекарско друштво, Почитувана министерке, Почитувани членови на Македонското лекарско друштво, Почитувани гости, Дами и господа, Срдечно ви го честитам големиот јубилеј, 80 години од формирањето на Македонското лекарско друштво. Осумте децении старост за мене означуваат осум децении макотрпна и посветена работа, учење, оценување, преиспитување, но и носат знаење, искуство, хуманост и мудрост. Осумте децении се континуирана, силна и храбра поддршка на здравствениот систем и на медицинската професија. За мене, вие осум децении се борите за подобро здравје на граѓаните, за подобра организација на здравството, за подобри услови на лекување. Осум децении вашите претходници и сите генерации лекари дискутираат, дебатираат, менуваат, усовршуваат, реформираат, испитуваат, преиспитуваат, планираат, трагајќи по најдобриот, најефикасниот, најквалитетниот, најуспешниот модел на здравствена заштита од којшто пациентите очекуваат подобро здравје, а лекарите веруваат дека нема болест што не можат да ја победат! Во долгата и богата историја на Македонското лекарско друштво оставиле трага илјадници лекари како активни и лојални членови коишто со поддршка или критика на оние што го воделе, целеле кон усовршување и унапредување на здравството и нашето здравје. Историјата на Македонското лекарско друштво, според мене, е важен дел од историјата на здравствениот систем на Македонија. Длабоко верувам дека улогата на Друштвото никогаш не била само организациска, туку и образовна, научна и реформска, хумана и етичка! Не случајно, Македонското лекарско друштво е претходник на Медицинскиот факултет и зачетник на медицинската едукација, зашто токму од неговите редови произлегол првиот наставен кадар! Не случајно, Македонското лекарско друштво е иницијатор и основач на Лекарската комора, но и активен субјект во унапредувањето на законската и професионалната рамка за работа на лекарите. Во изминатите 80 години, Македонското лекарско друштво изгради јасна стратегија: вложување во највредното - човечкиот капитал, поттикнување и развој на научната мисла, вмрежување во светските медицински текови. Вложувањето во медицинската наука и струка не е само професионална потреба, туку и преземање голема општествена одговорност. Доказ за тоа е активното долгогодишно членство на Македонското лекарско друштво во Светската медицинска асоцијација, во Европскиот форум на лекарски асоцијации, како и преку специјалистичките здруженија во над 80 меѓународни професионални организации. Почитувани, Здравствената заштита е темелот и столбот на едно општество. Нема здрава нација, без навремена, сигурна и соодветна грижа за пациентите, овозможена во соодветни и подготвени здравствени установи, но и стручен, професионален и етички персонал. Не случајно, дефиницијата на Светската здравствена организација за здравјето гласи: „Здравјето е состојба на целосна физичка, психичка и социјална благосостојба, а не само отсуство на болест или на телесни недостатоци“. Здравјето, јас знам дека не цвета во разорено и дезорганизирано општество, ниту во партизиран и политизиран здравствен систем во којшто се купува и продава, бара и дава, кадешто пациентите понекогаш не се личности, а лекарите, за жал некогаш, во ретки случаи, не се водат од Хипократовата заклетва! Здрави граѓани се раѓаат и виреат во здрави држави и здрави општества во коишто болеста се превенира со здрав животен стил во здрава животна средина, со загарантирана здравствена и социјална заштита, со посебна грижа за децата и за семејството, но и со адекватен, ххуман работен амбиент. Квалитетен и посветен здравствен кадар, нам, политичарите, мора да ни биде јасно дека не се раѓа, туку се одгледува со добро образование, со строга селекција на најдобрите, со континуирано вложување во нив, со постојано усовршување, но и со соодветно вреднување на вашиот труд. Драги пријатели, Да се биде лекар за мене е повеќе од професија. Тоа е повик, обврска што не престанува ни кога завршува работното време на другите, ни кога ќе се изгасат светлата во болничките ходници. И сама сум сведочела на ова. Да се биде лекар значи да се биде чувар на животот, победник над болеста, па дури и над смртта, волшебник којшто ве извлекува од мракот и ве води кон светлината, глас што ви влева надеж во неможното. Лекарот за мене е совршено суштество, но и за другите, за пациентите некогаш божји пратеник. Признавам, како и многу други деца, така и јас како девојче мечтаев да станам лекарка. Како гимназијалка, оваа моја желба ја стимулираше мојата професорка по литература, Вера Давчева, чијшто сопруг беше познат лекар. Не бев осамена во желбите: неколку одлични соученички, меѓу кои и мојата главна конкурентка, ваша колешка, професорката Маргарита Балабанова, меѓутоа сеуште ја почитувам, делеа слични мечти со мене за најубавата и најхуманата професија, ние велевме професијата над професиите, вашата - медицината. Но, во последен момент го сменив ставот. И покрај мојата огромна желба и отворениот пат, се исплашив дека мојата емотивност ќе предизвика да плачам кога не смеам да плачам, да соччувствувам и да страдам со пациентите и тоа да се одрази на мојата работа, и со нивните најблиски, што мислев дека може да се одрази на мојот професионален капацитет. Се излажав, ама доцна е. Се разбира, се определив за правото, но признавам пред сите вас дека многу често ми летаа и сеуште ми летаат мислите кон медицината. Можеби затоа, признавам, имам восхит кон вашата професија и кон вас и кон вашата способност стоички и достоинствено да го носите товарот на лекарската професија, мирно да постапувате кога стоите пред Рубикон! Ви се дивам оти вие, мојот страв го заменивте со надеж и решеност! Од вас, сеуште верувам како дете, дека се плаши секоја болест и тогаш бега од пациентот! Ме боли егзодусот на најдобрите лекари и на другиот медицински персонал. Посакувам да ја препознаеме и да ја признаеме вашата извонредност. Посакувам да останете овде и да помогнете во нерамноправната битка за здрави граѓани и за здрава нација! Почитувани, осумдесет години историја се цврст темел врз којшто мораме да градиме здравствен систем што ќе ја препознае и ќе ја допише вашата медицинска приказна. Наша, и моја обврска е да создадеме услови младите лекарки и лекари да ја гледаат својата иднина тука, дома, лекувајќи нè нас. Признавам, ушт еднша, за мене, вашата професија е најценетата, најпочитуваната, најсаканата, мојата неостварена желба. Во време на глобални предизвици, конфликти и војни, кога животот не се цени, вашата улога е поважна од било кога. Болестите, за жал, се множат со брзина на светлина, вештачката интелигенција носи нови, невидени можности, но и искушенија и незамисливи закани. Во овој човечки хаос, вашиот морал, вашата етика и вашата хуманост се најсилниот бедем на нашето општество. Вие сте, за мене, првата и последната линија на одбрана не само од болестите, туку и од стравот, од неизвесноста и од загубата. Затоа, дозволете ми, како несудена лекарка, да ви упатам најискрена благодарност: за секој спасен живот, за секоја победена болест, за секој излечен пациент, за часовите коишто сте ги жртвувале, за деновите кога сте работеле додека другите славеле, за ноќите кога сте бдееле будни за да не згасне ничиј живот и нечиј живот. Вие сте за мене срцето на македонската држава. Вие сте за мене крвотокот којшто ѝ дава сила. Вие сте кислородот без којшто не може да опстанеме. Како што правилниот пулс е знак за здрав организам, така и здравите граѓани се доказ за силна држава. Ние, правниците, велиме: Salus populi suprema lex esto – Здравјето на народот е највисокиот закон. Оваа годишнина нека биде не само сеќавање на минатото, туку и поттик за поубава иднина во која нема да имаме дилеми за здравството какви што имавме и сеуште имаме во поглед на некои случаи. Нека ве охрабри да продолжите со истата страст и хуманост, нека ве исполни со гордост, но и со верба во вашата благородна мисија. Уште еднаш, од срце ви го честитам јубилејот - 80 години Македонско лекарско друштво! За мене денеска денот беше посветен и полн со мисли за вашата мисија и навистина не знам колку пати зажалив што не сум ја одбрала вашата професија. Ви завидувам. Благодарам.Тагови: Сиљановска Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 14. ноември 2026 година Дневен хороскоп за сабота, 14. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе ги тргнете од дневенред грижите што ве измачуваа и ќе се посветите на љубовта со доверба. Тоа ќе биде чекор напред. Кариера Не заостанувате со свежи идеи, но би сакале промените да се одвиваат побргу. Сепак , се движи во таа насока. Здравје и совет Прифатете ја реалноста. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Додека односто со партнерот се одвива мирно и познато, наеднаш ви паѓаат на памет сосема откачени идеи. Кариера За да ја збогатите работата или проектот на кој што работите , ќе се послужите со својата интуиција , од каде ќе црпите идеи. Здравје и совет Верувајте во себеси. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе ја комбинирате реалноста со фантазијата. Така на посебен начин ќе го збогатите својот однос со саканата личност. Кариера Кога на некои им оди , им оди. Немате грижи , многу работи се одвиваат и подобро отколку што сте се надевале. Здравје и совет Немојте да се препуштате на неодговорноста. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Дококлку сте подготвени да му се препуштите на партнерот и со доверба да му се препуштите на неговите идеи , ќе биде одлично. Кариера Веројатно ќе ви предложат нов договор или нови содржини на работното место , а за тоа ќе треба нешто да потпишете. Прво пручете го договорот. Здравје и совет Пад на имунитетот . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Она што ви недостига во односот со саканата личност ќе се обидете да го надоместите со фино однесување и љубезност. Кариера Ќе има се повеќе работа , а можно е да видадат и нови задачи или некого ќе заменуварте на работното место. Здравје и совет Одморајте се редовно. Овен 21.3-20.4. Љубов Добар пријател или пријателка денеска ќе ви предложи нешто интересно што ќе го вклопите во вашата љубовна врска. Кариера Главно ќе делувате од сенка. Тоа моментално ви одговара. Шансите за истакнување ќе дојадат подоцна. Здравје и совет Послушајте го својот внатрешен глас. Бик 21.4- 20.5. Љубов Леснотијата со која ќе се дружите со пријателите ќе биде голема. Некои преку нив ќе најдат нова љубов. Кариера И натаму сте во фаза во која не сакате да се истакнувате. Некои од вашите колеги тоа ги изненадува , но вам ви е добро. Здравје и совет Опуштајте се редовно. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Се е во рацете на вашиот партнер, а на вас е оставено што подобро да се прилагодувате. Кариера Доколку ви понудиле нов договор , земете го овој видекнд за размислување и не носете одлука пред понеделник. Здравје и совет Мирувајте. Рак 22.6-22.7. Љубов Сметате дека некои потреби на саканата личност се претерани и дека не може да ги исполните. Тоа уште повеќе ќе ве оддалечи. Кариера Можно е денеска да работите повеќе од вообичаеното , зашто има многу работа. Нема да ви биде тешко. Другите ќе се опуштат. Здравје и совет Пресметајте си што имате на сметката. Лав 23.7-22.8. Љубов Денеска ќе покажете луцидност и сентименталност во исто време. Нежната страна на вашиот карактер ќе изклезе на виделина на радост на саканата личност. Кариера Веројатно ќе добиете шанса за да го искажете својот талент .Ќе биде кратко , неочекувано и возбудливо , така како што сакате. Здравје и совет Радувајте се. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе биде силна потребата за блискост. Ќе се потрудите да бидете сами со саканата личност на место што го сакате. Кариера Своите атрактивни идеи ќе успеете да ги вклопите во сивото секојдневие. Ќе најдете за тоа и финансиски средства. Здравје и совет Пазете се од провев . Вага 24.9.-23.10 Љубов Не се сомневајте во своите љубовни способности. Личноста која ви се допаѓа е исто така заинтересирана за вас. Кариера Оние кои сакаат да сменат нешто на работното место, на чекор се до исполнување на тој план. Треба само да одредите на кој начин. Здравје и совет Зајакнувате и со духот и со телото.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
СудбинаИзвадиле тигар од кафез за да снимат ТикТок видео- момче загина пред очите на татко му (Вознемирувачко видео) Деветнаесетгодишно момче почина од сериозни повреди откако беше нападнато од тигар во приватна фарма за диви животни во пакистанскиот град Лахор.По трагичниот инцидент, полицијата уапси три лица, вклучувајќи го сопственикот на фармата и добро познат корисник на TikTok. Животното ја загуби контролата Нападот се случил во среда вечерта на фарма во населбата Кана, кога, според полициското соопштение, корисник на ТикТок дошол на имотот за да снима содржина со тигарот. За време на снимањето, животното ја изгубило контролата и го нападнало 19-годишниот земјоделски работник Талха, кој претрпел повреди опасни по живот. Младиот човек бил однесен во приватна болница, каде подоцна починал, објавува Bild. Според локалните медиуми, тигарот претходно бил изнесен од кафезот за да снима видео содржина за социјалните медиуми. Во времето на нападот, животното било надвор од кафезот, врзано со долг синџир. Таткото и братот на починатиот млад човек, кој исто така работел на фармата, наводно биле присутни на нападот. View this post on Instagram A post shared by Arab News Pakistan (@arabnewspk) Покрената е кривична постапка Во жалбата поднесена од таткото на жртвата се наведува дека тигарот бил изваден од кафезот за да учествува во снимањето, што е забрането со прописите во пакистанската покраина Пенџаб. Чувањето големи мачки во таа покраина е предмет на строги правила. Животните мора да бидат регистрирани и микрочипирани, додека јавното прикажување на животни надвор од затворените простори е изрично забрането. По нападот, полицијата ги уапси сопственикот на фармата, Фејза, и TikToker-от, а трето лице подоцна беше приведено. Истражителите проверуваат дали сопственикот имал важечка дозвола за чување на тигарот, какви безбедносни мерки биле спроведени на имотот и дали имало небрежност што довела до смртта. Покрената е и кривична постапка. Властите запленија и 33 лавови Тигарот беше предаден на надлежните служби за заштита на дивите животни, додека, според пакистанските медиуми, од фармата беа запленети и 33 лавови. Медиумските извештаи наведуваат дека лиценцата за работа на фармата истечела во 2025 година. Полицијата истражува и вели дека по нападот, бил направен првичен обид сериозните повреди на младиот човек да се прикажат како резултат на напад од куче, а не од тигар. Сè уште не е познато кој се обидел да ги прикрие вистинските околности на инцидентот или од која причина. Истрагата за околностите на трагедијата е во тек.Тагови: тигар Тик Ток Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
БизарноТинејџери направија хаос на рингишпил- луѓето врескаат и летаат на сите страни (ВИДЕО)Полицијата во американската сојузна држава Џорџија соопшти дека двајца 13-годишници предизвикале застрашувачки инцидент на саемски рингишпил, во кој се повредени неколку лица, меѓу кои и две деца. Тинејџерите ги игнорирале предупредувањата да не се грабнуваат и влечат еден на друг за лулашките за време на возењето. Поради ова, како што се наведува, настанал „целосен хаос“ - патниците неконтролирано се свртеле и налетале еден на друг. Канцеларијата на шерифот на округот Колумбија изјави за локалните станици CBS WRDW и WKRC дека 13-годишните деца биле предупредени пред да започне возењето да не се фаќаат еден за друг и да не ги свртуваат седиштата еден кон друг. Сепак, тие го направија тоа, пренесуваат медиумите. Против двајцата тинејџери се поднесени кривични пријави, јавува Law&Crime. На видеото кое стана вирално и објавено на Јутјуб и на социјалните мрежи, рингишпилот на есенскиот саем на округот Колумбија во Гроутаун може да се види како се врти надвор од контрола додека патниците се во паника. Кристен Марфи, мајка чии две деца биле на вртелешката, изјавила за WRDW дека сè изгледа како „тотален хаос“ и дека се плаши дека средството ќе „се распадне“ пред нејзините очи. „Не знам дали некогаш повторно ќе одам на саем“, рече Марфи. „Овие уреди постојано се поставуваат и се симнуваат. Ги оставате децата да ве зборуваат да одите на возење, мислите дека тоа е добра идеја. А потоа, следниот момент, се случува вакво нешто“, додаде таа. Новинарката на WRDW Мередит Андерсон во саботата објави на Фејсбук дека една жена била повредена кога се судриле лулашките и била однесена од саемот со брза помош. Подоцна, таа извести дека жената сè уште е во болница. Според извештаите, најмалку две деца се повредени. На видеото се гледа како рингишпилот ги врти патниците наоколу и успорува додека две лица на одделни висечки лулашки се обидуваат да се држат еден за друг, според WRDW. Според медиумот, се чини дека рингишпилот станал нестабилен додека лулашките се вртеле околу централната структура. Портпаролот на канцеларијата на шерифот изјави за WRDW дека истражителите веруваат дека тинејџерите намерно предизвикале рингишпилот да изгуби контрола. На нивните родители им била доставена документација со детали за обвиненијата, а двајцата тинејџери потоа им биле предадени на нивните родители. Властите не дадоа дополнителни детали за обвиненијата. Според WKRC, тинејџерите биле обвинети за непристојно однесување. Погледнете ја снимката од овој хаос: 🚨 The Columbia County Sheriff’s Office has charged two 13 year olds following an incident at the county’s fall fair. Deputies believe the teens intentionally grabbed onto one another while on a swing ride, despite prior warnings from staff not to do so. As the ride slowed, it became unstable, causing swings to slam together violently. A woman was injured and taken from the fairgrounds in an ambulance, while two children were treated for minor injuries. #ColumbiaCounty #FairSafety #PublicSafety #CrimeNews #GeorgiaNews — Amy Leigh (@IAmyLeigh) November 8, 2026 Тагови: рингишпил тинејџери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20