3Манасиевски: Јасно е зошто Фатмир Бесими ја поднел точката за деловни односи со Алта банка, сватот на Али акционер, а СДС денес спотер
МакедонијаСиљановска-Давкова: Блокадата на евроинтеграциите добива карактер на сериозен безбедносен ризик за Западен Балкан и ЕУБлокадата на евроинтеграциите, вклучувајќи ја нашата, добива димензија и карактер на сериозен безбедносен ризик за регионот на Западен Балкан, но и за ЕУ, оцени денеска претседателката и врховен командант на вооружените сили Сиљановска-Давкова. Блокадата на евроинтеграциите, вклучувајќи ја нашата, добива димензија и карактер на сериозен безбедносен ризик за регионот на Западен Балкан, но и за ЕУ, оцени денеска претседателката и врховен командант на вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова. Во обраќањето на Централната свеченост по повод Денот на Армијата, 18 Август, што се одржа во штипската касарна „Јане Сандански“, Сиљановска-Давкова порача дека природата на војната рапидно се менува, а галопирачката трка во вооружувањето диктира поголеми инвестиции во одбраната. Според неа, важноста на самоодржливста никогаш не била поголема. -Во ова невреме треба час поскоро да почнеме, како што и почнавме, стратешки да ги планираме стредствата и нивната употреба. Надлежните институции треба да размислуваат за долгорочни проекти кои ќе гарантираат самоодржливост и развој на одбраната не само во мирни услови, туку и во амбинет на воена закана и потенцијален конфликт, порача претседателката. Како што напомена, преку три децении Армијата ја пишува својата приказна како вистински чувар на татковината. -По прогласувањето на независноста во 1991 година, македонската Армија се стави на располагање на државата и граѓаните како гарант на мирот и одбраната, преку континуирана сестрана реформа, помош во справување со кризните и вонредните состојби, поддршка на цивилните институции во справување со елеменатарните непогоди како пожарите и поплавите. Тоа се уште го прави професионално, одговорно и пожртвувано, а доказ за ова е континуираното уживање највисока доверба кај народот, рече Сиљановска-Давкова во обраќањето. На свеченоста присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, претседателот на Собранието Африм Гаши, пратеници, министри, поранешни министри за одбрана и началници на ГШ, претставници од Сојузот на борците и од дипломатскиот кор. Построени беа и новопромовираните 26 потпоручници и 149 подофицери кои неодамна ги завршија школувањето и обуката, а претседателката Сињановска-Давкова го одликува Центарот за обука на питомци и офицери со Орден за воени заслуги.Тагови: Сиљановска Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретрес во валандовско, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лицеНа 12.11.2026 во село Казандол, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Ш.Е.(43) од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени пиштол „Blow“ калибар 9 мм и ловечка муниција, кои ги поседувал без дозвола. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПоповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка - по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијатаХристијан Мицкоски е во тотална паника за Алта банка. Тој и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ги загрозија парите на граѓаните, го загрозија банкарски систем. Сега се плаши од сметките, трансакциите и вистината за Aлта банка, банката на неговиот шеф Вучиќ. Затоа што Мацура е нивниот личен банкар. За „чувствата“ требаше да мисли кога ја донесе перланицата на Вучиќ во Македонија, поради што граѓаните сега не можат да дојдат до своите пари. Сега во страв од одговорност Христијан Мицкоски посегнува по истиот модел на неговиот шеф, Александар Вучиќ и она што тој го правеше во Србија, сака со да ја замолчи опозицијата. Мицкоски прво ја обвинуваше СДСМ за ширење хистерија, иако тој и Славески ја создадоа хистеријата. Не обвинуваше за саботажа, иако тој и Славески ја саботираат и ја попречуваат правдата за Алта банка. Па му нареди на Славески да поднесува кривични пријави против СДСМ. Сега Христијан Мицкоски, или малиот Вучиќ зборува за „опструкции“ и се заканува со кривично гонење на опозицијата затоа што ја кажа вистината за Алта банка и неговата врска со криминалниот картел на Вучиќ. Ова е истиот модел на Вучиќ, закани, притисок и обид за замолчување на опозицијата. Донесоа Декрет во Собранието со забрана за говор на опозицијата за „економските работници“. Тепаа деца во Ново Село затоа што ја кажаа вистината за труењето на водата во Гостивар. Сега законски измени по секоја цена да се замолчи опозицијата. Мицкоски зборува за „хорор соништа“ затоа што слободен говор во јаве му пречи. На вистината во говорот на СДСМ не може да се спротистави со аргументи. Сака да не жигосува како опасност затоа што сме единствена неконтролирана опозиција. Затоа што СДСМ уште пред 11 месеци ја кажа вистината за Алта банка! Мицкоски слободата на говорот и слободата на медиумите ги гледа како проблем. Му треба контрола за народот да не ја слуша вистината туку да ги слуша само неговите лаги. Мицкоски сака да ја гази демократијата, да ја понижува, само затоа што се плаши од одговорност. Нашата порака до Мицкоски е јасна: Знаеме дека се плашиш, доаѓа време на одговорност за Алта банка и за целиот криминал. СДСМ нема да ја замолчиш. Доаѓа крај на твојата криминална банда. Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ - членка на ИО Тагови: Наташа Поповиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаМанасиевски: Јасно е зошто Фатмир Бесими ја поднел точката за деловни односи со Алта банка, сватот на Али акционер, а СДС денес спотерКредитот од 5 милиони евра од Алта банка Белград за компанија на сватот на Али Ахмети, ја потврдува заинтересираноста за влезот на Алта банка во Македонија од страна на поранешната власт на СДС и ДУИ.Сега е јасно зошто токму Фатмир Бесими, министерот за финансии во Владата на СДС и ДУИ, на владината седница од 24 октомври 2023 година ја отворил темата за Алта банка. Имено, фирмата “АС Сењак” во сопственост на сватот на Ахмети, е фирмата која добива 5 милиони евра кредит од Алта банка Србија, а инаку оваа фирма е исто така позната во Македонија по тоа што е партнерска фирма на Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, во купувањето на Соравија. Во целиот овој процес СДС делува како спотер. Филипче и СДС јасно да кажат, дали тогаш кога ја отворале точката на седница на Влада, Давор Мацура бил криминалец? Дали тогаш Алта банка имала сомнителен капитал? Зошто молчеле за соработката на ДУИ со Мацура и Алта банка? Нам ни е јасно, само за ден повеќе власт, СДС се спремни на се! Сега е јасно на јавноста зошто СДС и Филипче беа толку гласни за Алта банка. Се потврди дека работи Фројд, и дека одработуваат за свои интереси. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕТагови: Валентин Манасиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter