Сиљановска-Давкова: Армијата е столб на стабилноста и мирот, преку три децении ја пишува својата приказна како вистински чувар на татковината - Канал 5

Сиљановска-Давкова: Армијата е столб на стабилноста и мирот, преку три децении ја пишува својата приказна како вистински чувар на татковината

Нашата Армија е столб на стабилноста и мирот, подвлече претседателката..

Сиљановска-Давкова: Армијата е столб на стабилноста и мирот, преку три децении ја пишува својата приказна како вистински чувар на татковината

По прогласувањето на независноста во 1991 година, македонската Армија се стави на располагање на државата и граѓаните како гарант на мирот и одбраната, преку континуирана сестрана реформа, помош во справување со кризните и вонредните состојби, поддршка на цивилните институции во справување со елеменатарните непогоди како пожарите и поплавите. Тоа се уште го прави професионално, одговорно и пожртвувано, а доказ за ова е континуираното уживање највисока доверба кај народот, рече претседателката и врховен командант на вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова во денешното обраќање на Централната свеченост по повод Денот на Армијата, 18 Август, што се одржува во штипската касарна „Јане Сандански“.

Како што напомена Сиљановска-Давкова, преку три децении Армијата ја пишува својата приказна како вистински чувар на татковината.

-Визијата на Генералштабопт (ГШ), дејството на Командата за операции, знаењето на Командата за обука и доктирни, поддршката на Логистичката база и честа на Баталјонот за почести се присутни во секој сегмент од армиското делување. Нашата Армија е столб на стабилноста и мирот, подвлече претседателката.

Таа порача надлежните институции да размислуваат за долгорочни проекти кои ќе гарантираат самоодржливост и развој на одбраната не само во мирни услови, туку и во амбинет на воена закана и потенцијален конфликт.

Според министерот за одбрана Владо Мисајловски, Армијата денеска одбележува 33 години напредок, 33 години безбедност на татковината и сигурност на граѓаните.

-За тоа што сме денес - организирана, високо професионална, исклучително почитувана Армија сакам да им се заблагодарам на сите мажи и жени во униформа и сите вработени во одбраната. Вие сте олицетворение на вековниот стремеж за самостојност и независност зашто одговорноста за суверена Македонија е ваша. Дававте и продолжувате да давате сè од себе за Армијата и одбраната да продолжат да се движат напред и тоа го почитувам и го вреднувам. Како министер за одбрана, втор пат имам можност да ви го честитам овој ден. Денес можам да потврдам дека столбовите на кои ја градиме Армијата и одбранбените сили стојат цврсто. Буџетирањето на одбраната е на високо ниво, а така и ќе продолжиме. Силно сме посветени да ја зајакнеме нашата одбрана со исполнување на заложбите за инвестиции во одбранбените ресурси согласно одлуките на Самитот на НАТО во Хаг и сакам да се заблагодарам на премиерот и на Владата за целата поддршка.

Тој нагласи дека инвестициите во одбраната се гледаат на дело.

-Средствата кои граѓаните ги вложуваат во нашата одбрана ги инвестираме плански и домаќински. А, резултатот го гледаме пред нас – во новите лесни оклопни и инженериски возила, во новите артилериски орудија „Боран“ кои неодамна ги промовиравме, во нова и напредна опрема која ни овозможува да кажеме дека македонската Армија е НАТО Армија. Минатата недела пристигнаа уште 29 нови лесни оклопни возила од американско производство со што бројот на овој тип возила наменети за македонската Армија се искачи на 67 од вкупно 96 кои се предмет на набавка. Годинава, арсеналот на возила ќе се зајакне и со пристигнување на дел од оклопните возила Stryker. Набавуваме и опрема за пешадија како вооружување со мал калибар – автоматски пушки, митралези, фрлачи на гранати, униформи, чизми и се што е потребно за нашите припадници беспрекорно да ги извршуваат своите задачи. Тука е и АБХО опремата, како и инженерските машини и опрема. Споменатите артилериски системи „Боран“ набавени од сојузничка Турција се веќе дел од армискиот арсенал. Набавуваме и напредна комуникациско – информатичка опрема и опрема за сајбер – одбрана и криптозаштита, која е дел од седумте договори кои ги потпишавме со САД од декември минатата година. Во овие договори се вклучени набавки за беспилотни системи, опрема за извидувачките и разузнавачките единици, опрема за специјални сили, лесно пешадиско вооружување, средства за лична заштита и Комплет за контрола на здружен оган, информира министерот.

Мисајловски потенцира и дека е во финална фаза приемот на 300 нови професионални војници.

На Централната свеченост се обрати и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, а присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, претседателот на Собранието Африм Гаши, пратеници, министри, поранешни министри за одбрана и началници на ГШ, претставници од Сојузот на борците и од дипломатскиот кор.

На церемонијата беа построени и новопромовираните 26 потпоручници и 149 подофицери кои неодамна ги завршија школувањето и обуката.

Претседателката Сињановска-Давкова го одликува Центарот за обука на питомци и офицери со Орден за воени заслуги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во валандовско, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

На 12.11.2026 во село Казандол, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Ш.Е.(43) од истото село.

Претрес во валандовско, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени пиштол „Blow“ калибар 9 мм и ловечка муниција, кои ги поседувал без дозвола. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка - по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

Христијан Мицкоски е во тотална паника за Алта банка. 

Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка - по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

Тој и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ги загрозија парите на граѓаните, го загрозија банкарски систем.

Сега се плаши од сметките, трансакциите и вистината за Aлта банка, банката на неговиот шеф Вучиќ.

Затоа што Мацура е нивниот личен банкар.

За „чувствата“ требаше да мисли кога ја донесе перланицата на Вучиќ во Македонија, поради што граѓаните сега не можат да дојдат до своите пари.

Сега во страв од одговорност Христијан Мицкоски посегнува по истиот модел на неговиот шеф, Александар Вучиќ и она што тој го правеше во Србија, сака со да ја замолчи опозицијата.

Мицкоски прво ја обвинуваше СДСМ за ширење хистерија, иако тој и Славески ја создадоа хистеријата.

Не обвинуваше за саботажа, иако тој и Славески ја саботираат и ја попречуваат правдата за Алта банка.

Па му нареди на Славески да поднесува кривични пријави против СДСМ.

Сега Христијан Мицкоски, или малиот Вучиќ зборува за „опструкции“ и се заканува со кривично гонење на опозицијата затоа што ја кажа вистината за Алта банка и неговата врска со криминалниот картел на Вучиќ.

Ова е истиот модел на Вучиќ, закани, притисок и обид за замолчување на опозицијата.

Донесоа Декрет во Собранието со забрана за говор на опозицијата за „економските работници“.

Тепаа деца во Ново Село затоа што ја кажаа вистината за труењето на водата во Гостивар.

Сега законски измени по секоја цена да се замолчи опозицијата.

Мицкоски зборува за „хорор соништа“ затоа што слободен говор во јаве му пречи.

На вистината во говорот на СДСМ не може да се спротистави со аргументи. Сака да не жигосува како опасност затоа што сме единствена неконтролирана опозиција.

Затоа што СДСМ уште пред 11 месеци ја кажа вистината за Алта банка!

Мицкоски слободата на говорот и слободата на медиумите ги гледа како проблем.

Му треба контрола за народот да не ја слуша вистината туку да ги слуша само неговите лаги.

Мицкоски сака да ја гази демократијата, да ја понижува, само затоа што се плаши од одговорност.

Нашата порака до Мицкоски е јасна:

Знаеме дека се плашиш, доаѓа време на одговорност за Алта банка и за целиот криминал. СДСМ нема да ја замолчиш.

Доаѓа крај на твојата криминална банда.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ - членка на ИО

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Јасно е зошто Фатмир Бесими ја поднел точката за деловни односи со Алта банка, сватот на Али акционер, а СДС денес спотер

​Кредитот од 5 милиони евра од Алта банка Белград за компанија на сватот на Али Ахмети, ја потврдува заинтересираноста за влезот на Алта банка во Македонија од страна на поранешната власт на СДС и ДУИ.

Манасиевски: Јасно е зошто Фатмир Бесими ја поднел точката за деловни односи со Алта банка, сватот на Али акционер, а СДС денес спотер

Сега е јасно зошто токму Фатмир Бесими, министерот за финансии во Владата на СДС и ДУИ, на владината седница од 24 октомври 2023 година ја отворил темата за Алта банка.

Имено, фирмата “АС Сењак” во сопственост на сватот на Ахмети, е фирмата која добива 5 милиони евра кредит од Алта банка Србија, а инаку оваа фирма е исто така позната во Македонија по тоа што е партнерска фирма на Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, во купувањето на Соравија. Во целиот овој процес СДС делува како спотер.

Филипче и СДС јасно да кажат, дали тогаш кога ја отворале точката на седница на Влада, Давор Мацура бил криминалец? Дали тогаш Алта банка имала сомнителен капитал? Зошто молчеле за соработката на ДУИ со Мацура и Алта банка? Нам ни е јасно, само за ден повеќе власт, СДС се спремни на се!

Сега е јасно на јавноста зошто СДС и Филипче беа толку гласни за Алта банка. Се потврди дека работи Фројд, и дека одработуваат за свои интереси.

YouTube video

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер