3Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ „Добри Даскалов“ се одвива согласно предвидената динамика
МакедонијаСиљановска да не го потпишува указот за измените во Кривичниот законик – бараат од невладиниот секторОд Платформата за борба против корупција преку допис до претседателката Сиљановска Давкова бараат да не го потпишува Указот на законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик.„Иако ја поздравуваме потребата од интервенција во Кривичниот законик, особено по измените од 2023 година, усвоените решенија, наместо да обезбедат правна стабилизација во преодниот период до донесување на целосно нов КЗ, создаваат дополнителна правна несигурност, и ризик од институционална конфузија и натамошно уназадување во борбата со високата корупција. Особено укажуваме дека со измените на кривичните дела за злоупотреба на службена положба и несовесно работење се предвидуваат пониски максимални казни во однос на состојбата пред 2023 година, што директно влијае врз казнената политика и врз роковите за застарување на кривичното гонење за тешки облици на корупција и злоупотреба на јавната функција. Кај кривичното дело несовесно работење во службата, се укинува јасната инкриминација на несовесно постапување на службени лица во органите на државната управа, што во пракса претставуваше клучна алатка за заштита на правата на граѓаните во управните постапки“, се наведува меѓудругото во дописот до претседателката Сиљановска од Платформа на граѓански организации за борба против корупција.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17
ФудбалКарим Бензема се сели во Бундеслигата? Според германски извори, некогашниот капитен на Реал Мадрид, Французинот Карим Бензема би можел да ја продолжи кариерата во Бундеслигата, поточно во Баер Леверкузен.Еден од најскапо платените светски фудбалери, Карим Бензема моментално е без клуб, а според германскиот „Билд“, францускиот напаѓач би можел да ја продолжи кариерата во Бајер Леверкузен. Наводно, Бензема веќе разговарал со поранешниот соиграч Лукас Васкез, како и со Муса Дијаби, со кого играше во Ал Итихад, за да се распраша за состојбата во клубот. Дополнително внимание привлече и фактот што Бензема неодамна почна да го следи Бајер на Инстаграм. Сепак, кога „Билд“ стапи во контакт со спортскиот директор на Леверкузен, Симон Ролфес, доби прилично воздржан одговор, па засега нема потврда дека искусниот Французин навистина ќе го носи дресот на германскиот клуб.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСирија гори: Масовни протести (ВИДЕО)Наглиот пораст на цените на горивото за време на викендот предизвика протести низ цела Сирија – тоа се најголемите демонстрации во земјата по соборувањето на Башар ал-Асад пред речиси две години.Демонстрантите палеа гуми и блокираа главни патишта – вклучително и автопатот што го поврзува главниот град Дамаск со индустрискиот центар Алепо – откако сириската влада во саботата ја зголеми цената на дизелот за 40 отсто. Новата цена изнесува 175 сириски фунти за литар, што е еквивалентно на 1,32 американски долари за литар. Зголемувањето на цените дополнително го отежна товарот за Сиријците, кои со години се соочуваат со економска криза. Програмата на Обединетите нации за развој проценува дека 90 отсто од Сиријците живеат под прагот на сиромаштија, во споредба со околу една третина од населението пред почетокот на сириската граѓанска војна во 2011 година. 🚨 SYRIA ERUPTS IN RIOTS, PROTESTING FUEL PRICE HIKES Protests are spreading across Aleppo, Raqqa, Deir ez-Zor, Hasakah and Idlib after Syria sharply raised fuel prices—diesel by about 40%. Demonstrators burned tires and blocked roads as anger grew over soaring transport and… pic.twitter.com/RDoAVFIknW — Mossad Commentary (@MOSSADil) September 13, 2026 Како дел од најголемото во низата поскапувања воведени од почетокот на војната, владата исто така ги зголеми цените на гасот за домаќинствата и индустријата за 9 отсто, на бензинот со 95 октани за 28 отсто и на бензинот со 90 октани за 26 отсто. Демонстрантите исто така блокираа конвои со цистерни за нафта кои се упатуваа кон рафинериите во централна Сирија, при што некои од нив бараа смена на министрите за енергетика и економија, како и на шефот на Сириската нафтена компанија. Портпаролот на Министерството за енергетика, Абдулхамид Салат, во неделата изјави дека зголемувањето на цените е привремена мерка наметната од повисоките глобални трошоци за набавка и големата зависност на Сирија од увоз, додавајќи дека цените може да се зголемат или намалат во зависност од променливите околности. Сирија во голема мера се потпира на руска нафта, увезувајќи околу 60.000 барели дневно оваа година, иако Дамаск му соопшти на Вашингтон дека е подготвен значително да го намали тој увоз. 🇸🇾 “LISTEN, BASHIR — WE WON’T GO BACK TO THE DONKEYS!” Protesters in Idlib city are now directing their anger at Syrian Energy Minister Mohammed al-Bashir as demonstrations over soaring fuel prices continue to spread. Crowds can be heard chanting: “The people want the minister… pic.twitter.com/6zyUl2jFaI — DD Geopolitics (@DD_Geopolitics) September 13, 2026 Тоа снабдување е под зголемен притисок поради украинските напади врз руските рафинерии, кои го намалија производството и ја поттикнаа Москва да го ограничи извозот на бензин и дизел. Цените ги одразуваат не само трошоците за сурова нафта, туку и недостигот на рафинирани производи и повисоките трошоци за преработка, транспорт и снабдување, рече Салат во изјавата. SYRIAN PROTESTS HAVE TURNED DEADLY In Eastern Syria, Jolani's gangs are opening fire on demonstrators, and the people are responding with stones against the elements of the criminal regime. - Protests continue on the second day of the fuel price hike crisis in Syria The… pic.twitter.com/zKMInxI46S — Tomthunkit™ (@TomthunkitsMind) September 15, 2026 Недостигот дополнително се влоши поради тримесечното затворање на рафинеријата Банијас – најголемата во Сирија – заради нејзиниот прв сеопфатен ремонт. По најновото поскапување, цената на бензинот со 95 октани е зголемена за околу 86 отсто од февруари, додека цената на дизелот е повеќе од двојно зголемена. Референтната цена на суровата нафта од типот „Брент“ порасна за приближно 44 отсто, зголемувајќи се од 72,48 на 104,61 долар за барел. Извор: Б92Тагови: протести Сирија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваЏастин и Хејли Бибер играјќи билијард ја прославија годишнината од бракот-Џастин и Хејли Бибер никогаш не биле повљубени.Светскиот џет сет пар Џастин и Хејли Бибер ја прославија својата осма годишнина од бракот. Музичарот сподели фотографии од опуштена дружба со билијард и емотивна порака до својата сопруга. Џастин и Хејли Бибер ја прославија својата осма годишнина од брак, а музичарот сподели неколку фотографии на кои парот ужива во заедничкото време – играјќи билијард и натпреварувајќи се пријателски. Џастин на Инстаграм објави фотографии на кои тој и Хејли уживаат во опуштената атмосфера на еден бар, наизменично играјќи билијард. Покрај фотографиите, тој напиша: „Од осум години до бесконечност ❤️ НОВИ ПОГЛАВЈА ♾️ Те сакам, љубов моја. Среќна годишнина“. На една од фотографиите, Џастин го мести стапот и се подготвува за потег, додека Хејли стои до него со својот стап. На други фотографии, парот се смее и ужива во заедничкото време. Хејли се пошегува и на сметка на своите вештини во билијардот. „Осум години како сум ужасна во билијард“, напиша таа во коментарот, придружен со емотикони. Осум години од венчавката во Њујорк Годишнината доаѓа осум години откако Џастин и Хејли стапија во брак во септември 2018 година во Њујорк.Тагови: Џастин Бибер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter