Засега нема предупредување дека доаѓа цунами, но поради претпазливост, на жителите кои живеат во крајбрежниот дел им е кажано да се повлечат во ридовите, пренесе Јапан тајмс.
Засега нема извештаи за евентуална штета или повредени.
Фукушима се наоѓа на островот Хоншу.
Тој остров на 11 март 2011 година беше погоден од цунами, а потоа земјотрес, па дојде до хаварија во нуклеарната електрана во Фукушима.
Тогашниот земјотрес беше со јачина од 9,3 степени, а огромните бранови од 16метри, кои го поплавија јапонскиот остров, однесоа повеќе од 19.000 животи.