Силен земјотрес регистриран во источниот дел на Турција - Канал 5

Силен земјотрес регистриран во источниот дел на Турција

Земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала рано утринава го погоди источниот дел на Турција. 

Силен земјотрес регистриран во источниот дел на Турција

Потресите беа почувствувани во неколку провинции, а засега нема извештаи за жртви или материјална штета.

Земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала ја погоди источната турска провинција Малатија рано утринава, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Земјотресот се случи во 6:20 часот по локално време, со епицентар во областа Баталгази, на длабочина од 15,59 километри, се наведува во соопштението на АФАД.

Потресот се почувствувал и во соседните провинции Елазиг, Адијаман, Тунџели и Шанлиурфа. АФАД соопшти дека засега нема извештаи за материјална штета или жртви.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сидни Свини позира во градник и боксерки- доби над 1,6 милиони лајкови (ВИДЕО)

Сидни Свини претстави нова колекција за својот бренд за долна облека и облека за одмор Syrn. 

Сидни Свини позира во градник и боксерки- доби над 1,6 милиони лајкови (ВИДЕО)

Актерката објави неколку фотографии на социјалните мрежи на кои позира во комплет градник и боксерки во боја на морска пена.

Новата линија, наречена „Small Town Girl“, е опишана како колекција од лежерна и разиграна облека дизајнирана за опуштени моменти.

Таа претстави нови парчиња

На фотографиите, Свини носи градник „First Base Scoop Neck“, кој чини 39 долари, и боксерки со висок струк „Back For More“, кои се продаваат по цена од 16 долари. Таа ја комплетираше комбинацијата со унисекс панталони со широк струк „Better On You“, кои се продаваат за 79 долари.

„Дали си девојка од мал град? Новата колекција е достапна на @syrn“, напиша таа покрај објавата, која собра 1,6 милиони лајкови за само 14 часа откако беше објавена.

Во друго видео за промоција на лансирањето на колекцијата, актерката танцува во истата комбинација.

„Ден на лансирање за @sydney_sweeney. „Девојка од мал град“ е официјално достапна на SYRN“, пишуваше во описот на објавата.

Свини активно го промовира својот бренд

Актерката претходно ги користеше своите социјални мрежи за да го промовира Syrn. Минатата недела објави фотографија од зад сцената од снимањето на која го носи бодито од чипка „Fantasy“, кое се продава за 89 долари.

Порано овој месец, таа покажа и некои од своите омилени парчиња од брендот, во кои инвестираше и Џеф Безос. „Од закачалките на Сид. Од нејзините гради до вашите, купете ги нејзините омилени комбинации на SYRN.com“, напиша таа во описот на објавата.

На фотографиите, 28-годишната актерка носи парчиња од четирите категории што ги издвоила за својот бренд: „Заводничка“, „Романтична“, „Разиграна“ и „Удобна“. Меѓу нив се и модели од чипка, вклучувајќи корсет што го носеше во приватни пригоди, но и за време на снимањето на серијата „Еуфорија“.

Џеф Безос, исто така, инвестираше во брендот

Свини го лансираше брендот Syrn во јануари и е вклучена во неговото јавно претставување уште од самиот почеток. Таа често се појавува во кампањи и промотивни материјали, поврзувајќи го со тоа својот актерски профил со модниот бизнис.

Минатиот месец, таа беше поддржана од нејзиниот партнер Скутер Браун, кој присуствуваше на промоцијата на брендот во Лос Анџелес што се одржа како дел од продавницата за замрзнат јогурт Bigg Chill.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Демонстрации во Киев, се бара враќање на фукцијата на сменетиот министер за одбрана Федоров

Незадоволството во Киев расте по одлуката на Володимир Зеленски да го разреши министерот за одбрана Михаил Федоров. Демонстрантите веќе втор ден по ред бараат тој да биде вратен на функцијата.

Демонстрации во Киев, се бара враќање на фукцијата на сменетиот министер за одбрана Федоров

Илјадници луѓе во петокот вечерта протестираа во Киев против разрешувањето на популарниот министер за одбрана Михаил Федоров – потег што претседателот Володимир Зеленски го повлече како дел од владината реконструкција, а кој предизвика поделби во земјата. Демонстрантите втор ден по ред се собраа во главниот град на Украина, носејќи знамиња и транспаренти, пренесува „Франс прес“.

„Вратете го Федоров!“ – пишуваше на еден транспарент, додека друг повикуваше на „почит и внимание кон луѓето“.

Третиот ја оцени одлуката за промена како „само саботажа“.

Протестите избија во четвртокот по разрешувањето на Федоров, 35-годишен технолошки експерт кој сакаше да ја преобликува украинската војска во поефикасна борбена сила.

Зеленски минатата недела најави дека планира реконструкција на владата со цел да ги зајакне односите со клучните меѓународни партнери. Сепак, смената на министерот за одбрана предизвика необични протести во главниот град и во неколку други градови во услови на воена состојба. Во четвртокот, на улиците излегоа главно млади демонстранти.

Федоров, млад реформатор и застапник за употреба на висока технологија на бојното поле, ја напушти функцијата помалку од шест месеци откако стана министер за одбрана.

Популарен меѓу граѓаните и почитуван од западните сојузници на Украина, Федоров објасни дека дошло до судир меѓу него и главнокомандувачкиот на украинската војска, Александар Сирски, кој се залага за потрадиционален пристап кон воените операции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата

Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата, за нивните желби во Изборниот законик.

ВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата

Како никогаш до сега, опозициските партии од Владата добија бланко лист за да ги запишат нивните барања и желби за некое законско решение.

СДС, Левица и ДУИ тоа го добија за реформскиот Изборен законик, а тоа го одбија без да седнат меѓу себе да се договорат и ни малку да размислат.

Се поочигледно е дека тоа го направија за да глумат жртви на изборните циклуси, на кои се поизвесно е дека ќе доживеат пораз, мислејќи дека виктимизацијата ќе им донесе некој поен или глас повеќе.

Вистината и реалноста која излезе на површина и ја разоткри виктимизацијата на опозицијата е дека ВМРО-ДПМНЕ, како владејачка политичка партија, им ги прифаќа сите нивни барања само да се олесни начинот и да се прошири гласањето на дијаспората.

И ова, до сега невидена понуда и подадена рака од страна на власта, коалициските партнери СДС, Левица и ДУИ ја одбија. Тие, исто така, во новиот ИЗ одбија да бидат вклучени препораките на ОБСЕ и ОДИХР, да имаме една изборна единица, одбија и повеќе пари за рекламирање за партиите.

Кога ќе гледаме што се добија и одбија овие опозициски партии, јасно е дека тоа го направија само за да се претстават како жртви и оваа приказна да можат да ја шират како алиби на следните избори, на кои им следи историски дебакл.

Од друга страна, со блокирањето и недонесување на Изборниот законик, дел од Реформската агенда, сакаат да го намалат успехот на државата во делот на исполнувањето на реформите.

И покрај ваквите блокади и опструкции, Македонија е лидер меѓу земјите од Западен Балкан во однос на спроведувањето на реформите, но неносењето на овој закон е директен показател дека СДС, ДУИ и Левица ќе ја користат секоја можност да опструираат и да го спречат државниот напредок.

Ако гледаме од друга страна, токму овој процес покажа кој каде и за што е. ВМРО-ДПМНЕ како одговорна и државничка партија е на власт и ја води државата, а СДС, ДУИ и Левица во длабока опозиција без доверба од граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ е партија со доверба од граѓаните која работи во интерес и за напредок на државата, додека опозициските го гледаат исклучиво интересот партиски.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер