Силен земјотрес од 5,9 степени ја погоди Грција

Грција попладнево ја потресе земјотрес со јачина од 5,9 степени.

ЕМСЦ соопшти дека земјотресот се случил на 78 километри од островот Родос. Додаваат дека нема опасност од цунами.

Институтот со седиште во Атина објави дека земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала ја погодил областа источно од грчкиот остров Родос. Земјотресот се случил во 14 часот и 37 минути по локално време. Засега нема информации за материјална штета и жртви.

„Седев во градината и почувствував тресење и слушнав/почувствував длабок татнеж. Чувствував како кружно движење, но тешко е да се каже со сигурност. Траеше можеби 7-8 секунди со помало тресење веднаш потоа. Најсилниот тресење што сум го почувствувал за 9 години откако живеам овде“, напишал еден корисник на страницата EMSC.

„Само Интервју“ со Панче Тошковски

Дами и господа, утре во Само Интервју ќе гостува министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски.

Има ли на повидок решение за проблемот со пасошите? Се креира ли намерно хаос со личните документи во предизборието или само така ни се чини?

Ни претстои ли фер и демократски или тежок и историски изборен процес? Има ли доволно време за прочистување на избирачкиот список?

Предизборен фолклор или проблеми од под тепих, можно ли е поместување на „црвените“ линии на ВМРО-ДПМНЕ доколку од тоа им зависи фотелјата на Илинденска?

Се користи ли политичката сцена за спас од гонење за корупциските скандали?

Од адвокат до технички министер, има ли Тошковски амбиции стане прв полицаец доколку има политички пресврт?

Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски ќе гостува Панче Тошковски, веднаш по вестите во 18 часот.

Сопругата на Асанж по вториот ден на суд: Нападот кон него е напад врз слободата на медиумите

Сопругата на основачот на Викиликс Стела Асанж денеска изјави дека нападот врз Џулијан Асанж е „најлошиот напад врз слободата на медиумите што светот некогаш го видел“.

„Нападот врз Асанж е најтешкиот напад врз слободата на медиумите што светот некогаш го видел. Тој е екстратериторијален и го спроведува една земја, применувајќи ги своите закони во остатокот од светот, врз странски државјанин кој објавувал во друга земја. “, изјави Асанж за Франс 24.

Според неа, нападот врз Асанж претставува „декларација за универзална јурисдикција над печатот во која една држава тврди дека има моќ да ја ограничи не само способноста на новинарите да ја вршат својата работа, туку и правото на јавноста ширум светот да знае."

Во високиот суд во Лондон се одржа дводневно рочиште во врска со жалбата на основачот на „Викиликс“ против одлуката за негова екстрадиција во Соединетите Американски Држави.

Вчера адвокатите на Асанж први се обратија пред судот, велејќи дека се работи за политички мотивиран случај, додавајќи дека се прекршени човековите права на нивниот клиент, јавува Би-Би-Си.

Тие истакнаа дека имаат докази за заговор на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) за убиство на Асанж за време на претседателствувањето на Доналд Трамп.

Адвокатот Ед Фицџералд рече дека не може да им се верува на американските гаранции за фер третман, додавајќи дека неговиот клиент може да биде осуден на „грубо неправеден и непропорционален начин доколку биде екстрадиран“ во Соединетите држави.

Американските адвокати денеска се обратија пред судот, велејќи дека обвинението за шпионажа против новинарот е „засновано на владеењето на правото и доказите“.

„Ова гонење можеби е без преседан, но она што тој го направи беше без преседан“, изјави денеска адвокатката Клер Добин, која ги застапува САД.

Порталот на Асанж „Викиликс“ стана познат во 2010 година кога објави видео од американската армија во кое десетици луѓе, меѓу кои и двајца новинари на Ројтерс, беа убиени во напад на хеликоптери „Апачи“ во Багдад во 2007 година.

После тоа, беа објавени илјадници тајни доверливи документи и дипломатски извештаи во кои САД ги критикуваат светските лидери, од рускиот претседател Владимир Путин до членовите на саудиското кралско семејство.

Во САД, Асанж е обвинет за шпионажа по 17 точки, а доколку биде прогласен за виновен, може да добие и до 175 години затвор.

Сопругата на Арбен Таравари на 7 февруари се вработила во Министерството за образование

Сопругата на претседателскиот кандидат на албанската опозиција и лидер на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари на 7 февруари е вработена во Министерството за образование.

Според одлуката, до која што дојде Канал 5 , Нора Таравари е вработена на местото помошник раководител на сектор за еквиваленција и нострификација во Министерството за образование.

притисни ентер