Силен тајфун со голема брзина се приближува кон Тајван, загрозени се 20 милиони луѓе - Канал 5

Силен тајфун со голема брзина се приближува кон Тајван, загрозени се 20 милиони луѓе

Многу силен тајфун со денови е над западниот дел на Пацификот.

Силен тајфун со голема брзина се приближува кон Тајван, загрозени се 20 милиони луѓе

Во меѓувреме, тој се засили на тајфун од трета категорија. Невремето се наоѓаше на исток од северните делови на Филипините и направи пресврт кон северозапад, така што сега се движи директно кон Тајван.

Тајфунот се движи меѓу островот Лузон и Тајван и до утре ќе стигне до Тајван. Југоисточниот и источниот брег на Тајван ќе бидат директно погодени од тајфунот.

Се очекуваат ветрови со брзина од 200 км/ч, со бранови високи 20 метри.

Покрај ураганските ветрови, тајфунот ќе донесе и огромни количества врнежи.

Се очекува да наврнат над 500 литри дожд на метар квадратен, локално на планините свртени кон исток и до 800 литри поради орографијата каде ќе има опасност од разорни поплави и порои.

Евакуацијата на загрозените лица е веќе во тек, а се очекува и евакуација на уште стотици илјади луѓе.

Невремето ќе трае најмалку 24 часа и целиот систем ќе се движи над овој остров, слабеејќи поради земјиштето, но сепак ќе биде многу опасна бура.

Главниот град Тајпеј исто така ќе биде погоден од тајфунот, со урагански ветрови со брзина од 140 км/ч, каде се очекуваат обилни врнежи, заедно со ризик од поплави и порои.

По Тајван, тајфунот ќе ја премине и источна Кина, но јужно од Шангај ќе направи пресврт кон североисток и ќе се движи кон јужна Јапонија како тропска бура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. 

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

По повод празникот, предвидено е положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата.

Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна .

Од Град Скопје информираат дека вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи свеченото доделување на наградата „13 Ноември“.

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. Во ослободителните операции учествувале 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада, кои по неколкудневни жестоки борби влегле во градот.

Борбите се воделе на повеќе локации низ Скопје, меѓу кои на улицата „Илинденска“, кај Главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица. Македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од уништување, додека граѓани учествувале во одбраната на Камениот мост од минирање.

Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци, а за време на целата Втора светска војна животот го загубиле околу 4.600 скопјани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Во здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предлог буџет за 2027 година на собраниска комисија

Во Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска на дневен ред е предлогот на буџетот на Македонија за 2027 година, во второ читање.

Предлог буџет за 2027 година на собраниска комисија

Поднесени се над 100 амандмани.

Согласно проекциите, вкупните приходи на буџетот се планирани на ниво од 395,4 милијарди денари, расходите на ниво од 440,4 милијарди денари, додека буџетскиот дефицит е проектиран во износ од 45 милијарди денари или на ниво од 3,5% од планираниот БДП. Отстапувањето од фискалното правило е резултат на очекуваниот фискален ефект од потребата за исполнување на обврските од членството во нато алијансата за капитални вложувања во одбраната, со утврден износ од 2% од БДП-то.

Проекциите на даночните приходи се планирани на ниво од 223 милијарди денари, со што тие учествуваат со 17,4% во БДП-то. Воедно износот на проектираните приходи е намален за 1,5 милјарди денари поради обврската за враќање на солидарниот данок кој се прибираше во 2023 година, а врз основа на законско решение за кое уставниот суд заклучи дека тоа било неуставно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер