ФудбалСилекс и Арсими за старт на 15.коло на ПФЛСо натпреварот меѓу Силекс и Арсими што се игра денеска во Кратово стартува 15.коло од Првата фудбалска лига. Почетокот на дуелот е во 13 часот, а тоа ќе биде единствениот дуел закажан за петок.Утре (сабота) се играат два натпревара. Во Битола Пелистер го пречекува тимот на Македонија ЃП, а почетокот е во 12:30 часот, додека 30 минути подоцна стартува натпреварот Брера – Тиквеш. Во недела во 12:30 часот е почетокот на дуелот Струга – Башкими, додека од 13 часот на терените на ФФМ се дуелот меѓу Вардар и Шкупи. Пoследниот дуел од оваа рунда се игра в понеделник во Тетово меѓу Шкендија и Работнички.Тагови: Првата фудбалска лига на Македонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Сред лето не работат хируршките сали – власта го става во ризик здравјето на граѓанитеЗа две години Мицкоски и ВМРО го доведоа здравството до колапс.Сред лето, на пеколни температури, хируршките сали, овде во Клиничкиот центар не работат - системот е во дефект. Се откажуваат однапред закажаните операции и оние за кои е проценето дека не се итни. Откажани се операции на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар. Ова е уште еден доказ за целосната негрижа и неспособност на оваа Влада и на Министерството за здравство, да обезбедат елементарни услови за функционирање на здравствениот систем. Кога во хируршките сали нема услови за работа, не се одложуваат само операции. Се одложуваат нечии надежи за оздравување, се продолжува нечија неизвесност, се доведува во прашање безбедноста на пациентите. Кој гарантира дека одложувањата се безопасни, кој ќе сноси одговорност ако се случчат компликации поради чекање за операција? На една Влада, секој пациент треба да и биде важен. Здравјето и нечиј живот не смее да се третираат селективно. Но, на Владата на ВМРО, поважно е да има пари за партиски тендери, отколку за функционален и одржлив здравствен систем. Во буџетот нема пари. На средина од годината дефицитот е целосно истрошен, а државата ја задолжија со нови 2,5 милијарди евра. Ништо од тие пари не е за мерки за граѓаните, за плати и пензии, ниту пак за инвестиции во здравството. Пациентите не смеат да бидат жртва на неспособноста, негрижата и лошото менаџирање на оваа криминална власт. Бараме итно санирање на дефектот и оспособување на хируршките сали за сите пациенти. Изјава, Рената Младеновска – членка на Извршниот одбор Скопје, 30.06.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГори дива депонија во Шуто Оризари11:53Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00Регистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
БалканГрчкиот црвен крст со упатство за каснување од рибата зајакПо неколкуте пријави за каснување од риба зајак, грчкот црвен крст со упастава за брза реакција за капачите.„Веднаш исчистете ја раната со многу чиста вода и сапун, избегнувајте употреба на антисептици освен ако не ви препорача лекар, применете постојан притисок со чиста крпа или завој, држете го повреденото место подигнато доколку има крварење, побарајте медицинска помош што е можно поскоро – каснувањата може да бараат специјалистичка нега. Во итен случај: јавете се на 166 (брза помош) или 112 (европски број за итни случаи), стои во памфлетот на грчкиот црвен крст.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотМеркел доби официјален портрет: „Невообичаено е да се стане дел од историјата“Портрет на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, насликан од малку познатиот уметник Жереми Кејрас, ќе биде свечено претставен во берлинскиот музеј „Боде“ на Музејскиот остров, речиси пет години откако таа ја напушти функцијата. Сликата ќе биде изложена во музејот „Боде“ во текот на три месеци, почнувајќи од вторник, по што подоцна оваа година ќе биде преместена во кабинетот на сојузниот канцелар. Во неодамнешно интервју за „Ди Цајт“, Меркел скромно го коментираше тој момент. „Невообичаено е кога полека станувате дел од историјата“, рече таа. На првиот кат од канцеларијата на федералниот канцелар се изложени портрети на сите германски канцелари, вклучувајќи го и Герхард Шредер, чиј портрет го насликал Јерг Имендорф во 2007 година. Заедно со портретот на Ангела Меркел, недостасува и портретот на Олаф Шолц. Неговиот кабинет објави дека сè уште не избрал уметник.Тагови: Ангела Меркел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГори дива депонија во Шуто Оризари11:53Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00Регистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24