Димитријевиќ меѓу граѓаните во Битола: Граѓаните во неизвесност, без пари - Мицкоски го заштити капиталот на криминалците
1Димитријевиќ меѓу граѓаните во Битола: Граѓаните во неизвесност, без пари - Мицкоски го заштити капиталот на криминалците
3Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП
Им делеле слатки на децата на Ноќта на вештерките- во нив ставале игли и магнети, реагира германската полиција
1Им делеле слатки на децата на Ноќта на вештерките- во нив ставале игли и магнети, реагира германската полиција
3„Беше пеколна година“- четворица астронаути излегоа од изолацијата по 378 дена живот како на Марс (ВИДЕО)
БалканСијарто за РТС: Двојни стандарди во ЕУ кон Србија, но и во однос на блокадите кон Македонија- Ова се двојни стандарди. Тоа е јасно. Што се случи со Романија и Бугарија одамна. Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, изјави дека е очигледно оти Европската Унија применува двојни стандарди во процесот на проширување, посочувајќи на диспропорцијата во третманот на Србија, но и на пречките во интеграцијата на Македонија. Во интервју за српската јавна телевизија РТС, Сијарто ја истакна диспропорцијата во третманот на Србија во споредба со другите земји-кандидати. - Мислам дека за сите е очигледно оти ЕУ применува двојни стандарди и кон Србија. Зошто? Погледнете ја на пример Украина. Дали некој со здрав разум ќе поверува дека Украина е во подобра состојба од Србија како кандидат? Дали некој сериозно мисли дека Украина е поподготвена да се приклучи на ЕУ отколку Србија?, праша Сијарто. Според него, Украина е преферирана на сметка на Србија, која тој ја смета за многу подобро подготвена за пристапување. - Во последните 11 години, откако седам на масата со европските министри за надворешни работи и разговараме за проширување, најчесто се слуша дека процесот треба да се заснова на заслуги. (...) Србија тоа го постигна, а Украина – воопшто не, нагласи Сијарто. Тој се осврна и на идејата за донесување одлуки во ЕУ со квалификувано мнозинство наместо со едногласност, што се појави поради различното мислење на Будимпешта. Тој и тоа го оцени како двоен стандард, давајќи ги за пример Бугарија и Романија. - Ова се двојни стандарди. Тоа е јасно. Што се случи со Романија и Бугарија одамна. Тие беа подготвени да се приклучат на Шенген зоната, но поради ветото од Австрија, а потоа и од Холандија, не можеа да се приклучат. Дали некој ги обвини Холанѓаните или Австријците дека го злоупотребуваат правото на вето, дека го нарушуваат европското единство. Не. Ова се двојните стандарди за кои зборувам. Ако некоја централноевропска земја каже „не“ на нешто, тоа е веднаш неприфатливо и го поткопува европското единство, и дека е шпион на Путин. Погледнете што се случува со вашиот процес на пристапување кон Европската Унија. Пред многу години, Европската комисија му предложи на Европскиот совет да го отвори следниот кластер поглавја со Србија со цел да се продолжат преговорите за пристапување. И што се случи? Некои земји-членки не се согласија и оваа одлука не беше усвоена. Дали некој ги обвини тогаш за поткопување на европското единство? Секако не. Грција ги блокираше преговорите за пристапување со Македонија речиси една деценија. Дали некој ги обвини Грците за поткопување на европското единство? Не. Сега, Бугарите критикуваат, тие имаат некои предуслови. Дали некој ги критикуваше Бугарите? Секако не. Значи, ова се двојни стандарди, истакна унгарскиот министер. - Унгарија секогаш се наведува како виновник, бидејќи имаме влада која успешно работи, но не е во согласност со политичките вкусови на Брисел, бидејќи се спротивставуваме на војната, бидејќи се спротивставуваме на миграцијата, родовата пропаганда и поради сето тоа, секогаш кога не се согласуваме со нешто на што имаме право, така функционира Европската Унија, таа е основана на таков начин што мора да се постигне едногласност и тоа се основните вредности на Европската Унија дека едногласноста е неопходна, а ако Унгарија има различно мислење, веднаш сме стигматизирани, посочи Сијарто во интервјуто за РТС. Тагови: сијарто Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотИм делеле слатки на децата на Ноќта на вештерките- во нив ставале игли и магнети, реагира германската полицијаДеца во германските покраини Тирингија и Рајнска област-Пфалц откриле метални иглички и магнети во своите бомбони собрани на Ноќта на вештерките, но за среќа никој не е повреден, објавија германските медиуми.Полицијата го истражува случајот како обид за тежок напад, објави германскиот весник „Билд“. Во Винчигероде, Тирингија, деца откриле метални иглички во своите бомбони додека ги одвиткувале, а полицијата верува дека игличките биле намерно поставени таму за да ги повредат децата. Сè уште не е јасно кој ги дистрибуирал бомбоните со опасните предмети. Слична ситуација се случила во Опенхајм, Рајнска област-Пфалц, на Ноќта на вештерките. #Halloween-Horror im Süßigkeitenbeutel! Kinder in #Thüringen und Rheinland-Pfalz entdeckten #Metallnadeln und Magnete in ihren gesammelten Naschereien. Zum Glück wurde niemand verletzt. Die Polizei ermittelt. Was gibt's eigentlich für Arschlöcher. #unfassbar 🔗 https://t.co/oOkWzoYVqa — GoscheUff (@GoscheUff) November 1, 2026 Деветгодишно момче подетално ги погледнало своите бомбони и открило два мали магнети, секој со дијаметар од околу два милиметри, на бомбоните. Неговата мајка била предупредена од објава на Инстаграм и го замолила својот син да ги провери бомбоните пред да ги јаде. Полицијата сега се обидува да открие кој стои зад овие опасни наоди за Ноќта на вештерките, бидејќи сè уште не е јасно од кои домови потекнуваат бомбоните. Затоа, на родителите им се препорачува почесто да ги проверуваат слатките на своите деца. Слични шокантни откритија се случиле и претходно. Во 2025 година, мајка во Кил пронашла бричеви меѓу бонбоните за Ноќта на вештерките на своите деца, се сеќава Билд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаДимитријевиќ меѓу граѓаните во Битола: Граѓаните во неизвесност, без пари - Мицкоски го заштити капиталот на криминалцитеДенеска е тежок ден за граѓаните на Битола, овде сме заедно со нив, луѓето имаат мака, огромен проблем по избивање на скандалот со Алта банка. Загриженост и неизвесност, за своите пари, заштеди и за финансиската сигурност. Овие луѓе имаат мака затоа што имаме арамиска власт која им го создаде проблемот, Мицкоски и ВМРО-нивната организирана криминална група. Денеска го нема Мицкоски во Битола, избегал дури во Германија. А го нема ниту Трајко Славески. Арамиите направија хаос и сега наместо за граѓаните, нормално го штитат криминалниот капитал. Ние предупредувавме уште пред 11 месеци колку е ова опасно, банката на Вучиќ со криминални пари и криминален капитал да влезе во Македонија. Денеска, цената ја плаќаат граѓаните, пензионерите, кои се без пари, и тие 10 илјади денари со кои треба да живеат а ниту тие дали ќе можат да ги извадат. Сметки, струја, греење, храна, лекови. Пензионерите, еве го втори е, остануваат без пензии. Експозитутрите се затворени, банкоматите се празни, нема картички. Ниту тие 10 илјади немаат како да ги извадат. Луѓе без картички не можат да стигнат до своите пари бидејќи експозитурите не работат. Многу банкомати се празни, а на другите се чекаат редови со часови. Ако се сака да се заштитат штедачите, треба да им се дозволи да си ги подигнат своите заштеди во целост. Но оваа криминална власт им за цел да го заштити капиталот на криминалците, на сметка на гаѓаните чии депозити се заробени. Мора да има истрага и мора да има одговорност, и од Мицкоски и од Трајко Славески. Прв чекор кон решавање на овој скандал е Славески да даде оставка, да се отвори истрага. Бараме ПИОМ да не ги исплаќа пензиите на сметките на пензионерите на Алта банка, за да се заштитат. Бараме целосно расчистување на случајот и утврдување на одговорност, рече генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
ЕвропаПремиерот на Белгија поднесува оставка, земјата ја очекува политички земјотрес Белгискиот премиер Барт де Вевер ќе му ја понуди својата оставка на кралот Филип откако разговорите за буџетот пропаднаа, а владата не успеа да постигне договор за мерките за штедење потребни за усогласување со правилата на Европската унија.Според локалните медиуми, повикувајќи се на јавниот радиодифузен сервис VRT, Де Вевер треба да биде примен од кралот денеска, откако неколкучасовните преговори меѓу членовите на владата, кои траеја цела ноќ, завршија без договор. Белгиската влада е под голем притисок да ги намали јавните трошоци и да заштеди околу 10 милијарди евра со цел да се усогласи со фискалните правила на Европската унија, објавува Euronews. Буџетскиот дефицит на Белгија минатата година изнесуваше пет проценти од бруто домашниот производ, што е далеку над дозволената граница од три проценти. Проблемите се дополнително влошени од јавниот долг, кој надмина 735 милијарди евра, или повеќе од 110 проценти од БДП. Според правилата на ЕУ, јавниот долг на земјите-членки не треба да надминува 60 проценти од БДП. Неуспехот да се постигне договор за буџетот веќе имаше влијание врз финансиските пазари. Каматните стапки на белгиските државни обврзници се зголемија, што значи дека земјата ќе мора да потроши повеќе пари за да го сервисира постоечкиот долг. Доколку кралот Филип ја прифати оставката на Де Вевер, Белгија би можела да се соочи со нови избори. Сепак, монархот има можност да ја отфрли оставката или да ја разгледа. Де Вевер под притисок поради блокирање на планот на ЕУ за руските средства Белгискиот премиер е во центарот на вниманието во Европа во последните месеци поради неговото противење на планот на Европската унија за користење на замрзнатите руски средства, вредни околу 140 милијарди евра, за финансирање на помошта за Украина. Овој став му го донесе неформалниот прекар „Кочницарот на ЕУ“, бидејќи неговото противење е една од главните пречки за постигнување договор меѓу членките на ЕУ. Де Вевер претходно предупреди дека користењето на замрзнатите руски средства за обезбедување заем за Украина може да предизвика сериозни превирања на европските финансиски пазари. Тој, исто така, истакна дека белгиските даночни обврзници би можеле да се соочат со огромни финансиски последици ако имотот еден ден се врати во Русија, а обврската за враќање на заемот остане кај европските држави.Тагови: Белгија оставка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00