Сијарто во Москва: Унгарија и Русија мора заеднички да се спротивстават на надворешниот притисок - Канал 5

Сијарто во Москва: Унгарија и Русија мора заеднички да се спротивстават на надворешниот притисок

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, изјави дека Русија и Унгарија мора заедно да се спротивстават на надворешниот притисок. 

Сијарто во Москва: Унгарија и Русија мора заеднички да се спротивстават на надворешниот притисок

Тој ова го изјави по неговото пристигнување во Москва за да учествува на седница на руско-унгарската меѓувладина комисија за економска соработка.

Седниците на комисијата се одржуваат секоја година, со тоа што Москва и Будимпешта се менуваат како домаќини. Од руска страна, комисијата ја предводи министерот за здравство Михаил Мурашко.

Сијарто на денешната средба во Москва изјави дека Унгарија и Русија се водат од своите национални интереси при донесувањето одлуки. - Рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан разговараа за многу важни прашања за нашата соработка и тоа дава нов импулс на нашите односи, истакна Сијарто. - Мораме да работиме решително, да се спротивставиме на притисокот што ни се врши. Треба да направиме скок за да ги зголемиме показателите на нашата соработка, додаде шефот на унгарската дипломатија.

Тој нагласи дека „сигурно снабдување на Унгарија со енергетски извори е многу важно за нас“. - Ова не е политичко или идеолошко, туку прагматично прашање кое го засега нашето преживување, продолжи Сијарто. Тој потврди дека целта на премиерот Орбан е „да изгради непречени односи со Русија во областа на енергетиката“.

Од своја страна, Мурашко на денешната средба истакна дека трговско-економската соработка меѓу Русија и Унгарија се развива стабилно, и покрај санкциите наметнати од ЕУ. Според него, Унгарија останува сигурен економски партнер на Москва и зазема водечко место меѓу земјите-членки на Европската Унија по обемот на трговијата. Мурашко, исто така, посочи дека билатералната трговија со услуги минатата година бележи трикратен раст.

„Штом заврши војната (во Украина), светската економија ќе може да се врати во нормален тек и ќе се отворат нови, огромни можности во меѓународните трговски односи. Санкциите нема да траат вечно, затоа мора да бидеме подготвени да заземеме добра стартна позиција во новиот период. Затоа сега одиме во Москва со голема бизнис делегација“, изјави претходно Сијарто на својата Фејсбук страница.

Се очекува Унгарија и Русија да потпишат низа документи по завршувањето на денешната седница, јави ТАСС.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скандал во Франција: Протекоа податоци од Министерството за внатрешни работи

На 9 ноември бил извршен претрес во седиштето на „Национален собир“ во рамките на истрага за наводно протекување информации од Министерството за внатрешни работи.

Скандал во Франција: Протекоа податоци од Министерството за внатрешни работи

Францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нуњез, денеска го повика на разговор раководителот на департманот Лоара, Иг Муту, по наводите дека доверливи информации од Министерството за внатрешни работи биле пренесени на партијата „Национален собир“.

Нуњез додаде дека ситуацијата би била исклучително сериозна доколку наводите се потврдат.

Како што објави денеска телевизијата БФМ, на 9 ноември бил извршен претрес во седиштето на „Национален собир“ во рамките на истрага за наводно протекување информации од Министерството за внатрешни работи.

Иг Муту, поранешен високорангиран функционер во француското Министерство за внатрешни работи и актуелен раководител на департманот Лоара, е осомничен дека учествувал во доставувањето доверливи информации до „Национален собир“ во врска со истрагите што се водат против оваа партија.

Во изјава за телевизијата БФМ и радиото РМЦ, Нуњез потврди дека го повикал Муту на разговор.

„Доколку фактите се потврдат, тоа, се разбира, е многу сериозна работа“, изјави францускиот министер за внатрешни работи.

Тој напомена дека во моментов се води судска истрага.

„Утрово ќе се сретнам со предметното лице, но во овој момент немам други информации што би можел да ги соопштам“, рече Нуњез.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Селекторот на кошаркарите Берокал го избра составот за ноемврискиот ФИБА „прозорец“

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Жозеп Марија Берокал, го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за претстојниот ноемвриски ФИБА „прозорец“.

Селекторот на кошаркарите Берокал го избра составот за ноемврискиот ФИБА „прозорец“

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Жозеп Марија Берокал, го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за претстојниот ноемвриски ФИБА „прозорец“, во кој продолжуваат натпреварите од втората фаза на претквалификациите за пласман на Европското првенство во 2029 година.

Според календарот на натпреварување, нашата најдобра селекција во овој циклус ќе одигра еден натпревар. Македонија ќе биде домаќин на репрезентацијата на Кипар, во дуелот од второто коло на групата „Ф“, закажан за 26 ноември (четврток), со почеток од 18:00 часот, во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје.

Подготовките на репрезентацијата ќе се реализираат во Скопје и ќе започнат на 23 ноември, во спортската сала „Лазар Лечиќ“, со почеток од 11:30 часот.

Селекторот Берокал и неговиот стручен штаб го објавија следниот список на кошаркари за овој репрезентативен собир.

СПИСОК НА КОШАРКАРИ

Ненад Димитријевиќ

Виктор Ташовски

Виктор Ефремовски

Војдан Стојановски

Лука Стојановски

Адем Мекиќ

Стојан Ѓуроски

Лејсон Зеќири

Валмир Какруки

Резарт Мемед

Тома Стојаноски

Андреј Маслинко

Петар Бошалески

Андреј Андоноски

Мозес Рајт

Селектор: Жозеп Марија Берокал

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спасовски: СДСМ со 225 амандмани за Буџетот, за 600 евра минимална плата, поголем студентски оброк и поддршка за граѓаните

Пратеничката група на СДСМ и Коалицијата има поднесено 225 амандмани на Предлог-буџетот за 2027 година, со конкретни решенија за подобрување на животниот стандард, поддршка на младите, унапредување на здравството, образованието ....

Спасовски: СДСМ со 225 амандмани за Буџетот, за 600 евра минимална плата, поголем студентски оброк и поддршка за граѓаните
Пратеничката група на СДСМ и Коалицијата има поднесено 225 амандмани на Предлог-буџетот за 2027 година, со конкретни решенија за подобрување на животниот стандард, поддршка на младите, унапредување на здравството, образованието и социјалната заштита, како и рамномерен развој на општините.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната прес - конференција, посочи дека амандманите се одговор на потребите на граѓаните, наспроти буџетот на власта кој не нуди развој, туку продолжува со погрешни економски приоритети.
Спасовски, рече дека клучен приоритет на СДСМ е зголемувањето на минималната плата на 600 евра, вклучително и обезбедувањето средства за зголемување на платите на вработените кај буџетските корисници. СДСМ предлага и конкретна финансиска поддршка за студентите, младите и образовните институции.
„Меѓу клучните амандмани коишто ги поднесе СДСМ и Коалицијата е амандманот којшто се однесува на минималната плата на вработените кај буџетските корисници. Во образованието побаравме средства за зголемување на студентскиот оброк за 2.500 денари месечно, зголемување на стипендиите од 6.050 на 8.000 денари, финансиска поддршка на студентите, за регионалните центри за стручно образование и за врсничкото насилство во училиштата“, рече Спасовски.
Тој додаде дека со дел од амандманите се бара и повеќе средства за тековно одржување на основните и средните училишта, посочувајќи дека недостигот од средства веќе предизвикува сериозни проблеми во образованието.
„И секако за тековното одржување на основните и средните училишта, заради тоа што се покажува дека имаме сериозен недостаток на средства коишто се однесуваат на блок-дотациите. Впрочем, она што се случуваше изминатиот период, исклучување на струјата на факултетите, на Ректоратот, на некои од училиштата, не смееме како држава да го дозволиме“, рече Спасовски.
Меѓу амандманите се и мерки за поголема заштита на жртвите на семејно насилство преку воведување електронски нараквици за следење на сторителите, поддршка на културните институции и културното наследство, како и зајакнување на здравствената заштита.
„Во областа на МВР, за воведување електронски нараквици за следење на сторителите на семејно насилство, со цел поголема заштита на жртвите и превенција од насилството. Во културата, за поддршка на проектите од културата, заштита на културното наследство, реконструкција на безистенот и објектот Парк во Битола, поддршка за целосна реконструкција на театарот во Куманово, Агенцијата за филм и подобрување на материјалниот статус на вработените во културата и судството, како и целосно опремување на истражните центри при јавните обвинителства. Амандмани за унапредување на здравствената заштита, вклучително и обезбедување средства за набавка на мамографски апарати и проширување на можностите за рано откривање на малигните заболувања преку мамографски прегледи“, рече Спасовски.
Дополнително, СДСМ предлага електронска апликација за проверка на возраста и родителска контрола на пристапот на децата до социјалните мрежи, како и поддршка за лицата со попреченост, борците, жртвите на семејно насилство, малите и средните претпријатија и научно-истражувачката дејност.
Посебен дел од амандманите се однесува на општините. СДСМ поднесува 161 амандман за конкретни инфраструктурни проекти, изградба на старечки домови, детски градинки, катни гаражи, спортски објекти, локални патишта, водоводни и канализациски мрежи, паркови и зелени површини.
Спасовски посочи дека предложениот Буџет за 2027 година не носи развој и не одговара на реалните потреби на граѓаните. Наместо инвестиции и економски раст, повторно се планираат доминантно тековни расходи, што отвора простор за нови ребаланси и дополнително задолжување.
YouTube video

Скопје, 20.11.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер