Стојчевски: Штип вчера остана без вода - бунарите уништени поради неспособноста на ВМРО-ОКГ и Иван Јорданов
2Стојчевски: Штип вчера остана без вода - бунарите уништени поради неспособноста на ВМРО-ОКГ и Иван Јорданов
ЕвропаСијарто: Оние кои го блокираат нафтоводот Дружба се истите кои го саботираа Северен текОние кои сега ги блокираат испораките на нафта преку нафтоводот Дружба се истите кои го саботираа гасоводот Северен тек, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.Оние кои сега ги блокираат испораките на нафта преку нафтоводот Дружба се истите кои го саботираа гасоводот Северен тек, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, додавајќи дека постои потреба Унгарија да се подготви за „можни напади“. Тој на вчерашниот состанок во градското собрание во Кишкунлахаза рече дека Украина била таа која го кренала во воздух гасоводот Северен тек, нарекувајќи го тој чин „државен тероризам“, пренесува агенцијата МТИ. Според него, „срамота е што Европа затвора очи пред тој напад“ и тоа што „некои европски земји и лидери ги слават неговите сторители како херои“. - Дозволете ми повторно да кажам: оние кои денес го блокираат нафтоводот Дружба се истите луѓе кои го кренаа во воздух гасоводот Северен тек. Ова е реалност и не можеме да го дозволиме тоа. Затоа сега е од витално значење да се заштитат унгарските нафтоводи и гасоводи од ризик од физички напад, бидејќи денес не можеме да ги исклучиме физичките напади врз цевководите што ја снабдуваат Унгарија и мораме да бидеме подготвени за нив и подготвени да ги спречиме – рече Сијарто. Тој ги оцени претстојните парламентарни избори во Унгарија како клучни за Украина. - Тие добро знаат дека ако останеме на власт, нема да се приближат ниту сантиметар до ЕУ во наредните четири години, парите на унгарските даночни обврзници нема да одат во Украина и во Брисел нема да бидат донесени никакви одлуки кои би ја вовлекле Унгарија и целиот европски континент во војна – смета Сијарто. Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, по вчерашната седница на унгарскиот Совет за одбрана соопшти дека наложил засилена заштита на критичната енергетска инфраструктура поради, како што наведе, политички мотивираната блокада на испораката на нафта од Украина, со тврдења дека Киев се подготвува за дополнителни акции насочени кон попречување на работата на унгарскиот енергетски систем. Како што прецизираше, засилената заштита подразбира распоредување на војници и неопходна опрема за одбивање на евентуални напади во близина на приоритетните енергетски објекти, додека полицијата ќе ги засили патролите околу одредени електрани, дистрибутивни станици и управувачки центри.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротест на транспортерите пред седиштето на ЕУ во Скопје08:56Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
БалканТатко во Црна Гора го прегазил синот, сведочел дека детето паднало од покрив и починало22 годишен маж во Беране Црна Гора е уапсен од полицијата откако лажно сведочел дека неговото дете паднало од помошен монтажен објект и починало.Полицијата била известена дека детето било донесено во здравствена установа каде била констатирана само смрт. Докторите повикале полиција и за случајот бил известен јавен обвинител каде побарал обдукција на телото на детето. Инспекторите се посомневале во исказот на таткото каде детално го обработиле местото на несреќата, и бил даден автомобилот на 22 годишниот маж на вештачење. „Според собраните информации, утврдено е дека таткото на детето, како што се верува, додека излегувал од гаражата со својот автомобил, го удрил детето, поради што починало“, соопшти црногорската полиција..Тагови: Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротест на транспортерите пред седиштето на ЕУ во Скопје08:56Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
МакедонијаСтојчевски: Штип вчера остана без вода - бунарите уништени поради неспособноста на ВМРО-ОКГ и Иван ЈордановВчера граѓаните на Штип повторно беа без вода за пиење, на 40 степени.Резултат на неспособноста на ВМРО-ОКГ и градоначалникот Иван Јорданов. Поради мало невреме, хидросистемот Злетовица не беше во функција. Единствената опција за вода во Штип. Во 21 век Штип и штипјани зависат од едно невреме дали ќе имаат вода или не. Штипските бунари кои функционираа половина век, над 50 години се запуштени. СДСМ со години апелираше дека штипските бунари коишто треба да бидат алтернативен избор за водоснабдување, не смеат да се остават уништени, како што ги уништи ВМРО. Иван Јорданов и ВМРО-ОКГ се фатија за парк од 120 милиони денари наместо да ги стават во функција. СДСМ и во советот на Штип имаше многу иницијативи, предлози, конкретни мерки. Но Иван Јорданов и ВМРО-ОКГ ги оставија штипјани во милост и немилост само заради свои бизниси интереси и провизии. Секогаш кога е ВМРО во прашање за нив најважни се бизнисите, а не граѓаните. Проблемот со водата не е само локален во Штип, со ВМРО-ОКГ во над 50 населени места ширум Македонија, водата не е безбедна, во Гостивар над 5.000 луѓе беа отруени. За хаосот со водоснабдувањето мора да има одговорност. Македонија не смее да биде држава во која во 21 век граѓаните се плашат да се напијат чаша вода од чешма. Прес-конференција на Трајче Стојчевски, претседател на СДММТагови: Трајче Стојчевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДенеска нови цени на гориватаРегулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги утврди новите малопродажни цени на нафтените деривати, кои ќе стапат во сила од полноќ.Одлуката ќе покаже дали граѓаните во наредните денови ќе плаќаат помалку или повеќе за гориво. Според последната одлука на Регулаторна која е во сила од претходниот понеделник, бензинот супер БС 95 се продава по цена од 93 денари за литар, 98ка за 95 денари по литар и дизелот се точи по цена од 101, 5 денари по литар. Оваа пресметка на Регулаторна беше направена со намелените акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.Тагови: бензините Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook