ЕвропаСијарто: Неприфатливо е што Украина ја претвора Унгарија во оперативно поле за разузнавачки службиУнгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, го нарече „неприфатливо“ тоа што Украина практично ја претвори Унгарија во оперативно поле за своите разузнавачки служби пред парламентарните избори во април.Во видео порака на Фејсбук, Сијарто рече дека активностите на Украина претставуваат очигледен напад врз суверенитетот на Унгарија. „Имаме сè: соработка на унгарски новинар со странски разузнавачки служби, сериско прислушување на унгарскиот министер за надворешни работи и обука на украински ИТ експерти во (опозициската партија) Тиса“, рече Сијарто. Според него, сето ова треба да ги убеди оние кои сè уште се сомневаат дека странските разузнавачки служби влијаат на унгарските избори. „Важно е на 12 април да се донесе одлука што ќе ѝ овозможи на Унгарија да остане земја на мир и безбедност. Не смееме да дозволиме странски служби да наметнуваат странски интереси на Унгарија, не смееме да дозволиме да нè влечат во војна, да донесат мигранти или да ги префрлаат нашите пари во Украина“, нагласи Сијарто, додавајќи дека сите мора да излезат на гласање на 12 април. На 12 април 2026 година во Унгарија се одржуваат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе ги изберат сите членови на Националното собрание за четиригодишен мандат. Главните политички сили на изборите се владејачката партија Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан и опозициската партија Тиса.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Нова најава за поскапување на горивата, а сметката повторно ја плаќаат граѓанитеВо Хрватска бензинските пумпи веќе ограничија точење гориво пред најавеното драстично поскапување. Информациите протекоа денеска. Од вторник се очекува значителен скок на цените. Прашањето е едноставно: Дали Христијан Мицкоски повторно ќе ги повика соседите да доаѓаат да точат гориво во Македонија? Лани, со намалувањето на ДДВ-то на горивата, Македонија стана бензинска пумпа за регионот. Соседите доаѓаа, полнеа и си заминуваа. Буџетот загуби значителни приходи. А што добија македонските граѓани? Ништо. Само привремено пониски цени кои брзо се вратија, додека државата остана без дел од даночните приходи што требаше да одат за плати, пензии и инвестиции. Денес состојбата е уште полоша. Инфлацијата продолжува да ги топи реалните приходи. Потрошувачката кошничка расте. Минималната плата не мрда. Пензиите не го следат растот на цените. Земјоделците се оставени без сериозна поддршка, а линеарните поскапувања на репроматеријали, ѓубривата и горивата дополнително ги уништуваат. За две години оваа власт ја задолжи државата со околу 2,5 милијарди евра нови долгови. Странските инвестиции паднаа за повеќе од 60 проценти. Европскиот пат е блокиран. Македонија нема да има пристап до претпристапните фондови на ЕУ - пари што требаше да одат во инфраструктура, земјоделство, млади и развој. Резултатот е јасен: Повисоки цени. Пониски реални приходи. Поголем долг. Помалку инвестиции. Изолација. Мицкоски и ВМРО-ОКГ продолжуваат со истата политика - краткорочни потези за политички поени, а долгорочна штета за граѓаните и економијата. Сметката повторно ја плаќаат обичните луѓе. А одговорноста ја избегнуваат токму оние што ја создадоа оваа состојба, се наведува во партискот соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураАвстриската вечер на „Охридско лето“ донесе концерт за четирирачно пијано што долго ќе се памети Љубителите на класична музика вчеравечер на „Охридско лето“ имаа несекојдневно музичко доживување со концерт за четирирачно пијано на Денис Расел Дејвис и Маки Намекава. Незаборавната Австриска вечер беше поддржана од Австриската амбасада во земјава и амбасадорот Мартин Памер. Светски познатото дуо изведе дела од класични и современи автори, продолжувајќи ја својата успешна меѓународна кариера која ги носи на најпрестижните фестивали и концертни сали низ САД и Европа. Австриската вечер на „Охридско лето“ започна со увертира од Моцартовата опера „Магичната флејта“, а продолжи со две арии од првиот и вториот чин на операта. Потоа следуваше маестрална изведба на „Влтава“ од чешкиот композитор Беджих Сметана , едно од шесте композиции во неговиот славен циклус „Од мојата татковина“. -Иако оригиналното дело е напишано за оркестар, ние направивме аранжман за четирирачно пијано кое звучи невројатно убаво, но е премногу тешко за изведба, појасни реномираниот американско-австриски пијанист Денис Расел Дејвис. Фестивалската публика исто така уживаше и во совршената изведба на „Фантазија во ф-мол“, едно од најубавите дела на Франц Шуберт напишано за пијано четири раце. Прекрасната Австриска вечер на која се слушаше само совршена изведба на четирирачното пијано под сводовите на „Света Софија“ и долги ракоплескања за уметниците, беше заокружена со три дела за четитирачно пијано од композиторот Филип Глас кој е близок пријател на пијано дуото. Тоа беа прелудиуми од оперите „Орфеј“ и „Патување“, како и неговото оригинално дело „Стоукс“. Освен што настапуваат заедно, двајцата уметници имаат успешни индивидуални кариери како пијанисти, а Денис Расел Дејвид и како диригент. -Јас сум и диригент и пијанист, а мојата сопруга Маки Намекава е пијанист. Вечерва заедно настапуваме на овој прекрасен концерт во преубавата црква „Света Софија“. Ова е прва наша посета на Охрид и многу сме импресионирани од тоа како бевме пречекани. Охрид е прекрасен град и се надеваме дека пак ќе се вратиме овде, ни изјави Денис Расел Дејвис. За пијано дуото Денис Расел Дејвис - Маки Намекава дела пишуваат композиторите Филип Глас („Четири става за две пијана“) и Чен Ји („Западна кинеска свита“), а Филип Глас исто така го пишува делото „Два става за четири пијана“ кое двајцата врзвни уметници го изведуваат со сестрите Катја и Марија Лабек. Во 2019 година јапонскиот композитор Џо Хисаиши им го посветува делото „Варијација 57“ за пијано дуо и камерен оркестар, соопштуваат организаторите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
МетеоВикендов сончево и топло време, од понеделник дождовиПо свежите утра, викендов ќе донесе стабилно и топло време низ Македонија, додека нов бран нестабилност со дожд и грмежи се очекува од почетокот на следната недела.Според Управата за хидрометеоролошки работи, денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде најизразен во источните делови од земјата и долж Повардарието. Утринските температури ќе се движат од 8 до 14 степени, додека дневните ќе достигнат до 30 степени Целзиусови, што ќе овозможи пријатно летно време во текот на денот. И во сабота и недела се очекува претежно стабилно време со мала до умерена облачност и топли дневни температури. Промена на временските услови се најавува во понеделник, кога на повеќе места ќе има дожд, локални грмежи и нестабилност. Од вторник повторно ќе следува стабилизација на времето, проследена со постепен пораст на температурите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook