3Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
ЕвропаСијарто: Навредливо е и да се помисли дека Русите нè држат во раце за нештоМногу е навредливо да се тврди дека Русите би можеле да ме држат во раце … Како би можеле? Дури и самата претпоставка е навредлива, многу навредлива. Министерот за надворешни работи на Унгарија во заминување, Петер Сијарто, синоќа изјави дека ја смета за навредлива и самата претпоставка дека Русија би можела да има компромитирачки материјал против него или против премиерот во заминување, Виктор Орбан. - Многу е навредливо да се тврди дека Русите би можеле да ме држат во раце … Како би можеле? Дури и самата претпоставка е навредлива, многу навредлива. Легитимна е дебатата за тоа на чиј вкус му одговараат унгарско-руските односи, но да се обвини некој за предавство е многу сериозна работа – изјави Сијарто во интервју за унгарскиот портал „Телекс“. Сијарто ги отфрли обвинувањата дека е проруски ориентиран или дека некогаш пренесувал доверливи информации до Москва. Тој нагласи дека на секој состанок на Советот на министри за надворешни работи известувал за содржината и времето на неговите телефонски разговори со рускиот министер Сергеј Лавров. Тој додаде дека е навредливо да се претпостави дека идната влада на партијата Тиса при примопредавањето би нашла документи за односите на Орбан или Сијарто со Русија кои би повлекле правни последици. Сијарто истакна дека опозициската партија Тиса победила на неодамнешните избори бидејќи „повеќе луѓе поверувале во нивната понуда отколку во Фидес“. Според него, изборниот резултат е во согласност со волјата на украинскиот претседател Володимир Зеленски и дека Украинците очигледно биле заинтересирани за поразот на Фидес. Зборувајќи за предизборната кампања во која Фидес предупредуваше на можност за војна, Сијарто изрази надеж дека Унгарија нема да биде вовлечена во руско-украинскиот конфликт. Тој наведе дека не верува дека би бил повикан во војска на 48 години, ниту пак неговите синови би биле мобилизирани, иако призна дека глобалната ситуација „предизвикува загриженост“. Сијарто заклучи дека иднината на Фидес не е замислива без Орбан, но напомена дека партијата мора да се промени по изборниот пораз. Тој исто така додаде дека за политичката атмосфера во земјата и обвинувањата за ширење омраза, одговорност сносат сите страни, а не само владата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
БалканАлександар Вучиќ предложен за претседател на СНССедницата на Главниот одбор на Српската напредна странка се одржа денес во „Белградска арена“.Вучиќ предложен за претседател на СНС – „Ќе има уште многу разочарувања за вас! На почетокот од своето обраќање, претседателот на СНС, Милош Вучевиќ, предложи да се донесе одлука за свикување вонредно собрание на СНС за 13 декември. – На кое ќе го избереме новото партиско раководство и партиските органи, и ќе ја подготвиме партијата за периодот што претстои. Сметам дека е праведно и демократски, во нашата куќа, во нашето семејство, да дадеме отчет за сработеното во претходниот период. И партијата, со нов оптимизам и сила – без оглед на тоа колку може да биде тешко – треба да биде подготвена за идните политички предизвици; СНС треба да ја предводи Србија во политичката борба против теророт – рече тој. Тој го предложи Александар Вучиќ за нов претседател на СНС, што присутните го поздравија со аплауз. – Ние сме бастион на демократијата и на зачувувањето на суверенитетот во Србија. Ви благодарам многу – рече Вучевиќ. Потоа, Вучиќ излезе на бината и рече дека вакви седници се одржувале многу пати и дека честопати тие претставувале подготовка за одредени важни активности. - Досега речиси секогаш сме победувале. Имаше тешки моменти, особено по првиот круг од претседателските избори во 2012 година. Се сеќавам, Јелена Мијатовиќ беше таму, беше 7 мај, кога луѓето беа сигурни дека Тадиќ победува и дека ние немаме никакви шанси. За среќа, се опоравивме, застанавме на нозе и оттогаш само продолживме да победуваме. Покажавме дека, и кога победуваме и кога губиме, се однесуваме достоинствено, одговорно и сериозно; се однесуваме во согласност со интересите на граѓаните на Србија. Никој од нас никогаш не сакал да ја доведе во прашање стабилноста на Србија – рече Вучиќ. Тој изјави дека изборниот пораз е дел од животот и дека е нормално да се губат натпревари.Тагови: Александар Вучиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ФудбалКиву : Ќе атакуваме на победа за прекинување на црна серија во дуелите против МиланПредводникот на италијанскиот фудбалски шампион Интер, Кристијан Киву има лоша статистика во градското дерби против Милан, која сака вечењрва да ја прекине на дуелот кој стартува во 20-45 часот. „Нераѕурите“ предводени од Киву имаа забележано два порази на двете градски пресметки против Милан, но негативната серија на Интер во пресметките со големиот ривал трае веќе подолго време. Интер не знае за победа на седум натпревари во низа против „росонерите“, а новинарите го прашаа Киву дали неговиот тим денеска ќе игра и за враќање на честа во градот. – Мораме да бидеме најдоброто издание од самите себе на секој натпревар, а секој знае дека мотивацијата на дербито секогаш е нешто посебно. Исто така, мораме да се запрашаме зошто немаме победа на последните седум дерби-натпревари. Се случуваа изолирани инциденти, моменти кои одеа во нивна полза, како на првиот натпревар минатата година. Мораме да се жртвуваме повеќе од тоа што го правевме лани за да го промениме текот на дерби пресметките во наша полза, – изјави Киву.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
СветТехеран со предупредување до Европа: „Сега е ваш ред да платите“Официјален Техеран остро реагираше на изјавите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за економските последици од војната, додека Берлин повикува на дипломатско решение на конфликтот.Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи предупреди дека нов напад врз Иран би можел да ја чини Европа многу повеќе од 100 милијарди евра, откако германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека европската економија и потрошувачите веќе претрпеле многу дополнителни трошоци поради порастот на цените на енергенсите предизвикан од војната. Во објава на платформата „Икс“ (X), Аракчи потсети дека Мерц ги поздравил американско-израелските напади врз Иран минатата година, велејќи дека Израел ја врши „валканата работа за сите нас“. „Сто милијарди евра се ништо во споредба со разорниот удар што моќните вооружени сили на Иран ќе им го зададат на оние што ќе се осмелат да му наштетат на нашиот народ“, напиша Аракчи, додавајќи дека „црвените линии се минато“. Слична порака упати и секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Мохсен Резаи, кој ги критикуваше европските влади поради нивната загриженост за економските последици од војната. Мерц вчера, за време на неговата посета на Сеул, изјави дека повисоките цени на енергенсите, поврзани со конфликтот во изминатите осум месеци, ја чинеле Европа повеќе од 100 милијарди евра. Тој рече дека Германија ги интензивира дипломатските напори за ставање крај на војната и оцени дека конфликтот „не може да се реши со воени средства“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter