ВМРО-ДПМНЕ: Развоен Буџет за 2027 со фокус на капиталните инвестиции, инфраструктурниот развој и економскиот раст
1ВМРО-ДПМНЕ: Развоен Буџет за 2027 со фокус на капиталните инвестиции, инфраструктурниот развој и економскиот раст
СветСијарто: Ќе се концентрираме на процесот на проширување, на ЕУ и треба нова енергијаЌе се концентрираме на процесот на проширување, на ЕУ и треба нова енергија, а земјите од Западен Балкан можат да го донесат тоа.Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, чија земја е следниот претседавач со Европската унија, најавува дека за време на претседавањето едно од прашањата на кое ќе се посветат ќе биде процесот на проширување. - Претседателството мора да постави реалистични цели за следните шест месеци. Претседателството има шанса да стави некои прашања на агендата и да ги забрза малку, некои досиеја и да ги турне напред. Тоа може да направи претседателството. Ние, многу од нашиот труд ќе го концентрираме на процесот на проширување и тие досиеја ќе ги туркаме едно по едно. Мислам дека е срамота што вистинските разговори за пристапување се уште не се почнати со Македонија, исто и со Албанија. Знаеме дека Црна Гора не може да затвори ниедно поглавје до сега, вели Сијарто за емисијата „Агенда 35“ на МРТ. Додава дека Унгарија е една од државите кои се поддржувачи на проширувањето на Унијата и дека за тоа има неколку причини. - ЕУ е во лоша состојба и мора да се покрене прашањето како оваа состојба да се подобри, вели Сијарто. Веруваме дека на ЕУ и треба нов динамизам, нова енергија и свежина, а земјите од Западен Балкан можат да го донесат тој импакт. Во однос на државите членки кои велат дека прво треба да се стави фокус на внатрешните реформи, а потоа да се биде подготвен за проширување, Сијарто со став дека тоа е многу лицемерно и дека скептичните земји или оние кои се против проширување никогаш не зборуваат отворено и директно. - Тие никогаш нема да речат - ние сме против проширување, ние не се согласуваме Македонија да се приклучи на ЕУ. Тие секогаш ќе стават напред некои вештачки нешта, кои всушност и не разбирате што значат. Што значи „внатрешни реформи пред проширување“? Што значи „продлабочување пред проширување“? Ова се комуникациски балони, комуникациски панели што не значат ништо. Тие имаат само функција да ja сокријат позицијата против проширувањето. Затоа велам дека искреноста мора да се врати во дебатата за проширувањето. Искреноста и взаемната почит. Мислиме дека најголемиот проблем во моментов во европската политичка арена е големиот недостиг на взаемна почит. Да се почитува Македонија, за мене, на пример, значи членките на ЕУ да зборуваат директно и отворено за нивните позиции, во однос на проширувањето и приемот на Македонија. Но, тие никогаш нема да го кажат тоа. Тоа што исто така ме фрустрира е што гледам претставници на земји членки како зборуваат јавно и потоа ги слушам што зборуваат зад затворени врати, посочува Сијарто. Вели дека нема дилема дека процесот на проширување е стопиран и дека како земја претседавач ќе дадат се од себе за да се отворат меѓувладините конференции, новите кластери и поглавја. - Тоа е амбицијата што ја имаме пред нас, вели Сијарто. Во однос на барањето за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски, Сијарто вели дека тоа е одлука на судот и дека Груевски нема никакви привилегии. - Не, не, нема привилегии. Тој си доби азил, а процедурата е правна, не е политичка, па кога ме прашувате што ќе се случи со барањето за екстрадиција немам поим, оти не е на Владата, а особено не на МНР да го цени тоа. Секогаш е судот тој кој ја носи одлуката, а во нашата земја ние не се мешаме во судството. Не знаеме што ќе се случи, истакнува Сијарто. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Развоен Буџет за 2027 со фокус на капиталните инвестиции, инфраструктурниот развој и економскиот растЗа капитални инвестиции се предвидени 40,8 милијарди денари, односно околу 663 милиони евра, со што се создава финансиска основа за реализација на значајни инфраструктурни проекти и подобрување на условите за живот и работа на граѓаните.Значаен дел од планираните средства се насочени кон изградба и модернизација на патната инфраструктура. Преку Јавното претпријатие за државни патишта, се планирани дополнителни 18 милијарди денари инвестиции, од кои над 12 милијарди денари се наменети за изградба на автопатските делници Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани и Прилеп – Битола, во рамки на стратешките коридори 8 и 10д. Паралелно, ќе продолжи реализацијата и на автопатските делници Кичево – Охрид, Кичево – Букојчани и Скопје – Блаце, кои се од особено значење за подобрување на регионалната поврзаност, зголемување на безбедноста во сообраќајот и олеснување на транспортот на стоки и услуги. Дополнителен приоритет во Буџетот за 2027 година е развојот на железничката инфраструктура, за што се предвидени 6,2 милијарди денари, што е раст од скоро 54% во однос на претходната година со што ќе продолжи изградбата на железничката делница Бељаковце – Крива Паланка, а планирани се и активности за делницата Крива Паланка – границата со Бугарија. Покрај транспортната инфраструктура, значајни средства се насочуваат и кон подобрување на комуналната инфраструктура и заштитата на животната средина, при што продолжуваат активностите за реализација на пречистителните станици во Скопје, Тетово и Битола, а планирани се и проекти во Велес, Штип и Виница. Поддршката на економскиот развој останува еден од клучните приоритети, при што за владината програма „Економски развој“ во 2027 година се предвидени 9,7 милијарди денари, што е зголемување од 30,5% во споредба со 2026 година кои ќе бидат насочени кон поттикнување на инвестициската активност, привлекување нови инвеститори и создавање подобри услови за раст и развој на домашните компании. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со одговорно управување со јавните финансии, зајакнување на економската стабилност и создавање поволна клима за нови инвестиции, развој на домашното стопанство и отворање нови работни места. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО - ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Кривична одговорност за Алта банка мора да има - Обвинителството да постапуваЗа влезот на Алта банка во Македонија, пералницата за пари на Вучиќ, мора да има и кривична и политичка одговорност.СДСМ поднесе интерпелација за работата на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески. Бараме Собранието, како орган којшто го избира, да утврди политичка одговорност за постапката со која на Алта банка Белград ѝ беше дадена согласност за стекнување квалификувано учество во тогашната Стопанска банка Битола. Знаеме кој ѝ ја отвори вратата на Алта банка во Македонија, тоа се Мицкоски и Трајко Славески. Имаме јавно признание од Славески дека се консултирал со Мицкоски. Што разговарале Мицкоски и Славески за Алта банка? За Давор Мацура? Со која надлежност Мицкоски давал насоки а Славески ги слушал? СДСМ поднесе и кривични пријави за скандалот со Алта банка. Веќе 10 дена го повикуваме Јавното обвинителство да се вклучи, да отвори истрага и да има и кривична одговорност. Не може во Србија да има истрага, стечај, приведен сопственик, да се истражуваат 380 милиони евра а кај нас да нема ништо. Непостапувањето значи соучешништво, затоа што се создава простор да се уништат докази, сметки, транасакции. Истрагата мора да се прошири и на осигурувањето. Со кои пари е купено осигурителното друштво од страна на Давор Мацура, од која сметка се платени и кој го проверил нивното потекло? Време е за вистина, време е за правда, време е за одговорност за Алта банка. Скопје, 25.11.2026 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканБугарија се соочува со казна до 25 милиони евра и замрзување на дел од европските фондовиЕвропската комисија предупреди дека Бугарија се соочува со парична казна во висина до 25 милиони евра поради прекумерното буџетско трошење и непочитувањето на фискалните правила на Европската унија.Како што пренесуваат бугарските медиуми, Европската комисија соопштила дека не гледа доволни напори за намалување на трошоците, по започнувањето на постапката за прекумерен дефицит против земјата. Тековните препораки се однесуваат на дефицитот за 2026 година, кој, според пресметките на Европската комисија, ги надминува утврдените граници од 2,3 отсто. Според европскиот комесар за економија, Валдис Домбровскис, конечната одлука за изрекување на казната се очекува на 11 декември. Дополнително, Софија се соочува и со ризик од замрзнување на дел од средствата од европските фондови доколку до пролет не преземе соодветни мерки за стабилизирање на јавните финансии. Доколку казната биде официјално изречена, Бугарија ќе стане првата земја-членка во историјата на Европската унија која е парично санкционирана поради прекршување на европските фискални правила..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter