3Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
ЗабаваСидни Свини позира во проѕирна долна облека од нејзината најнова колекција (ВИДЕО)Сидни Свини пред една недела претстави нова кампања за својот бренд за долна облека Syrn, во која позираше во заводливи изданија.Актерката ја објави втората колекција од својата линија, а промотивните материјали истакнуваат транспарентен боди кој го открива целиот стомак. Токму тоа парче привлече најголемо внимание кај фановите, а реакциите не престануваат. Театрална тема на кампањата Актерката објави видео на Инстаграм профилот на брендот Syrn во кое носи бел боди од чипка со висока јака. Бодито има длабоко деколте од клучната коска до папокот, а Свини го искомбинираше со соодветни чорапи високи до бутовите. Изгледот го комплетираше со позлатен оперски двоглед, нагласувајќи ја театарската тема на кампањата. View this post on Instagram A post shared by SYRN by Sydney Sweeney (@syrn) „Вториот круг е готов. 'Seductress Drop 2' е достапен“, пишуваше во описот на објавата на Инстаграм. Во истата кампања, Свини носеше и сатенски корсет без прерамки со танги од чипка и жартиера со двојна копча. Нејзиниот друг заводлив изглед беше надополнет со проѕирни ракавици до лакти и палто од вештачко крзно на кое се потпираше. View this post on Instagram A post shared by SYRN by Sydney Sweeney (@syrn) „Мојата идна сопруга“, „Нелегална“, „Највредното нешто што го има Америка“, „Фара Фосет на 21 век“, „Вљубена сум во оваа жена, Боже мој“, „Сидни Свини го зголемува ризикот од срцеви удари“, „Нејзиното момче е многу среќно“, напишаа обожавателите во коментарите. View this post on Instagram A post shared by SYRN by Sydney Sweeney (@syrn) Претходни модни изданија Минатиот месец, Свини ја претстави памучната колекција на својот бренд, стилизирајќи ја долната облека на неочекуван начин. На фотографиите објавени на Инстаграм, таа носеше црни гаќички под сребрено микро мини здолниште. „Време е за полноќна ужина за сите“, напиша таа тогаш.Тагови: Сидни Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТехеран ракетираше американски бази на Блискиот Исток, САД бомбардираше цели на југот на ИранИран изврши серија ракетни и напади со беспилотни летала врз американски цели во Јордан, Кувајт, Ирак и Бахреин, како одговор на американските напади врз Исламската Република.Јорданските вооружени сили соопштија дека пресретнале 13 балистички ракети, од кои 10 биле уништени, додека три паднале во оддалечени области. Иранските медиуми претходно објавија за интензивни напади врз јужен Иран по должината на брегот, како и дека најмалку четворица цивили биле убиени за време на свадба во градот Сирик, по нападите на американските сили во близина на Ормутскиот Теснец. Вашингтон негираше дека воено интервенирал врз цивилни цели.Тагови: Техеран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
СветПутин по заканата на Зеленски дека ќе го нападне руското небо: Не преговараме со терористиПутин предупреди дека Москва целосно ќе ги прекине мировните контакти со Киев.Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека Москва целосно ќе ги прекине мировните контакти со Киев и дека жестоко ќе одговори доколку биде загрозена безбедноста на руското цивилно воздухопловство, како што се закани украинскиот претседател Зеленски. Зборувајќи пред новинарите по самитот на шангајската организација за соработка тој реториката на Зеленски ја нарече чин на државен тероризам и оцени дека барањата на киев за директни преговори се апсурдни во моменти кога украинската страна таргетира транспортни правци. Зеленски претходно се закани дека ќе ги нападне руските цивилни аеродроми и ги повика меѓународните авиокомпании да се повлечат од руските коридори тој рече дека рускиот воздушен простор ќе стане небезбеден и дека бројот на беспилотни летала на руското небо ќе се зголеми.Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛекарската комора почна процедура за избор на ново раководствоВо тензична атмосфера и зад затворени врати, Лекарската комора одржа собрание, на кое беше одлучено процедурата за избор на ново раководство да продолжи на 7 октомври. Мандатот на актуелната претседателка Калина Гривчева Старделова е истечен од 1 јули, а дел од делегатите ја обвинија дека намерно го опстриура и одложува изборниот процес. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter