Сиднеј Свини ќе го продуцира новиот филм заснован на видеоиграта „Аутран“ - Канал 5

Сиднеј Свини ќе го продуцира новиот филм заснован на видеоиграта „Аутран“

 Американската глумица Сиднеј Свини и режисерот Мајкл Беј ги здружија силите заради новиот филмски проект заснован на видеоигра од 1980-тите, насловена „Аутран“ (OutRun).

Сиднеј Свини ќе го продуцира новиот филм заснован на видеоиграта „Аутран“

Адаптацијата ќе биде продуцирана, пред сѐ - од „Јуниверзал пикчрс“ (Universal Pictures). Продукциската куќа со ова цели кон продолжување на низата успешни филмски адаптации на популарни видеоигри, како што се неодамнешните хитови „Филмот за Супер Марио“ што сo буџет од 100 милиони долари заработи повеќе од 1,3 милијарди, или „Пет ноќи кај Фреди“ (Five Nights at Freddy's) којшто стигна до 290 милиони долари.

Мајкл Беј ќе го режира филмот, а Свини ќе го продуцира проектот, покрај Бред Фулер, и неговата продуцентска куќа „Платинум дјунс“ (Platinum Dunes). Тору Накахара, кој е заслужен за успешната адаптација на играта „Соник: Супер Еж“ (Sonic the Hedgehog), исто така ќе го продуцира овој проект, а претседателот на „Сега“, Шуџи Уцуми ќе ја надгледува продукцијата. Сценариото е на Џејсон Ротвел, пренесува „Варајети“ (Variety).

По хоророт „Безгрешна“ (Immaculate), и трилер-авантурата „Еден“ (Eden) од 2004 година, Сиднеј Свини во мигов работи на шест нови проекти, според Семрежната филмска база на податоци - ИМДБ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Експлозија во фабрика за муниција во близина на Рим, Италија ја отфрла можноста за руска вмешаност (ВИДЕО)

Италијанската влада нема докази што укажуваат дека Русија стои зад експлозијата од минатата недела во фабрика за муниција во близина на Рим, изјави денеска министерот за одбрана Гвидо Кросето. 

Експлозија во фабрика за муниција во близина на Рим, Италија ја отфрла можноста за руска вмешаност (ВИДЕО)

Владата се огласи по инцидентот што се случи во четврток во фабриката KNDS Ammo Italy во Колеферо, југоисточно од Рим.

Пожарникарите веќе беа на местото на настанот во времето на детонацијата бидејќи интервенираа поради пожар што избувна претходно во објектот. Никој не беше повреден во експлозијата, пишува Ројтерс.

Кросето: Станува збор за внатрешен проблем

Министерот Кросето ги отфрли шпекулациите за можна руска саботажа, иако владата официјално не коментираше за медиумските извештаи дека фабриката произведува муниција за Украина. „Никој нема никакви индикации дека ова би можело да биде нешто друго освен внатрешен проблем“, изјави Кросето за италијанската новинска агенција Adnkronos.

Истрага и политички притисок

Дневниот весник La Repubblica објави во понеделник дека обвинителите истражуваат можна врска со претходни слични инциденти во фабриките за муниција во Бугарија. Карло Календа, лидер на опозициската партија Азионе, побара владата да даде изјава за случајот пред парламентот. Тој исто така нагласи дека властите мора што поскоро да разјаснат што точно се случило.

„Не смееме да останеме во неизвесност околу можен руски хибриден напад“, напиша Календа во објава на социјалните мрежи.

Активност на фабриката

KNDS, француско-германската одбранбена група која управува со фабриката преку својата подружница KNDS Ammo Italy, објави дека околностите на инцидентот сè уште се истражуваат. Според информациите од веб-страницата на компанијата, фабриката Колеферо произведува муниција од среден и голем калибар за копнени и поморски системи, како и цврсти погонски горива за вселенски ракети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американски турист загина додека се качувал на вулканот Етна- го удрил гром

Американски турист починал откако бил погоден од гром додека се качувал на планината Етна на Сицилија. 

Американски турист загина додека се качувал на вулканот Етна- го удрил гром

Мажот (30), чие име не е објавено од властите, вчера бил на активен вулкан кога избувнала грмотевици, објавија италијанските медиуми.

Пожарникарите и службите за итни случаи го пронашле околу 20 часот по локално време во состојба на срцев застој. Се наоѓал во ограничена зона која повремено се користи за пристап до врвот на вулканот. Тој бил пренесен со хеликоптер во болницата Каницаро во Катанија, но бил прогласен за мртов по пристигнувањето.

Пепелта го нарушила воздушниот сообраќај

Серијата неодамнешни ерупции на најактивниот вулкан во Европа го нарушиле воздушниот сообраќај во областа, но во исто време привлекле голем број туристи. Властите го ограничуваат пристапот до сè поголем број области на Етна, вклучувајќи ги и повисоките делови од падините каде што има малку покрив над шумската линија, поради зголемената вулканска активност.

Италијанската цивилна заштита предупредува дека комбинацијата од вулканска активност и ненадејни временски промени на повисоките делови од планината може да создаде опасни услови. Етна годишно привлекува околу 1,5 милиони посетители.

Пепел од ерупциите на вулканот Етна го покри небото над источна Сицилија во последните денови и предизвика прекин на стотици летови на меѓународниот аеродром во Катанија во текот на изминатата недела. Предупредувањето за воздушниот сообраќај беше намалено од највисокото ниво, црвено, на портокалово само во саботата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп му се закани на Оман со бомбардирање

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за Фокс њуз дека постои таен канал за мировни преговори со Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) на Иран. 

Трамп му се закани на Оман со бомбардирање

„Треба да се крене белото знаме на предавање“, рече Трамп во телефонски разговор.

Иако рокот од 60 дена за траен крај на војната и договор за нуклеарната програма на Иран истече денес, Трамп нагласи дека сè уште има време за мир и дека очекува Иран да попушти на неговото главно барање. „Немам никаков рок. Не брзам“, изјави тој.

„Среднорочните избори немаат никаква врска со моето размислување“

Трамп долго време зборуваше за тешкотијата за постигнување мир со поделениот ирански режим. Сега тој истакна дека американските претставници комуницираат директно со членовите на ИРГЦ преку таен канал. „Тие се добри играчи на покер, но умираат“, тврдеше тој.

Тој го отфрли тврдењето дека претстојните избори влијаат на неговата воена стратегија како врховен командант. „Среднорочните избори немаат никаква врска со моето размислување“, рече тој.

Трамп, исто така, упати вонредно предупредување до Оман кога беше прашан за улогата на оваа земја од Персискиот Залив во разговорите во кои е вклучен Иран. „Ако Оман ни се закачи на патот, ќе го бомбардираме до темел“, рече Трамп.

„Она што го користевме беше ситница“.

Потоа се сврте кон Израел, велејќи дека смета дека би било најдобро за него да остане надвор од изборите таму, но ја остави отворена можноста да поддржи еден од кандидатите. „Мислам дека би било најдобро за мене да не се мешам во израелските избори, но можеби ќе поддржам некого“, рече тој.

Трамп, исто така, рече дека Израел не треба да започнува напади во Газа додека продолжуваат напорите за спроведување на следната фаза од планот, што би вклучувало разоружување на Хамас. „Имаме наш сопствен однос со Хамас. Тие го предаваат своето оружје“, рече тој.

Трамп, исто така, ги отфрли загриженостите за потенцијалниот притисок што конфликтот би можел да го предизвика врз снабдувањето со оружје на САД, тврдејќи дека количината на американската воена сила што досега е занемарлива. „Она што го користевме беше ситница. Имаме многу оружје од средно ниво“, заклучи тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер