„Windows 11“ е најновиот и најдобар оперативен систем на „Microsoft“, и бидејќи платформата достигна широко усвојување, има смисла дека сè повеќе корисници ја испробуваат.
Сепак, според податоците објавени од платформата за игри на „Valve“- „Steam“, некои корисници кои се обиделе со „Windows 11“, всушност потоа се префрлиле на „Windows 10“. Најновиот оперативен систем на „Microsoft“ изгуби удел на пазарот во текот на изминатиот месец.
„Windows“ и понатаму е водечка платформа за компјутери за игри, со пазарен удел од 97,03 отсто, што претставува зголемување од 0,66 отсто во споредба со претходниот месец.
„Windows 10 64-bit“ беше најголемото изненадување во текот на јуни, забележувајќи рекорден раст од 1,91 отсто (држејќи 73,17% од пазарот). „Windows 11“ имаше пад од 0,11 отсто и сега држи 21,12 отсто од пазарот.
Кога станува збор за другите оперативни системи, „macOS“ е втор најпопуларен избор, но со вкупен удел од само 1,74 проценти. Во текот на јуни, „Linux“ постигна раст и сега има 1,23 отсто удел од уредите со инсталиран „Steam“.