Си замина првата сопруга на Џон Ленон, која морала да крие дека е во брак со него! - Канал 5

Си замина првата сопруга на Џон Ленон, која морала да крие дека е во брак со него!

Синтија и Џон се запознале во далечната 1957 година на колеџ во Ливерпул. Стапиле во брак 1962 година, кога Џон Ленон од бунтовник - музичар станувал светски славен и ја оставил сопругата да го одгледува нивниот син Џулијан сама. Морала да крие дека е во брак со него, да не му наштети на имиџот на идол на тинејџерите во светот.

Синтија починала по кратко боледување вчера, на 75 години. Јоко Оно, втората сопруга на Џон Ленон, изрази сочувство со фотографијата на која се заедно со нивните синови, Џулијан и Шон.

- Сега гордеам како ние две жени стоевме цврсто во семејството Битлси - напиша Јоко.

Come together: Sean Lennon, Yoko, Cynthia and Julian Lennon in New York in 2010. Yoko posted this image yesterday, paying tribute to Cynthia as a 'wonderful mother and great person'


Нема да најдете човек кој нема да каже нешто добро за Синтија Ленон - велат оние кои ја познаваат. Како растела славата на Џон така тој се оддалечувал од неа. Кога се родил нивниот син Џулијан тој ги сместил во мал стан во Ливерпул. Бројните предупредувања од пријателите дека ја изневерува таа ги игнорирала. Во јавноста речиси никој не знаел дека Џон е женет и има дете. Таа го чувала детето а тој го обиколувал светот со своите турнеи. Се до 1968-та кога ја замолил Синтија да отиде кај пријатели, а кога се вратила во спалната соба ја затекнала Јоко Оно со Џон. Се развеле кога Јоко дознала дека е бремена со Шон. Синтија добила 100 000 долари од Џон и старателство над синот Џулијан.

Песната „Hey Jude“ ја напишал Пол Макартни за да му помогне на детето да го преболи разделувањето на родителите.

Само 2 години по разводот Џон Ленон во интервју изјавил дека никогаш не ја сакал Синтија, дека се оженил со неа бидејќи била бремена, и дека Џулијан е „роден од шише виски една саботна вечер“.

- Тоа беше сурово и нехумано.Прашањето треба да биде зошто јас се омажив со него? Не беше најдобар сопруг, но не беше ни најлош - прокоментира по неколку години Синтија.

Cynthia Lennon pictured with The Beatles in 1964 during their rose to global stardom


Менаџерот Брајан Епстајн се сеќава дека веднаш по венчавката Синтија му се пожалила дека Џон се оддалечува од неа додека му расте славата.

Таа се сеќавала само на еден вистински семеен ден со Џон, кога со нивниот син отишле на плажа.

- Велевме дека пак ќе го сториме тоа но никогаш не се повтори. Дрогата го зеде својот данок, не беше свесен за нас, јас му зборував тој не слушаше. Не бев пасивна, бев трпелива - вели Синтија во едно интервју.

Но, Џон што го запознала како 18 годишно момче многу се разликувал од славниот Битлс во кој се претворил. Нејзиниот Џон веќе го немало.

По разводот, таа имала уште два куси брака - со италијанскиот хотелиер Роберто Басанини, потоа со инжинерот Џон Твист. Но тие бракови не траеле долго. Во 2002 го запознала Ноел Чарлс, пријател на нејзиниот син Џулијан, со кој била во брак до неговата смрт во 2013 година.

Синтија почина по кусо боледување од рак на 75 години. Нејзиниот син Џулијан, кој бил многу близок со мајка си, се прости од неа со зборовите:
Го даде животот за мене, го даде животот за љубовта. Љубовта што ја остави ќе продолжи.

The mother and son, who were extremely close, attend the unveiling of the John Lennon monument in 2010

/ извор: Дејли меил








Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рафаел Надал предлага револуционерни промени во тенисот

Рафаел Надал предлага револуционерни промени во тенисот, не можев да го кажам тоа кога играв, но сега можам. .

Рафаел Надал предлага револуционерни промени во тенисот

Легендарниот шпански тенисер Рафаел Надал смета дека е време за темелна реформа на системот на АТП-бодови – промена која би им овозможила на играчите повеќе време за одмор и за закрепнување од повреди.

Во интервју за „Асошиејтед прес“, освојувачот на 22 гренд слем титули зборуваше за сè понапорниот тениски календар, физичкиот товар врз играчите и проблемите што произлегуваат од сегашниот систем на рангирање.

Неговиот предлог е прилично радикален: наместо бодовите да се пресметуваат врз основа на резултатите постигнати во претходните 12 месеци – како што е случајот сега – АТП-рангирањето би требало да ги опфаќа резултатите од последните две години.

Според Надал, сегашниот систем создава дополнителен притисок врз тенисерите, бидејќи тие се обврзани да ги бранат поените освоени во текот на претходната сезона. Како резултат на тоа, играчите често се враќаат на теренот пред целосно да заздрават, плашејќи се од значителен пад на ранг-листата.

„Систем за рангирање заснован на резултатите од последните две години, наместо само од една, би им дал на играчите поголема слобода за носење подобри одлуки. Исто така, доколку дојде до повреда, би имале повеќе време за закрепнување, без притоа нивната позиција на ранг-листата толку нагло да опаѓа“, објасни Надал.

Шпанецот смета дека една таква промена би им помогнала на тенисерите подобро да ги планираат своите сезони и да избираат турнири, без постојано да чувствуваат обврска да настапуваат само за да ги заштитат своите поени.

Поранешниот светски број еден, исто така, ја критикуваше одлуката повеќето турнири од серијата „Мастерс 1000“ да се продолжат на речиси две недели. Седум од деветте турнири во оваа категорија сега траат 12 дена, додека Монте Карло и Париз го задржаа својот традиционален еднонеделен формат.

„Мислам дека продолжувањето на речиси сите турнири од серијата ’Мастерс 1000‘ на две недели беше грешка“, заклучи Надал.

Неговите предлози повторно ја разгореа дебатата за тоа како да се најде рамнотежа помеѓу комерцијалниот развој на тенисот, сè понапорниот календар и здравјето на тенисерите. Сепак, засега, ова остануваат само предлози на Надал, а не најавени промени во правилата на АТП.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Се размислува патарините да се отстранат, а плаќањето да се врши на современи технолошки начини

Се размислува патарините да се отстранат, а плаќањето да се врши со современи технолошки начини, ова утринава го соопшти министерот за транспорт Александар Николоски.

Николоски: Се размислува патарините да  се отстранат, а плаќањето да се врши на современи технолошки начини

Се размислува патарините да се отстранат, а плаќањето да се врши со современи технолошки начини, ова утринава го соопшти министерот за транспорт Александар Николоски кој рече дека вчера се сретнал со новиот претседател на европската транспортна заедница

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова: Уставот е закон над законите и најважниот општествен договор на граѓаните, за каков пишува Русо

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера се обрати и учествуваше на панел-дискусијата на настанот по повод 35-годишнината од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав.

Сиљановска-Давкова: Уставот е закон над законите и најважниот општествен договор на граѓаните, за каков пишува Русо

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера се обрати и учествуваше на панел-дискусијата на настанот по повод 35-годишнината од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав, во организација на Собранието, ЈНУ Институт за национална историја и Државен архив.

Навраќајќи се на креирањето на Уставот од 1991 година, во чие подготвување учествувала како надворешна членка на тогашната Комисија за уставни прашања, Сиљановска-Давкова ја нагласи огромната посветеност на членовите на Уставната комисија, но и на сиот прв пратенички состав, на најважната политичка задача пред нив, истакнувајќи ја толерантната дебата на неистомислениците, односно приврзаниците на националниот и граѓанскиот концепт.

И покрај тензичната предвоена атмосфера на југословенските простори, присуството на Југословенската народна армија на македонска почва и кусите рокови за донесување на Уставот, таа ја оцени постапката за донесување на уставот како демократска, инклузивна и транспарентна, а најголемиот дел од решенијата како стандардни. За особено важни ги смета темелните вредности на уставниот поредок и слободите и правата на човекот и граѓанинот, што беше потрдено и од Бадинтеровата комисија во 1992 година, а има забелешки на начинот на којшто е поставена поделбата на власта, на положбата и надлежноста на Уставниот суд, на решението за воена и вонредна состојба и на локалната самоуправа.

Што се однесува до уставноправниот развој, таа укажа дека дури 21 од 36 амандмани се иницирани однадвор, во духот на state building, а делот што му претходи на Уставот е менуван два пати, по што оперира со синтагмата „делови од народи“ што не соодветствува на категоријата заедници, воведена со амандманите од 2001 година во нормативниот текст.

За неа, амандманите се напишани со невоедначена и лоша уставнопрвна техника, што ги прави нејасни и тешко неразбирливи, а преамбулата – целосно нечитлива.

Честите промени, а особено октроираните, го проблематизираат уставот како највисок закон и како најширока и најважна општествена повелба на граѓаните во смисла на Русоовиот „Општествен договор“ и го релативизираат и маргинализираат уставниот патриотизам за којшто пишува Јирген Хабермас.

Претседателката му предложи на претседателот на собранието да се инспирира од успешното искуство на Првата уставна комисија и да ја прошири постојната со надворешни членови – експерти кои заедно со членовите од актуелниот пратенички состав континуирано ќе работат на анализа на спроведувањето на уставот, детектирање на проблемите во уставниот поредок и предлагање излезни решенија, вклучувајќи ја и подготовката на делот од уставот за односот меѓу националното и европското право.

На крајот, Гордна Сиљановска-Давкова укажа на уникатноста на европската идеја и на демократскиот европски политички систем, а особено на важноста на почитувањето на принципите и вредностите содржани во европските уставни документи, без коишто ЕУ не може да биде филозофија, туку само политичка и бирократска машинерија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер