Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
2 Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
3Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
СветСи му порача на Трамп: Враќањето на Тајван е клучно за повоениот поредокКинескиот претседател Си Џинпинг во телефонски разговор со својот американски колега Доналд Трамп изјави дека „враќањето“ на Тајван во Кина е клучен дел од повоениот меѓународен поредок, објави државната агенција Ксинхуа.„Кина и САД некогаш се бореа рамо до рамо против фашизмот и милитаризмот, а сега треба да соработуваат за да ги заштитат резултатите од Втората светска војна“, го цитираше кинеската агенција претседателот Си. Претставник на Белата куќа потврди дека Трамп и Си имале телефонски разговор, но не даде никакви детали за него. Кина го смета Тајван за дел од својата територија и не ја исклучи можноста за употреба на сила за да ја преземе контролата врз него, иако владата на островот го отфрла тврдењето на Пекинг и тврди дека само народот на Тајван може да одлучи за својата иднина. Кина е вовлечена во најголемата дипломатска криза со Јапонија во повеќе од 10 години откако јапонската премиерка Санае Такаичи изјави дека евентуалниот кинески напад врз демократски Тајван би можел да предизвика воен одговор од Токио. Си и Трамп се сретнаа во Јужна Кореја на 30 октомври по месеци трговски тензии предизвикани од царинските политики на Трамп. Кина оттогаш продолжи да купува американска соја и го запре проширувањето на своите ограничувања за извоз на ретки минерали, додека САД ги намалија царините за кинеските стоки. Си изјави дека кинеско-американските односи се стабилизирале и подобриле по нивната средба. „Фактите уште еднаш покажуваат дека двете страни имаат корист од соработката, а дека конфликтот им штети и на двете“, му рече тој на Трамп, повикувајќи ги двете земји да одржат позитивен моментум и да ја прошират соработката. Двајцата лидери разговараа и за војната во Украина, при што Си ја повтори поддршката на Кина за сите напори за мир и ги повика сите страни да ги решат недоразбирањата.Тагови: Кина САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: Мицкоски да не си игра со иднината на земјата бидејќи ќе му судат следните генерации Утринава пратеникот и претседател на СДСМ од Собранието Венко Филипче предупреди дека ако скршнеме од патот кон европската унија ќе следи период на години на сиромаштија, распродадена земја за туѓи интереси , и иселување. Тој предупреди дека 4 земји меѓу кои Црна Гора и Албанија добија патокази и во план е да влезат во унијата до 2030 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСега е официјално: Кристијано Роналдо објави дека ја напуштил репрезентацијатаНајплатениот светски фудбалер, 41 годишниот Кристијано Роналдо официјално го објави своето заминување од португалската фудбалска репрезентација, откако претходно го напушти тренинг-кампот на тимот. Роналдо ја соопшти одлуката на Инстаграм, наведувајќи дека таа уследила по прес-конференцијата на селекторот Жорже Жесус и разговорот со претседателот на Португалската фудбалска федерација. „По прес-конференцијата на селекторот и разговорот со претседателот на Португалската фудбалска федерација, одлучив да го напуштам тренинг-кампот на репрезентацијата. Во соодветно време, на португалскиот народ ќе му ја откријам вистината за причините за моето заминување од репрезентацијата, на која отсекогаш сум ѝ бил посветен. Сега е време да им посакам многу среќа на Португалија и на сите мои соиграчи“, напиша 41-годишниот Роналдо. Според извештаите, Роналдо го напуштил кампот само неколку часа откако Жезус зборувал за играчите кои се загреваат, но не добиваат шанса за игра. Во таа прилика, тренерот конкретно го спомнал капитенот на Португалија. „Кога играч се загрева 20 или 30 минути, а не влегува во игра, никој не е среќен. Особено Кристијано. Особено Пеле или Марадона“, рекол Жезус. Роналдо го држи рекордот на сите времиња за Португалија со 234 настапи и 146 постигнати гола. Со националниот тим, тој го освоил Европското првенство во 2016 година, како и Лигата на нации во 2019 и 2025 година.Тагови: Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски во Брисел: Во фокус европската интеграција, планот за раст и инфраструктурните проектиЗаменик-претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е во дводневна работна посета на Bрисел, каде што учествува на официјални средби организирани од европската комисија.На средбите се разговара за актуелните економски и политички прашања, реализацијата на инфраструктурните проекти, планот за раст, како и за процесот на интеграција и проширување на Европската унијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook