3Учество на министерот Муцунски на Состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ)
СветСи-Ен-Ен: Трамп досега 37 пати најави договор со Иран, но тој сè уште не е постигнатПретседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека во „завршна фаза“ е постигнувањето на договор со иран за завршување на војната во Персиски Залив.Во завршна фаза сме од она што ќе биде многу, многу добар договор, објави утрово Трамп социјалните мрежи. Тој додаде дека договорот би можел да се постигне во рок од два до три дена. Американскиот претседател од крајот на март досега, како што анализира Си-Ен-Ен, најмалку 37 пати изјавил дека договор меѓу САД и Иран е на повидок или дека Техеран е подготвен да го прифати, но и покрај ваквите најави, конкретен договор сѐ уште не е постигнат. Тој во повеќе наврати тврдеше дека Иран очајно сака договор и дека моли за договор.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКако уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14Тошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18Маленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
МакедонијаЕУ Амбасадорот Рокас во посета на ШтипВо среда, 10 јуни 2026 година, Михалис Рокас, амбасадорот на Европската Унија во Македонија, ќе ја посети општина Штип. Посетата е дел од иницијативата за информирање на јавноста насочена кон приближување на ЕУ и процесот на интеграција на земјата до локалните заедници. Посетата на Штип ќе започне со средби меѓу амбасадорот Рокас, градоначалникот Иван Јорданов и членовите на Општинскиот совет. Дискусиите ќе се фокусираат на придобивките од пристапувањето во ЕУ, како и на видливото влијание на финансиската поддршка од ЕУ врз секојдневниот живот на луѓето во регионот. За време на посетата, амбасадорот Рокас ќе се сретне и со претставници на граѓанското општество и ќе учествува во отворена дискусија со граѓаните на Штип.Тагови: Рокас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКако уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14Тошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18Маленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
МакедонијаСкопје добива нова, модерна противпожарна станица во општина АеродромНа денешната седница на Советот на Град Скопје, преку усвоениот Ребаланс на Буџетот, беа обезбедени 50 милиони денари за изградба на нова противпожарна станица за потребите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.Новата станица ќе биде лоцирана во општина Аеродром, во близина на Центарот за јавно здравје, и претставува значајна инвестиција во безбедноста на граѓаните и унапредувањето на условите за работа на скопските пожарникари. Со реализацијата на овој проект ќе се овозможи подобра организација на противпожарните служби, побрза реакција при интервенции, поефикасно спасување човечки животи и зголемена заштита од пожари и други вонредни ситуации во урбаните и приградските подрачја на градот. Пожарникарите секојдневно се соочуваат со сериозни ризици во извршувањето на своите задачи и затоа заслужуваат современи услови за работа, модерна опрема и соодветна инфраструктура. Изградбата на новата станица е конкретен чекор кон целосна модернизација на Противпожарната бригада на Град Скопје и создавање систем кој ќе биде подготвен, брз и ефикасен кога тоа е најпотребно. Градот Скопје изразува благодарност до сите советници кои го поддржаа овој проект и придонесоа за неговата реализација. Станува збор за инвестиција од трајно значење која директно ќе придонесе за поголема безбедност и подобар квалитет на живот на сите граѓани. Град Скопје продолжува посветено да работи на реализација на проектите кои носат конкретни резултати и придобивки за градот и неговите жители.Тагови: Град Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУчество на министерот Муцунски на Состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ)Состанокот ќе биде посветен на одбележувањето на 30-годишнината од формирањето на ПСЈИЕ и ќе се одржи под мотото „Заеднички компас за стабилен, безбеден и одржлив регион – 30 години регионална сопственост и европска аспирација“.Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре во Софија ќе учествува на Состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој се одржува во рамки на бугарското претседавање со иницијативата. Состанокот ќе биде посветен на одбележувањето на 30-годишнината од формирањето на ПСЈИЕ и ќе се одржи под мотото „Заеднички компас за стабилен, безбеден и одржлив регион – 30 години регионална сопственост и европска аспирација“. Во фокусот на дискусиите ќе бидат европската перспектива на Југоисточна Европа, унапредувањето на регионалната соработка, зајакнувањето на безбедноста и отпорноста на регионот, како и продлабочувањето на економската интеграција, конкурентноста и поврзаноста во услови на актуелните геополитички предизвици. ПСЈИЕ претставува највисок политички форум за регионална соработка во Југоисточна Европа и важна платформа за промовирање на добрососедските односи, политичкиот дијалог и европската интеграција на регионот. Во рамки на состанокот се очекува да биде усвоена заедничка декларација со која ќе се потврди посветеноста на учесниците кон мирот, стабилноста, одржливиот развој, регионалната соработка и европската иднина на Југоисточна Европа.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКако уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14Тошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18Маленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16