3Првиот регистриран случај од западно-нилска треска годинава во Европа е во Македонија, досега има 8 заболени
ФудбалСи-ен-ен: Нејмар ризикува да го пропушти СП, Бразил е незадоволен од неговото однесување и изјавиФудбалерот на Сантос, Нејмар, можеби нема да биде вклучен во составот на Бразил за Светското првенство, објави CNN Бразил, повикувајќи се на извор близок до Бразилската фудбалска федерација.Во федерацијата не се сигурни дали напаѓачот ќе може да ја врати потребната физичка подготвеност поради продолжено отсуство од тренинзите на натпреварите и проблеми со физичката подготвеност. Понатаму, забележани се тензии во односите меѓу играчот и раководството. Се известува дека голем број јавни изјави на Нејмар и неговото однесување во медиумите предизвикале негативна реакција од службените лица. Незадоволство се појави и поради натпреварот против Мирасол. Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, пристигна на натпреварот за да ја процени состојбата на играчот, но тој не беше присутен на стадионот, наводно поради роденденска прослава на неговата сестра. Се верува дека овој инцидент можеби придонел за влошување на односите. Во моментов, федерацијата е наклонета кон ставот дека шансите на Нејмар за учество на Светското првенство се минимални, а на играчот му останува ограничен број натпревари за да ги подобри своите шанси. Нејмар претходно беше изоставен од составот на Бразил за пријателските натпревари против Франција (26 март) и Хрватска (1 април). Тагови: Нејмар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУтре отворен ден во О. КарпошВо среда (29.07.2026), од 13:00 до 17:00 часот, во холот во Општина Карпош, градоначалникот Сотир Лукровски и раководителите од општинските сектори, ќе одржат средба со граѓаните на Карпош. Отворениот ден во Општина Карпош , ќе се реализира по втор пат изминатиот период.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВидео: Силен земјотрес во Јапонија: Има повредени; железничкиот сообраќај е во прекин Земјотрес со јачина од 7,1 степен според Рихтеровата скала денеска го погоди Јапонија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Епицентарот на земјотресот бил на островот Кјушу на југот од земјата, на длабочина од 10 километри и на 25 километри од градот Кумамото. JAPAN EARTHQUAKE MOMENT pic.twitter.com/qytUMzfCdN — 𝑫 𝑬 𝑿 𝑻 𝑬 𝑹 🇫🇷 (@fenerlitopuria) July 28, 2026 Според јапонските медиуми, неколку лица се повредени. По земјотресот, железничкиот сообраќај во регионот Кјушу, вклучително и оној на брзиот воз „Шинкансен“, беше прекинат, соопшти компанијата „Кјушу рејлвеј“, пренесе агенцијата Кјодо. Компанијата „Кјушу“ соопшти дека не се утврдени неправилности во нуклеарните централи „Генкаи“ во префектурата Сага и „Сендаи“ во префектурата Кагошима. Исто така, беше соопштено дека нивоата на радијација околу мерните станици не претрпеле промени. A few minutes ago: The stone walls of Kumamoto Castle collapsed following a magnitude 7.1 earthquake (地震 ) that struck 4 km southeast of Uki, Kumamoto Prefecture, Japan. pic.twitter.com/PwXwldRmIr — Weather Monitor (@WeatherMonitors) July 28, 2026 Американскиот центар за предупредување од цунами (PTWC) соопшти дека опасноста од цунами по земјотресот поминала и дека не постои закана од цунами за јапонскиот брег. Според сведоштва објавени на веб-страницата на EMSC, се почувствувало нишање што траело неколку секунди. ▽防災カメラ 07/28 16:40ごろの #熊本県 各地のライブ映像 熊本 水俣・天草・中央区・八代 28日午後4時27分ごろ地震 気象庁は津波注意報を発表 ▼有明・八代海(予想高さ 1m) ▽【地震】熊本県で震度7 各地の #ライブカメラ (NHK)と雨雲レーダーhttps://t.co/HJcCM2sw4K https://t.co/hnwhAIGtOT pic.twitter.com/a1LjwTaqa3 — ライブカメラ検索マップ (@web_camera) July 28, 2026 Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЗинедин Зидан официјално преставен како нов селектор на ФранцијаЛегендарниот фудбалер Зинедин Зидан официјално стана новиот селектор на Франција.Она што беше објавено уште во ноември, сега доби официјална потврда. Поранешниот тренер на Реал Мадрид, легендарниот Французин Зинедин Зидан, го наследи Дидие Дешам на клупата на „триколорите“, со што заврши една од најдолгите и најуспешните ери на селекција во модерниот фудбал. Во соопштението се наведува дека Зидан ќе биде селектор на Франција до крајот на Светското првенство во 2030 година. Дешам ја водеше Франција 14 години. Својот најголем успех го постигна со освојувањето на Светското првенство во 2018 година, додека со репрезентацијата ја освои и Лигата на нации во 2021 година. Зидан е без тренерски ангажман уште од 2021 година, кога го напушти „Кралскиот клуб“. Со популарниот Зизу како играч, започнаа годините на доминација на француската репрезентација. Тимот беше светски првак во 1998 година, две години подоцна и европски првак, а „триколорите“ – повторно со Зидан во составот – стигнаа и до финалето во 2006 година, во славниот дуел против Италија. Од 1998 година наваму, Франција четири пати играла во финалето на Светското првенство. Пред него е задачата да ја одржи таа континуираност.Тагови: Зинедин Зидан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20